09 Порака до Лаодикија
9. лекција – 27. февруари 2016.
Порака до Лаодикија
„Те советувам да си купиш од Мене злато низ оган пречистено, за да се збогатиш; и бела облека, за да се облечеш, и да не се гледа срамот на голотијата твоја, и со очна маст намачкај ги очите твои за да гледаш.“ – Откровение 3,18.
„Денес секој треба да го бара Господа. Без будење и реформација Божјиот народ нема да ја издржи проверката. Ниедна душа која е задоволна со самата себе Господ нема да ја прими во дворовите што ги подготвува за праведниците.“ – 7 Сведоштво, 285 ориг.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Ком. на библ. текстови, 885-897.
Недела 21. февруари
1. ЛАОДИКИЈСКА СОСТОЈБА
а. Каков став преовладува во таканаречениот христијански свет денес? Исаија 4,1.
б. Во која опасна состојба се наоѓа Христовата црква во Лаодикијскиот период? Откровение 3,17.
„Има мнозина кои се горди на своето духовно богатство, од нивното познавање на вистината, а кои живеат во грешна самоизмама. Кога членовите на црквата ќе се понижат пред Бога, со ревносно, а не половично и безживотно дејствување, Господ ќе ги прими.“ – Преглед и гласник, 23. декември, 1890.
„Христос не може да ги прифати имињата на оние кои се задоволни во својата самодоволност. Тој не може и нема да им се наметнува на оние кои не чувствуваат дека Неговата помош им е потребна, кои тврдат дека знаат и имаат сѐ.“ – Коментари на библиски текстови, 891.
Понеделник 22. февруари
2. ДИРЕКТНО СВЕДОШТВО ЗА ЛАОДИКИЈА
а. Какво потресна осуда Христос изнесува против оние кои тврдат дека се Негов народ? Откровение 3,15.16.
„Пораката упатена до Лаодикијците претставува потресна осуда и применлива е на Божјиот народ во сегашно време.“ – Преглед и гласник, 16. септември, 1873.
б. Која порака, упатена со цел да се поправи таквата состојба, била отфрлена во 1888 година на Генералната конференција одржана во Минеаполис? Откровение 3,18; 18,1.
„Пораката која ни ја упатиле А.Т. Џонс и Е.Г. Вагонер е Божјата порака за Лаодикијската црква, и тешко на секој кој признава дека верува во вистината, а сепак не ја рефлектира и на другите светлината што Бог ја дал.“ – Manuscript Releases, vol. 15, p. 92.
„Пораката и гласниците не биле прифатени, туку презрени. Копнеев оние на кои толку им беше потребна пораката за божествената љубов да го чујат Христовото тропање на вратата на нивното срце и да го пуштат небесниот гостин да влезе. Но, Христос залудно тропал на вратата на некои срца. Со отфрлање на пораката дадена во Минеаполис, луѓето направиле грев. Направиле далеку поголем грев негувајќи со години иста омраза кон Божјите гласници, отфрлајќи ја вистината за која Светиот Дух ги осведочувал.“ – The Ellen G. White 1888 Materials, str. 913.
„Наскоро доаѓа времето на проба, бидејќи гласниот вик на третиот ангел веќе започнал со откривање на праведноста на Исус Христос, Откупителот кој ги проштава гревовите. Ова е почеток на светлината на ангелот чија слава ќе ја исполни целата земја.“ – Одбрани пораки 1, 363.
„Причината за големиот отпор – кој во Минеаполис се подигнал против пораката која Господ ја пренел преку браќата Вагонер и Џонс – лежи во неподготвеноста на луѓето да се откажат од своите однапред создадени мислења и да ја прифатат оваа вистина. Предизвикувајќи го овој отпор сатаната во голема мера успеал да оневозможи нашиот народ да прими особена сила на Светиот Дух која Бог толку многу сакал да им ја даде. Непријателот успеал да спречи да не добијат сила која можеле да ја примат како би ја носеле вистината по светот, како што тоа го направиле апостолите кои ја проповедале после Педесетница. Светлината која требало да ја осветли целата земја со Неговата слава била попречена поради постапките на нашите сопствени браќа. Таа светлина во голем степен му е ускратена на светот.“ – Одбрани пораки 1, 234.235.
Вторник 23. февруари
3. НЕКА ВАШИОТ СВЕТИЛНИК ГОРИ!
а. Какво предупредување ни се упатува нам денес? Откровение 2,5; Јов 18,5.6; Еремија 25,10.
„Кога ќе престанеме да ја исполнуваме својата мисија, кога светилникот одбива да ја рефлектира светлината, а големите вистини кои ни се доверени како би ги упатиле до светот не стигнат до луѓето, тогаш светилникот ќе биде отстранет.“ – Преглед и гл., 7. јуни, 1887.
„Ние имаме порака на предупредување наменета за црквата. Бог ни вели: ‘Спомни си од каде си паднал и покај се, и врши ги поранешните дела; ако не, скоро ќе ти дојдам и ќе го преместам свеќникот твој од местото негово, ако не се покаеш’ (Откровение 2,5). Драгоценото време кога сте можеле да придобиете души за Христа е потрошено – души кои поради вашата љубов кон удобноста се изгубени. Секој член на црквата сега треба да се разбуди и да ја врши својата должност. Нека Бог ви помогне да го прифатите тој јарем. Нека членовите на црквата се молат, постат и веруваат. Нека срцата на родителите се обратат кон нивните деца, како и срцата на децата кон родителите, ‘да не дојдам,’ вели Господ, ‘и ја сотрам земјата’.“ – Historical Sketches, pp. 286, 287.
„Живиот христијанин е оној кој не ја оставил својата прва љубов и чиј светилник не е отстранет од неговото место.“ – Преглед и гласник, 1. ноември, 1892.
б. Што треба да сториме со светлината што ја имаме? Матеј 5,16; Лука 11,33. Што ни е потребно за да може нашата светлина да блесне? Матеј 25,4.
„Треба да се угледаме на Исуса, да го примиме Неговиот Дух, да живееме во светлината на Неговата добрина и љубов и да ја одразуваме врз другите Неговата слава.“ – Мојот живот денес, 200.
„Нека црквата стане и светли. Нека секое семејство практикува самоодрекување, правејќи сѐ што е во нивна моќ да ја подобрат својата духовна состојба. Оние кои навистина се на Божјата страна ќе го покажат тоа со постојано самоодрекување и самопожртвување. Тие ќе јадат и пијат на Божја слава, одбивајќи да ја расипат својата душа и тело со неумереност. Тогаш состојбата на црквата ќе сведочи дека нејзината светлина не е отстранета. Но, ако членовите на црквата не го направат она што Бог нив им го наменил, движењето на здравствена реформа ќе го продолжи своето дело без нив, и тогаш ќе се види дека Бог го отстранил светилникот од своето место. Оние кои одбиваат да примат светлина и да живеат според неа, ќе бидат оставени во позадина.“ – Manuscript Releases, vol. 13, p. 339.
Среда 24. февруари
4. МАСЛО ВО НАШИТЕ САДОВИ
а. Во што се состои сличноста помеѓу лаодикијската состојба и состојбата на црквата прикажана со петте луди девици? Откровение 3,15.18; Матеј 25,3.8-10.
„Кај овие успиени ученици (Исус), гледал претстава на црквата која спие. Кога требале да бидат будни, тие спиеле.“ – Коментари на библ. текстови, 483.
„За состојбата на црквата претставена со неразумни девојки исто така се зборува како за состојба во Лаодикија.“ – Преглед и гласник, 19. август, 1890.
„Иако таканаречените Христови следбеници се наоѓаат во жалосна состојба, сепак не се во толку очаен теснец како што се нашле неразумните девојки кога светилките почнале да им се гасат, а немале време да ги наполнат своите садови со масло. Кога пристигнал младоженецот, оние што биле подготвени влегоа со Него на свадбата; но, кога неразумните девојки пристигнале, вратата била затворена и било предоцна за влез. Советот на верниот Сведок, меѓутоа, случаевите на оние кои се наоѓаат во состојба на млакост не ја прикажува како целосно безнадежна. Сепак, постои можност за нивната состојба да се пронајде лек, и пораката на Лаодикијците е полна со охрабрување, бидејќи црквата која е во назадување сепак може да го купи златото на верата и љубовта, може да ги добие облеките на Христовата праведност да не се покаже срамот на нивната голотија.“ – Преглед и гласник, 28. август, 1894.
б. Што и е потребно на црквата која се наоѓа во состојба на поспаност и млакост? Матеј 25,4.7; Левит 24,2.
„Бог ве повикува да светите. Со интензивна грижа одржувајте ги своите светилки, долевајте масло на милост во садовите; нека вашите светилки бидат подготвени и нека горат како би можела вашата светлина јасно да засвети среде моралната темнина на овој свет. Сите оние кои ја имаат вистината треба да ја држат во правда и да ја ценат нејзината вредност и светост. Треба да бараат мудрост од Бога како би можеле да ги насочат зраците на светлината кон патиштата и пристапните патеки на животот. Ако сме посветени со вистината, нашите души ќе бидат проникнати со длабока и трајна свест за нејзиното значење, а нашето јадење и пиење ќе биде желбата да и бидеме послушни на таа вистина и да ја пренесуваме драгоцената светлина на другите.“ – Преглед и гласник, 7. февруари, 1890.
Четврток 25. февруари
5. СВЕТЛОНОСЦИ ВО СВЕТОТ
а. Што треба да правиме додека се извршува суд во лаодикијскиот период? Откровение 3,19-21; 14,6.
„Имаме драгоцена светлина која треба да ја објавиме на луѓето и се радуваме што имаме сегашна вистина – порака за наше време. Радосната вест дека Христос е наша Праведност им донела олеснување на многу, многу души, и Бог му вели на својот народ: ‘Одете напред’.“ – Преглед и гласник, 23. јули, 1889.
„На секој кој ја примил пораката на предупредување почива одговорност да го издига Христа и да го претстави на светот на начин на кој е откриен во сликите, навестен во симболите, како што е прикажан во откровенијата на пророците и откриен во поуките дадени на Неговите ученици и во прекрасните чуда направени за човечкиот род. Истражувајте го Светото Писмо бидејќи тоа сведочи за Него.
Сакате ли да се одржите во времето на неволја, морате да го познавате Христа и да го прифатите дарот на Неговата праведност која Тој му ја припишува на грешникот што се кае.“ – Одбрани пораки 1, 363.
б. Каква состојба во Христовата црква на остатокот ќе биде сведоштво за светот? Јован 17,20.21; Евреите 13,1; 1 Петрово 3,8.9.
„Божја волја е меѓу неговиот народ да постои единство и братска љубов… Иако не смееме да жртвуваме ниту еден принцип на вистината, мораме постојано да се залагаме настојувајќи да постигнеме состојба на такво единство.“ – Патријарси и пророци, 549.
Петок 26. февруари
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Каква е состојбата на црквата во Лаодикијскиот период?
2. Што го спречувало Божјиот народ да прими посебна сила на Светиот Дух пред повеќе од 100 години?
3. Како може нашата светлина да свети?
4. Каква надеж можеме да имаме додека размислуваме за разликата помеѓу Лаодикија и петте неразумни девици?
5. Каква е Божјата волја за нас денес?