10 Трпението на Аврам
10. лекција Сабота, 11. март, 2017
Трпението на Аврам
„Надевај се во Господ, биди бодар; нека е цврсто срцето твое; надевај се во Господ. “ – Псалм 27,14.
„Кога сме во неволја, дури и пред да Му ги изнесеме своите потешкотии, Тој (Бог) прави планови за наше избавување.“ – Our High Calling, p. 316.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Патот кон Христа, 84-96.
Our High Calling, pp. 315–319.
Недела 5. март
1. ЖЕЛБИТЕ НА СРЦЕТО
а. Која била желбата на Аврамовото срце? Битие 15,1-3. Што Бог им ветува на оние кои веруваат во Него? Псалм 37,4.5; Матеј 21,21.22.
„Секое ветување во Божјата Реч е за нас. Напомнувајте ги во своите молитви Господовите ветувања и во вера повикајте се на нив. Неговата реч е гаранција дека, ако барате со вера, ќе ги добиете сите духовни благослови. Продолжете да барате, и ќе добиете поизобилно од сето она што сте во состојба да побарате или помислите. Учете се како да стекнете безгранична доверба во Бога. Сите свои грижи ставете ги на Него. Чекајте Го трпеливо, и Тој ќе направи.“ – In Heavenly Places, p. 71.
б. Кога се молиме на Бога да ја исполни желбата на нашето срце, што друго треба да вклучиме во нашето барање? Јаков 4,13-15; Матеј 26,39.
„Најсигурен начин е да му ги довериме нашите желби на нашиот Мудар Небесен Татко, а потоа, во совршена доверба, целосно да се потпреме на Него. Ние знаеме дека Бог нѐ слуша, доколку бараме во согласност со Неговата волја. Но, не е во ред да притискаме со нашите молитви без дух на понизност; нашите молитви не треба да имаат форма на заповед, туку на срдечно залагање.“ – Здравје и среќа, 201.
Понеделник 6. март
2. ЧЕКАЊЕ ПОДОЛГО ОД ОЧЕКУВАНОТО
а. Објаснете како Бог одговорил на молитвата на Аврам, веднаш штом тој завршил со своето барање? Битие 15,3.4.
„Бидејќи Аврам немал син, тој најпрвин помислил дека неговиот верен слуга, Елиезер, треба да стане негов син преку посвојување, а со тоа и негов наследник. Но, Бог го информирал Аврам дека неговиот слуга нема да стане негов син и наследник, туку дека навистина ќе има син.“ – Spiritual Gifts, vol. 3, pp. 100, 101.
б. Иако Бог веднаш му ветил на Аврам син, зошто Тој најнапред не го открил датумот кога Аврамовиот син ќе биде роден? Дела 1,6.7; Изреки 16,9; Псалм 34,8.
„Господ сакал да ја провери Аврамовата цврста вера и довербата во ветувањето кое Тој му го дал.“ – Spiritual Gifts, vol. 3, pp. 101.
„Ние не треба да очекуваме само светло Сонце во овој живот. Облаци и бури ќе се групираат околу нас, а ние мораме да бидеме подготвени да ги држиме очите насочени кон местото кога последен пат сме виделе светлина. Неговите зраци можат да бидат скриени, но тие… уште блескаат зад облаците. Наша работа е да чекаме, да бдееме, да се молиме и да веруваме. Ние светлината на Сонцето далеку повеќе ќе ја цениме кога ќе исчезнат облаците. Ќе видиме спасение од Бога, ако имаме доверба во Бога во темнина, како и во светлина.“ – Our High Calling, p. 318.
в. Ако одговорот на молитвата не стигне тогаш кога ние тоа го очекуваме, во каква опасност можеме да западнеме? 1 Коринтјаните 10,9.10; Евреите 3,12-14. Каде тоа нѐ води? Битие 16,1-6.
„Кога изгледа дека молитвите не ни се примени, мораме да се држиме за ветувањето; бидејќи времето за исполнување сигурно ќе дојде и ние ќе го примиме благословот кој ни е најпотребен, но да се бара на молитвата секогаш да биде одговорено онака како што сме сакале и секогаш да го добиеме она што сме го барале, е вистинска дрскост. Бог е премногу мудар за да биде излажан и премногу добар за да им ускрати какво и да е добро на оние кои живеат праведно! И затоа без страв потпрете се на Него, дури и тогаш кога одговорот на вашите молитви нема да го добиете веднаш! Потпрете се на Неговото сигурно ветување: „Барајте и ќе ви се даде“ (Матеј 7,7).“ – Патот кон Христа, 87.88.
Вторник 7. март
3. ОНОЈ КОЈ ЈА НАГРАДУВА ВЕРАТА
а. Во кои две работи Господ сака да веруваме? Евреите 11,6. Кое било првото Аврамово покажување на вера? Битие 15,4-6.
„Не треба да ги упатуваме своите молби на Бога за да ни докаже дали ќе ја исполни Својата Реч, туку затоа што ќе ја исполни; не за да ни докаже дека нè љуби, туку затоа што нè љуби.“ – Копнежот на вековите, 107.108.
б. Откако Бог го отфрлил Исмаил како ветено семе, објаснете како времето влијаело на Аврам и Сара во Божјото исполнување на своите ветувања. Битие 17,15-18; 18,9-12.
„Кога Аврам имал речиси сто години, Бог уште еднаш му го повторил ветувањето дека ќе добие син, и му било загарантирано дека идниот наследник ќе биде дете на Сара. Но Аврам се уште не го сфатил ветувањето. Веднаш помислил на Исмаил, верувајќи дека преку него ќе се исполни благословената божествена намера.“ – Патријарси и пророци, 136.
в. Што доаѓа со секоја одговорена молитва? Битие 18,14; 21,1.2. Што секогаш треба да имаме на ум кога мислиме дека времето на Божјиот одговор на молитвата не се поклопува со нашите очекувања? Авакум 2,3.
„На секоја искрена молитва ќе дојде одговор. Можеби не токму онака како што сакаме или во време кога очекуваме; но одговорот ќе дојде на начин и во време кое најдобро одговара на нашите потреби. На молитвите упатени во осаменост, малаксаност и искушенија, Бог ќе одговори, но не секогаш во согласност со нашите очекувања, но секогаш за наше добро.“ – Слуги на евангелието, 234.
„Бог не одговара секогаш на нашите молитви веднаш штом ќе Го повикаме; ако го стори тоа, ние можеме да помислиме дека имаме полно право на сите благослови и предности кои ни се нудат. Наместо тоа Тој очекува да го преиспитаме своето срце, да видиме дали можеби имаме некоја зла намера или некој грев на кој му попуштаме, да не сме станале безгрижни или можеби не чувствуваме вистинска зависност од Него и потреба од Негова помош.“ – The Review and Herald, March 27, 1913.
Среда 8. март
4. ПОТРЕБНО Е ТРПЕНИЕ
а. Зошто Бог не одговара секогаш на молитвите истиот момент? Јаков 1,2-4; Римјаните 8,24.25.
„Сите ние имаме желба да добиеме неодложен и директен одговор на упатената молитва и склони сме да се обесхрабриме ако одговорот не дојде веднаш, или ако биде поинаков од очекуваниот. Но Бог е многу мудар и добар, за да одговара секогаш на нашите молитви во време и на начин што ние го посакуваме. Тој сака да стори за нас нешто далеку повеќе и подобро, отколку да ги исполни сите наши желби. Поради тоа што можеме да се потпреме на Неговата мудрост и љубов со целосна доверба, не треба да настојуваме Тој да ја прифати нашата волја, туку да настојуваме да ги сфатиме и исполнуваме Неговите далекусежни намери. Неговата волја треба да биде над сите наши желби и интереси. Искуствата што претставуваат проба за нашата вера, се допуштени за наше добро. Преку нив се открива дали нашата вера е вистинска и искрена, дали се темели единствено на Божјата Реч, или е зависна од околностите и е непостојана, несигурна и променлива. Верата се зајакнува со вежба.“ – Здравје и среќа, 201.202.
б. Каква сигурност можеме да имаме во Божјите ветувања, и покрај тоа што не се исполнети тогаш кога мислиме дека би требало да бидат? Евреите 6,13-18; Исаија 55,8-11; Псалм 27,14.
„Работете со вера и препуштете му ги резултатите на Бога. Молете се со вера и тајната на Неговото провидение ќе даде одговор. Можеби понекогаш ќе ви се чини дека нема да успеете. Но работете и верувајте, внесувајќи во својата работа вера, надеж и храброст. Кога ќе го направите она што можете, чекајте на Господа, надевајќи се на Неговите ветувања и Тој ќе ја оствари својата реч. Чекајте, не грижливо и трпеливо, туку во непоколеблива вера и цврста доверба.“ – 7 Сведоштво, 144.
„Чекајте на Господа, и пак ќе речам, чекајте на Господа. Ние можеме да бараме од човечките орудија и нема да добиеме. Можеме да бараме од Господа и Тој ќе каже: ‘Ќе добиете’. Затоа мора да знаете на кого да се обратите, знаете на кого да се потпрете. Не смеете да се потпирате на човек ниту пак телото да го направите своја мишка. Потпрете се колку што сакате на Семожниот, Кој рекол: ‘Нека дојде под Моја закрила, нека склучи мир со Мене, и ќе направи мир со Мене’ (Исаија 27,5). А потоа чекајте и стражите и молете се и работете, свртувајќи го лицето свое кон Сонцето на праведноста.“ – Reflecting Christ, p. 119.
Четврток 9. март
5. ТРПЕНИЕТО НА СВЕТИИТЕ
а. Која е карактеристиката на Божјиот народ на остатокот? Откровение 14,12. Зошто љубовта, највисоката точка на христијанската скала, не е спомената? 2 Петрово 1,5-7; Јаков 5,7.8.
„Конечната победа ќе биде издвојувана со постојано залагање за целта и неуморен труд. Ќе бидат спасени само оние кои ќе издржат до крај. Оние кои трпеливо ќе истрајат во правење на добро ќе добијат вечен живот и бесмртна награда… На сите оние кои учествуваат во борбата против сатаната и неговата војска им претстои тешка работа. Тие не смеат да бидат меки како восок на кои огнот може да им даде секаков облик, туку мора да истраат како верни војници коишто стојат на стража и никогаш не се колебаат.“ – 2 Сведоштво, 101.102.
б. Објаснете како Бог низ искушенијата кои сега не снаоѓаат не подготвува за Христовото доаѓање. Евреите 10,35-39; Матеј 25,5; 24,13.42-44.
„Во верскиот живот кај секој човек кој ќе извојува победа ќе има моменти на ужасна збунетост и искушенија; но неговото познавање на Писмото ќе му овозможи да се потсети на Божјите утешни ветувања, кои ќе го охрабрат неговото срце и зајакнат неговата вера во силата на Семожниот… Искушувањето на верата е поскапоцено од злато! Сите треба да научат дека тоа е дел од дисциплината во Христовата школа, која е од суштинско значење за да се прочистат и облагородат од нечистотијата на световноста.“ – God’s Amazing Grace, p. 81.
Петок 10. март
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Дали Бог ќе ни ја исполни секоја желба на нашето срце?
2. Како треба да реагираме кога на секоја наша молитва не е одговорено онака како ние што сме замислиле?
3. Зошто ‘времето’ може да биде најголем предизвик за нашата вера?
4. Во светот на инстант технологија, која карактерна црта треба да ја негуваме?
5. Зошто оние кои нема да развијат трпелива доверба во Божјата Реч ќе пропаднат?