09 Аврамовиот Спасител
9. лекција Сабота, 4. март, 2017
Аврамовиот Спасител
„Авраам, таткото ваш, би се зарадувал да го види Мојот ден; и го виде, и се зарадува.“ – Јован 8,56.
„Со помош на симболи и со ветувања Бог на Аврам „однапред му го објавил“ евангелието (Галатјаните 3,8). И верата на патријархот била сосредоточена на Искупителот кој требало да дојде.“ Патријарси и пророци, 144.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Копнежот на век., 735-744, 764-767.
Недела 26. февруари
1. ПРЕТСЛИКА НА ХРИСТОС
а. Чија претслика бил Исак? Битие 22,7-9; Евреите 11,17-19.
„Во овој случај Исак бил претслика на Божјиот Син кој се согласил да биде жртва за гревовите на светот. Бог сакал на овој начин да му ја предочи на Аврам евангелската порака за спасението на човекот. За да му ја открие таа вистина во сета нејзина стварност и за да ја испита неговата вера, од него било побарано да го жртвува својот сакан син Исак. Сите душевни страдања и речиси смртни маки низ кои Аврам морал да помине во ова мрачно и тешко искушение биле дозволени со една цел – планот за откуп на паднатиот човек подлабоко да се втисне во неговата свест. Од своето лично искуство би требало да сфати колку неискажано било самооткажувањето на Семожниот Бог кога го дал својот сопствен Син на жртва за да го спаси човекот од вечна пропаст.“ – 3 Сведоштво, 246.247.
б. Како Бог му го открил на Аврам денот на Христос? Битие 22,13; Јован 1,29; Исаија 53,7.
„Му било покажано (на Аврам) дека Бог, давајќи го Својот Единороден Син за да ги спаси грешниците од вечна пропаст, поднел поголема и повеличествена жртва од онаа што кога било би можел да ја принесе еден човек.“ – Копнежот на вековите, 456.
Понеделник 27. февруари
2. НАЈГОЛЕМА ЖРТВА
а. Опиши како Бог се обидел на Аврам да му ја открие длабочината на големата жртва, кога Тој одлучил да го даде Својот Единороден Син. Битие 22,11.12.16; 1 Јованово 4,9.10.
„Нашиот небесен Отец го предал Својот возљубен Син да ја претрпи агонијата на распнувањето. Легиони ангели биле сведоци на понижувањето и душевните болки на Божјиот Син, но не им било дозволено да се вмешаат како во случајот на Исак. Ниеден глас не се обидел да го запре принесувањето на жртвата. Божјиот мил Син, Спасителот на светот, бил навредуван, исмејуван, изложен на потсмев и мачен сѐ додека не ја наведнал главата и умрел. Каков поголем доказ за својата божествена љубов и милост вечниот Бог можел да даде.“ – That I May Know Him, p. 20.
„Душевната болка и страдањата што требало да ги претрпи во текот на тие страшни денови на неговата проверка биле дозволени со цел од лично искуство, барем донекаде, да ја сфати големината на жртвата што ја принесува Семожниот и вечниот Бог за откуп на човекот.“ – Патријарси и пророци, 144.
б. Објасни како Исус, исто како Исак, знаел дека Неговиот Отец го принесува како жртва за целиот свет. Битие 22,10; Матеј 26,38.39; Филипјаните 2,8.
„Исус го напуштил својот небесен дом и дошол на овој мрачен свет да се спушти до самите длабочини на човечката беда, за да ги спаси оние кои се пред пропаст.“ – The Bible Echo, January 1, 1893.
в. Која била најголемата болка која Исус ја претрпел за време на Неговата неизмерната жртва? Псалм 69,18-21; Исаија 53,4.10.12.
„Болката поради одвојување од наклоноста на својот Отец било она што Христовите страдања ги направиле толку тешки… Неговата страшна болка, предизвикана од мислата дека во овој час на потреба Бог го оставил, ја отсликува болката која грешникот ќе ја почувствува кога, премногу доцна, тој сфаќа дека Божјиот Дух се повлекол од него.“ – Mind, Character, and Personality, vol. 2, pp. 464, 465.
Вторник 28. февруари
3. ОСТАВЕН ПОРАДИ ГРЕВОТ
а. Зошто Христос бил оставен, а Исак не беше оставен? Битие 22,12; Матеј 27,42.43.46; Јован 3,17; 12,27; 2 Коринтјаните 5,21.
„Небесните ангели сочувствувале со нивниот сакан Заповедник. Тие со задоволство би ја напуштиле својата положба и би отишле да му помогнат. Меѓутоа, тоа не бил Божјиот план.“ – The Upward Look, p. 223.
„Нашиот небесен Заменик доброволно ја изложил својата душа на мечот на правдата, за да не загинеме, туку да имаме вечен живот.“ – Selected Messages, bk. 1, p. 322.
б. Зошто е значаен фактот дека Аврамовите слуги останале, само таткото и синот заедно отишле кон олтарот? Битие 22,3-5.8; Јован 16,32.
„Ангелите со вчудовидување ги набљудувале страшните маки на Спасителот. Небесните војски ги засолниле своите лица од таа ужасна сцена. Неживата природа сочувствувала со својот навреден Творец, Кој умирал. Сонцето не сакало да ја осветли таа ужасна сцена. Неговите силни, блескави зраци, кои ја осветлувале земјата на пладне, одеднаш како да исчезнале. Крстот го обвиткала целосна темнина, како мртовечки покрив.
Во таа густа темнина било скриено Божјото присуство. Темнината била Негово засолниште во кое Тој ја криел Својата слава од очите на луѓето. Бог и Неговите свети ангели биле покрај крстот. Таткото бил со Својот Син. Сепак, Неговото присуство не било откриено. Кога Неговата слава би блеснала од облакот, би биле уништени сите посматрачи. Така, во тој ужасен момент на Христа не можела да Му биде пружена утехата од Татковото присуство.“ – Копнежот на вековите, 736.737.
в. Како знаеме дека Исус бил оставен, но не и изгубен? Исаија 54,7.8; Дела 2,22-24.27; 1 Коринтјаните 15,55-57.
„Исус бил положен во гробот. Тој слегол во темнината на гробот и ја вкусил смртта за секој човек. Но Тој не останал долго под власта на непријателот. Моќен ангел слегол од небото и го отстранил каменот од гробот… Христос излегол од гробот како триумфален Освојувач и извел од гробот многу заробеници од нивните гробови.“ – The Signs of the Times, November 25, 1889.
Среда 1. март
4. ВОСКРЕСНАТИОТ СПАСИТЕЛ
а. Објаснете како Аврам верувал во моќта на воскресението. Битие 22,5; Евреите 11,19.
„Тој син (Исак) му е подарен тогаш кога за тоа не можел веќе да се надева; и, зар Оној што му го дал тој драгоцен дар немал право повторно да го земе она што било Негово! Тогаш верата го повторила ветувањето: „Од Исака ќе имаш потомство“ (Евреите 11,18) потомство безбројно како морскиот песок. Исак бил чудо-дете и, зар Оној што му го дал животот не е во состојба повторно да му го врати? Гледајќи преку границите на видливото, Аврам ги сфатил божествените зборови: „Помислувајќи дека Бог може и мртви да воскреснува“ (Евреите 11,19).“ – Патријарси и пророци, 140.141.
б. Објаснете што Христовата смрт и воскресение претставуваат за човештвото. Евреите 2,14.15; 2 Тимотеј 1,10; Римјаните 6,5.
„Сатаната не може да ги задржи мртвите под своја власт, кога Божјиот Син ќе ги повика во живот. Тој не може да држи во духовна смрт една душа, која со вера ја прима силата на Христовата Реч. Бог им зборува на сите што се мртви во гревот: „Разбуди се ти кој спиеш, воскресни од мртвите.“ (Ефесјаните 5:14) Таа Реч е вечен живот.“ – Копнежот на вековите, 301.
в. Колку за верникот е важна Христовата победа над смртта? 1 Коринтјаните 15,12-19; 1 Петрово 1,3; Јован 11,25.26.
„Заробените изведени од своите гробови при Христовото воскресение, претставувале Негови трофеи како на победоносниот Кнез на животот. На тој начин Тој ја потврдил Неговата победа над смртта и гробот; и тоа претставува залог и гарант за воскресението на сите мртви праведници.“ – Библиски коментари, 494.
„Единствено Тој… кој е способен… да ги подигне своите светии од гробот и да ги облече со бесмртност, давајќи им вечна победа над смртта и гробот, е во состојба да ги сочува душите на сите кои му се доверени во аманет до оној ден, и да ги избави кога се во неволји.“ – Manuscript Releases, vol. 21, p. 273.
Четврток 2. март
5. РАДОСТА НА СПАСЕНИЕТО
а. Како Аврам се чувствувал кога Бог му го открил Христа како Спасител од гревот и смртта? Јован 8,56. Зошто христијаните треба да бидат најсреќните луѓе на светот? Филипјаните 4,4; Дела 2,25-27; 1 Солунјаните 5,16.
„Кога би се нашол во обесхрабрувачки околности, кои имаат толку разочарувачко влијание врз половичните христијани, (Павле) останувал цврст во срцето, полн со храброст, надеж и ведрина, извикувајќи: „Радувајте се секогаш во Господ, и пак ќе речам: радувајте се“ (Филипјаните 4,4). Со таа иста надеж и бодрост било осветлено неговото лице додека бурата беснеела околу него, а бродот се кинел на парчиња. Тој му давал наредби на капетанот на бродот и ги спасил животите на сите членови на екипажот. Иако затвореник, тој всушност бил капетанот на бродот, најслободниот и најсреќниот човек на бродот.“ – My Life Today, p. 334.
б. Зошто пеењето и славењето на Бога е од суштинско значење за нашата вера? Псалм 98,1-6; 95,1-8; Откровение 15,2-4.
„Додека народот (на Израел) патувал низ пустината, многу драгоцени поуки биле врежани во нивните умови со помош на песна…
Така нивните мисли биле воздигнати од искушенијата и тешкотиите на патот, нивниот немирен и нескротлив дух бил ублажуван и смируван, начелата на вистината им се всадувале во сеќавањето, а верата била зајакната.“ – Воспитување, 34.
„Кога денес повеќе би го фалеле Бога, надежта, храброста и верата постојано би се зголемувале.“ – Пророци и цареви, 135.
Петок 3. март
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Во која смисла Исак бил претслика на Христа?
2. Како Аврамовото искуство ја открива длабочината на Божјата жртва?
3. Објаснете зошто Христос морал да го доживее чувството да се биде отфрлен?
4. Што воскресението значи за еден христијанин?
5. Кој е најдобриот лек за депресијата?