9. Бог го води освојувањето

Сподели го ова:

9. лекција Сабота, 2. март 2019.

Бог го води освојувањето

„Како што му беше заповедал Господ на Својот слуга Мојсеј, така Мојсеј му заповеда на Исус, а Исус така и направи: не отстапи ниту од еден збор во сè што му беше заповедал Господ на Мојсеј.“ – Исус Навин 11:15.

„Господ му ветил на Исус Навин дека ќе биде со него како што бил и со Мојсеј и дека освојувањето на Ханан ќе му го направи лесна задача ако тој е верен на сите Негови заповеди.“ – 4. Сведоштво, 156,157.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Патријарси и пророци, 510,511.

Недела 24. февруари

1. ОПАСНИ НЕПРИЈАТЕЛИ

а. Што се случило со јужниот Ханан набргу по победата во Веторон? Исус Навин 10:40-43.

 

 

„По победата кај Веторон набргу е освоен цел јужен Ханан.“ – Патријарси и пророци, 510.

б. Што направиле царевите на северна Палестина кога слушнале за успехот на еврејскиот народ? Исус Навин 11:1-5.

 

 

„Племињата на северна Палестина, вџашени со успехот што ја следел војската на Израелците, создале одбранбен сојуз против нив. На чело на тој сојуз бил асорскиот цар Јавин цар на покраината западно од езерото Мерома. ‘Излегоа тие и сите нивни војски.’ Таа војска била поголема од сите со кои Израелците се сретнале до тогаш во Ханан.“ – Патријарси и пророци, 510.

Понеделник 25. февруари

2. ПОБЕДА ЗА ВЕРНИТЕ

а. Што треба да забележиме во начинот на кој Бог го охрабрил Исус Навин и повторно интервенирал во корист на својот верен народ? Исус Навин 11:6-8. Што треба да научиме од ова?

 

 

„Недалеку од езерото Мерома Исус Навин го нападнал логорот на сојузниците и потполно ја уништил нивната војска.“ – Патријарси и пророци, 510.
„Бог ќе направи чудесни дела за оние кои се надеваат во Него. Причина што на оние кои се сметаат за Негов народ им недостига сила, е во тоа што тие премногу се потпираат на сопствената мудрост и не му дозволуваат на Господа да ја покаже Својата моќ во нивна корист. На оние кои како Негови верни деца ќе Му се предадат со сето срце и во потполност ќе се потпрат на Него, Тој ќе им пружи помош во секоја нивна потреба.“ – 4. Сведоштво, 163.
„Верата на посветениот работник мора да ја издржи секоја проба и да му одолее на секое искушение. Бог е во состојба и има волја да им ја даде на своите слуги целата моќ која им е потребна на и да им подари мудрост одговарајќи и на најразличните околности. Тој ќе нарави многу повеќе од она што го очекуваат оние кои Му ја даваат својата доверба.“ – Делата на апостолите, 242.

б. Што направил со коњите и кочиите на победената војска? Зошто? Исус Навин 11:9; Псалм 20:7-9.

 

„Бојните коли и коњи со кои Хананците се гордееле и толку фаленички се растурале, Израелците не смееле да ги присвојат. По Божја наредба сите коли биле спалени, а коњите осакатени така што не можеле веќе да се употребат во борба. Израелците не смееле да се потпрат врз коњите и колите, туку во ‘име на својот Господ Бог’.“ – Патријарси и пророци, 510.

в. За разлика од случајот со Ерихон, што требало да направат Израелците со градовите кои биле осудени на пропаст, со стоката и целокупниот плен? Исус Навин 11:10-14.

 

„Градовите се освојувани еден по еден, а главната тврдина на сојузниците, Асор, бил спален.“ – Патријарси и пророци, 510.
Вторник 26. февруари

3. ПОСТИГНУВАЊЕ НА ЗАДАДЕНАТА ЦЕЛ

а. Како ќе го сумираме потфатот на Исус Навин во освојувањето на Ханан? Исус Навин 11:18,19.

 

 

„Војната траела повеќе години и на крај Исус Навин станал господар на Ханан.“ – Патријарси и пророци, 510,511.

б. Кога Бог ветил дека Ханан ќе го очисти од сите незнабожечки народи кои биле таму населени, каков план поставил пред Израелците? На каква опасност ги предупредил? Повторени закони 7:21,22.

 

 

в. И покрај сите крвопролевања во оваа земја, која била намерата на Севишниот за општо добро на човештвото? Повторени закони 7:23-26. Што покажува дека Бог повикал и на прекин на оваа сурова задача? Исус Навин 11:23.

 

 

„Она што го изопачува телото, води и кон изопачување на душата. Тоа го прави човекот недостоен за заедница со Бога и возвишена и света служба.
И во Ветената земја била продолжена навиката за создавање добри навики, започнати во пустината. Луѓето не се збивале во градови, туку секое семејство имало свој имот што им ги обезбедувал сите здравствени благослови на природниот, неизвештачен живот.“ – Здравје и среќа, 280.
„Но, Иако моќта на Хананците била скршена, тие сепак не биле наполно исфрлени од земјата. На запад Филистејците сѐ уште ја држеле плодната долина долж морскиот брег, а северно од нив била областа на Сидонците во чијшто посед бил и Ливан; и јужниот дел на земјата, спрема Египет, сѐ уште бил во рацете на Израеловите непријатели.
Па сепак делото што му преостанувало на Исус Навин не било да продолжи со војувањето.“ – Патријарси и пророци, 511.
Среда 27. февруари

4. НЕОПХОДНА ЗАДАЧА

а. Кој ги одредил границите на земјата однапред? На кого му е доверена поделбата на земјата? Броеви 34:1,2,13,17,18.

 

„Пред да престане да води и да наредува, големиот водач требало да изврши уште една посебна задача. Сета земја, освоена и неосвоена, требало да им се подели на племињата. Должност на секое племе била само да го доврши целосното ослободување на оној дел од земјата што ќе му биде даден во наследство. Кога тие би се покажале верни и предани кон Бога, Тој би ги истерал нивните непријатели пред нив; а им ветил дека уште повеќе ќе ги прошири нивните граници ако му останат верни на неговиот завет.
Поделбата на земјата им била доверена на Исуса Навина, на првосвештеникот Елеазар и на поглаварите на племињата; наследството на секое племе било решено со ждрепка. Сам Мојсеј ги одредил границите на земјата и им ја поделил на одделни племиња уште пред да пристигнат во Ханан. Од секое племе одбрал по еден кнез кој требало да присуствува при поделбата.“ – Патријарси и пророци, 511.

б. На кој начин требало да се одреди положбата на секое племе, и кое правило требало да се следи земајќи ја во обѕир големината на племето? Броеви 26:54-56.

 

в. Што ја открило неверојатната моќ на израелскиот Бог во корист на оние кои Тој ги одбранил? Броеви 18:20,21; 35:1-3,7,8.

 

„Одредените за служба во светилиштето, Левитите, не примиле земја во наследство; живееле заедно во градовите кои биле одвоени за нив и се издржувале од десетокот, даровите и прилозите, посветени на Божјата служба. Биле учители на народот, гости на сите светкувања, и секаде биле почитувани како слуги и претставници на Бога. На целиот народ му била дадена заповед: ‘Внимавај да не го заборавиш левитот за сето време додека си жив на земјата’ (Повторени закони 12:19). ‘Поради тоа левитите немаат дел и наследство со браќата свои: Самиот Господ е нивни дел’ (Повторени закони 10:9).“ – Воспитување, 148,149.
Четврток 28. февруари

5. БЕЗ ИЗГОВОР

а. Какво барање поставиле децата на Јосиф поради својата бројност и како на тоа одговорил Исус Навин? Исус Навин 14:4,5; 17:14-18.

„Бидејќи биле бројно најсилни, припадниците на овие племиња барале да им се додели два пати поголема област отколку на другите. Земјата што им била доделена ним со ждрепка била најплодна и ги опфаќала најбогатите краишта на Саронската долина; но многу важни градови во долината сѐ уште биле во рацете на Хананците, и припадниците на овие племиња, плашејќи се од опасностите и напорите неопходни да се заземат тие градови, барале и нови делови во оние краишта кои веќе биле освоени. Племето на Ефрема било не само едно од најголемите во Израел, туку и сам Исус Навин потекнувал од него, и затоа припадниците на ова племе сметале дека ним им припаѓаат посебни привилегии. ‘Зошто ни даде за наследство еден дел и едно јаже’, истакнувале тие, ‘кога сме ние многубројни, бидејќи така не благословуваше Господ досега?’ Но, од нескршливиот водач не можело да се измами ниту најмала отстапка од строгата правичност.
Неговиот одговор гласел: ‘Ако сте многубројни, одете во гората и таму, во земјата на Перизијците и Рефаимците, расчистете си место, штом Гората Ефремова ви е тесна.’
Во нивниот одговор се открива вистинската причина на нивната жалба. Ним им недостигала вера и храброст да ги истераат Хананците…
Ако навистина биле толку голем народ како што тврделе, тогаш морале да бидат во состојба да одат по сопствен пат како и нивните браќа. Потпирајќи се врз Божјата помош, немале причина да се плашат од железните коли.“ – Патријарси и пророци, 513,514.

Петок 1. март

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Што би требало да нѐ охрабри кога ќе се соочиме со непријател поголем од сите оние кои претходно сме ги сретнале?
2. На која „кола и кочии“ можеби премногу се потпирам во мојот живот?
3. Иако Бог му рекол на Исус Навин да го освои Ханан, зошто Тој наредил исто така и прекин на тој потфат?
4. Што му било ветено на секое племе под услов да останат верни на заветот?
5. На кој начин духот на Исус Навин се разликувал од духот на припадниците на неговото племе?

Сподели го ова:

Слични објави