8. Планирање на победоносни семејства

Сподели го ова:

8. лекција Сабота, 24. февруари 2018.

Планирање на победоносни семејства

„И рече Маној: „И така, нека се исполни зборот твој, но како да постапуваме со тоа дете, и што да правиме со него?“ – Судии 13:12.

„Негувајќи го она што е најдобро во нив, родителите влијаат на формирањето на општеството и на издигнувањето и воспитувањето на идните генерации… Уште пред раѓањето на детето треба да започне подготовката која на родителите ќе им овозможи успешно да се борат во битката против злото.“ – Здравје и среќа, 371.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Здравје и среќа, 371–378;

Selected Messages, bk. 2, 420–433.

Недела 18. февруари

1. УПАТСТВО ЗА ДВАЈЦАТА РОДИТЕЛИ

а. Какво било упатството кое ангелот Господов ѝ го дал на жената на Маној, и како и таа и нејзиниот сопруг ја откриле својата ревност во чест на Господа? Судии 13:2-12; Јаков 1:5.

„Секоја мајка често нека му се обраќа на Спасителот со молитва: „Какво ќе биде правилото за детето и што треба да се прави со него?“ Секоја мајка нека го има на ум упатството што го дал Бог во својата Реч, па ќе прими мудрост кога ќе и затреба.“ – Патријарси и пророци, 573.

„Врз татковците, исто како и врз мајките, почива одговорноста како за најраното така и за подоцнежното воспитување, и за двајцата родители потребно е да го подготвуваат детето. Пред да ја искористат можноста за татковство и мајчинство мажите и жените треба да се запознаат со законите на физичкиот развој – со физиологија и хигиена, со одговорноста на родителското влијание, со законите на наследување, облекување, вежбање, законите за санитарност, и третман на болести тие исто така треба да ги разберат законите за ментален развој и морален тренинг.“ – Воспитување, 276.

Понеделник 19. февруари

2. СВЕЧЕНА ОДГОВОРНОСТ

а. Каков совет им бил повторен на двата родители? Зошто? Судии 13:13,14,24.

„Благосостојбата на детето, ќе биде погодена од навиките на мајката. Нејзините апетити и страсти треба да бидат контролирани од принципите. Таа треба да се откаже од нешто, да се спротивстави на нешто, доколку сака да ја исполни намерата што Бог ја имал за неа, кога ја благословил со дете. Ако таа си попушта себеси пред раѓањето на детето, ако е себична, нетрпелива и полна со барања – овие црти ќе се одразат во склоностите на детето. На тој начин, уште при раѓањето многу деца наследиле речиси непобедливи склоности кон злото.

Но ако мајката непоколебливо се држи до добрите принципи, ако е умерена и пожртвувана, ако е љубезна, пријатна и несебична, таа може да ги пренесе овие драгоцени карактерни црти на своето дете.“ – Здравје и среќа, 372.373.

„Не било доволно Самсон, детето што го ослободило Израел, да има само добро наследство при раѓањето. Ова наследство требало да биде проследено со грижливо воспитување. Тој уште од раното детство требал да биде воспитуван да изградува навики на строга умереност.“ – Здравје и среќа, 379.

б. Зошто привилегијата на родителството е многу сериозна работа? Псалм 127:3.

„Таткото треба да има на ум дека неговото однесување кон сопругата, пред раѓањето на потомството, битно ќе влијае на мајчиниот карактер во тој период и дека ќе има значаен удел во карактерот кое детето ќе го развие по неговото раѓање. Многу татковци толку се труделе да го сочуваат својот имот, и на тој начин го жртвувале разгледувањето на повозвишени прашања, а некои мажи срамно ги запоставиле своите сопруги и своето потомство, во толкава мера. така што пречесто нивните животи биле жртвувани поради силната желба за богатење. Мнозина не ја претрпуваат веднаш оваа казна за своите престапи и не ги согледуваат јасно последиците на својата постапка. Состојбата во која се наоѓа сопругата понекогаш не е ништо подобра од положбата на еден роб, а понекогаш и таа е подеднакво виновна, како и сопругот, за трошење на физичката сила и собирањето на средства за модерен живот. Злочин е што таквите имаат деца, бидејќи на нивното потомство често ќе им недостасува физичка, морална и ментална вредност, ќе носат печат на себичност и несреќа на своите родители, а светот ќе биде проколнат со нивната злоба.“ – Selected Messages, bk. 2, pp. 428, 429.

Вторник 20. февруари

3. РАБОТЕЈЌИ ЗА ДУХОВЕН НАПРЕДОК

а. Наведете неколку клучни чекори за уживање на поголем мир во семејниот живот. Филипјаните 4:5-8.

„Често и е дозволено на мајката, пред раѓањето на нејзините деца, да работи над нејзините сили. Нејзините оптоварувања и грижи ретко биваат олеснети, а времето кое на неа – пред сè – треба да и биде време на одмор, исполнето е со умор, тага и мрак. Поради преголемите напори од нејзина страна, таа го лишува своето потомство од исхраната која му е природна, а поради загревање на крвта која му се пренесува бива со лош квалитет. Потомството е лишено од нејзината животна сила, а ускратена е и од физичка и ментална сила. Таткото треба да научи како да ја направи мајката среќна. Тој не треба да си дозволи да доаѓа во својот дом со намуртено лице.“ – Selected Messages, bk. 2, pp. 427.428.

„И мажите и жените се должни да постапуваат разумно во однос на своите физички напори. Тие не треба непотребно да ја исцрпуваат својата енергија, зашто со тоа, не си наштетуваат само на себе, туку со своите грешки носат вознемиреност, замореност и страдање и на своите мили. Што ве наведува на таков труд? Неумереноста во јадење и пиење, како и желба за богатство, доведуваат до оваа неумереност во работата.“ – Selected Messages, bk. 2, pp. 429.

„Затоа, мајки, вашето лице секогаш нека зрачи со радост. Смејте се секогаш кога можете и во детскиот ум ќе се одржи сјајот на вашето лице.“ – Темели на среќниот дом, 436.

б. Зошто на Израел итно му биле потребни храбри луѓе, и зошто слична потреба постои и денес? Судии 13:1; Еремија 2:12-14; 1 Коринтјаните 3:3.

„Најголемата потреба на светот е потребата од луѓе – луѓе кои не можат ниту да се купат ниту да се продадат, луѓе кои во длабочината на својата душа се праведни и чесни, луѓе кои не се плашат да го наречат гревот со неговото вистинско име, луѓе чија совест е верна на должноста како што магнетната игла му е верна на полот, луѓе кои ќе стојат на страната на праведноста па дури и небото да се урне.

Но таквиот карактер не е плод на случајот; тој не може да и се припише на личната наклонетост или на даровите на Провидението. Благородниот карактер е плод на самодисциплина, покорување на пониската природа на повисоката – предавање на самиот себе во служба на Бога и ближните од љубов.“ – Воспитување, 57.

Среда 21. февруари

4. ВЛИЈАНИЕТО НА ДРУШТВОТО

а. Каква молба Самсон им упатил на родителите? Судии 14:1-3. И покрај нивните добри намери, кои опасности родителите на Самсон ги занемариле? 1 Коринтјаните 15:33.

„Бидејќи градот Сарај бил во близина на филистејската земја, Самсон се впуштил со нив во пријателски односи. Така во неговата младост настанале интимни пријателства што го затемниле целиот негов живот.“ – Патријарси и пророци, 562.

„Младите христијани треба многу да внимаваат при изборот на свои пријатели и другари. Внимавајте она што го сметате за чисто злато да не се покаже како обичен метал. Световните дружења имаат тенденција да постават препреки на патот на оние кои сакаат да Му служат на Бога, и многу души се уништени од несреќни врски… со оние кои немаат облагородувачко влијание.“ – Messages to Young People, p. 436.

„Татковците и мајките треба да знаат дека нивна должност е да влијаат на чувствата на своите деца така што тие ќе ги засакаат само оние кои се достојни да бидат нивни другари. Би требало да знаат дека нивна должност е со поука и пример, со помош на Божја благодат, така да го градат карактерот на своите деца од нивните најрани години, да бидат чисти и благородни и да ги привлекува само она што е добро и вистинито. Сличните взаемно се почитуваат. Нека љубовта кон вистината, чистотата и добрината биде рано всадена во срцата на младите, па тогаш тие ќе го бараат друштвото на оние кои ги поседуваат овие карактеристики.“ – Messages to Young People, p. 466.

„Иако не треба да престанеме да предупредуваме, да се молиме и да се обидуваме да им ја прикажеме вистината на неверните родители, мешањето и дружењето со нив ќе биде поврзано со пропаста на вашите деца.“ – Manuscript Releases, vol. 9, p. 74.

„Татковци и мајки, дали сфаќате колку е голема важноста на одговорноста која почива врз вас? Дали на вашите деца им дозволувате да се дружат со други деца во ваше отсуство без да знаете какво воспитување тие примаат?“ – Совети за детето, 114.

б. Кој бил одговорен за несреќата во Самсоновиот живот? Галатјаните 6:5,7.

„Кога Самсон би се придржувал кон Божјите заповеди толку верно како неговите родители, тој би доживеал поблагородна и посреќна судбина. Но него го расипало дружењето со идолопоклониците.“ – Патријарси и пророци, 562.

Четврток 22. февруари

5. ДОСТАПНИ УПАТСТВА

а. Зошто Бог го забранува бракот на верниците со неверниците? Какви биле последиците од таквите сојузи? Судии 3:5-8; Второзаконие 7:3; Немија 13:23-26.

„Никогаш не стапувај во брачна заедница со неверник.“ – Our High Calling, p. 257.

„Господ во Неговото Слово јасно го советувал Својот народ да не се обединува со оние кои не го љубат и го немаат пред очите Неговиот страв. Таквите придружници ретко ќе бидат задоволни со љубовта и вниманието која како на такви им се укажува. Тие постојано ќе бараат од својот богобојазлив сопруг или сопруга нешто што е во спротивност со божествените барања. За еден добар и побожен човек, како и за црквата на која тој и припаѓа, световната жена или пак девојката е како шпион во кампот, кој будно ќе внимава на секоја прилика да го предаде Христовиот слуга и да го изложи на нападите на непријателот.“ – Тhe Signs of the Times, September 27, 1910.

б. За што христијаните во молитва треба да размислуваат кога бараат брачен другар? 2 Коринтјаните 6:14-18; 1 Коринтјаните 7:39.

„Во старо време склучувањето на браковите за синовите или ќерките обично го договарале родителите, па тоа било обичај и меѓу Божјиот народ. Од никого не се барало да стапи во брак со лице што не можел да го сака; но секогаш кога би се колебале во своите чувства и склоности, младите би го прифаќале судот на искусните и богобојазливи родители. Да им се противи на родителите, значело не само навреда и срам за нив, туку тоа се сметало и за злосторство.“ – Патријарси и пророци, 171.

Петок 23. февруари

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Кое знаење подобро ги оспособува идните родители на децата да им обезбедат силен темел?

2. Во кои околности не е мудро да се планираат деца?

3. Објасни ја тајната на развојот на богобојазниот карактер.

4. Зошто е толку важно да бидеме внимателни за друштвените врски кои ги формираме во младоста?

5. Кои насоки се важни при изборот на брачен другар?

Сподели го ова:

Слични објави