7. Благослови и проклетства

Сподели го ова:

7. лекција Сабота, 16. февруари 2019.

Благослови и проклетства

„Од сè, што Мојсеј му беше заповедал на Исус, немаше ни збор што Исус не го прочита пред целото израелско собрание, пред мажите и жените и децата и придојдените што се најдоа меѓу нив.“ – Исус Навин 8:35.

„Единствено доколку во срцата на народот се негувала почит кон Божјата Света Реч, тој можел да се надева дека ќе ја исполни божествената намера.“ – Пророци и цареви, 465,466.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Патријарси и пророци, 499-504.

Недела 10. февруари

1. СВЕЧЕН ИЗБОР

а. Каков избор му поставил Бог на својот народ на границата на ветената земја, и што можеме да научиме од тоа? Повторени закони 11:26-28.

 

„Бог бара послушност, и ако не Го послушате, ќе бидете во полоша состојба отколку да сте неутрални. Ако не се удостоите со Божјиот благослов, ќе го примите Неговото проклетство. Тој бара од вас да бидете послушни и покорни, и вика дека тогаш ќе јадете од ‘земните добра’. Страшно проклетство е изречено над оние кои нема да му помогнат на Бога.“ – 2. Сведоштво, 166.

б. Наведете две планини избрани за изрекување на благослови и проклетства. Повторени закони 11:29. Како се поделени израелските племиња за оваа света должност? Повторени закони 27:11-13.

 

„Горите Евал и Гаризим, стоејќи недалеку една спроти друга, од едната и другата страна на оваа долина, со своите испакнати делови претставувале еден вид природни говорници, така што секој изговорен збор на едната страна можел јасно да се чуе на другата додека благите падини давале доволно простор за овој огромен собир.“ – Патријарси и пророци, 500.

Понеделник 11. февруари

2. ТРЕНИРАЊЕ НА УМОТ ЗА ПОБЕДА

а. Која заповед, дадена преку Мојсеј, а поврзана со гората Евал требало да се изврши кога народот прешол преку Јордан? Повторени закони 27:2-8.

 

б. Што уште требало да се направи за да се утврди законот во умот на народот? Повторени закони 6:6-9; 31:19-22.

 

„Во деновите кога талкале низ пустината, Господ обилно се погрижил Своите деца да се сеќаваат на зборовите од Неговиот закон. По населувањето во Ханан, божествените уредби требале секојдневно да се повторуваат во секој дом; тие требале да бидат јасно испишани на рамките од вратите и портите и спомен-плочите. Требале да бидат проследени со музика и песни од младите и старите. Свештениците требале да поучуваат за овие свети уредби на јавните собири, а владетелите на земјата требале од нив да направат предмет на своето секојдневно проучување. ‘Поучувај се од неа дење и ноќе,’ му заповедал Бог на Исус Навин за книгата на законот, ‘за да разбереш како ќе го извршуваш сѐ она, што е напишано во неа; зашто тогаш ти ќе имаш успех во патиштата твои и умно ќе постапуваш.’ (Исус Навин 1:8)..“ – Пророци и цареви, 464,465.

в. Каква корист добиваме помнејќи го Божјиот закон и размислувајќи за ветувањата и опомените запишани во Неговото Слово? Псалм 119:11.

 

„Неколку драгоцени моменти секој ден треба да се посветат на молитва и проучување на Светите Списи за, со учење на одреден текст напамет, духовниот живот да се одржи во душата.“ – 4. Сведоштво, 459.
„На мислите мора да им се постави граница, не смее да им се дозволи да лутаат. Тие мора да се занимаваат со светите списи. Дури и цели поглавја треба да се учат напамет со цел да ги повторуваме кога ќе ни се приближи сатаната со своите искушенија. Дури и додека одите по улица, можете да прочитате некој стих, да размислувате за него и така да го втиснете во својата меморија, а Бог ќе направи светлината од така сочуваното знаење да засвети во она време кога ќе биде потребно.“ – West Michigan Herald, October 26, 1904.

Вторник 12. февруари

3. ИЗВРШУВАЊЕ НА СПОМЕНАТИТЕ УПАТСТВА

а. На кој начин Исус Навин го извршил налогот даден преку Мојсеј во поглед на гората Евал? Исус Навин 8:30-32.

„Според упатствата што ги оставил Мојсеј, на Евал бил подигнат еден голем споменик од камен. На тие камења, претходно премачкани со посебен малтер, бил напишан законот и тоа не само оние десет заповеди објавени на Синај и врежани на камени плочи, туку и сите други закони што му биле дадени на Мојсеја и запишани во книга. Покрај тој споменик бил подигнат и жртвеник од неизделкан камен на кој се принесувани жртви на Господа. Фактот што жртвеникот на Евал морал да биде подигнат на гората на која требало да биде изречено проклетство значел дека Израел со престапот на законот навлекол на себе оправдан Божји гнев и дека тие веќе би биле погодени со суд и со казна кога не би постоело Христовото помирување, претставено токму со тој жртвеник.“ – Патријарси и пророци, 500.

б. На кој начин Исус Навин ги распоредил водачите и народот за таа значајна свеченост, и на што треба да обрнеме внимание во врска со начинот на кој и странци биле примени? Исус Навин 8:33.

„Според упатствата што ги оставил Мојсеј, на Евал бил подигнат еден голем споменик од камен. На тие камења, претходно премачкани со посебен малтер, бил напишан законот и тоа не само оние десет заповеди објавени на Синај и врежани на камени плочи, туку и сите други закони што му биле дадени на Мојсеја и запишани во книга. Покрај тој споменик бил подигнат и жртвеник од неизделкан камен на кој се принесувани жртви на Господа. Фактот што жртвеникот на Евал морал да биде подигнат на гората на која требало да биде изречено проклетство значел дека Израел со престапот на законот навлекол на себе оправдан Божји гнев и дека тие веќе би биле погодени со суд и со казна кога не би постоело Христовото помирување, претставено токму со тој жртвеник.“ – Патријарси и пророци, 500.
„Оние кои веруваат во Господовата Реч нека ги читаат упатствата кои се наоѓаат во третата и петтата Мојсеева книга и тука ќе се видат какви поуки им биле давани на израелските семејства. Иако Божјиот избран народ требало да биде одвоен и свет Божји народ, посебен од сите народи кои не го познавале Господа требало љубезно да поста пува со странците. На странецот не смеело да се гледа со понижување затоа што не бил од Израел. Израелците требало да го љубат странецот, затоа што Христос умрел за да го спаси и него, исто како и нив. На нивните свечености приредувани во знак на благодарност, кога тие зборувале за Божјите дела на милост, странецот требало да наиде на срдечен прием.“ – 6. Сведоштво, 273,274.
Среда 13. февруари

4. ИЗБЕГНУВАЊЕ НА ФОРМАЛНОСТИ ВО ВЕРСКИТЕ СЛУЖБИ

а. Што било врв на церемонијата на гората Евал? Исус Навин 8:34.

 

 

„На знак на труба настанала тишина и тогаш Исус Навин, во присуство на тој голем собир, стоејќи крај светиот ковчег, ги прочитал благословите наменети за оние што ќе му се покоруваат на Божјиот закон. Сите племиња од Гаризим одговориле со зборот ‘амин’.“ – Патријарси и пророци, 500.

б. Зошто било потребно насобраниот народ да каже „Амин“? Псалм 106:48. Зошто честопати е потребно и ние да кажеме „Амин“?

 

 

„Кога Господовото слово им било изговорено на Евреите во старо време заповедта гласела: ‘Целиот народ да извика и да рече: амин’ (Повторени закони 27:15). Кога ковчегот на заветот бил донесен во Давидовиот град и била пеена песна на радост и триумф, ‘сите луѓе рекоа амин и го фалеа Господа.’ Овој сесрден одговор бил доказ дека го сфатиле изговореното слово и дека се соединиле во оддавање чест на Бога.
Во нашите верски служби има премногу формалност. Господ сака Светиот Дух да ги поттикнува проповедниците кои го проповедаат Неговото слово. И народот што слуша не треба да седи во дремлива рамнодушност или напразно да гледа наоколу, не одговарајќи на она што е кажано. Впечатокот што на тој начин го стекнува неверникот ниту најмалку не е поволен за Христовата вера. Тие рамнодушни, безгрижни луѓе, кои тврдат дека се христијани, не се лишени од ревноста и трудољубивоста кога работат земни работи, но поимите со вечно значење не ги возбудуваат длабоко. Божјиот глас што се слуша преку Неговите гласници може да биде како пријатна песна; но неговите свети опомени, укори и охрабрувања не се прифаќаат. Нив ги парализирал духот на овој свет. Вистините содржани во Божјата реч наидуваат на глуви уши, закоравени и неприемливи срца. Црквите треба да бидат будни и активни, да ги храбрат и поттикнуваат Христовите проповедници и да им помагаат во спасувањето на душите. Кога црквата оди во светлина, во неа секогаш ќе има срдечен, бодар одзив и зборови на радосно славење.“ – 5. Сведоштво, 318.

Четврток 14. февруари

5. ТАЈНИ НА СРЕЌАТА

а. Што уште било вклучено во церемонијата на изрекување на благослови и проклетства? Исус Навин 8:35. Што требало редовно да се повторува? Повторени закони 31:10-13.

„Потоа ги прочитал и заканувањата со проклетство при што племињата од Евал одговориле на ист начин. Илјадници гласови се соединиле во единствен акорд давајќи свечен одговор. А потоа уследило читање на Божјиот закон со сите правила и прописи што им биле дадени преку Мојсеј.
Израел на Синај го слушнал законот непосредно од Божјата уста, а неговите свечени прописи, кои со сопствена рака ги напишал на камени плочи, се чувале во ковчегот на заветот. Сега сето тоа било повторно напишано така што сите можеле да го читаат. Сите имале предимство лично да ги видат условите на заветот под кои имале право да ја наследат хананската земја. Сите морале да се запознаат со условите на заветот и да се согласат со благословот ако послушаат, или со проклетството ако не послушаат. Законот не бил само напишан на камењата на споменикот, туку Исус Навин гласно го прочитал пред целиот народ. Поминале само неколку седмици откако Мојсеј усно ја изложил содржината на целата своја петта книга, но сепак Исус Навин го повторил законот уште еднаш.
Читањето на законот внимателно го слушале не само мажите Израелци, туку и нивните жени и деца. А тоа и било важно, зашто требало и тие да се запознаат со своите должности.“ – Патријарси и пророци, 500-503.

б. Наведете некои благослови и проклетства. Повторени закони 28:1-13; 27:14-26.

Петок 15. февруари

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Зошто благословите и проклетствата кои му се дадени на стариот Израел се значајни и денес?
2. На кој начин памтењето и размислувањето за светите списи може да ни биде од корист?
3. Зошто биле присутни и странци помеѓу водачите и народот на гората?
4. На кој начин можеме да им пружиме поголема поддршка во делото на проповедниците во нашата локална црква?
5. Зошто било важно уште во младоста сите да научат која е нивната должност кон Бога?

Сподели го ова:

Слични објави