08 Реформација во домот

Сподели го ова:

8. лекција – 20. февруари 2016.

Реформација во домот

„Дај синовите наши да се како нови насади во младоста своја, нашите ќерки – накитени и украсени како столбови во храмот.“ – Псалм 144,12.

„Децата стануваат тоа што од нив ќе направат нивните родители со своите поуки, дисциплина и пример. Затоа од голема важност е родителите верно да ја вршат својата должност во обука на младите за служба на Бога.“ – 5 Сведоштво, 24.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Адвентен дом, 317-325.

Недела 14. февруари

1. МЕСТО ОД КОЕ ТРЕБА ДА ЗАПОЧНЕМЕ

а. На кого Бог му доверил сериозна одговорност да го започне делото на реформација? Малахија 4,6; Псалм 78,5-7.

„Кога родителите би можеле да ја сфатат одговорноста која почива врз нив додека нивните деца се невини бебиња, многу гревови и беда можеле да се избегнат; за умереноста би се учело покрај огнот, а на масата би се повторувале практични пораки секој ден. Ред по ред, правило по правило, децата би биле научени на неопходната самоконтрола и самоодрекување, и потоа вистинската реформа забрзано би напредувала.“ – The Health Reformer, May 1, 1877.

б. Каде родителите можат да најдат извор на мудрост? Ефесјаните 1,17; Јаков 1,5.

„Нека родителите ги земат своите Библии и ги пребаруваат како би разбрале какви се Божјите барања во однос на нивните деца. Нека настојуваат да разберат што е вклучено во родителската должност. Божјата Реч мора да биде наше правило во водењето на семејните работи.“ – Christian Education, pp. 230, 231.
„Со молитва, проучување на Библијата и марлив труд од своја страна (родителите), можат достоинствено да успеат во таа важна должност, а вложеното време и трудот можат стократно да им се исплатат.“ – Child Guidance, p. 64.
Понеделник 15. февруари

2. ПРОШИРУВАЊЕ НА ДЕЛОТО НА РЕФОРМА

а. Каква е Божјата намера во поглед на верата на родителите? Изреки 22,6; 2 Тимотеј 1,5.

„Ако верно и совесно ги извршувате своите должности во семејството – таткото како свештеник на семејството, мајката како мисионер во својот дом – ќе ги умножите движечките сили кои ќе влијаат на добро и надвор од семејството. Развивајќи ги така своите способности, ќе станете погодни за работа во црквата и во соседството. Приврзувајќи ги на таков начин своите деца за себе и за Бога, татковците и мајките заедно со своите деца стануваат Божји соработници.“ – Counsels on Health, p. 430.

б. Што треба да направите доколку не сте успеале да го ставите Бога на прво место во својот живот и во вашиот дом? 1 Јованово 1,9; Јаков 5,16.

„Ако како родители пропуштите да ја извршите својата должност во семејниот круг, исповедајте ги своите гревови пред Бога. Соберете ги своите деца околу себе и признајте го својот пропуст. Кажете им ја својата желба да извршите реформација во домот и побарајте ја нивната помош да создадете дом каков би требало да биде. Читајте им ги упатствата од Божјата Реч. Молете се со нив и замолете го Бога да го сочува нивниот живот и да им помогне да се подготват за дом во Неговото царство. Така ќе може да го започнете и продолжите делото на вистинска реформа.“ – Преглед и гласник, 21. април, 1904.

в. Каков ќе биде резултатот на нашата верност кога целосно ќе му се предадеме на Бога? Псалм 51,9-13; Исаија 60,2.3; Дела 16,5.

“Кога големата светлина испратена од Бога ќе заблеска преку човечките орудија, ќе се изврши големо дело. Пратена со пројава на Дух и сила, вистината ќе биде откриена јасно и очигледно.
„Кога ќе се изврши вистинска работа во домот, родителите ќе почувствуваат дека срцата им се поттикнати, омекнати и трогнати. Чудните предрасуди што ги негувале кон браќата и сестрите во црквата, предрасуди кои донесуваат зли родови, ќе бидат совладани и ќе исчезнат. Наместо тоа, ќе се открие дух на искреност и непристрасност, дух налик на Христа. Божјиот народ ќе ја напушти упорната желба да има сопствен пат и да ги истакнува своите идеи, бидејќи ќе разбере дека се наоѓа во присуство на Божјиот Син.“ – Преглед и гласник, 15. јули, 1902.
Вторник 16. февруари

3. ВЛИЈАНИЕ НА ЦРКВАТА

а. Кога реформацијата се извршува во домот, како тоа ќе се одрази на црквата? Ефесјаните 5,27; Тит 2,14; Псалм 144,14 (втор дел), 15.

„Темел на напредокот на црквата се поставува во домот. Влијанијата кои владеат во домот се пренесуваат и во црковниот живот; затоа црковните должности најпрвин треба да започнат во домот.“ – Адвентен дом, 318.
„(Господ) сака делото на реформација да започне во домот, од родителите, и тогаш црквата ќе увиди дека Светиот Дух делува. Влијанието на таквата работа ќе се почувствува во црквата како квасец. Татковците и мајките треба да се обратат. Тие не научиле како правилно да го обликуваат карактерот на своите деца.“ – Преглед и гласник, 18. март, 1902.
„Бог ги проценува членовите на црквата според она какви се тие во својот дом. Кога Христовите зборови се почитуваат во домот, влијанието се проширува и на црквата.“ – Преглед и гл., 21. јули, 1903.

б. Во која смисла влијанието на човекот во неговиот дом ќе се одрази на неговата корисност во црквата? 1 Тимотеј 3,5. Како тоа влијае на неговата надеж на вечен живот? Матеј 25,21.

„Оној кој работи во служба на евангелието мора да биде верен во неговиот семеен живот. Како татко, од суштинско значење е што подобро да ги искористи талентите што Бог му ги дал како би направил од својот дом симбол на небесно семејство. Во службата што ја извршува тој би требало да ја искористи од Бога дадената сила да придобие души за црквата. Како свештеник во домот и како Христов претставник во црквата, тој треба, во својот живот, да го прикаже Христовиот карактер…
„Оној што ќе пропушти да се докаже како верен и разумен пастир во својот дом, сигурно нема да успее да биде верен пастир на Божјото стадо во црквата.“ – Reflecting Christ, p. 179.
„Животот на Земјата е почеток на животот на Небото; воспитувањето на Земјата е запознавање со принципите на Небото; животниот повик тука претставува обука за животниот повик таму. Она што сме сега во карактерот и светата служба, однапред јасно ни открива што ние ќе бидеме.“ – Адвентен дом, 535.
„Големото реформно движење мора да започне во домот. Послушноста на Божјиот закон е голем поттик за марливост, штедливост, вистинољубивост и меѓучовечките односи.“ – Child Guidance, p. 489.
Среда 17. февруари

4. ПОДГОТОВКА ЗА СВЕДОЧЕЊЕ

а. Каков ќе биде нашиот одговор кога Божјиот Дух ќе ни го допре срцето? Исаија 6,8.

„Кога Бог ќе сака да изврши посебно дело за унапредување на вистината, Тој ќе ги поттикне луѓето да работат во рудниците на вистината со молитва и ревност како би ја откриле скапоцената руда. Овие луѓе ќе ја имаат Христовата истрајност. Тие нема да попуштат ниту ќе се обесхрабрат. Потполно ќе се стопат во Христа. Ќе одат во духот и силата на Илија да го подготват патот за второто доаѓање на нашиот Господ Исус Христос. Нивна задача е да исправат што е криво. Некои работи мора да се срушат, а нешто треба повторно да се изгради. Старите богатства треба повторно да се стават во рамката на вистината. Тие луѓе треба да ја проповедаат Божјата Реч; нивното сведочење не треба да биде обликувано со мислења и идеи кои се сметале за здрави и правилни, туку од страна на Божјата Реч која живее и останува засекогаш. Треба да го воздигнат Христа и да ги повикаат грешниците на покајание… укажувајќи им на сите на личната одговорност да бидат љубезни и великодушни, да прават добро и да придобиваат души за Христа.“ – The Ellen G. White 1888 Materials, p. 169.

б. Што ќе претставува жив доказ дека срцето е обновено? 2 Коринтјаните 5,17; Колосјаните 3,10; Матеј 5,16.

„Ако срцето е обновено од страна на Божјиот Дух, животот ќе сведочи за тоа… Промената ќе се види во карактерот, навиките и стремежите. Контрастот ќе биде јасен и недвосмислен помеѓу она што сме биле и што сме сега. Карактерот се открива и со зборови и со дела кои ни поминале во навика, а не во лоши или добри постапки кои тука и таму случајно сме ги направиле.“ – Патот кон Христа, 61.
„Љубовта на нашиот небесен Татко, откриена во дарот на својот Еднородниот Син на овој свет е доволна да ја инспирира секоја душа, да го растопи секое тврдо срце кое не чувствува љубов и да го наведе на понизност и нежност; па сепак, гледаат ли небесните битија во оние заради кои Христос умрел бесчувствителност кон Неговата љубов, тврдост на срцата, неподготвеност со благодарност да одговорат на Дарителот на сите добри нешта? Дали помалку важните настани ќе ја окупираат целокупната сила на битието, а Божјата љубов ќе остане невозвратена?… Потребен ни е раст во верата. Мораме да чекаме, бдееме, да се молиме, работиме, да преколнуваме Светиот Дух да се излее изобилно на нас, како би можеле да бидеме светлина на светот.“ – Fundamentals of Christian Education, pp. 198, 199.
Четврток 18. февруари

5. ОДЕТЕ ПО ЦЕЛИОТ СВЕТ

а. Со оглед дека Христос наскоро ќе дојде, која порака треба да се упати денес? Софонија 1,14; Амос 4,12.

„Како народ кој верува во скорото Христово доаѓање, мораме да ја објавиме пораката: ‘Приготви се да Го дочекаш твојот Бог, Израеле‘ (Амос 4,12).“ – 8 Сведоштво, 359.

б. Колку далекусежна е задачата на упатување на пораката на евангелието? Исаија 61,10.11; Матеј 24,14; Откровение 14,6.

„Дојдено е времето кога пораката за скорото Христово доаѓање треба да одекне низ целиот свет.“ – 9 Сведоштво, 19.

в. Како оваа порака треба да се упатува? Дела 4,29-31.

„Денес треба да ја зборуваме вистината со света смелост.“ – Одбрани пораки 2, 52.
„Трубата мора да даде одреден звук, бидејќи се наоѓаме во подготовка пред Големиот ден Господов.“ – Евангелизам, 218.
„Од Божјите одбрани луѓе (кои се Негови амбасадори) вистината ќе засвети. Таа ќе се слушне од нивните усти, ќе се гледа на нивните лица и ќе се покаже во нивниот живот. Ќе се одликуваат со чистота и нерасипаност. Христовата благодат има прочистувачко и облагородувачко влијание врз карактерот.“ – Reflecting Christ, p. 347.

Петок 19. февруари

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Како родителите можат да го започнат делото на реформација во своите домови?
2. Ако верно ги исполнувате своите обврски во домот, каде на друго место ќе бидете во можност да работите поефикасно?
3. Како Бог нѐ мери?
4. Како можеме да бидеме светлина во овој свет?
5. Што е вклучено во пренесувањето на вистината во светот?

Сподели го ова:

Слични објави