05 Јовановата порака

Сподели го ова:

5. лекција – 30. јануари 2016.

Јовановата порака

„Се јави Јован, крштавајќи во пустината и проповедајќи покајно крштавање за проштавање на гревовите.“ – Марко 1,4.

„Јовановата работа и мисијата ги потсетувале луѓето на Законот и пророците, додека тој истовремено ги насочувал на Христа како Спасител на светот. Ги повикувал да гледаат на ‘Јагнето Божјо, Кое ги зеде гревовите на светот врз Себе’ (Јован 1,29).“ – The Southern Watchman, March 21, 1905.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: The Spirit of Prophecy, vol 2, pp. 47-57.
Недела 24. јануари

1. ХРИСТОС КАКО ЦЕНТАР

а. На кого Јован ги насочувал своите слушатели? Матеј 3,11; Дела 19,4; Јован 1,29.

б. Кој бил изворот на Јовановото знаење? Лука 3,2. Во која смисла нашиот начин на поучување треба да биде сличен на Јовановиот? Евреите 12,2; 2 Коринтјаните 3,18.

„Јован Крстител во неговиот пустински живот го поучувал самиот Бог. Воден од Светиот Дух, тој ги проучувал откровенијата Божји во природата, а ги пребарувал и списите на пророците. Христос и ден и ноќ бил предмет на неговото проучување и духовно размислување, сѐ додека и срцето и душата не му биле исполнети со величествената претстава за Него.“ – Слуги на евангелието,42.
„За нас би било добро секој ден да поминеме еден час во размислување за Христовиот живот. Треба да го проучуваме во секој детал, за во мислите да го оживееме секој настан, особено завршните настани. Додека така размислуваме за Неговата голема жртва поднесена заради нас, нашата доверба во Него ќе биде многу попостојна, нашата љубов ќе оживее, а Неговиот Дух сѐ подлабоко ќе нѐ исполнува. На крај, доколку сакаме да бидеме спасени, мораме да ја научиме поуката за покајанието и за понизноста во подножјето на крстот.“ – Копнежот на вековите,49.

Понеделник 25. јануари

2. ПОВИК НА ПОКАЈАНИЕ

а. Каква била содржината на Јовановата порака? Лука 1,17; Матеј 3,1.2.8.

„Проповедањето на Јован Крстител предизвикало силна возбуда. На почетокот на неговата служба верскиот интерес кај народот бил на ниско ниво. Суеверие, традиции и приказни внесувале забуни во умовите на луѓето така што тие не разбрале кој е вистинскиот пат. Во својата ревност да си обезбедат световно богатство и чест, луѓето заборавиле на Бога. Јован истапил напред како би го најавил Помазаникот Господов и ги повикувал луѓето на покајание.“ – The Youth’s Instructor, May 17, 1900.
„Јован го објавувал доаѓањето на Месијата и го повикувал народот на покајание. Како симбол на очистување од гревовите, тој ги крштевал во водите на Јордан. Така со значајна, очигледна поука, објавил дека оние, што себеси се прогласиле за Божји избран народ, биле извалкани со грев и дека без очистување на срцето и животот не можат да имаат дел во царството на Месијата.“ – Копнежот на вековите, 63.

б. Во каква состојбата се наоѓаат луѓето денес? 2 Тимотеј 3,1-4. Каква порака ние треба да им упатиме? Дела 17,30; 26,19.20.

„Мораме да ги убедиме луѓето ширум светот да се покајат и да го избегнат гневот што доаѓа. Тие ќе ги спасат или изгубат своите души. Да не бидеме рамнодушни по ова прашање. Господ ги повикува работниците полни со искрена сериозност и одлучност. Кажете им на луѓето да бидат подготвени и во ‘добро време и во невреме’. Со зборови на живот на усните, тргнете и говорете им на мажите и жените дека крајот на сите нешта е близу.
Да ги зацврстиме своите души во љубовта Божја. Мораме да ја објавиме пораката на предупредување. Вистината не смее да слабее на нашите усни. Мораме да ги поттикнеме луѓето неодложно да се подготват, бидејќи речиси ништо не знаеме за она што нѐ чека. Никогаш поцврсто не сум верувала дека живееме во последниот остаток од времето. Нека секој учител ја отвори вратата пред сите кои сакаат да дојдат кај Исус и да се покајат за своите гревови.“ – Евангелизам, 217.
„Вистинското покајание произлегува од чувството на одвратност кон направениот грев… Има голема разлика меѓу неизбежното признавање на фактите кога тие веќе се докажани, и искреното признавање на гревовите за кои знаеме само ние и Бог.“ – Коментари на библиските текстови, 107.

Вторник 26. јануари

3. ВИСТИНСКИ ДЕЦА НА АВРАМ

а. Какво тврдење изнесувале еврејските водачи? Како Јован одговорил на ова тврдење? Матеј 3,7-10.

„Јован ја укорил (фарисеите и садукеите) себичната гордост и алчноста. Ги предупредил на нивното неверие и го осудил нивното лицемерие. Им рекол дека тие не ги исполниле условите на заветот од своја страна, што би им дало право на ветувањата кои Бог им ги дал на верниот и послушен народ. Нивното гордо фалење дека се деца на Аврам не ги направило такви. Нивната гордост, нивната ароганција, себичност и свирепост ги обележувале како генерација на змии отровници, а не како деца на послушниот и праведен Аврам. Нивните безбожни дела ги дисквалификувале од правата на Божјите ветувања кои Бог им ги ветил на Аврамовото потомство. Јован ги уверил дека Бог од камен ќе му подигне деца на Аврам, врз кои ќе може да ги исполни своите ветувања, наместо да зависи од природните потомци на Аврам кои ја занемариле светлината што Бог им ја дал и чиешто срце станало тврдо поради себичните амбиции и злото неверување. Тој им рекол дека, кога тие навистина би биле вистински деца на Аврам, тие би ги вршеле делата на својот татко Аврам. Би ја имале Аврамовата вера, љубов и послушност. Меѓутоа тие не донесувале таков род. Тие немале право да се повикуваат на Аврам како на свој татко, ниту на ветувањата кои Бог ги дал на Аврамовото потомство.“ – The Spirit of Prophecy, vol. 2, p. 51.

б. Како Исус подоцна одговорил на истите тврдења кои ги изнесувале Евреите? Јован 8,39.40.

в. Во која смисла ние денес можеме да бидеме сметани за Авраамово потомство? Галатјаните 3,26-29.

„Додека од една страна тврделе дека се Божји народ кој ги држи Неговите заповеди, нивните дела ја негирале нивната вера; без вистинско покајание за своите гревови не можеле да имаат удел во Христовото царство. Правдата, добродетелта, милоста и Божјата љубов би го обележувале животот на народот кој ги држи Неговите заповеди. Сѐ додека овие родови не биле видливи во нивниот секојдневен живот, сите нивни тврдења не биле повредни од слама која ќе ја проголта оган кој уништува.“ – The Spirit of Prophecy, vol. 2, p. 51.52.
Среда 27. јануари

4. ВИСТИНСКА ВЕЛИЧИНА

а. Што претставува сила и основа на вистинската величина? Псалм 27,1; Излез 15,2; Галатјаните 2,20.

„Силата на народите и на поединците не се наоѓа во можностите и капацитетите кои наизглед изгледаат непобедливи; таа не се наоѓа во нивната горделива величина. Божјата сила е единственото што може да ги направи големи или силни. Самите тие, со својот став кон Неговите намери, одлучуваат за својата судбина.“ – Christ Triumphant, p. 180.
„Вистинското почитување кон Бога е инспирирано од чувството за Неговата бескрајна величина и свеста за Неговата постојана присутност. Со таа свест за Невидливиот мора длабоко да биде проникнато секое срце.“ – Пророци и цареви, 28.
„Зборовите што ги изговарате пред луѓето во светот ќе остават посебен впечаток ако тие се совпаѓаат со она што го кажувате во црквата. Вашиот став, вашите зборови, вашиот дух, постојано оставаат впечаток на оние со кои доаѓате во контакт.“ – Christ Triumphant, p. 198.

б. Што за другите – додека им го пренесуваме знаењето за Бога – претставува помоќно осведочување од самите зборови? Матеј 5,14-16; 2 Солунјаните 3,9 (последен дел).

„Никој од нас не може да живее така што нема да влијае на светот околу себе. Ниту еден член на семејството не може толку да се повлече во себе а останатите членови на семејството да не го почувствуваат неговиот дух и влијание. Дури и изразот на лицето врши влијание на добро или зло. Неговиот дух, неговите зборови, неговите постапки, неговиот однос кон другите не можат да се избришат. Неговата себичност ја опкружува неговата душа со отровна атмосфера. Меѓутоа ако е исполнет со Христовата љубов, ќе биде учтив, љубезен, нежен и внимателен кон чувствата на другите. Преку делата на својата љубов ќе им го пренесе на своите ближни чувството на нежност, благодарност и среќа. Сите тогаш ќе сфатат дека таквиот човек живее за Исуса и секојдневно покрај Неговите нозе прима поуки, Негова светлина и Негов мир.“ – Адвентен дом, 33.34.
„Нека сите настојуваат да ги откријат туѓите доблести, а не недостатоците. Често токму нашиот став, атмосферата која нѐ опкружува, одредуваат што другите ќе откријат во нас.“ – Адвентен дом, 105.
Четврток 28. јануари

5. РЕАКЦИЈАТА НА ЛУЃЕТО

а. Што е тоа што привлекувало толку голем број на луѓе во пустината? Марко 1,4; Лука 3,15.

„Божјиот пророк стоел цврст како карпа, верен на мисијата да го укори гревот и злосторствата во сите форми, како кај царевите и благородниците, така и кај непризнаените и непознатите. (Јован Крстител) не отстапил од должноста. Лојален на Бога, со благородно достоинство на моралниот карактер, цврст како карпа, верен на принципот.“ – Духот на пророштво 2, 72.
„Мноштвото го прифатило Јовановото проповедање и го следеле од место во место. Мнозина негувале во своите срца надеж дека тој е Месијата. Но, кога видел како луѓето се свртуваат кон него, Јован настојувал нивниот ум да го насочи на Оној кој треба да дојде.“ – Преглед и гласник, 28. ноември, 1907.

б. Кои значајни промени се случувале во животот на луѓето? Матеј 3,8; Дела 18,24.25; 2 Коринтјаните 5,17.

„Спасението… е жива заедница со Исус Христос, како би биле обновени во срцето, би ги чинеле Христовите дела со вера и трудот на љубовта, со трпение, кротост и надеж. Секоја душа која е едно со Христа ќе биде жив мисионер за сите околу него.“ – Евангелизам, 319.

Петок 29. јануари

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Како нашето дневно проучување може да стане слично на проучувањето на Јован Крстител?
2. Во која смисла пораката која ние денес треба да ја изнесеме е слична на онаа на Јован?
3. Како можеме да се сметаме за Аврамови деца денес?
4. Споменете на кои сѐ начини можеме да вршиме позитивно влијание на другите?
5. Како луѓето се менувале под влијание на Јовановата порака?

Сподели го ова:

Слични објави