12 Аврамовото наследство

Сподели го ова:
  1. лекција Сабота, 25. март, 2017

 

Аврамовото наследство

 

„Зашто тој (Аврам) го очекуваше оној град што има основи, чиј градител и творец е Бог.“ – Евреите, 11,10.

„Ние на овој свет сме странци и дојденци. Ние чекаме град кој го чекал и Аврам, чиј градител и творец е Бог.“ – In Heavenly Places, p. 112.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:     1 Сведоштво, 195-198.     The Faith I Live By, p. 304.

Недела     19. март

ВЕТЕНОТО НАСЛЕДСТВО
а. Кое наследство Бог му го ветил на Аврам и на неговото семе? Битие 17,7.8; 1 Летописи 16,15-18; Римјаните 4,13.

„Ветувањето дадено на Аврама и на неговото семе не се однесувало само на Ханан, туку на целата земја… А Библијата јасно кажува дека ветувањата дадени на Аврам треба да се исполнат преку Христа.“ – Патријарси и пророци, 162.

б. На што ветената Хананска земја била симбол? Евреите 11,8-10. 13-16; Откровение 21,1-3.

„На сон (Аврам) го слушнал Божјиот глас да не очекува дека веднаш ќе стапи во посед на ветената земја, туку му е обрнато внимание на страдањата што ќе мора да ги поднесат неговите потомци пред конечно да се настанат и да се зацврстат во Ханан. Му бил откриен планот на откуп во кој Христовата смрт претставува голема жртва, а го видел и неговото доаѓање во слава. На Аврама исто така му била покажана обновената земја во сета нејзина едемска убавина, што ќе му биде дарувана засекогаш, како конечно и целосно исполнување на ветувањето.“ – Патријарси и пророци, 125.

Понеделник     20. март

НАСЛЕДНИЦИ НА ЦАРСТВОТО
а. Кој е единствениот вистински наследник на ветеното царство? Матеј 21,33-39; Галатјаните 3,16; Евреите 1,1.2.

„Христа Бог го поставил како ‘наследник над сè, преку Кого ги создаде и вековите’. Тој бил ‘одблесок на Божјата слава и отпечаток на Неговата суштина и држи сè со Својот моќен збор’ (Евреите 1,2.3). Тој поседувал божествена возвишеност и големина. На Отецот му било угодно што во Него живее сета полнота. Христос ‘не сметаше дека треба да го искористи тоа што е еднаков со Бога’ (Филипјаните 2,6). Сепак, Исус го заменил престолот на светлината и славата која ја имал со Отецот, не сметајќи дека еднаквоста со Бога е нешто кон што треба да тежнее, додека човекот е изгубен во грев и беда. Тој слегол од небото на земјата, ја облекол својата божественост со човечка природа и ја понел клетвата како гаранција за паднатиот човечки род. Тој не морал да го направи ова, но одбрал да ги трпи последиците на човечкиот престап за да може човекот да ја избегне вечната смрт.“ – The Signs of the Times, February 20, 1893.

б. Како можеме да станеме наследници со Христа во поделбата на Неговото наследство? Римјаните 4,13-17; Галатјаните 3,26-29.

„Само оние кои ја ценеле Христовата милост, која ги направила Божји наследници и сонаследници со Христа, ќе станат од гробот и ќе го носат ликот на својот Спасител.“ – Selected Messages, bk. 1, p. 259.

„Исполнувањето на ветувањето дека ќе бидеме сонаследници со Христос зависи од нашата подготвеност да се откажеме од себе.“ – The Upward Look, p. 235.

в. Кога изјавуваме дека веруваме во Исуса Христа, преку кого се дадени сите Божји ветувања, како Тој нѐ нарекува? Римјаните 8,14-17; Галатјаните 4,4-7.

„Богатствата на вечноста се предадени на Исуса Христа на чување, како Тој би можел да ги даде кому сака; но колку е тажно што толку многу луѓе ја губат од вид драгоцената милост која им се нуди преку вера во Него. Тој ќе ги подари небесните богатства на оние кои ќе поверуваат во Него, гледаат на Него и остануваат во Него.“ – Selected Messages, bk. 1, p. 131.

Вторник     21. март

ВЕЧНО ЦАРСТВО
а. Какво царство ни е ветено, како на синови и ќерки Божји, преку верата? Даниел 2,44; 7,27; 2 Петрово 1,11.

„Божја намера за Неговиот народ секогаш била иста. Тој сака на синовите човечки да им подари богатства на вечно наследство. Неговото царство е вечно царство. Кога оние кои се определиле да бидат послушни поданици на Севишниот ќе бидат конечно спасени во царството на славата, Божјата намера за човечкиот род ќе се исполни.“ – The Review and Herald, December 26, 1907.

б. Колку долго верните ќе уживаат во ова вечно царство? Тит 3,7; 1 Јованово 5,11-13.

„Овој живот е школа на подготовка, каде треба да се промениме, очистиме и подготвиме за средба со светите во Божјото царство, со кои ние очекуваме да се дружиме во текот на вековите на вечноста.“ – The Bible Echo, July 29, 1895.

в. Како знаеме дека Бог сака сите да имаат удел во ова наследство? 2 Петрово 3,9; Езекиел 18,32; Јован 3,16.

„Господ не сака ниедна душа да пропадне. Неговите милости се безбројни, и Тој нема да дозволи Неговиот откупен посед да стане мета на сатанските искушенија. Целото небо се дава на сите оние кои веруваат во Исуса Христа како во свој личен Спасител.“ – The Upward Look, p. 150.

„Светлината на светот допира до нас како би можеле да ги примиме божествените зраци и преку добри дела да ја пренесеме таа светлина на другите, кои многу души ќе ги наведат да го прослават нашиот Отец, кој е на небесата. Тој долго трпи и не сака никој да загине, туку сите да дојдат до покајание. Исусовото срце го жалости тоа што мнозина ги одбиваат даровите на Неговата милост и неспоредливата љубов.“ – Manuscript Releases, vol. 2, pp. 237, 238.

Среда      22. март

ДА СЕ ДРЖИМЕ ЦВРСТО ДО НАШАТА ВЕРА
а. Што ни се советува да држиме? Евреите 3,14; 10,23.35.36; Откровение 3,11.

„Одлуката донесена во еден момент може засекогаш да ја реши вечната судбина на поединецот… Но, имајте на ум дека целиот живот треба да се работи да се поврати она што е изгубено во еден момент на искушение и непромисленост…

Оние кои ќе го освојат небото мораат за таа цел да ги вложуваат своите најблагородни напори и да работат со сета долготрпеливост, за да можат на крај да ги пожнеат плодовите на својот труд. Портите на рајот ширум ќе се отворат за оние кои ќе го издржат тестот на искушението и ќе ја одржат добрата совест откажувајќи се од светот, неговите почести и неговите аплаузи за Христовата љубов, признавајќи го Него пред луѓето и чекајќи со трпение и Тој да ги признае пред Отецот и светите ангели.“ – My Life Today, p. 322.

б. Објаснете како на поголемиот дел од дословните Аврамови деца ќе им биде ускратено наследството? Броеви 13,25-33; 14,1; Евреите 3,18.19; Јуда 5.

„Полни четириесет години на неверување, мрморење и побуна го одвојувале стариот Израел од земјата Хананска. Истите гревови го одложуваат влезот на денешниот Израел во небесниот Ханан. Во ниту еден случај Божјите ветувања не изневериле. Неверството, световноста, непосветеноста и раздорите меѓу оние кои тврделе дека се Божји народ не задржаа толку многу години во овој свет на грев и страдања.“ – Evangelism, p. 696.

в. Што треба да биде приоритет во нашиот живот? Матеј 6,33; Лука 12,31-34; Колосјаните 3,1.2.

„Свртете го погледот од овој свет и насочете го кон вечниот. Вложете ги вашите најдобри искрени напори да ги добиете оние работи кои Бог ги цени и за кои Христос го дал својот драгоцен живот за вие да ги имате. Неговата жртва ширум ви ги отворила вратата за небеска трговија. Донесете го вашето богатство пред Божјиот престол и вложете капитал кој ви е доверен како би сте придобиле души да ја спознаат вистината.“ – Counsels on Stewardship, pp. 225, 226.

Четврток      23. март

БОЖЈОТО ОБЕДИНЕТО ЦАРСТВО
а. Колку Аврамови деца ќе бидат со него, фалејќи го Бога додека тој влегува во своето наследство? Евреите 11,39.40; 1 Солунјаните 4,16.17; Исаија 66,23.

„Не треба да очајуваме кога од тие историски записи гледаме дека и други поминувале низ слични обесхрабрувања како и ние, паѓале во слични искушенија, но сепак излегувале како победници и примиле Божји благослов. На заблудената душа зборовите на вдахновение секогаш и донесуваат утеха и охрабрување. Иако патријарсите и апостолите биле подложни на човечки слабости, сепак со вера добивале признание и одобрување од небото, ја извојувале својата битка во Господова сила и славно победиле. Така и ние можеме да се потпреме на Христовите заслуги на откупувачката жртва и да победиме во Негово име.“ – 4 Сведоштво, 15.

б. Што секој спасен верник ќе прави додека го гледа Спасителот Исус Христос лице в лице? Филипјаните 2,9-11; Откровение 7,9.10. Што тогаш Исус ќе направи? 1 Коринтјаните 15,24-28.

„Сите (откупените) ќе се обединат во фалењето на Оној кој умрел за смртните човечки суштества да добијат живот кој може да се мери со Божјиот живот. Судирот е завршен. На страдањата и на борбите им дошол крај. Низ целото небо се огласуваат победоносни песни, додека откупените своите гласови ги придружуваат кон радосниот акорд: Достојно, достојно е Јагнето кое беше заклано, и кое повторно живее, како славен победник.“ – Делата на апостолите, 455.

Петок     24. март

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

Каква земја Аврам чекал?
Како единствено можеме да бидеме соучесници во Аврамовото наследство?
Која е Божјата желба за секого на овој свет?
Како можеме да ја одржиме нашата доверба непоколеблива до крајот?
Какви песни заедно ќе пеат спасените во небесниот хор?

Сподели го ова:

Слични објави