13 Должноста на црквата

Сподели го ова:

13. лекција – 26. март 2016.

Должноста на црквата

„Минувајте, минувајте низ портите, приготвувајте пат за народот! Рамнете, рамнете го патот, собирајте ги камењата, кренете знаме за народите.“ – Исаија 62,10.

„Нека во совеста, како со железно перо во камен, ви биде запишано дека вистинскиот успех, и за овој и за идниот свет, може да се осигура само со верна приврзаност на вечните начела на правдата.“ – 7 Сведоштво, 146.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Евангелизам, 217-221.

Недела 20. март

1. ПОРАКА ЗА НАС

а. Зошто е важно да ја примениме на себе пораката на Вистинитиот Сведок упатена до Лаодикија? Откровение 3,14-17; 1 Коринтјаните 8,2; 10,12.

„Пораката упатена до Лаодикија всушност се однесува на оние кои не ја применуваат на себе.“ – Counsels to Writers and Editors, p. 99.

б. Што покажува дека лаодикијската состојба не е безнадежна? Откровение 3,18. Што треба да направиме за да го примениме тоа лековито средство? 1 Петрово 5,6; Псалм 147,11.

„Советот на верниот Сведок, меѓутоа, случаевите на оние кои се наоѓаат во состојба на млакост не ја прикажува како целосно безнадежна. Сепак, постои можност за нивната состојба да се пронајде лек, и пораката на Лаодикијците е полна со охрабрување бидејќи црквата која е во назадување сепак може да го купи златото на верата и љубовта, може да ги добие облеките на Христовата праведност да не се покаже срамот на нивната голотија. Чистотата на срцето и мотивите сепак можат да станат обележје на оние кои сега се половични и кои се обидуваат да му служат на Бога и на мамона. Тие сѐ уште можат да ги исперат облеките на својот карактер и да ги избелат во крвта на Јагнето.“ – Коментари на библ. текстови, 896.

Понеделник 21. март

2. ПОВИК НА БУДЕЊЕ

а. Што треба да направиме за да имаме удел во објавувањето на последната порака на светот? 1 Коринтјаните 15,34; Римјаните 13,11.

„Живееме во завршните сцени од историјата на оваа земја. Пророштвата брзо се исполнуваат. Часовите на искушенија брзо поминуваат. Немаме време ниту за момент за губење. Да не се најдеме како спиеме на стража. Нека никој не вели во своето срце или со своите дела: ‘Мојот господар уште долго нема да дојде’. Веста за скорото Христово доаѓање треба да се објави со сериозни зборови и предупредувања. Да ги уверуваме насекаде мажите и жените да се покајат и да бегаат од гневот што иде. Мораме да ги поттикнеме веднаш да пристапат кон подготовка затоа што малку знаеме за тоа што ни претстои. Проповедниците и членовите нека заминуваат во полиња што дозреваат и да ги предупредуваат лекомислените и рамнодушните да го бараат Господа додека може да се најде. Работниците ќе најдат жетва каде и да ја објавуваат заборавената библиска вистина. Ќе ги најдат оние кои ќе ја прифатат вистината и кои своите животи ќе ги посветат на придобивање на души за Христа.“ – 8 Сведоштво, 198.

б. Кое дело денес треба да напредува? Неемија 2,18; Псалм 94,16.

„Господ сака Неговиот народ да се подигне и да ја изврши задачата што му е доверена. Одговорноста да се предупреди светот не се темели само на работниците во мисионското дело. Членовите на црквата треба да учествуваат во спасувањето на душите. Со мисионерски посети и со мудра дистрибуција на нашата литература, може да се допре до оние кои никогаш не биле предупредени. Нека се организираат групи во потрага по души. Нека членовите на црквата ги посетуваат своите соседи и да ги отворат пред нив Светите Списи. Можеби некои ќе бидат одредени да работат ‘меѓу оградите’ и на тој начин, со мудро планирање, вистината може да биде проповедана во сите области. Со истрајност и упорност во оваа работа, ќе се зголемат и способностите, и мнозина ќе ги видат плодовите на својата работа во спасување на душите. Оние, пак, кои ќе се обратат, за возврат ќе ги поучуваат другите. На тој начин семето ќе се сее во многу места и вистината ќе им биде објавена на сите.“ – Преглед и гласник, 25. јануари, 1912.
„Сега имаме предупредувања кои можеме да ги упатиме и работа која сега можеме да ја извршиме, но наскоро ќе биде потешко отколку што можеме да замислиме.“ – Евангелизам, 218.
Вторник 22. март

3. ОЖИВУВАЊЕ НА СУВИТЕ КОСКИ

а. Во визијата дадена на пророкот Езекиел во врска со долината на сувите коски, што Бог ветил дека ќе направи со нив? Езекиел 37,5.6. Кој бил изворот на сила кој им дал живот на коските? Езекиел 37,13.14.

„Каква сила мораме да имаме од Бога за да срца, кои имаат само законска религија, да можеле подобро да ги увидат нештата кои им се обезбедени – Христа и Неговата правда! Животворната порака била потребна за на сувите коски да им се вдахне живот.“ – Одбрани пораки 3, 177.
„Но сличноста со сувите коски не може да се примени само на светот, туку и на оние кои се благословени со голема светлина. Тие исто така се слични на овие скелети во долината. Тие имаат форма на луѓе, рамка на телото; но немаат духовен живот. Во оваа пророчка парабола луѓето не се обликувале со самото прибирање и спојување на коските, бидејќи тоа не е доволно за да може организмот складно да функционира. За да можат да станат и да ги извршуваат животните активности, овие тела морале да бидат вдахновени со здивот на животот. Овие коски го претставуваат домот Израелов – Божјата црква. Надеж на црквата е животворното влијание на Светиот Дух. Господ мора да дувне Свој Дух во сувите коски, за да оживет.“ – Коментари на библ. текстови, 377.

б. Што сѐ вклучува процесот на оживување? Откровение 3,19.20; 2 Тимотеј 4,2.

„Божјите ангели одат од црква до црква, извршувајќи ја својата должност; а Исус Христос тропа на вратата на вашите срца за да влезе. Меѓутоа не се почитуваат оние кои Бог ги употребува како свои орудија да ги будат припадниците на црквата и да им укажуваат на нивното духовно сиромаштво. Гласот на Вистинитиот Сведок се слуша во укори и предупредувања, но тоа не се уважува и не се слуша. Луѓето избрале да го следат својот пат наместо Божјиот затоа што сопственото ‘јас’ не е распнато во нивното срце. Тоа е причината што од Бога дадената светлина има толку мало влијание на умот и срцето. ‘Биди ревен и покај се.’“ – Преглед и гласник, 18. декември, 1888.
„Оние што ја носат пораката на светот би требало да го бараат Бога искрено, како би можел врз нив изобилно да се спушти Светиот Дух. Немаме време за губење. Молете се за Божја сила како би можеле успешно да работите за оние кои се близу и оние кои се далеку.“ – Одбрани пораки 1, 92.93.
Среда 23. март

4. ВОЗДИГАЊЕ НА ХРИСТА

а. Што е она што го привлекува вниманието на пробудените и оживеани Божји гласници? Псалм 17,15; Јован 17,3; 1 Коринтјаните 2,1.2.

„Длабока, срдечна побожност во семејството, во црквата и во соседството ќе ги наведе душите да ги разберат чудесата на законот и да ја видат славната вистина за Христос нашата правда…
Оние кои ја имаат пред себе откриената вистина за ова време имаат голема одговорност. Тие мораат да ја објават неопходноста од покајание пред Бога и верата во нашиот Господ Исус Христос. Тие мораат да размислуваат за Христовиот крст и да го насочат вниманието на секоја душа на Божјото Јагне кое ги зеде гревовите на светот. Христос во своето самоодрекување, Христос во своето понижување, Христос во својата чистота, Неговата светост, Христос во својата неспоредлива љубов – тоа се теми кои треба да се внесат во секоја проповед. Ми беше покажано дека меѓу Божјиот народ мора да се случи големо будење. Мнозина од оние чии имиња се во црквените книги се необратени. Нека оние кои се посветени на делото ги повторуваат овие зборови: (Јован 3,16).“ – Преглед и гл., 13. авг., 1889.
„Еден интерес ќе надвладее; еден предмет ќе ги проголта сите други – Христос наша Правда.“ – The Paulson Collection, p. 342.

б. Како разбудениот и оживеаниот Божји слуга ќе реагира кога ќе се соочи со противењето на пораката на предупредување? Јоил 2,17; Римјаните 12,12; Ефесјаните 6,18.

„Бог секогаш го штител својот народ во најголемите неволји и тогаш кога се чинело дека нема ниту најмала надеж да се избегне пропаста. Намерите на безбожните луѓе, непријателите на Неговата црква, не се надвор од дофатот на Неговата сила и на Неговото провидение кое управува со сѐ. Тој може да го трогне срцето на државникот, гневот на разбрануваните и незадоволните, и омразата на оние што го мразат Бога. Неговата вистина и Неговиот народ Тој може да ги сврти на друга страна, како што ги свиткува ‘водните потоци’ (Изреки 21,1), ако така намисли. Молитвата ја придвижува раката на Семожниот. Тој што го одредува патот на ѕвездите на небото, чиишто зборови ги контролираат брановите на длабокото море – истиот бесконечен Создател ќе го заштити Својот народ кога тој ќе Го повика со вера. Тој ќе ги ограничи силите на темнината додека на светот не му се даде опомена и додека сите кои ќе ја послушаат опомената не бидат подготвени за овој судир.“ – 5 Сведоштво, 312.
Четврток 24. март

5. ВО ИСЧЕКУВАЊЕ НА БЛАЖЕНАТА НАДЕЖ

а. Која голема привилегија имаме додека се подготвуваме за скорото Христово враќање? Лука 8,16; Исаија 60,1.

„Предност на секој човек е да биде жив канал преку кој Бог ќе може да му ги открие на светот богатствата на својата милост, неистражливото Христово богатство. Христос ништо не сака толку многу колку човечките орудија со кои на светот ќе му го претстави својот карактер и својот Дух. На светот ништо не му е толку потребно колку љубовта на Спасителот која ќе се манифестира преку луѓето. Цело небо чека живи канали преку кои ќе може да го излее светото масло кое ќе носи радост и благослов за човечките срца.“ – Христовите поуки, 359.

б. Со оглед на тоа дека Христовото доаѓање е близу, како денес треба да живееме? 2 Петрово 3,11.12; Тит 2,11-13.

„Христос сторил сѐ што стоело до Него како Неговата црква би ја направил едно преобразено тело кое – просветлено со Оној кој е Светлината на светот – ќе ја има славата на Емануел. Негова намера е секој христијанин да биде опкружен со духовна атмосфера на светлина и мир. Тој посакува Неговата радост да се открие во нашите животи.“ – Христовите поуки, 359.
„Господ доаѓа. Подигнете ги своите глави и радувајте се… Ова е добра, радосна вест, која треба да ја исполни си воодушевање секоја душа. За неа често би требало да зборуваме во своите домови и да ја пренесуваме на луѓето што ги среќаваме на улица. Зарем може да се објавува нешто порадосно!“ – Евангелизам, 218.

Петок 25. март

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Во која смисла пораката за Лаодикија е полна со охрабрување за нас?
2. Кои се некои од практичните начини како членовите на црквата можат да допрат до душите кои се околу нив?
3. Како визијата за сувите коски може да се примени и на оние кои имаат голема светлина?
4. На кои сѐ начини Бог ќе ја надвладее силата на темнината кога Неговиот народ верно ќе се моли?
5. На кој начин Божјиот народ ќе ја прошири радосната вест за ова време?

Сподели го ова:

Слични објави