05 Вистински деца на Аврам

Сподели го ова:

5. лекција    Сабота, 4. февруари, 2017

Вистински деца на Аврам

„Знајте, пак, дека оние што се потпираат на верата, се синови Авраамови.“ – Галатјаните 3,7.

„Сите оние што ќе се понижат како мало дете, кои ќе ја прифатат и послушаат Божјата реч со детска едноставност, ќе се најдат меѓу избраните од Бога.“ – Our High Calling, p. 77.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Our High Calling, p. 75-79. Пророци и цареви, 248-251.
Недела 29. јануари
1. ВИСТИНСКИ ДЕЦА НА АВРАМ
а. Кого Библијата ги смета за вистински деца на Аврам и вистински Израелци? Римјаните 9,6-8; Галатјаните 3,7-9.

„На Исаија му било дадено да му ја објави на Јуда многу јасно вистината дека во Божјиот Израел треба да се вбројат и мнозина кои не се потомци на Аврам по телото. Но тоа учење не било во слад со теологијата во негово време. Но тој сепак без страв ја објавувал веста која му ја дал Бог и им донел надеж на мнозина кои копнееле во своите срца по духовните благослови ветени на Аврамовото семе.“ – Пророци и цареви,248.

б. Како незнабошците, кои не се дословни потомци на Аврам, сега можат да бидат сметани како негово вистинско потомство? Римјаните 9,30; 4,11.12.16.17.

„Во Аврамовото семе ќе бидат вброени сите кои преку Христа ќе станат деца на верата; тие ќе бидат наследници на заветот на ветувањата; како и Аврам, и тие се повикани да му го објаснат на светот Божјиот закон и евангелието на Неговиот Син.“ – Патријарси и пророци,496.

Понеделник 30. јануари
2. АВРАМОВИТЕ ПОСВОЕНИ ДЕЦА
а. Преку верата во Христа, како ветено семе на Аврам, во кое семејство ние биваме усвоени? Римјаните 8,14-16; Галатјаните 4,4-7.

„Бог сака сите луѓе да се спасат бидејќи презел одлучувачки чекор кога го дал својот единороден Син да го плати откупот за човекот. Оние што ќе пропаднат, ќе загинат затоа што одбиваат да бидат усвоени како Божји деца, преку Исус Христос. Гордоста на човекот го спречува да ги прифати одредбите на спасението.“ – Our High Calling, p. 78.

б. Како жртвата на Исус Христос го прави човекот Божјо дете, дури и дете на верата, и за кого ова важи? Галатјаните 3,27-29.

„Поединци можат да направат големи дела во очите на светот; нивните достигнувања може да бидат многу и можат да бидат високо ценети во очите на другите, но сите таленти, сета вештина, сите способности на светот нема да успеат да го променат карактерот и од изопачено дете на гревот да направат Божјо дете, наследник на небото… Најголемиот дар на небото, единородниот Син на Таткото, полн со љубов и вистина, е единствениот кој може да ги откупи изгубените… Христовата жртва на крстот на Голгота е влог кој ја надминува сета огромна моќ на гревот; и кога чувството на гревот ќе го притисне срцето на грешникот, а товарот се чини дека е неподнослив, Исус ги повикува да погледнат кон Него и да живеат.“ – The Signs of the Times, May 2, 1892.

в. Објаснете зошто Аврамовите деца се од секое племе и народ, а не само од Израел. Откровение 7,9.10; Битие 17,4-6; Дела 10,34.35.

„Христос не признавал никакви разлики во поглед на националната, класната и верската припадност. Книжевниците и фарисеите сакале само тие и нивниот народ да ги користат небесните дарови, а тоа да им го скратат на останатите членови на Божјото семејство во светот. Меѓутоа, Христос дошол да го сруши секој ѕид на поделба. Тој дошол да покаже дека дарот на Неговата милост и љубов им ја дава на сите, исто така неограничено како и воздухот, светлината и дождот кој ја натопува земјата.“ – 9 Сведоштво, 197.

Вторник 31. јануари
3. ЛАЖНИ АВРАМОВИ ДЕЦА
а. Зошто мнозина дословни потомци на Аврам во Божјите очи се исклучени како припадници на вистинскиот Израел? Римјаните 10,1-4.

„Истовремено Евреите заради своите гревови и самите сѐ повеќе се одвојувале од Бога. Тие не можеле да го препознаат длабокото духовно значење на својата симболична служба. Во својата самоправедност, се надевале на сопствените дела, жртви и уредби, наместо да се потпираат на заслугите на Оној на кого сите овие работи посочувале. „Тежнеејќи да воспостават своја сопствена праведност“, (Римјаните 10,3), тие се вовлекле во формализам и сметале дека си се доволни самите на себе. Бидејќи им недостасувал Духот и Божјата благодат, настојувале овој недостаток да го надоместат со строго вршење на верски обреди и ритуали. Не се задоволувале со уредбите кои самиот Бог ги назначил, туку додавале безброј наметнувања и правила што самите ги измислиле. И колку повеќе се оддалечувале од Бога, толку построги биле во почитувањето на овие форми.“ – Пророци и цареви, 486.

б. Кој е единствениот начин да се оправдаме пред Бога? Галатјаните 3,11.12; 2,16. Каква промена ќе биде видлива во животот на оние кои се оправдани преку верата?

„Оправдувањето е целосно од благодатта и не може да се здобие со ниедно дело кое паднатиот човек може да го направи.“ – Faith and Works, p. 20.

„Горделивото срце копнее да заслужи спасение, но и нашето право на Небото и нашата подобност да влеземе во него се засноваат на Христовата праведност. Господ не може ништо да направи за спасение на човекот, сè додека тој, уверен за сопствената слабост и лишен од секоја самодоволност, не се потчини под Божјо управување. Тогаш, може да прими дар, со кој Бог сака да го дарува.“ – Копнежот на вековите, 281.

„Оној кој се обидува со своите дела и со држење на Законот да го стекне Небото – се обидува да направи нешто што е невозможно. Нема безбедност за оној, кој има само законска религија, форма на побожност. Христијанскиот живот не е промена или подобрување на стариот, туку преобразување на природата. Нашето „јас“ и гревот умираат, и потоа настапува целосно нов живот. Таа промена може да се постигне само со делотворното делување на Светиот Дух.“ – Копнежот на вековите, 150.

Среда 1. февруари
4. СЛУГИ НА АВРАМ
а. Оние што ја немаат Аврамовата вера во Христа како ветеното семе, се сметаат како слуги, наместо синови или ќерки. Што ќе се случи со нив? Битие 16,3-6; Галатјаните 4,30.31.

„Во ковчегот влегол Ное со своето семејство „па Господ ја затвори вратата зад нив“… Масивната врата, која оние одвнатре во никој случај не би можеле да ја затворат, полека се поткренала и е затворена со невидливи раце. Ное бил во засолништето, а оние што ја отфрлиле Божјата милост, останале надвор. На вратата на ковчегот се наоѓал небесен печат; сам Бог ја затворил и само Тој можел да ја отвори. Така, кога Христос ќе престане да посредува за грешниот човек, пред повторно да дојде на небесните облаци, и вратата на милоста ќе биде затворена. Тогаш божествената милост нема повеќе да ги зауздува безбожниците, и сатаната ќе има неограничена власт над оние што го отфрлиле понуденото милосрдие.“ – Патријарси и пророци, 77.

б. На кого, односно на што тие всушност робуваат? Јован 8,31-35,39-44.

„’Ако му се предавате некому како робови за послушност, робови сте му на оној кому му се покорувате’ (Римјаните 6,16). Ако негуваме во срцето гнев, страст, алчност, омраза, себичност, или било кој друг грев, ние стануваме слуги на гревот. ‘Никој не може да им слугува на двајца господари’ (Матеј 6,24). Ако му служиме на гревот, не можеме да му служиме на Христа.“ – The Review and Herald, November 15, 1887.

в. Зошто оние кои го отфрлаат Христа никогаш не можат да влезат во хананската земја која му е ветена на Аврам и на неговото потомство? Евреите 3,17-19; Дела 4,10-12; Галатјаните 3,9.

„Полни четириесет години на неверување, мрморење и побуна го одвојувале стариот Израел од земјата Хананска. Истите гревови го одложуваат влезот на денешниот Израел во небесниот Ханан. Во ниту еден случај Божјите ветувања не изневериле. Неверството, световноста, непосветеноста и раздорите меѓу оние кои тврделе дека се Божји народ не задржаа толку многу години во овој свет на грев и страдања.“ – Evangelism, p. 696.

Четврток 2. февруари
5. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО ЦРКВАТА
а. Кое предупредување и беше упатено на црквата во Галатија, и зошто? Галатјаните 3,1-6; 4,7-11.

„Откупот кој беше извршен за нас од страна на нашиот Господ на крстот на Голгота требаше да не донесе до послушност на Божјиот закон, овозможувајќи ни да го држиме тој закон преку Неговата праведност која ни е припишана…

Не постои ништо толку навредливо за Бога како гревот. Наместо да го нарушува Божјиот закон останувајќи во гревот, секоја вистински обратена душа ќе оди по патот на понизна послушност кон сите Божји заповеди. Таа ќе ги пребарува Писмата како би ја дознала вистината. Кој ја маѓепсал непокајаната душа и престапникот кој го избрал гревот наместо послушноста? Тоа е силата на сатаната кој им пришол на Адам и Ева во Едем, за да ги заведе, маѓепсувачката моќ на паднатиот ангел.“ – The Upward Look, p. 209.

б. Каква поука за нас претставува Аврамовата борба со својата вера? Битие 15,3-6; 17,17.18; Евреите 4,1.2. Што, од друга страна, ни донесува вистинската вера? 1 Јованово 5,4.5.

„Христијанскиот живот треба да биде живот на вера, победа и радост во Бога… Бог може и сака да им ја даде на Своите слуги сета сила што им е потребна и да им даде мудрост која им е потребна во нивните разни потреби. Тој повеќе и од очекуваното ќе ги исполни нивните најголеми очекувања на оние кои се надеваат на Него.“ – The Faith I Live By, p. 126.

Петок 3. февруари
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Колку е важна верата за христијанинот?

2. Зошто христијанинот може да го нарече Бога свој Татко?

3. Како можеме да избегнеме да бидеме проколнати од Бога?

4. Која е разликата помеѓу тоа да се биде Аврамов слуга или негов син или ќерка?

5. Како може ѓаволот да нѐ маѓепса да ја изопачиме нашата вера?

Сподели го ова:

Слични објави