12 Делото на обнова

Сподели го ова:

12. лекција – 19. март 2016.

Делото на обнова

„И ќе ги изградат древните урнатини, ќе обноват стари урнатини и ќе подноват разурнати градови, запустени од дамнешни родови.“ – Исаија 61,4.

„Христос дошол на вистинско место да ги постави вистините кои биле ставени на погрешно место и на тој начин се помагало во ширење на заблудите. Тој ги потсетувал на нив, ги повторувал и ги ставил во соодветна рамка на вистината и заповедал цврсто да останат тука засекогаш. Таков бил случајот со Божјиот закон, саботата и со брачната институција.“ – Manuscript Releases, vol. 17, p. 21.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Адвентен дом, 326-339.

Недела 13. март

1. САБОТАТА – УРНАТИНА ВО БОЖЈИОТ ЗАКОН

а. Од какво значење е поправањето на урнатините настанати во Божјиот закон? Исаија 58,12; 1 Цареви 18,30; Неемија 2,17.

„При завршетокот на историјата на светот сите божествени институции ќе бидат обновени. Ќе се санираат урнатините во законот кој ги направил човекот престапувајќи ја саботата. Остатокот на Божјиот народ кој како реформатор стои пред светот, мора да покаже дека Божјиот закон е основа на секоја трајна реформа и дека саботата од четвртата заповед мора да постои како постојан спомен на создавањето и Божјата сила. Тој мора со јасни и разбирливи зборови да укаже на обврската за држењето на сите десет заповеди.“ – Пророци и цареви, 460.
„Заповедта за саботата е сместена во средината на Декалогот, таа е воспоставена во Едем, во исто време кога Бог ја воспоставил брачната врска. Бог ја дал саботата како спомен на Неговата создавачка сила и дела… Тој го направил нејзиното празнување задолжително за човекот како би можел да размислува за Божјите дела, Неговата добрина, Неговата милост и љубов, и преку природата да може да го види Бога кој ја создал таа природа. Кога човекот секогаш би ја празнувал саботата, никогаш не би постоел ниту еден неверник или атеист во светот.“ – Знаци на времето, 13. февруари, 1896.

Понеделник 14. март

2. БРАКОТ И СЕМЕЈНАТА ЦЕЛИНА

а. Каков бил првобитниот Божји план во поглед на бракот? Битие 2,24; Матеј 19,4-6.

„Кога подоцна фарисеите го испитувале во врска со законитоста на разводот, Исус ги потсетил своите слушатели дека уредбата на бракот била воспоставена при создавањето. ‘Заради вашите жестоки срца Мојсеј ви дозволи да ги оставате жените свои; но во почетокот не беше така’ (Матеј 19,8). Ги потсетил на блаженото време во Едем кога Бог сѐ создал и изјавил ‘дека тоа е добро’. Оттаму потекнуваат бракот и саботата, две уредби создадени на слава на Бога и на благослов на човештвото. Кога Создателот со брачен завет ги споил рацете на светиот пар, кажувајќи дека ‘човекот ќе ги остави татко си и мајка си и ќе се прилепи кон жената своја; и (обата) ќе бидат едно тело’ (Битие 2,24), прогласил закон за бракот кој важи за сите Адамови деца до крајот на времето. Она што самиот вечен Отец го прогласил за добро е закон кој на луѓето треба да им донесе најголем благослов и да им овозможи највисок развој.“ – Адвентен дом, 340.341.
„Бракот постои од создавањето; го воспоставил Бог и тој е божествена уредба. Брачната институција е основана во Едем. Саботата од четвртата заповед е воспоставена во Едем кога се поставени темелите на Земјата, кога ликуваа утрински ѕвезди и сите Божји синови извикуваа од радост. Тогаш нека оваа, Божјата институција на бракот, стои пред вас цврсто и непоколебливо како и саботата од четвртата заповед.“ – Manuscript Rel., vol. 1, pp. 160, 161.

б. Како брачната институција и семејните односи ќе бидат обновени во последните денови? Малахија 4,5.6; Матеј 17,11; Дела 3,20.21.

„Имало две институции кои се основани во Едем, а кои не го изгубиле своето значење по потопот, тоа се саботата и брачната заедница. Нив човекот ги понел со себе надвор од портите на рајот. Оној кој ја љуби и празнува саботата и кој ја одржува чистотата на брачната институција, со тоа докажува дека е пријател на Бога и на луѓето. Оној кој со поука или пример ја намалува обврската на овие свети институции е непријател на Бога и човекот и неговото влијание и неговите од Бога дадените таленти доведуваат до состојба на конфузија и морална расипаност.“ – Знаци на времето, 28. февруари, 1884.
Вторник 15. март

3. ПРАКТИКУВАЊЕ НА УМЕРЕНОСТА ВО ИСХРАНАТА

а. Каков начин на живот треба да водат оние кои се подготвуваат за Исусовото скоро доаѓање? 1 Коринтјаните 9,25; 10,31; Лука 4,2-4.

„Јован Крстител бил пратен во духот и силата на Илија да го приготви патот на Господа и да го обрати народот кон мудроста на праведните. Тој бил претставник на оние што живеат во последните денови, на кои Бог им ги доверил светите вистини да им ги пренесат на луѓето како би го подготвиле патот за второто Христово доаѓање. Оние кои во денешно време треба да го предупредат светот на доаѓањето на Синот Човечки, мораат да се придржуваат на истите принципи на умереност како Јован Крстител.“ – Christian Temperance and Bible Hygiene, p. 39.
„Бидејќи нашите прародители со попуштање на апетитот го загубиле Едем, нашата единствена надеж да се вратиме во Едем е цврсто да се спротивставиме на апетитот и страстите. Умереноста во исхраната и владеењето со своите страсти ќе го сочува умот и ќе даде умна и морална сила, оспособувајќи ги луѓето сите свои склоности да ги стават под контрола на повисоките сили и да ја воочат разликата помеѓу доброто и злото, светото и обичното.“ – 3 Сведоштво, 382.

б. Каква исхрана првобитно била предвидена за Адам? Битие 1,29; 3,18.

„За да дознаеме која храна е најдобра, мораме да го проучиме Божјиот првобитен план за исхраната на луѓето. Оној, кој го создал човекот и кој ги разбира неговите потреби, му ја одредил храната на Адам. ‘Еве’ – рекол Бог: ‘Ви дадов секаков вид растение, што дава семе… и секакви дрвја, што во себе имаат семе според својот род и вид. Тоа да ви биде за храна’ (Битие 1,20). Кога го напуштил Едем и тргнал да си обезбеди егзистенција обработувајќи ја земјата под проклетството на гревот, човекот добил дозвола да јаде и ‘полска трева’ (Битие 3,18). Житарките, овошјето, зеленчукот и јаткастите плодови ја сочинуваат исхраната што Творецот ја избрал за нас. Оваа храна, подготвена на наједноставен и најприроден можен начин, е најздрава и најхранлива, Таа ја зголемува силата, издржливоста и острината на умот, што не може да се постигне со посложена и постимулативна исхрана“ – Здравје и среќа, 230.231.

в. Каков став во однос на исхраната е штетен за духовното искуство? Исаија 22,13.14.

Среда 16. март

4. ПРОМЕНА НА СРЦЕТО

а. Пред да може Бог да го започне делото на обнова со секој од нас, што прво мора да се случи? Изреки 28,13; Псалм 32,5; 1 Јованово 1,9.

„Ако сме згрешиле против Бога, никогаш нема да имаме мир и повторно да најдеме милост кај Него ако целосно не ги признаеме гревовите и не се поправиме во она во што сме биле несовесни. Сѐ додека не ги искористиме сите средства кои ни се на располагање како би го поправиле направеното зло, Бог не може да го одобри и благослови. Патот на признавањето на гревот е понижувачки, но тоа е единствениот начин со кој можеме да стекнеме снага да победиме. Можеби никогаш нема да успееме така да ги исправиме сите пропусти и недостатоци за нашата работа да биде до таа мера совршена и на Бога угодна како што би требало да биде; сепак, колку е тоа можно, треба да се вложи секој напор за да се постигне таа цел.“ – Преглед и гласник, 22. мај, 1888.

б. Што Бог ветил дека ќе направи со срцата на оние што сакаат да Му служат? Езекиел 36,26.

в. Колку вистината во целост ќе го проникне обратениот христијанин? Римјаните 10,10; Марко 12,30. Каква постојано ќе биде неговата молитва? Псалм 139,23.24.

„Вистината во секоја смисла мора да стане вистина за оној што ќе ја прими. Таа мора да биде втисната во срцето… Срцето е тврдина на нашето битие, и сѐ додека не биде во целост на Господова страна, непријателот постојано ќе здобива победи со помош на своите вешто смислени искушенија.“ – In Heavenly Places, p. 140.
„Бог гледа на срцето; сѐ е ‘голо и откриено за очите на Оној пред Кого ние ќе одговараме’ (Евреите 4,13). Дали тој ќе биде задоволен со било што друго освен со делувањето на вистината одвнатре? Секоја вистински обратена душа носи очигледни знаци дека мудрувањето на телото е покорено.“ – 1 Сведоштво, 163.

Четврток 17. март

5. ТРАЈНА ПОРАКА

а. Каков е односот на праведникот кон пораката на вистината, за разлика од безбожникот? Изреки 4,19,18; 2 Петрово 3,18.

„Посветената душа нема да се задоволи да остане во незнаење, туку ќе сака да оди во светлина и да бара уште поголема светлина. Како рударот кој копа во потрага по злато и сребро, Христовиот следбеник ќе ја бара вистината како сокриено богатство и ќе напредува од светлина во уште поголема светлина, постојано зголемувајќи го своето знаење. Тој постојано ќе расте во благодатта и познавањето на вистината. Сопственото јас мора да се победи. Мораме да ја распознаеме секоја карактерна мана во Божјото големо огледало.“ – Одбрани пораки 1, 317.

б. Колку долго вистината ќе трае? Псалм 100,5; 117,2; Изреки 12,19. Колку долго делото на реформација ќе продолжи со работата?

„Реформацијата, како тоа многумина го мислат, не завршила со Лутер. Таа мора да продолжи до крајот на историјата на овој свет. Лутер имал голема задача да ја рефлектира на другите светлината со која Бог го осветлил. Сепак, тој не ја примил целата светлина која требало да биде дадена на светот. Од тоа време па сѐ до сега, страниците на Светото Писмо постојано зрачат нова светлина, а нови вистини постојано се откриваат.“ – The Story of Redemption, p. 353.

Петок 18. март

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Кога саботата е дадена на човештвото и со каква цел?
2. Што се случува во општеството кога луѓето ја игнорираат Божјата сабота и Неговиот план за бракот?
3. Како умереноста или недостатокот на умереност влијаат на нашите избори?
4. Што треба да сфатиме за состојбата на нашето срце ако постојано доживуваме неуспех кога сме во искушение?
5. Ако навистина сме посветени, каков ќе биде нашиот став кон светлината или знаењето?

Сподели го ова:

Слични објави