06 Уште еден Илија

Сподели го ова:

6. лекција – 6. февруари 2016.

Уште еден Илија

„Ете, Јас ќе го пратам кај вас пророкот Илија, пред да настапи денот Господов – голем и страшен. И тој ќе ги обрати срцата на татковците кон децата нивни, и срцата на децата кон татковците нивни, за да не дојдам и ја удрам земјата со проклетство.“ – Малахија 4,5.6.

„Во ова време, во предвечерјето на второто Христово доаѓање на небесните облаци, Бог ги повикува луѓето кои ќе подготват еден народ да опстане во големиот ден Господов. Исто такво дело, како она што Јован го направил, треба да се изврши во овие последни денови.“ – Коментари на библиските текстови, 424.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Совети за живот. и исхр., 225-247.

Недела 31. јануари

1. ДА СЕ ЖИВЕЕ ВО ВРЕМЕТО НА ПОСЛЕДОКОТ

а. Што е посебно значајно за времето во кое ние сега живееме? Малахија 4,1.5.

„Тој (Јован Крстител) бил претставник на оние што живеат во овие последни денови, на кои Бог им ги доверил светите вистини да им ги објават на луѓето и да го подготват патот за второто Христово доаѓање. Јован бил реформатор.“ – Коментари на библ. текстови, 71.

б. Каква мисија треба да извршиме додека се соочуваме со времето на последокот? 2 Петрово 3,11; Лука 16,13; 10,27.

„Оној што сака да изгради силен, хармоничен карактер, кој сака да биде добро урамнотежен христијанин, мора да даде и да стори сѐ за Христа, зашто Спасителот нема да прифати поделена служба.“ – Делата на апостолите, 377.

„Мораме да работиме во еден дух, имајќи го Христовиот ум. Ако го правиме тоа, во црквата ќе се разбуди нов живот.“ – Преглед и гласник, 29. ноември, 1898.

Понеделник 1. февруари

2. НА СТРАЖАРСКА ДОЛЖНОСТ

а. Во што се состои одговорноста на стражарот? Езекиел 33,6-9.

„Стражарите кои во старо време биле распоредени на ѕидовите на Ерусалим и другите градови заземале најодговорни позиции. Од нивната верност зависела безбедноста на сите кои живееле во областа на тие градови. Кога би се заканила опасност, тие не смееле да молчат ниту дење ниту ноќе. На секои неколку моменти тие морале да се довикуваат еден со друг за да видат дали се сите будни и на некој од нив да не му се случила несреќа. Стражарите биле поставени на истакнати места за набљудување од кои тие можеле да ги видат сите важни положби кои требало да се чуваат, и од тие места за набљудување одекнувал глас на предупредување или пак некои добри вести. Тој глас бил будно пренесуван од еден стражар до друг; секој од нив ги повторувал зборовите што ги слушнал, сѐ додека веста не го обиколила целиот град.
Овие стражари ги претставуваат проповедниците, од чија верност зависи спасението на душите.“ – 4 Сведоштво, 310.
„Сега не е време да се опуштиме во своите напори, да станеме незаинтересирани и малодушни; не е време да ја сокриваме својата светлина под садот, да зборуваме мили работи; да пророкуваме измама. Не, не; нема место за поспаните стражари на ѕидовите на Сион. Сите сили треба во целост и исклучиво да се стават во служба на Бога.“ – The Ellen G. White 1888 Materials, p. 720.

б. За што треба да размислуваме додека гледаме на времето во кое денес живееме? 1 Коринтјаните 15,34; Римјаните 13,11.12.

„Браќа мои, ние живееме во најсвечениот период на историјата на оваа Земја. Нема време за грев. Секогаш било опасно да се продолжи во престапот, но во посебна смисла денес е навистина опасно. Се наоѓаме на самата граница на вечниот свет, и во посвечен однос кон времето и вечноста отколку кога било досега.“ – Сведоштво за проповедници, 122.
„Енох имал искушенија како и ние… Него не го извалкале гревови кои преовладувале во времето во кое живеел. Исто така и ние можеме да останеме чисти и неизвалкани. Тој ги претставувал светите кои живеат во услови на опасностите и расипаноста на последните денови. Поради својата непоколеблива послушност на Бога бил вознесен во небото. Исто така ќе биде вознесен и верниот остаток и пренесен од грешниот и расипаниот свет како би уживале во чистите радости на небото.“ – 2 Сведоштво, 130.
Вторник 2. февруари

3. НАЛОГ ДА СЕ ПОДГОТВИ ПАТОТ

а. Кој треба да ги објави завршните пораки на евангелието? 2 Тимотеј 4,2; Откровение 14,6; Малахија 3,1.

„(Откровение 14,6.7). Оваа порака претставува дел на ‘вечното евангелие’. Проповедањето на евангелието не им е доверено на ангелите, туку на луѓето. Небесните ангели управуваат со тоа дело. Тие водат големо движење кое треба да му донесе спасение на човечкиот род, но самото проповедање на евангелието го вршат Христовите слуги на земјата.“ – Големата борба 320.

б. Што покажува дека ние треба да го подготвиме патот за второто Христово доаѓање, како што тоа го направил Јован Крстител пред Неговото прво доаѓање? Исаија 40,3; Јован 1,23; Евреите 12,13.

„Мисијата на Јован Крстител е мисија и за денешно време. Неговото делување и делувањето на оние кои одат напред во духот и силата на Илија да ги разбудат луѓето од нивната рамнодушност се исти во многу погледи. Христос треба да дојде по вторпат за да му суди на светот праведно. Божјите гласници кои ја носат последната порака на предупредување што треба да му се пренесе на светот, треба да го подготват патот за второто Христово доаѓање исто онака како што Јован го подготвил патот за Неговото прво доаѓање.“ – The Youth’s Instructor, May 17, 1900.

в. Зошто е потребна подготовка? Евреите 12,14; Лука 12,39.

„Христијаните мора да се подготват за она што наскоро ќе го снајде светот како најголемо изненадување, а подготовката треба да се состои од марливо проучување на Божјата Реч и во напорите својот живот да го усогласат со нејзините прописи… Бог повикува на обнова и реформација.“ – Пророци и цареви, 426.
„Бог сака припадниците на Неговиот народ да се подготват за кризата што наскоро ќе настапи. Подготвени или неподготвени, сите ќе мора да се соочат со неа; а само оние кои својот живот го усогласиле со божественото мерило, ќе останат цврсти во тоа време на испит и искушување.“ – Делата на апостолите, 334.

Среда 3. февруари

4. ОБРАЌАЊЕ НА СРЦЕТО НА РОДИТЕЛИТЕ И ДЕЦАТА

а. Која особена задача родителите се повикани да ја направат? Лука 1,13-17; Изреки 22,6.

„Ангел од небото дошол да им порача на Захарија и Елисавета како треба да го обучуваат и едуцираат своето дете, со цел да работат во хармонија со Бога во подготовката на гласникот кој треба да го најави Христовото доаѓање. Како родители тие требало верно да соработуваат со Бога во формирање на таков карактер кај Јован, како би можел како способен работник да ја извршува должноста која му била доделена. Јован бил дете родено во нивните поодминати години, неговото раѓање претставувало чудо, па родителите можеле да заклучат дека Господ ќе се грижи за него бидејќи требал да изврши посебна мисија за Господа. Меѓутоа, родителите не размислувале на таков начин; одлучиле да живеат повлечено во природа, каде нивниот син нема да биде изложен на искушенијата на градскиот живот или предизвикан да отстапи од советите и упатствата кои тие како родители ќе му ги дадат. Тие ја одиграле својата улога во развојот на карактерот на детето кое во секоја смисла ќе ја исполни целта која Бог ја наменил за неговиот живот. Нивниот син не смеел да пропушти да стане добар и мудар поради безгрижното запоставување на нивниот дел (Лука 1,7-9).“ – The Signs of the Times, April 16, 1896.

б. Која посебна лична задача секој од нас е повикан да ја направи? Малахија 4,4-6.

„Татковци и мајки, обратете ги своите срца за да го побарате Бога; врз вас почива голема одговорност вашите деца да стекнат правилно обликуван карактер. Секогаш имајте ги пред очите нивните вечни интереси. Учете ги да бидат префинети, благородни, чисти, откривајќи ги највисоките црти на карактерот, како пред светот и небото би објавиле дека избрале да му служат на Бога…
Големи благослови и духовна сила ќе дојдат во семејствата кои се определиле да ги стават настрана оние работи кои не се од примарна важност и кои одлучно ќе го преземат делото на подготовка за Господовото доаѓање. Бог на родителите им доверил задача да им помогнат на своите деца да стекнат искуство слично на Христовото…
Откријте во својот живот сличност и склад со Христовиот лик. Подобрете ги талентите што ги имате; негувајте ги силите на умот и телото; зголемувајте го вашето познавање на Божјата Реч; подобрете го дарот на говор; со сведоштво на еден побожен пример издигнете ја пред другите моќта на Речта да го преобрази карактерот.“ – Преглед и гласник, 5. октомври, 1911.
Четврток 4. февруари

5. ЗАДАЧА ЗА РОДИТЕЛИТЕ И ДЕЦАТА

а. Зошто било потребно Јовановите родители да го подигаат своето дете по строгите принципи на исхраната? Лука 1,15; Матеј 3,4.

„На детето ќе влијаат навиките на мајката, било на добро или на зло. Таа самата мора да биде под контрола на принципите и да вежба воздржување и самоодрекување, ако таа му посакува добро на своето дете.
Бог имал важна задача за детето ветено на Захарија; задача која барала активно размислување и одлучна акција. Јован морал да развие здрава телесна градба, умна и морална сила; требало да ги обезбеди овие потребни услови како неговите навики би биле правилно насочени, дури од детството… Ве повикуваме принципите на умереност да бидат вклучени во домашниот живот; примерот на родителите да претставува поука на децата за воздржаност, самооткажување и самоконтрола и да ги спроведуваат, доколку е можно, дури од најраната возраст.“ – Historical Sketches, pp. 208, 209.

б. Зошто е толку важно да ги насочиме напорите на воспитување на воите деца? Изреки 22,6; Псалм 127,3.

„Повеќе од која било природна дарба, навиките стекнати во раните детски години одлучуваат дали некој ќе биде победник или победен во животната борба. Младоста е време за сеидба. Таа одредува каква ќе биде жетвата за овој и за идниот живот.“ – Копнежот на вековите, 60.

Петок 5. февруари

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Ако го сакаме Бога над сѐ, како тоа ќе влијае на нашиот начин на живот?
2. Како верниот стражар треба да се однесува денес ?
3. Како можеме да се подготвиме за претстојната криза?
4. Кое особено дело Бог сака денес да се изврши во семејниот круг?
5. Како можеме да ги поучуваме своите деца на умереност/воздржаност, и како тоа знаење може да им помогне во подоцнежниот живот?

Сподели го ова:

Слични објави