02 Изворен Дародавец

Сподели го ова:

2. лекција – 14. април 2012.

Изворен Дародавец

“Секој добар дар и секој совршен подарок доаѓа одозгора, од Таткото на светлината, во Кого нема измени ни сенка од промена.“ – Јаков 1,17.

“Бог е љубов. Како зраци светлина од сонцето, од Него произлегува љубов, светлина и радост кон сите Негови созданија. Самото Негово постоење е излив на несебична љубов.“ – Мисли од гората на благословите, 55.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Совети за служителите, 72.
Божјата восх. благодат, 62.

Недела 8. април

1. ОБЕЛЕЖЈА НА БОЖЈИОТ КАРАКТЕР

а. Откако Бог ги создал луѓето, што уште им обезбедил? 1 Мојс. 2,7.15. Зошто е тоа благослов за нас? Проп. 5,12.18.

“Адам не требало да биде неактивен. Веднаш штом бил создаден му била одредена и работа. Во грижата за она што Бог го создал тој требало да најде занимање и среќа, а награда биле изобилните плодови во Едемската градина“ – Совети за родителите, учителите и студентите, 227.

б. Кои докази од секојдневниот живот ја откриваат Божјата голема љубов кон нас? Пс. 36,5-9; Дела 14,17.

“Ние на Бога му должиме за секој миг од нашето постоење и за сите удобности во животот.“ – Совети за управителите, 17.
“Плодните дрвја полни со овошје треба да ги сметаме за Божји дар, исто како Тој лично да ги ставил во нашите раце.“ – Да Го воздигаме Него, 62.

Понеделник 9. април

2. НАЈГОЛЕМИ БОЖЈИ ДАРОВИ

а. Кој е најголемиот од сите Божји дарови? Јован 3,16; Ефес.2,4-7.

“Богатството на евангелието, Патот, Вистината и Животот престојувал (меѓу еврејскиот народ), но тие го отфрлиле најголемиот дар што небото можело да го дарува.“ – Христовите очигледни поуки, 79.
“Христос нѐ откупил со својата крв. Бог платил за нашето откупување и ако сакаме да го примиме, Тој ни го дава бесплатно.“ – 9 Сведоштво, 253.

б. Кој дар од Неговиот Татко им го ветува Христос на своите следбеници? Јован 6,37-39; 17,24. Зошто овој податок треба сите да нѐ охрабри? Јаков 1,17.18.

“Никогаш нема потполно да сфатиме колку многу Бог го сака човечкиот род. Универзумот е полн со докази за Неговото бескрајно човекољубие.
“Христос е законски сопственик на целата земја. Тој вели: ‘Сѐ Ми предаде Мојот Отец.’ ‘Сѐ што има Мојот Отец, Мое е.’ ‘Ми се даде секаква власт на небото и на земјата’ (Лука 10,22; Јован 16,15; Матеј 28,18). Целото небо и целата земја се во Негова служба. Големиот дар на небесната љубов не останала само во градите на Таткото. Христос бил даруван за човечкиот род.
“Христос е полн со милост и вистина. Тој е сѐ во сѐ. Затоа, ниедно човечко битие не треба славата да ја приграби за себе. Славата му припаѓа на Божјиот Син. Сега и засекогаш, целата слава и благодарност му припаѓа Нему.“ – Писма од Бетл Крик, 65.
“Христос нѐ сака затоа што ние сме дар од Неговиот Татко и награда за Неговото дело. Тој нѐ сака како сопствени деца. Тој те сака и тебе читателу. Небото не може да даде ништо поголемо, ниту подобро.“ – Копнежот на вековите, 469.
“Привилегија е на Христовата спасувачка љубов да се потпреме со доверба и сигурност и да кажеме: Тој ме сака, Тој ме прифаќа; јас ќе му верувам, затоа што Тој го даде животот за мене. Доброто познавање на Христовиот карактер најдобро го потиснува сомнежот.“ – Сведоштва на проповедниците, 517.
Вторник 10. април

3. КОЈ Е ХРИСТОС?

а. Додека небесниот Отец го воздигаме како Творец, што треба ние исто така да разбереме и за Исус Христос? Евр. 1,1-3; Јован 1,1-3.

“Ако Христос ги создал сите нешта, тогаш Тој постоел пред сите нешта. Зборовите во врска со ова се изговорени толку јасно што никој не мора да остане во недоумица. Христос е Бог во суштина, и во највисока смисла на зборот. Тој бил со Отецот од вечноста. Бог над сѐ што постои, благословен во вечноста.“ – Да Го Воздигаме Него, 16.

б. Врз основа на што на Христос му припаѓа правото да Му служиме и да бидеме Негови ученици? Ефес. 3,9; Филип. 2,5-10.

“Најголемиот дар што Бог може да го дарува, го дал со дарувањето на Неговиот сакан Син. Апостолот вели: ‘Оној, Кој не го поштеди ни Својот сопствен Син, туку Го предаде за нас сите, зарем нема да ни подари со Него сѐ?’ (Рим. 8,32). Дадено е сѐ што можело да се даде. Затоа нема да има друго време на милост. Ако неискажливиот Божји дар не ги наведе луѓето на покајание, тогаш ништо друго не би можело да ги покрене нивните срца. Не постои некоја поголема сила со која може да се дејствува на умот и чувствата. Целокупниот Божји карактер е откриен во Неговиот Син, сите можности кои небото можело да ги пружи за спасение на човекот се дадени преку Синот на Бесконечниот. Патот по кој човекот може да се врати кај Отецот на небото нема бариери. Божјата љубов покажана кон светот е ненадмината; и ако ова манифестирање на Божјата љубов кон синовите човечки не ги привлече кон Него, тогаш не постои нешто што би можело.“ – Времето и знаците, 30 дек., 1889.
“Апостол Павле, пишувајќи под влијание на Светиот Дух, за Христа изјавил дека ‘преку Него е создадено сѐ; и дека Тој е пред сѐ, и сѐ во Него постои’ (Кол. 1,16.17). Раката која ги држи световите во вселената, раката која во совршен ред одржува сѐ што постои во универзумот, е раката која за нас била прикована на крстот.“ – Воспитување, 132.

Среда 11. април

4. НЕБЕСНО НАЧЕЛО

а. Кое основно правило треба да го научиме од Христовиот живот на земјата? Лука 22,27 (посл. дел); Евр. 5,8; 12,2.3.

“Темел на планот за спасението бил втемелен на жртвата. Исус ги напуштил царските одаи, и станал сиромашен за ние да се збогатиме преку Неговата сиромаштија. Сите оние што го примаат ова спасение, платено со бесконечната жртва на Божјиот Син, ќе го следат Неговиот пример. Христос бил каменот Темелник и ние мора да градиме на тој Темел. Секој мора да поседува дух на самоодрекување и самопожртвуваност. Христовиот живот на земјата бил несебичен, исполнет со понижувања и жртви. Дали тогаш луѓето, кои се учесници во големото спасение за кое Исус дошол од небото, ќе одбијат да го следат нивниот Господ и да учествуваат во Неговото самоодрекување и жртва?“ – 3 Сведоштво, 359.

б. Во која смисла ние радосно треба да го следиме Христовиот пример на жртвување? 1 Петр. 2,21; Рим. 12,1.2.

“Христос жртвувал сѐ за да му овозможи на човечкиот род можност за влез во небото. Сега од паднатиот човек зависи што тој ќе жртвува од своја страна заради Христа и да се здобие со вечна слава. Оние кои имаат и најмало разбирање на големината на спасението и цената што е платена, нема да негодуваат што сеат со солзи и што борбите и самоодрекувањето се составен дел од христијанскиот живот.“ – 3 Сведоштво, 447.
“(Христос) ја напуштил Својата слава, власта и богатството за да им помогне на оние кои пропаѓаат во гревот. Тој се спуштил до нашите потреби, за да може да нѐ издигне до небото. Неговиот живот го карактеризирале жртва, самоодрекување и несебична љубов. Тој е нашиот пример. Дали… го следите Примерот?“ – 2 Сведоштво, 615.
“Зборовите: ‘Не припаѓате само на себе;’ ‘скапо сте платени’ (1 Кор. 6,19.20), треба да ги врежеме во нашето сеќавање, за да можеме да го препознаеме Божјото право на нашите таленти, нашиот имот, нашето влијание и на нашата личност. Ние треба да научиме како да го користиме овој Божји дар – во умот, душата и телото, за да како Христова сопственост да бидеме способни за здрава и угодна служба.“ – Медицинска служба, 276.

Четврток 12. април

5. ПОДАРЕНА МИЛОСТ

а. Што е милост, и зошто тоа е од суштинско значење за нашето спасение? Рим. 5,6-9; Ефес. 2,8.9.

“Милоста е незаслужена Божја наклоност преку која верникот е оправдан без сопствени заслуги, без никакви права кои би можел да го понуди пред Бога. Тој е оправдан преку откупот во Исуса Христа, кој пред небесните судови стои како замена и гарант за грешникот.“ -Одбрани пораки 1, 398.
“Милоста (на Спасителот) е доволна да го потчини гревот.“ – Верата со која живеам, 87.

б. Како треба да одговориме на Божјата изобилна милост? Ефес. 2,10; Тит 2,11-14.

“Дали добрите дела се без никаква вредност? Дали грешникот кој секојдневно греши неказнето е еднаков пред Бога како оној што преку вера во Христа се обидува да прави добро? Светото Писмо дава одговор (Ефес. 2,10).
“Според божественото уредување и Неговата незаслужна благодат, Господ одредил добрите дела да се наградуваат. Ние сме прифатени само преку Христовата милост; а делата на милосрдие што ги извршуваме се плодови на верата и тие ни носат благослов, затоа што луѓето добиваат награда според своите дела.
“Богоугодниот мирис на Христовата милост нашите добри дела ги прави прифатливи за Бога, а токму таа милост ни овозможува да ги правиме тие дела за кои Тој нѐ наградува.“ – Одбрани пораки 3, 199.200.
“Сите ваши добри дела не можат да ве спасат, но сепак е невозможно да бидеме спасени без добри дела. Секоја жртва за Христа претставува за вас вечна добивка.“ – РХ, 21. март, 1878.

Петок 13. април

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Наброј некои од едноставните дарови кои Бог ги дал уште од Едемските денови.
2. Како Божјиот најголем дар вклучува реципрочна врска?
3. Зошто е важно за нас да разбереме кој навистина е Христос?
4. Кое основно начело го опфаќа целиот план за спасение?
5. Каква сила им дава милоста на откупените во нивната подготовка за небото?

Сподели го ова:

Слични објави