1. Храбриот лидер

Сподели го ова:
  1. лекција                      Сабота, 5. јануари 2019.

 

Храбриот лидер

Бидете силни и нека крепне срцето ваше, сите вие што имате верба во Господ!“ –  Псалм 31:24.

„Ти можеш да го достигнеш идеалот кој е од Бога одреден за тебе, ако одлучиш твоето сопствено ‘јас’ да не биде проткаено во сѐ што работиш. Свеста дека да се трудиш во духот и во постапките да станеш сличен на Христа ќе ти даде сила, утеха и храброст.“ Слуги на евангелието, 164.

 ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:                                       Здравје и среќа, 497-502 .

 Недела                                                                  30. декември

 

  1. ВРЕДНОСТА НА ВЕРНИОТ ВОДИЧ

 а.   Што треба да научиме од начинот на кој Израелците реагирале на Мојсеевата смрт? Повторени закони 34:7,8; Псалм 112:6.

 „Израелците биле во длабока жалост за својот покоен водич, и триесет дена посветиле на служба во знак на сеќавањата на него. Никогаш порано, додека бил жив, не ја сфаќале така вредноста на неговите мудри совети, неговата татковска нежност и непоколеблива вера. Со ново и подлабоко почитување се сеќавале на драгоцените поуки кои им ги давал во животот.

Мојсеј бил мртов, но неговото влијание не исчезнало заедно со него, требало и понатаму да живее и да делува во срцата на народот. Уште долго тие ќе го носат споменот на тој свет и несебичен живот кој и понатаму со својата тивка и убедлива сила менувал и обликувал – дури и оние кои не сакале да слушаат додека бил жив.“ – Патријарси и пророци, 481.

 б.  На какво размислување треба да нѐ наведе загубата на оние кои го носеле товарот? Псалм 116:15.

 „Оние кои го носат товарот и жештината на денот, не би требало да ги оставиме да паднат под тој товар.“ – The Review and Herald, December 15, 1885.

Понеделник                                                               31. декември

  1. НЕГУВАЊЕ НА ПОЧИТ

 а.   Зошто треба да ја нагласиме важноста на почитта кон водачи? Евреите 13:17; 1. Тимотеј 5:17.

 „За имињата на од Бога избраните слуги, без никаква почит, а во  некои случаи дури и со отворен презир, зборуваат оние чија должност

 е да ги поддржуваат тие луѓе и да им ги држат рацете. Децата и младите не пропуштаат да ги слушаат забелешките на своите родители на сметка  на свечените опомени и укори упатени преку Божјите слуги. Тие ги разбираат презрените шеги и потценувачките изрази кои често допираат до нивните уши и тоа ги наведува да ги ставаат светите и вечни интереси на исто рамниште со она што е обично и земно. Со ваквото однесување родителите создаваат неверници од своите деца веќе во самото нивно детство. Таквите деца без никаква почит застануваат против секој од Бога даден укор и осуда на гревот…

„Многумина наоѓаат посебно задоволство во задржувањето на реалните или вообразени недостатоци на оние кои носат тешки одговорности во институциите на Божјото дело. Тие ги губат од вид остварените успеси кои се резултат на неуморната работа и несебична предаденост на делото, додека некои привидни грешки и последици од нешто што веќе е направено особено ги нагласуваат, тврдејќи вообразено дека тие тоа би го направиле подобро и со видни резултати. Меѓутоа, ако тоа им било препуштено на нив, тие – исплашени од тешкотиите – би одбиле да се нафатат на овие должности, или би управувале далеку поневнимателно од оние кои, прифаќајќи се за делото продолжуваат по патот кој Бог, во Своето провидение, го отворил, пред нив.“ – 4. Сведоштво, 195,196.

б.  Како можеме денес да покажеме почит кон нашите водачи? Евреите 12:12,13; Јов 4:4.

 „Изговорените зборови на критикување често пати имале многу обесхрабрувачки ефект. Но секогаш одново и одново, во нивните потреби, Господ им праќал упатства да одат право напред, да го следат својот Водич. Јас бев поучена да ги подигнам рацете кои паѓаа, да ги зајакнам слабите колена, да ги охрабрам верните работници со Господови зборови.“ – Manuscript Releases, vol. 6, p. 409.

Вторник                                                                 1. јануари

  1. НАСЛЕДНИКОТ НА МОЈСЕЈ

 а.   Кој бил назначен да биде видлив водич на Израел после смртта на Мојсеј? Какви биле неговите квалификации? Повторени закони 34:9.

 „Исус Навин од тогаш бил признат водич на Израел. Тој особено бил истакнат како борец, и неговите дарови и способност во тој момент од историјата на неговиот народ биле исклучиво ценети. Одважен, одлучен и истраен, неподмитлив, заборавајќи на себе во грижата за оние кои му биле доверени, и над сѐ вдахновен со жива вера во Бога – тоа биле карактерните црти на човекот кој бил избран од Бога да ги предводи израелските чети при влезот во ветената земја. За целото време на престој во пустината, тој бил Мојсеев прв советник; неговата тивка и искрена верност и истрајност, постојаност кога многумина се сомневале, цврстина да остане на страна на вистината дури и во опасност, укажувале на него како на достоен наследник на Мојсеј и пред Бог да го повика да ја заземе таа висока положба.“ – Патријарси и пророци, 481,482.

б.  Кој став бил првата тајна на успехот на Исус Навин? Исаија 57:15; 66:2.

 „Исус Навин со најголема загриженост и без самодоверба гледал на задачата која се наоѓала пред него.“ – Патријарси и пророци, 482.

 в.   Објасни го планот што го претставил Бог. Кој бил единствениот начин на кој Исус Навин можел да го исполни? Исус Навин 1:1-5,9.

  „Исус Навин бил мудар војсководец, затоа што Бог бил негов водач.“ – Conflict and Courage, p. 116.

„Господ му ветил на Исус Навин дека ќе биде со него како што бил и со Мојсеј и дека освојувањето на Ханан ќе му го направи лесна задача, под услов да биде верен на сите Негови заповеди. Исус Навин бил сериозно загрижен како да го изврши добиениот налог и да го воведе народот во Хананската земја, но ова ветување ги отстранило сите негови стравувања.“ – 4 Сведоштво, 156,157.

 Среда                                                                       2.  јануари

 

  1. ХРАБРОСТ ВО ПОСВЕТЕНОСТА

 а.   Што Бог повеќе пати му рекол на овој нов водич? Зошто? Исус Навин 1:6,7.

 „Дали мислите дека сите овие инструкции би му биле дадени на Исус Навин доколку немало опасност неговото битие да потпадне под лажни влијанија? Токму затоа што знаел дека поради неговото настојување да биде праведен ќе им се спротивставува на најсилните влијанија, Господ во својата милост му наредил да не оди ни лево ни десно. Тој имал должност најстрого да се држи  до правецот кој му го одредил Бог… Да не постоеле толку големи опасности пред Исус Навин, Господ не би му напомнал повеќепати: ‘Биди слободен и храбар!’ Но Исус Навин во своите настојувања и одговорности го земал Бога за свој водич.

Нема поголема измама од онаа кога човекот претпоставува дека во било каква потешкотија може да најде подобар водич од Бога, помудар советник од Него во било каква ситуација или посилна одбрана при било каква опасност.“ – Коментари на библиски текстови, том 2, 993.

б.  Со што требало да биде опремен Исус Навин за да биде во можност да ги изврши Божјите планови? Исус Навин 1:8. Што можеме ние од ова да научиме?

 „Иако библиската религија ги отелотворува принципите на активностите во службата, таа во исто време ја истакнува потребата да се бара мудрост од Изворот на мудроста. На што се темели неговата победа? На тоа што за Речта Божја размислувал и дење и ноќе…

Оние кои се повикани да бидат советници треба да бидат несебични луѓе, луѓе со вера и молитва, луѓе кои не се осудуваат да се потпрат само на својата човечка мудрост, туку искрено се молат за просветлување и разум како својата должност да ја извршат на најдобар начин. Исус Навин, како водич на израелскиот народ, грижливо ги прелистувал книгите во кои Мојсеј верно ги забележал од Бога дадените упатства – Неговите барања, упатства, укор и ограничувања – само за да не тргне непромислено и без совет. Исус Навин не се осудил да се потпре на сопствените побуди, или на својата човечка мудрост. Сѐ она што доаѓало од Христа, кој дење бил скриен во столбот од облак а ноќе во столбот од оган, тој го сметал за многу значајно и за свето.“ – Коментари на библиски текстови, том 2, 993,994.

Четврток                                                               3. јануари 

  1. ХРАБРОСТ ЗА ВИСТИНСКАТА РАБОТА

 а.   Каква сигурност имаме додека настојуваме да бидеме храбри при извршувањето на нашата работа во Господовото лозје? Псалм 31:24; Исаија 41:10.

 „Ако оние кои се носители на начелата се онесвестат и паднат, кој ќе дојде и ќе го заземе нивното место?… Зарем не постојат луѓе кои ќе му се посветат на Бога, со душата, телото и духот, кои ќе одат напред и ќе ги просветлуваат другите?…

Факелот на вистината мора да се однесе во мрачните краеви на светот. Додека ангелите ги држат ветровите, ние мора да работиме онака како што работел Исус…

Кога би работеле верно, стрпливо и со љубов, би имале стотина работници онаму каде што сега имаме еден. Неискористените можности запишани се во истата книга каде што се запишани и зависта и бунтот против Бога, и сведочат против нас.“ – The Review and Herald, December 15, 1885.

 Овој свет е големо Божјо поле за работа. Тој ги откупил жителите на овој свет со скапоцената крв на својот единороден Син и Тој сака Неговата порака на милост да допре до сите луѓе. Оние на кои им е доверена оваа работа ќе бидат тестирани и испитувани, но тие мора да имаат на ум дека Бог е во нивна близина, дека ќе ги зајакне и подржи.

Тој не бара од нас да се потпреме на некоја скршена трска. Ние не треба да бараме човечка помош. Нека ни помогне Бог да не го ставаме човекот на местото на кое Тој треба да биде…  Господ е наша ‘вечна тврдина’ (Исаија 26:4).“ – Reflecting Christ, p. 352.

„Биди храбар во Господа. Сети се како Тој е милостив и нежен, колку е голема Неговата сила која те чува. Она што луѓето не успеале да го направат, Бог го направил. Дај му чест. Биди им пример на побожност на сите со кои си во контакт. Бог нека биде судија. Твојата работа е да го сакаш Бога, да му служиш и на другите да им бидеш од корист.“ – Manuscript Releases, vol. 19, p. 151.

Петок                                                                        4. јануари

 ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА 

  1. За што требало Израелците да размислуваат уште додека Мојсеј бил жив?
  2. Како можам да бидам во опасност да ја поткопам ефективноста на верните водачи?
  3. Објасни ја тајната на успехот на Исус Навин од самиот почеток на неговото дело.
  4. Како Исус Навин успеал да ја развие храброста?
  5. Што треба нас да нѐ поттикне да го негуваме квалитетот на храброста?
Сподели го ова:

Слични објави