5. Време на духовна криза

Сподели го ова:

5. лекција Сабота, 3. февруари 2018.

Време на духовна криза

„Затоа, возљубени мои, одбегнувајте го служењето на идолите.“ – 1 Коринтјаните 10:14.

„Секогаш постоел еден мал остаток оние што му останале верни на Бога; и Господ од време на време подигал верни и храбри луѓе да го уриваат идолопоклонството и да го ослободуваат Израел од неговите непријатели.“ – Патријарси и пророци, 545.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Патријарси и пророци, 543-547.

Недела 28. јануари

1. ВИНОВНИ ПРЕД БОГА

а. При населувањето на Ханан, што Израел занемарил да направи? Судии 1:28-33.

„Господ од своја страна верно ги исполнил ветувањата дадени на Израел; Исус Навин ја совладал моќта на Хананците и ветената земја им ја поделил на израелските племиња. Потпирајќи се врз сигурната Божја поддршка, тие требало само да го надополнат делото, преостанатите староседелци да ги истераат од земјата. Но тие пропуштиле да го сторат тоа. Впуштајќи се во сојуз со Хананците, тие ја прекршиле изричната Божја заповед и така не го исполниле основниот услов под кој хананската земја им била ветена.“ – Патријарси и пророци, 543.

б. Што покажува дека ова било мошне сериозно задача? Излез 23: 24,25.

„Уште во првите соопштенија што им ги дал Бог на Синај, биле предупредени да се пазат од идолопоклонството…

Но, занемарувајќи ја високата цел што им била наменета, тие удобно се сместиле и потонале во уживања. Ја пропуштиле можноста да го завршат освојувањето на земјата.“ – Патријарси и пророци, 543.544.

Понеделник 29. јануари

2. ВИСОКАТА ЦЕНА НА НЕМАРНОСТ

а. Со тоа што не ја извршил својата должност пред Бога, што се случило со Израел, и како ова претставува исполнување на пророштвото? Псалм 106:35-40; Броеви 33:55.

„Додека уште било живо поколението што го упатувал Исус Навин, идолопоклонството не земало толкав замав, но родителите го приготвиле патот за отпад на своите деца. Со непочитување на Божјите ограничувања од страна на оние што влегле во хананската земја, посеано е семе на зло што продолжило да донесува горчливи плодови на многу поколенија. На Евреите нивните едноставни животни навики им осигурувале благодат на телесно здравје; но дружејќи се со незнабошците, биле наведени да му попуштаат на апетитот и на страстите, што постепено ја намалувало нивната телесна сила и им ги слабеело духовните и моралните сили. Израелците поради своите гревови биле одвоени од Бога. Биле лишени од неговата сила и не биле веќе надмоќни над своите непријатели. Така најпосле биле покорени токму од оние народи што тие со Божја помош можеле да ги покорат.“ – Патријарси и пророци, 544.545.

б. Кој чекор Господ конечно бил принуден да го преземе, и зошто ова прашање треба сериозно да го сфатиме во нашите дни? Судии 2:12; Псалм 78:58,60,61.

„Најтешкиот грев – идолопоклонството – постои во црквата. Сè она што стои помеѓу христијанинот и неговата сесрдна служба на Бога, зема форма на идол, а најтешкиот грев на идолопоклонството е самото идолопоклонство.“ – The Paulson Collection, p. 343.

„Слично на стариот Израел, црквата го посрамила Бога со тоа што се одвоила од светлината, ги занемарила своите должности и ги злоупотребила големите предности кои ѝ се дадени како на избран Божји народ за да изгради свет карактер. Нејзините членови го прекршиле заветот според кој морале да живеат само за Бога. Се здружиле со себични и суетни луѓе.“ – 2 Сведоштво, 441.442.

„Бог ги класира како идолопоклоници и оние кои веруваат во сопствената мудрост, во своите планови, мислејќи дека успехот зависи од нивното богатство и моќ, стремејќи се своите позиции да ги зајакнат преку сојуз со луѓе, кои светот ги нарекува за големи, но кои не успеваат да ги распознаат задолжителните барања на Неговиот закон.“ – The Review and Herald, March 15, 1906.

Вторник 30. јануари

3. БЕГАЊЕ ОД ИДОЛОПОКЛОНСТВО

а. Кои апели во врска со идолопоклонството им се упатени на оние кои живеат во христијанската ера? 1 Коринтјаните 10:14; Галатјаните 5:19-21. Опишете ја зачудувачката визија покажана на Господовиот гласник за опасностите од ова зло.

„Голема група незнабожечки идолопоклоници исполнета со јарост и бес носеше црно знаме, на кое се гледаа форми на сонце, месечина и ѕвезди. Потоа ми беше покажана друга група која што носеше чисто бело знаме со натпис: “Чистота и светост на Господа.” На нивните лица се гледаше цврстина и небесно спокојство. Видов како им се приближуваат незнабожечките идолопоклоници а потоа се случи големо крвопролевање. Мнозина христијани исчезнаа; меѓутоа нивната група ги збиваше своите редови и уште поцврсто го држеше своето знаме. Додека мнозина паѓаа, останатите се собираа околу знамето и ги заземаа нивните места.

Видов дека идолопоклониците се договараа нешто. Бидејќи не им појде од рака да ги победат христијаните, направија поинаков план. Го спуштија своето знаме и потоа и се приближија на онаа непоколеблива чета на христијани изнесувајќи им свои предлози. На почетокот нивните предлози биле целосно одбиени. Но потоа видов како христијаните меѓусебно се договараат. Некои изјавија дека ќе го спуштат знамето и ќе ги прифатат предлозите за да си ги спасат животите, а подоцна ќе добијат сила и повторно ќе го подигнат знамето помеѓу незнабошците. Меѓутоа, неколкумина од нив не сакале да прифатат ваков план, цврсто одлучувајќи попрво да умрат држејќи го високо знамето отколку да го спуштат. Потоа видов дека многумина го спуштија знамето и се соединија со незнабошците, додека оние малубројните сѐ уште поцврсто и повисоко го држеа. Видов дека поединци постојано ги напуштаат редовите на оние кои го носеа чистото знаме и преминуваа во редовите на идолопоклониците под нивното црно знаме за заедно со нив да ги прогонуваат оние кои го држеа белото знаме. Мнозина биле убиени но сепак белото знаме било високо воздигнато а нови верници му приоѓаа и се собираа околу него.“ – Рани списи, 211.212.

б. Наведете уште еден вообичаен облик на идолопоклонство. Колосјаните 3:5,6.

„Секоја лакомост е осудена како идолопоклонство. Секое себично попуштање пред своите нескротливи желби претставува престап во Божјите очи.“ – Христовите очигледни поуки, 261.

Среда 31. јануари

4. ПОТРЕБЕН Е ИЗБАВИТЕЛ

а. Колку биле горки последиците од идолопоклонството на Израел во времето на судиите? Судии 6:1-5.

„Дивите и груби пустински племиња „навлегуваа како скакулци“ во Израеловата земја заедно со своите стада крупен и ситен добиток (Судии 6,5). Се ширеле од Јордан до филистејската долина како опасна чума. Наидувале штом жетвата почнувала да пристигнува и останувале додека не би биле собрани и последните земни плодови. Ги пустеле, ограбувале и малтретирале жителите, а потоа повторно се враќале во пустината. Поради тоа Израелците, кои живееле во внатрешноста на земјата, биле присилени да ги напуштаат своите домови и да бегаат во градовите што биле опашани со ѕидови, барајќи заштита во тврдините, па дури и во планинските пештери, скриени меѓу карпите.“ – Патријарси и пророци, 546.

 

б. Што конечно направиле Израелците, и каков милосрден одговор добиле? Судии 6:6-10.

„Кога луѓето во својата мака повторно си спомнале за Божјите опомени и ги признале своите гревови, Бог повторно им подигнал избавител.“ – Патријарси и пророци, 546.

 

в. Кој знаменит човек тогаш бил подигнат од Бога? Зошто? Судии 6:11-14; Изреки 4:26; Агеј 1:7.

„Работејќи така во тајност и мир, Гедеон бил жалосен поради постоечката состојба и размислувал како би можел да се скрши јаремот на угнетувачот на неговиот народ.“ – Патријарси и пророци, 546.

 

„Оној чиј ум е отворен за Словото Божјо внимателно и со молитва ќе го одмерува секој свој чекор, како би можел да го прослави Бога и да се одржи на Неговиот пат.“ – That I May Know Him, p. 251.

Четврток 1. февруари

5. ПОНИЗЕН ЧОВЕК ОД АКЦИЈА

а. Што треба да научиме од ставот на Гедеон кога му се обратил небесниот гласник? Судии 6:15,22,23.

„Кога Бог ги праќал Своите ангели да разговараат со луѓето или да направат нешто за нив, луѓето сфаќајќи дека виделе Божји ангел и дека разговарале со него, биле преплашени мислејќи дека мора да умрат. Тие имале толку возвишена претстава за страшното величество и силата на Бога така што мислеле дека ќе бидат уништени и при самото среќавање со некој што доаѓа директно од Неговото свето присуство.“ – 1 Сведоштво, 410.

 

б. Која важна задача Гедеон ја извршил, која била од витално значење за почеток на реформацијата меѓу неговиот народ? Судии 6:24-27.

„Божјиот налог бил верно извршен. Знаејќи дека ќе наиде на отпор ако се обиде тоа да го стори јавно, Гедеон својата задача ја извршил тајно. Со помош на своите слуги се завршил за една ноќ.“ – Патријарси и пророци, 547.

 

Петок 2. февруари

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Зошто е важно да се одделиме од познатите извори на искушение?

2. Кои конкретни гревови предизвикале угнетување од Мадијамците?

3. Што е поопасно – прогонство од страна на злото или компромис со злото?

4. Во часот на криза, што ја открива неверојатната милост на нашиот Бог?

5. Кои чекори треба да ги преземам за да направам вистинска реформација во мојот живот?

Сподели го ова:

Слични објави