08 Делотворна вера
8. лекција Сабота, 25. февруари, 2017
Делотворна вера
„Нели со дела беше оправдан Авраам, нашиот татко, откако врз жртвеникот го положи својот син Исак?“ – Јаков 2,21.
„Мнозина не ја сфаќаат тесната поврзаност што постои меѓу верата и делата. Тие велат: „Само верувај во Христа и сигурен си. Држењето на законот нема никакво значење ниту важност.“ Меѓутоа, вистинската вера се открива во послушноста.“ – Патријарси и пророци, 143.144.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Faith and Works, pp. 47–54, 111–116.
Недела 19. февруари
1. ДЕЛОТВОРНА ВЕРА
а. Како знаеме дека Аврам верувал во Божјото Слово? Битие 22,1-5; 2,21-24.
„Аврам му верувал на Бога. Како да знаеме дека верувал? Неговите дела сведочат за карактерот на неговата вера, а неговата вера му била пресметана како праведност.“ – Reflecting Christ, p. 79.
б. Каков е врската помеѓу верата и делата? Јаков 2,17.18; Матеј 7,16-20. Какви плодови донесува христијанинот?
„Со добри дела никогаш не може да се купи спасение, но тие се знак на верата, која работи преку љубовта и ја чисти душата.“ -Копнежот на вековите, 314 (ориг).
„Исто како што доброто дрво дава добри плодови, така и дрвото кое е засадено во Господовата градина ќе донесе добар плод за вечен живот. Гревовите кои постојано ги напаѓаат тие ги победуваат; не дозволувајќи си себеси да се занимаваат со зли мисли; лошите навики се очистени од храмот на душата… Доаѓа до целосна трансформација во животот.“ – Библиски коментари, 653.
Понеделник 20. февруари
2. БОЖЈИ ДЕЛА
а. Како Аврам ја покажал својата вера во Бога? Покажувајќи ја својата вера, што Аврам открил за неа? Јаков 2,22; Битие 22,12.
„Верата работи преку љубов и ја чисти душата. Верата пупи и цвета и донесува жетва на драгоцени плодови. Таму каде има вера, се појавуваат добри дела.“ – Selected Messages, bk. 1, p. 398.
б. Од каде доаѓаат добрите дела? Спореди Еремија 17,9; Римјаните 3,12 со Ефесјаните 2,10; Тит 2,13.14.
„Вистинската вера се огледа во добри дела; бидејќи добрите дела се плод на верата. Кога Бог делува на срцето, а човекот ќе ја потчини својата волја на Бога, и соработува со Бога, надворешните промени видливи во неговиот живот се показател на она што Бог чини за него одвнатре од страна на Светиот Дух, и потоа се внесува склад помеѓу намерите на срцето и животните практики. Секој грев мора да биде отфрлен како нешто одвратно што го распнало Господа на животот и славата, а верникот мора да има искуство на постојан напредок, континуирано чинејќи ги Христовите дела. Благословот на оправдувањето се задржува со постојано потчинување на волјата и непрекина послушност.“ – Selected Messages, bk. 1, p. 397.
„Ако сме верни во извршување на нашите должности, во соработка со Него, Бог ќе работи преку нас онака како што Нему му е угодно. Но, Бог не може да работи преку нас, ако ние не вложуваме никакви напори. Ако сакаме да добиеме вечен живот, мораме да работиме, сесрдно да работиме… Ние мораме да го следиме примерот кој Христос ни го оставил, во сѐ потчинувајќи му се Нему. Нашата волја мора да биде во хармонија со Неговата волја.“ – The Review and Herald, June 11, 1901.
в. Пред да може христијанинот да покаже добри Божји дела, што најпрвин мора да се случи? Ефесјаните 2,1-5; Галатјаните 2,20; Еремија 29,13.
“Единствен начин да обезбедиме Божја помош е целосно да се предадеме во Негови раце и да Му се довериме Тој да работи за нас. Додека со вера се држиме за Неговите ветувања, Тој ја врши работата. Верникот може само да верува. Имајќи доверба во Бога и извршувајќи ја Неговата волја, додека Тој работи и ние можеме да работиме.“ – Библиски коментари, 653.
Вторник 21. февруари
3. МРТВА ВЕРА
а. Која е разликата помеѓу живата вера и мртвата вера? Јаков 2,19.20; Марко 7,6.7.
„Вистинската вера, која се потпира целосно на Христа, ќе се манифестира со послушност на сите Божји барања… Во сите векови имало такви кои тврделе дека имаат право на Божја наклоност, иако ги занемарувале некои од Неговите заповеди. Но, Библијата тврди дека „верата дејствува заедно со делата негови“, а без дела таа е „мртва“ (Јаков 2,22.17).“ – The Faith I Live By, p. 91.
„Мнозина се задоволуваат со формална побожност, и малку се оние кои искрено, сериозно, срдечно копнеат по Бога.“ – 4 Сведоштво, 351.
б. Може ли некој со мртва вера да произведе добри дела? Матеј 23,27.28; 7,21-23.
„Добриот човек од добрата ризница на срцето раѓа добри нешта. Зошто? Бидејќи Христос е постојано присутен во душата. Посветувачката вистина е ризница на мудроста на сите кои ја практикуваат вистината. Како жив извор таа тече во вечен живот. Оној кој не го почитува Христа во своето срце ќе се впушта во евтини разговори, преувеличени извештаи, кои причинуваат штета. Јазикот кој изговара изопачени зборови, вообичаени фрази, и изобилува со уличен жаргон, на таквиот јазик треба да се примени вжарен јаглен на смрека.“ – Mind, Character, and Personality, vol. 2, p. 577.
„Никој не може да го има духот и умот на Христос, ако преку Него не се поправи во сите животни односи и должности. Мрморењето, жалењето и немирната страст не се плод на добрите принципи.“ – 4 Сведоштво, 226.227.
в. Што секогаш ќе недостасува во делата на оној кој има мртва вера? 1 Јованово 4,20.21; Јован 8,37-41.
„Покорноста на речта донесува род каков е потребен – ‘нелицемерно братољубие’ (1 Петрово 1,22). Таа љубов е од небесно потекло и доведува до возвишени побуди и несебични постапки.“ – Делата на апостолите, 390.
Среда 22. февруари
4. КОРЕН ИЛИ ПЛОД?
а. Што се случува кога добрите дела на послушност ќе постанат корен на христијанското искуство, наместо негови плодови? Матеј 23,5.
„Фарисеите настојувале да се истакнат со своето претерано придржување до обредниот церемонијал, разметливост во богослужението и делата на милосрдие. Тие ја докажувале својата ревност и преданост на верата, со тоа што постојано расправале за неа. Меѓу противничките секти биле водени бучни и долги расправии, и не било ништо необично по улиците да се слушнат лути препирки на учените познавачи на законот.
Исусовиот живот бил во очигледна спротивност со сето тоа. Во тој живот немало ниту една бучна расправа, ниту една разметлива молитва, ниту една постапка направена, со цел да се придобие одобрувањето на светот. Христос бил скриен во Бога, а Бог се открил во карактерот на Својот Син.“ – Здравје и среќа, 22.
б. Што секогаш треба да биде во коренот на христијанското искуство? Галатјаните 6,14.
„Ангелите постојано ја припишуваат славата на Христа, бидејќи дури и тие не би биле безбедни да не биле страдањата на Божјиот Син… Без крстот тие во борбата против злото не би биле посигурни отколку што биле пред падот на сатаната…. Сите кои сакаат да бидат сигурни и на небото и на земјата мораат да гледаат на Јагнето Божјо…
Кога луѓето длабоко ќе размислуваат за Христовата љубов покажана на крстот, нивната вера ќе зајакне да се фатат за заслугите на Неговата пролеана крв и тие ќе бидат очистени и спасени од гревот.“ – Библиски коментари, 545.
в. Како вистинскиот христијанин ќе гледа на своите дела во светлината на Христовите дела? Филипјаните 3,4-9; Исаија 6,5.
„Колку повеќе Божјите следбеници гледаат на Христовиот карактер, тие стануваат повеќе понизни и помали во сопствените очи… Тие го губат од вид своето ‘Јас’, свесни за својата недостојност и Божјата величествена слава.“ – That I May Know Him, p. 122.
Четврток 23. февруари
5. ПЛОДНИ ХРИСТИЈАНИ
а. Зошто Бог сака да го исполни животот на христијанинот со добри дела кои се плод на променето срце? Матеј 5,14-16; 1 Петрово 2,9.
„Според Божјиот план, сите што треба да учествуваат во големото спасение, треба да бидат Негови мисионери. Побожноста на христијаните претставува мерило според кое луѓето на овој свет го ценат евангелието. Стрпливото поднесување на неволјите, примањето на благословите со благодарност, храброто одолевање на искушенијата, покажувањето на кротост, милост и љубов така што тоа да ни премине во навика, тоа се видела низ кои блескоти вистинскиот карактер, а тој нема ништо заедничко со темнината на себичното срце во кое никогаш не заблескала светлината на животот.“ – Патријарси и пророци, 120.121.
„Кога Христовата милост се изразува со зборови и дела на верникот, светлината ќе заблеска над оние кои се во темнина, бидејќи додека усните зборуваат пофалба за Бога, рацете се подадени да им помогнат на оние кои се во опасност да пропаднат.“ – Sons and Daughters of God, p. 276.
б. Во текот на историјата, кое знаење Исус секогаш го имал за својата црква? Откровение 2,2.9.13.19; 3,1.8.15. Зошто е Исус толку заинтересиран за делата на своите следбеници? Јаков 2,21.22.24; Откровение 22,12.
„Очите на светот се врз нас, и нас не посматраат мнозина за кои не знаеме. Постојат такви кои ги познаваат некои од доктрините во кои тврдиме дека веруваме, и тие забележуваат како нашата вера делува на нашиот карактер.“ – Selected Messages, bk. 2, p. 386.
„Денешниот свет е во огромна потреба од откровението на Исуса Христа во лицето на Неговите светии.“ – In Heavenly Places, p. 313.
Петок 24. февруари
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Зошто вистинската вера секогаш била делотворна?
2. Како можеме да бидеме сигурни дека нашите дела секогаш потекнуваат од Бога?
3. Зошто необратеното срце никогаш не може да биде извор на несебична љубов?
4. Објаснете ја разликата помеѓу коренот и плодовите на нашето искуство?
5. Што Бог и светот чекаат да видат во христијанската црква?