08 Доброволни дарови

Сподели го ова:

8. лекција – 26. мај 2012.

Доброволни дарови

“Што да Му дадам на Господ, за сите Негови добрини кон мене?“ – Псалм, 116,12.

“Со своето самоодрекување во делото на добродетелство, со своите доброволни дарови, ние даваме очигледни докази дека вистината ја извршила својата задача во нашето срце.“ – РХ, 14 јули, 1904.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: 3 Сведоштво, 361-371.
4 Сведоштво, 440-453.

Недела 20. мај

1. ПРВИНИ

а. Која изјава му била дадена на Божјиот народ во почетокот на нивната историја? 2 Мојс. 22,29.

“Бог ја поставил својата рака врз сите нешта, врз човекот и неговиот имот; сѐ му припаѓа Нему. Тој вели: Јас сум сопственикот на светот; универзумот е мој; и Јас барам од вас да ги посветите во моја служба првите плодови од сѐ што – благодарение на моите благослови – дошло во ваши раце. Божјата Реч изјавува: ’Не воздржувај се да ги принесеш првите плодови’ (Излез 22,29). ’Почитувај го Господа со својот имот и со првините на сиот свој приход‘(Изреки 3,9). Овој прилог Тој го бара како знак на нашата верност кон Него.“ – Совети за управителите, 72.

б. Која пракса, обновена во реформата спроведена во времето на Неемија, исто така е потребна и меѓу нас денес? Неемија 10,34-37.

“Покрај десетокот, Господ бара и првина од сите наши приходи. Тој го резервирал тоа за себе за со тоа да биде обемно подржано Неговото дело на земјата. Божјите слуги не треба да бидат ограничени со оскудно снабдување.“ – 6 Сведоштво, 355.

Понеделник 21. мај

2. БЛАГОДАРНИ, ДОБРОВОЛНИ И ЖРТВИ ЗА ГРЕВ

а. Што нѐ учи Библијата за давањето? Псалм 50,14; 116,12.

“Јаков чувствувал дека Бог му поставил извесни барања што морал да ги признае и дека треба со нешто да возврати за посебните знаци на Божјата наклоност кон него. Така и секој благослов што нам ни е подарен бара со нешто да му одговориме на Оној од кого потекнува секој добар дар и секоја благодат што ја примаме.“ – Патријарси и пророци, 182.
“Нашето време, нашите таленти и нашиот имот треба да му ги посветиме на Оној кој ни ги дал тие благослови. Во секое избавување од некоја неволја, во секоја нова и неочекувана примена благодат и милост, ние треба да ја признаеме Божјата добрина; и нашата благодарност треба да ја покажеме не само со израз на благодарност во зборови, туку, како Јаков, со дарови и приноси наменети за напредок на Неговото дело. Како што постојано ги примаме Божјите благослови, така постојано треба и да даваме.“ – Патријарси и пророци, 183.

б. Зошто Езекиел увидел дека има потреба од реформа во Јудеја? 2 Лет. 29,1-7. 27-33. Каква реформа е потребна и меѓу нас денес?

“Меѓутоа, постои голема немарност во поглед на оваа должност. Многумина ги задржуваат средствата кои Бог со право ги очекува и на тој начин го крадат Бога. Раководејќи се според себичноста на своето срце, тие не даваат десеток од сѐ, што Господ со право го бара. Тие дури на годишните собири не ги принесуваат своите дарови на благодарност, доброволни прилози и жртви за престап. Многумина излегуваат пред Господа со празни раце. “Смее ли човек да краде од Бога? А вие крадете од Мене! Ќе речете: “Што крадеме од Тебе“? – од десетокот и приносот’.“ – 3 Сведоштво, 475.
“Донесете ги вашите жртви за грев, вашите благодарни и доброволни прилози; понизете се во срцето пред Господа, Тој е секогаш подготвен да прими и помилува.“ – РХ, 8. јули, 1880.
“(Божјите) гласници не треба на тој начин да бидат хендикепирани во нивната работа при проповедање на Речта на животот. Во проповедањето на вистината тие треба да имаат средства кои ќе ги инвестираат за унапредување на делото, кое мора да се направи во вистинско време, за да се постигне најдобро и најспасоносно влијание. Мораат да се вршат дела на милосрдие, мора да им се помогне на сиромашните и напатените. За таа цел треба да се наменат даровите и прилозите. Ова мора да се направи особено во новите полиња каде сѐ уште не е издигнато знамето на вистината.“ – 6 Сведоштво, 355.
Вторник 22. мај

3. ЛЕВИТСКА ДАРЕЖЛИВОСТ

а. Како Бог ја комбинира должноста и благословот? Изреки 11,24.25.

“Левитскиот систем особено се одликувал со посветување на имотот. Кога зборуваме за десетокот како стандард на еврејските придонеси за верски цели, ние не зборуваме со доволно разбирање. Господ ги ставил своите барања над сѐ друго. И речиси во секоја поединост тие се потсетувани на Дарителот да му го вратат она што Тој го бара…
“Некои совесни поединци му враќале на Бога околу една третина од сите свои приходи за верски цели и за сиромашните. Овие прилози биле барани не само од одредена класа на луѓе, туку од сите, барањето било пропорционално според износот што го поседувале.“ – 4 Сведоштво, 445.
“Секогаш, во кој било период на овоземната историја, кога припадниците на Божјиот народ радосно и доброволно го спроведувале Неговиот план на систематска добродушност и во дарови и прилози, можеле да се осведочат дека ветениот напредок ги следи нивните напори токму во соодносот со нивната послушност.“ – 3 Сведоштво, 366.

б. Кога заветуваме парични средства, што никогаш не смееме да заборавиме? Проповедник 5,4.5; Псалм 66,13.14.

“Господ сака членовите на Неговата црква своите обврски кон Него да ги сметаат исто толку обврзувачки како и нивните долгови кон некој трговец или маркет. Секој нека го преиспита својот минат живот за да види да не запоставил да исполни некое свое ветување; и тогаш нека вложи краен напор да плати сѐ ‘до последен денар’, зашто на крајот сите ќе мораме да се најдеме пред судот на кој ќе може да се одржи само чесноста и вистината.“ – 4 Сведоштво, 453.
“Бог го задржува апсолутното право на одреден дел од нашето време и нашите средства. Да се игнорираат овие барања значи да се закинува од Бога. Христијаните се фалат дека нивните привилегии далеку ги надминуваат оние од еврејското доба. Треба ли тогаш да дадеме помалку за Божјото дело од она што го давал Неговиот древен народ? Десетокот бил само дел од нивните давања. Покрај доброволните прилози и жртви на благодарност барани се и други бројни дарови, кои тогаш, како и сега, биле вечна обврска.“ – РХ, 16, мај, 1882.
Среда 23. мај

4. ДРУГ ДЕСЕТОК

а. Во еврејската економија што претставувал вториот десеток – и која била неговата цел? 5 Мојс. 14,22.23.27-29; 26,12.13.

“За да се поттикне народот да доаѓа на богослуженијата и да им се помогне на сиромашните, бил заведен втор десеток од целокупниот приход. Во врска со првиот десеток, Господ рекол: ‘Еве, на Левиевите синови им ги давам во наследство сите десетоци во Израел’ (4 Мојс. 18,21). А за вториот десеток Тој заповедал: ‘И тогаш јади го десетокот од своето жито, од своето вино, од своето масло и првините од својот крупен и ситен добиток пред твојот Господ Бог, во местото што ќе го одбере Тој да се призива таму Неговото вечно име; така ќе научиш да се боиш од твојот Господ Бог’ (5 Мојс. 14,23.29; 16,11-14). Тој десеток или соодветна вредност во пари, морале секоја втора година да го донесат во местото каде што се наоѓала светињата. Откако на Бога му е принесена жртва благодарница и одреден дел му е даден на свештеникот, поклониците од преостанатиот дел приредувале верска гозба на која биле повикувани Левитите, странците, сирачињата и вдовиците. На тој начин на годишните празници се водела грижа за жртвите благодарници и за гоштавање на присутните, а народот бил привлечен во друштво на левитите и свештениците да ги упатат и да ги охрабрат да му служат на Бога.
“Меѓутоа, секоја трета година овој втор десеток е употребуван дома за гостење на левитите и сирачињата, како што рекол Мојсеј: ‘Да јадат во твоите места и да се наситат’ (5 Мојс. 26,12). Тој десеток претставувал фонд за добротворни цели и за негување на гостопримство.“ – Пророци и цареви, 557.

б. Каква благодат им донесувал на дарителите, во духовна смисла, вториот десеток и на кој начин тоа може да претставува благослов и денес? Изреки 19,17.

“Посветувањето на десеттиот дел од сиот приход на Бога, било од овоштарникот или од жетвата, од овци и говеда, од умствената или физичката работа, посветувањето на вториот десеток за помош на сиромашните или некоја друга добротворна цел, имало за цел да го потсетува народот на вистината дека Бог е сопственик на сѐ и дека луѓето имаат предимство да бидат пренесувачи на Неговите благослови. Со таквото воспитување се искоренувала секоја теснограда себичност, а се развивале широкоградоста и благородноста на карактерот.“ – Воспитување, 44.
“За употреба на вториот десеток секогаш ќе се најдат доволно места за срдечната мисионерска работа во нови места.“ – Објавени ракописи, том 7, 139.

Четврток 24. мај

5. ДАВАЊЕ ВО ПРАВ ДУХ

а. Што треба да сфатиме кога даваме прилози за Божјото дело? Марко 12,41-44. Како можеме да ја утврдиме висината на првите плодови (првината) и другите прилози? 5 Мојс. 16,17.

“’Колку му должиш на мојот господар?’ (Лука 16,5). Не е можно тоа да се каже. Сѐ што имаме е од Бога. Тој става рака на нашиот имот и кажува: ’Јас сум вистинскиот сопственик на целиот универзум; сето ова е мое. Посветете ги на мене десетоците и даровите. Кога тоа ќе го донесете како гаранција за вашата верност и покорност на мојата суверена моќ, моите благослови ќе го зголемат вашиот имот и ќе имате во изобилие.“ – 9 Сведоштво, 253.
“Прилозите што се барале од Евреите за верски и добротворни цели изнесувале полна четвртина од целокупните нивни приходи. Можело да се очекува дека толку високите даноци ќе го осиромашат народот; но, напротив, верното исполнување на овие прописи всушност претставувало еден од условите за нивниот напредок и благосостојба.“ – Патријарси и пророци, 553.

б. Каков став Господ сака секој од нас да пројави? 2 Кор. 9,6.7; Мат. 6,1-4.

“На Господ не му се потребни нашите прилози. Ние не можеме да го збогатиме Него со своите дарови. ‘Од Тебе е сѐ, и откако примивме од Твоите раце, Ти дадовме Тебе’ (1 Лет. 29,14). Сепак Господ дозволува со своите самопожртвувани напори – за да се допре до другите – да покажеме колку ги цениме Неговите благодати. Тоа е единствениот начин кој ни овозможува да ја покажеме својата благодарност и љубов кон Бога. Тој не предвидел ништо друго.“ – Совети за управителите, 18.19.

Петок 25. мај

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Зошто Господ бара од нас да му ги дадеме нашите првини Нему?
2. Кои видови на прилози Господ сѐ уште и денес бара од нас?
3. Што можеме да научиме од Евреите во поглед на давањето?
4. За кои цели вториот десеток може да се користи во нашите денови?
5. Каква е вредноста на дарот кој го даваме во Божјите очи?

Сподели го ова:

Слични објави