07 Десеток

Сподели го ова:

7. лекција – 19. мај 2012.

Десеток

“И секој десеток треба да му се посвети на Господ.“ – 3 Мојс. 27,32.

“Десетокот е свет, тоа Бог го оставил за Себе.“ – Совети за управителите, 93.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Слуги на евангелието, 200-205.

Недела 13. мај

1. ОД ДЕНОТ НА СОЗДАВАЊЕТО

а. На кој начин Бог резервирал за себе дел од Едемската градина? 1 Мојс. 2,16.17. Како ова се споредува со десетокот? Мал. 3,7.8.

“Господ во Едем создал секакви дрвја пријатни за гледање и добри за јадење и им заповедал на Адам и Ева слободно да ги уживаат Неговите дарови. Сепак, направил еден исклучок. Не смееле да јадат од дрвото на познавање на доброто и злото. Тоа дрво Бог го издвоил како постојан потсетник дека Тој е сопственик на сѐ. Со тоа им дал прилика да ја покажат својата вера и доверба во Него со совршена покорност кон Неговите заповеди.
“Исто е и со Божјите барања кон нас. Тој го предава своето богатство во рацете на луѓето, но бара од тоа верно да се одвојува една десетина за Неговото дело. Тој бара овој дел да се стави во Неговата ризница. Тоа треба да му се предаде Нему како Негова сопственост; тоа е свето и треба да се користи за свети цели – за издржување на оние кои ја носат пораката за спасение во сите делови на светот.“ – 6 Сведоштво, 357.

б. Каква била практиката на раните патријарси во врска со десеттиот дел од нивниот приход ? 1 Мојс. 14,18-20; 28,20-22.

“Системот на десеток не потекнува од Евреите. Уште од најстари времиња Господ полагал право на десеттиот дел и ова барање секогаш било признато и почитувано.“ – Патријарси и пророци, 551.
Понеделник 14. мај

2. ВО ЕВРЕЈСКАТА ЕКОНОМИЈА

а. Какви конкретни упатства во почетокот и биле дадени на еврејската нација во врска со десетокот? 3 Мојс. 27,30.32. Како овој принцип бил нагласуван низ сите векови? Мал. 3,10.

“Во Еврејската економија една десетина од приходите на луѓето била издвојувана за поддршка на јавните богослуженија…
“И кога Израелците биле организирани како нација, законот за десеток е потврден како Божја уредба и од почитувањето на таа уредба зависела нивната благосостојба.“ – Патријарси и пророци, 551.
“’Десетокот… е на Господа’. Тука е употребен ист облик на изразување како и во заповедта што се однесува за празнувањето на саботата. ’Седмиот ден е сабота Господова, ден на твојот Бог’ (2 Мојс. 20,10). Еден одреден дел од времето и од средствата доверени на луѓето Бог задржал за себе и човекот не може ниеден од тие делови да задржи за своите сопствени интереси а да не биде виновен.“ – Патријарси и пророци, 552.

б. Што покрај десетокот исто така требало да се издвои за Бога? 2 Мојс. 34,26 (прв дел); 2 Лет. 31,5.6.

“Дури и пред да било можно да се приложи десеток, на Бога му се оддавало признание за неговите благослови. Првиот меѓу земните плодови што би узреал, му бил посветуван Нему. Првата волна при стрижењето на овците, првото жито од гумно, првото масло и првото вино, биле одделувани за Господа; исто така и секое прво добиено младенче од добитокот и од стадото; за првородениот син е давана откупнина. Првите плодови морале да се изнесат пред Господа во светињата и тие им припаѓале на свештениците.
“Така народот постојано бил потсетуван дека Господ е вистинскиот сопственик на нивните ниви и на нивните стада овци и говеда, дека Тој со благотворните зраци на сонцето и дождот им овозможил сеидба и жетва, дека Тој е Творец на сѐ што имаат и дека нив ги сторил само повереници на неговите добра.
“Кога луѓето од Израел, натоварени со првите плодови од полето, овоштарниците и лозјата, се собирале пред светињата, тоа претставувало јавно признавање на Божјата добрина.“ – Патријарси и пророци, 552.
Вторник 15. мај

3. БЕЗВРЕМЕНСКО НАЧЕЛО

а. Што било вклучено во реформата спроведена во деновите на Немија? Немија 10,37; 12,44.

б. Која пракса на фарисеите и Христос ја одобрил? Мат. 23,23. Зошто начелото на десетокот се применува и во новозаветната ера? Евр. 7,1-5.8.20.21.

“Законот за десеток, како и празнувањето на саботата во Новиот завет не се става повторно во сила, бидејќи полноважноста на обата се преземени од Стариот завет, и нивното длабоко духовно значење целосно е објаснето.
“Бог апсолутно резервирал за Себе одреден дел од нашето време и нашите средства. Да се игнорираат овие тврдења значи да крадеш од Бога.“ – РХ, 16. мај, 1882.
“Десетокот треба да се посвети на Бога. Неговите барања доаѓаат на прво место. Ние не ја извршуваме Неговата волја ако Му го посветуваме она што ни преостанало откако сме ги задоволиле своите потреби. Пред да трошиме било кој дел од нашите приходи, треба да го издвоиме и предадеме делот кој Тој изрично го бара како свој. Но кога го задржуваме она кое Тој го прогласил за свое, целиот наш имот го погодува проклетство и во небесните книги ни се припишува вина за разбојништво. Бог на човекот му дал девет десеттини, додека една десетина бара за свети цели – како што му дал на човекот шест дена да работи за свои потреби а седмиот ден е резервиран и одделен за Него.“ – Записник од пацифичката унија, 10. октомври, 1901.
“Додека ние како народ се стремиме верно да му го посветиме времето кое Тој го резервирал за себе, зарем да не му ги вратиме и дел од средствата кои Тој со право ги бара?…
“Десетокот од секој наш приход е Господов. Тоа Тој го резервирал за себе за да се употреби за верски цели. Тоа е свето. Ништо помалку од ова Тој, во поглед на давањето, не прифаќа во кој било период. Занемарувањето или одложувањето на оваа обврска ќе предизвика Божјо незадоволство. Кога сите кои тврдат дека се христијани верно би ги давале своите десетоци на Бога, Неговата ризница би била полна.“ – Совети за управителите, 66.67.

Среда 16. мај

4. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА НАС

а. Како начелото за десеток се однесува на осмата заповед? 2 Мојс. 20,15; 3,7-9.

“Бог ја става својата рака врз сиот имот на човекот, велејќи: Јас сум сопственикот на универзумот и сите богатства се мои. Десетокот кој вие го задржувате за себе, Јас го одредив за издржување на Моите слуги во нивното дело на отворање на Светите списи на оние кои се во темнина и кои не го разбираат Мојот закон. Употребувајќи го Мојот резервиран фонд за да ги задоволите своите барања, вие им ја скратувате на душите онаа светлина за која Јас се погрижив да ја примат. Сте имале можност да ја покажете својата верност кон Мене, но вие не го направивте тоа. Вие Ме крадевте; го крадевте Мојот резервен фонд. ’Вие сте проколнати’ (Мал. 3,9).“ – 6 Сведоштво, 358.

б. Што не треба никогаш да заборавиме во врска со десетокот? 1 Кор. 9,13.14.

“Десетокот се издвојува за посебна намена; и не може да се смета како фонд за сиромашни. Парите од десетокот треба особено да се посветат за издржување на оние кои ја пренесуваат Божјата порака на светот; и не можат да се пренасочат за други намени.“ – Совети за управителите, 103.
“Никој нека не се чувствува слободен да го задржува десетокот и да го употребува според својата замисла. Човекот не смее да го употребува десетокот дури ниту во случај на итна потреба, ниту пак смее да го употребува како што му одговара, па дури и ако смета дека со тоа го помага Божјото дело.
“Мошне јасна, одредена порака ми е дадена за нашиот народ. Принудена сум да му кажам дека се прави грешка кога десетокот ненаменски се троши за разни објекти кои, иако се добри сами по себе, сепак не се она за што десетокот според Божјата изречна уредба е наменет. Оние кои на таков начин го користат десетокот се оддалечуваат од божественото уредување. Тој ќе им суди за тоа.“ – Слуги на евангелието, 203.
“Некои мислат дека десетокот може да се употребува за подигање и одржување на училишта. Други пак сметаат дека со десетокот треба да се издржуваат колпортерите. Меѓутоа, голема е грешка ако десетокот не се употребува за она за што и е наменет – за издржување на проповедниците. Денес би требало да имаме стотици добро оспособени работници таму каде што имаме само еден.“ – Слуги на евангелието, 204.
Четврток 17. мај

5. НАШИ ПРВИ ФИНАНСИСКИ ПРИОРИТЕТИ

а. Што претставува клуч за духовен и овоземен напредок? Мат. 6,33.

“Не само што Господ тврди дека десетокот е Негова сопственост, туку Тој ни кажува како треба да го одделуваме за Него. Тој вели: ’Почитувај го Господа со својот имот и со првините на сиот свој приход’ (Изреки 3,9). Тоа не значи дека треба да ги трошиме нашите средства прво за себе а на Господ да му го донесеме остатокот, туку дека треба во десетокот да бидеме почесни. Прво треба да го одделиме она што му припаѓа на Господа. Упатствата дадени од Светиот Дух преку светиот апостол Павле во поглед на даровите претставуваат принцип кој се однесува и на десетокот: ’Во секој прв ден од седмицата секој од вас да оддели и остави кај себе колку што може’ (1 Кор. 16,2). Тука се опфатени и родителите и децата. Не само богатите, туку исто така и сиромашните.“ – РХ, 10. ноември, 1896.

б. Што Господ изјавува во поглед на она што е Негово? Мал. 3,10.

“Нека припадниците на Божјиот народ верно ги прилагаат своите десетоци, и нека заедно со своите деца одделуваат за Господа пари кои толку често се трошат на самозадоволство. Господ нѐ направил свои управители. Тој своите средства ги става во наши раце, за да верно ги распределиме. Тој со право бара да му го вратиме она што е Негово. Тој десетокот го резервирал, како свој дел, за да биде употребен за ширење на евангелието во сите делови на светот. Браќа мои и сестри, признајте ја и отфрлете ја својата себичност и принесете му ги на Господа своите дарови и прилози. Исто така донесете ги и десетоците кои сте ги задржале. Дојдете и признајте ја својата немарност. ’Испитајте го Господа’ како што Тој ве повикува преку својот пророк.“ – РХ, 23. ноември, 1905.

Петок 18. мај

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Која очигледна поука од Едем го илустрира принципот на десетокот?
2. Што е барано од Евреите да направат пред да ги донесат своите десетоци во Божјата ризница?
3. Зошто системот на десеток е применлив и во новозаветната ера?
4. Што ќе се случи ако секој христијанин верно го дава својот десеток?
5. Каква благодат им донесува верното давање на десеток на сите кои учествуваат во тоа?

Сподели го ова:

Similar Posts