11. Залагање за грешниците

Сподели го ова:

11. лекција  Сабота, 18. март, 2017

Залагање за грешниците

„Нека знае дека оној што обрати грешник од лажлив пат, спасува една душа од смрт и ќе покрие многу гревови.“ – Јаков 5,20.

„Потребни се сесрдни и самопожртвувани мажи и жени, кои со силен вик и солзи ќе се молат на Бога за душите кои се наоѓаат на работ на пропаста.“ – Gospel Workers, p. 26.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Патријарси и пророци, 147-163.
Недела 12. март
1. СОДОМ И ГОМОР
а. Каква казна ги снашла градовите Содом и Гомор? Битие 19,24.25; Лука 17,29.

„Бог од небото ја излеал врз градовите и плодните рамнини преполната чаша со оган и сулфур. Нивните палати, храмови, скапоцените згради, градините, лозјата и веселите толпи луѓе желни за уживање, кои уште минатата вечер ги исмевале Божјите весници – сѐ било уништено.“ – Патријарси и пророци, 156.

б. За кого искуството на Содом и Гомор можат да послужат како пример? 2 Петрово 2,6; Јуда 7.

„Пламенот што ги проголтал градовите во долината е силна опомена се до нашите денови. Тоа го потврдува страшното и сериозно предупредување дека Божјата милост, иако на престапникот му се укажува долго и стрпливо, има и граница преку која луѓето со своите гревови не можат да преминат. Кога ќе се стигне до таа граница, тогаш милоста престанува, а почнува извршувањето на казната…

Судбината на Содом претставува сериозна опомена не само за оние што се виновни за сторениот грев, туку и за сите кои се играат со предимствата и со светлината пратена од небото.“ – Патријарси и пророци, 156.157.

Понеделник 13. март
2. АВРАМОВОТО ЗАЛАГАЊЕ
а. Каде живеел внукот на Аврам, Лот? Битие 13,10-13; 19,1.

„Содом бил најубав град во Јорданската долина. Лежел во рамнина која според убавината и плодноста била слична на ‚Господовата градина‘. Тука буела вегетацијата на тропскиот растителен свет.“ – Патријарси и пророци, 147.

б. Кога Бог му открил на Аврам дека ќе ги уништи Содом и Гомор, како Аврам индиректно се застапувал за Лотовото семејство? Битие 18,22-32.

„И човекот од вера најсесрдно се зазел за жителите на Содом. Еднаш ги спасил со својот меч, а сега се трудел да ги спаси со своите молитви…

Со длабока страхопочит и понизност тој ја изложил својата молба… Не бил самоуверен ниту се расфрлал со својата правда. Правото на милост не го засновал на својата послушност или на жртвата што ја принел извршувајќи ја Божјата волја. Чувствувајќи се и самиот грешник, се залагал за грешниците. Таков дух треба да поседуваат сите што пристапуваат кон Бога. Аврам покажал токму онаква доверба каква што покажува дете кога за нешто го моли саканиот татко. Му пристапил сосема близу на небесниот весник и најсесрдно упорно ја повторувал својата молба… Аврам мислел дека во тој голем град мора да има и други почитувачи на вистинскиот Бог. Имајќи го тоа во предвид, преколнувал: „Не е можно така да постапиш Ти, да погубиш праведни со неправедни заедно, та исто да се случи со праведникот како и со неправедникот; не, тоа од тебе не; зарем Судијата на целата земја нема да суди право?“ Аврам не молел само еднаш, туку повеќе пати. Гледајќи дека неговите молби наидуваат на одговор, се охрабрил и продолжил да моли се додека не добил гаранција оти градот ќе биде поштеден ако во него се најдат само десет праведници.

Аврамовата молитва била проникната со љубов кон душите што биле осудени на пропаст. Додека чувствувал одвратност кон гревовите на изопачените жители на тој град, тој сакал тие грешници да се спасат. Неговото толку длабоко и искрено интересирање и залагање за жителите на Содом покажува колкава загриженост би морале и ние да чувствуваме за непокајаните. Гревот треба да се мрази, а грешникот треба да се сака и да се има кон него сомилост. Насекаде околу нас се наоѓаат души кои безнадежно заминуваат во пропаст, страшна исто толку колку и онаа што го снашла Содом. Секој ден за некого значи крај на времето што му било одредено да се провери. Секој миг некои ја преминуваат границата зад која милоста веќе не допира. А каде се весниците со опомена и со сесрдно преколнување да го повикаат грешникот да ја одбегне таа страшна судбина? Каде се рацете подадени да го оттргнат од смртта? Каде се оние кои понизно и со истрајна вера би го молеле Бога за него?“ – Патријарси и пророци, 127.128.

Вторник 14. март
3. ОДГОВОР НА МОЛИТВАТА
а. Објаснете како Бог одговорил на молитвата на Аврам да го поштеди Лот. Битие 19,1-3.12-16.27-29.

„Опфатен со грижа, тој (Лот) „Почна да се колеба“, немајќи волја да појде. Да не биле Божјите ангели, сите тие би загинале заедно со Содом. Тогаш небесните весници ги зеле за раце него, неговата жена и нивните две ќерки и ги извеле од градот.“ – Патријарси и пророци, 154.

б. Која состојка секогаш треба да ја мешаме со нашите молитви како би имале сила? Евреите 11,6; Матеј 17,14-20; 9,29.

„Молете се во вера. Погрижете се својот живот да го доведете во склад со своите молитви, за да го добиете благослов за кој се молите. Не дозволувајте вашата вера да слабее, зашто благословите кои ќе ги примите се во сооднос со вашата вера. „Нека ви биде според вашата вера“ „И сè што ќе побарате во молитва, со вера, ќе добиете“ (Матеј 9:29; 21:22). Молете се, верувајте, радувајте се. Пејте песни на благодарност на Бога, затоа што Тој ги услишил вашите молитви. Држете го Него за Неговиот збор, „зашто е верен Оној, Кој ветил“ (Евреите 10:23). Ниту една искрена молитва не е залудна.“ – 7 Сведоштво, 161.

„Мораме со вера поцврсто да се фатиме за Божјите сигурни ветувања. Мораме да имаме вера која со ништо не може да се поколеба, вера која се држи до Невидливиот, вера која е постојана и непоколеблива. Таквата вера сигурно ќе донесе небесни благослови на нашата душа.“ – My Life Today, p. 8.

в. Како можеме да бидеме сигурни дека Бог секогаш ќе го избави праведникот? 1 Петрово 3,12; Псалм 145,18.19; 55,22.

„Во најмрачните часови и под најтешки околности вистинскиот христијанин може да ја одржи својата душа благодарение на изворот на светлината и силата. Од ден на ден, преку верата во Бога, неговата храброст и надеж можат да се обновуваат… За оние кои својата доверба и надеж ќе ги полагаат на Него, Господ ќе направи дури и повеќе отколку што бараат или очекуваат. Тој ќе им даде мудрост каква бараат нивните различни потреби.“ – My Life Today, p. 55.

TOP
Среда 15. март
4. ЗАЛАГАЊЕ ЗА ДУШИТЕ
а. Во каква состојба ќе се наоѓа светот во предвечерјето на Христовото враќање? Лука 17,28-30; 2 Тимотеј 3,1-6.

„Покажана ми е состојбата во овој свет, кој бргу ја полни чашата на своето беззаконие. Насилството и злосторствата од секој вид го преплавуваат светот и сатаната ги користи сите можни средства за да ги направи популарни злосторствата и најниските пороци. Додека одат по улицата, младите се опкружени со огласи и слики на злосторства и гревови кои им се прикажуваат исто така како и во разни романи или во театар. Така нивниот ум систематски се навикнува на блискост со гревот. Животот на изопачените и порочните луѓе им се изнесува секој ден во привлечните списанија и сѐ што може да предизвика љубопитност и да ги пробуди животинските страсти им се прикажува во возбудливите и потресни приказни.

Литературата која е плод на изопачениот ум ги труе мислите на илјадници луѓе во светот. Гревот веќе не им изгледа толку одвратен. Тие слушаат и читаат толку многу за понижувачките злосторства и нискости, така што совеста која некогаш била чувствителна и која не се згрозувала од сето тоа, станува толку нечувствителна што со голем интерес се задржува на ниските и грди зборови и дела.“ – 3 Сведоштво, 318.

„Во стремежот да заборави на Бога, мноштвото со нетрпение ги прифаќа бајките, за да може да продолжи по патот на непречено самозадоволство.“ – Библиски коментари, 524.

б. Објаснете како и ние треба да имаме ист молитвен став како и Аврам. Езекиел 9,4; Јаков 5,16-20.

„Ние не сме тука за да ги осудуваме другите; тоа не е наша должност, туку треба да се сакаме еден со друг и да се молиме еден за друг. Кога ќе видиме дека некој застранил од патот на вистината треба да плачеме за него, како што Исус плачел за Ерусалим.“ – 5 Сведоштво, 218.

„Ако некој од нашите браќа застрани, тогаш е време да го покажеме својот вистински интерес за него. Пријдете му благо, молете се со него и за него, имајќи ја на ум бесконечната цена што Христос ја платил за негово откупување. Така ќе спасите една душа од смрт и ќе покриете мноштво гревови.“ – 5 Сведоштво, 37.

„Оние кои не чувствуваат никаква тага заради сопственото духовно опаѓање ниту плачат заради гревовите на другите, нема да го примат Божјиот печат.“ – 5 Сведоштво, 130.

Четврток 16. март
5. ВО ОЧЕКУВАЊЕ НА СУДОТ
а. Од што треба да се обидеме да ги сочуваме душите? Откровение 14,7.10.11; 15,1.

„Безбожните луѓе нема да се противат на обликот на побожноста, ниту пак на проповедта која не им наметнува крст. Телесното срце нема сериозно да се побуни против верата во која нема ништо од што престапникот на законот би можел да затрепери и која не му ја предочува на срцето и совеста страшната реалност на судот што доаѓа. Меѓутоа, демонстрацијата на Духот и Божјата сила предизвикува противење и го наведува телесното срце на побуна. Вистината која ја спасува душата не само што мора да дојде од Бога, туку и Божјиот Дух мора да учествува во пренесувањето на вистината на другите; во спротивно таа ќе биде немоќна да ги совлада спротивните влијанија.“ – Gospel Workers (1892), p. 66.

б. Како знаеме дека мнозина, слично на искуството на Лот, одвај ќе го избегнат судот кој доаѓа? Битие 19,17; Лука 17,28-32; 1 Петрово 4,17.18.

„Божјите казни наскоро ќе се излеат на земјата. ‘Спасувај ја својата душа’ (Битие 19,17) е предупредувањето кое доаѓа од Божјите ангели. Се слушаат и други гласови кои велат: ‘Немојте да се вознемирувате; нема никаква причина за некое посебно вознемирување’. Тие кои се безгрижни на Сион викаат мир и безбедност, додека небото кажува дека престапниците наскоро ќе бидат уништени… Така било и при уништувањето на стариот свет и кога пожарот ги проголтал Содом и Гомор.“ – 5 Сведоштво, 143.

Петок 17. март
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Какво предупредување ни е дадено од искуството со Содом?

2. Што треба да биде товар на секој христијанин?

3. Објаснете како молитвата на верата може да ја спаси душата?

4. Каков став сега ни е потребен повеќе од било кога?

5. Објаснете зошто последното предупредување треба да се даде итно.

Сподели го ова:

Слични објави