13 Претслика на Христос

Сподели го ова:

13. лекција – 28. март 2015.

Претслика на Христос

“Бидејќи вие треба да ги имате истите мисли, што ги има Исус Христос.“ – Филипјаните 2,5.

“Јосифовиот живот е илустрација на Христовиот живот.“ – Патријарси и пророци, 238 (239).

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: 2 Сведоштво, 217-234.

Недела 22. март

1. ПРЕДАДЕН ОД СВОИТЕ БРАЌА

а. Како предавничката постапка на синовите на Јаков може да се спореди со Христовото предавство? Битие 37,18; Јован 1,11; Матеј 21,37-39.

“Јосифовиот живот е илустрација на Христовиот живот. Зависта ги навела Јосифовите браќа да го продадат како роб; тие се надевале дека на тој начин ќе го спречат да стане поголем од нив. А кога бил спроведен во Египет, си ласкале себеси дека не мораат веќе да се вознемируваат поради неговите соништа, зашто отстраниле секаква можност тие да се исполнат. Но со нивните постапки управувал Бог, па се случило токму она што тие се обиделе да го спречат. Така и еврејските свештеници и старешини Му завидувале на Христа, плашејќи се дека Тој ќе го привлече вниманието на народот и ќе ги одврати луѓето од нив. Го убиле за да спречат да стане цар, но со тоа тие само придонеле да се оствари токму тоа.“ – Патријарси и пророци, 238 (239).

б. На кој начин продажбата на Јосиф може да се спореди со Јудината продажба на Христа? Битие 37,28; Матеј 26,14-16.

“Јосиф бил продаден на своите непријатели од своите браќа за мала сума на пари. Божјиот Син бил продаден на своите најогорчени непријатели од страна на еден од своите ученици. Исус бил кроток и свет. Неговиот живот бил живот на неспоредливо самоодрекување, добрина и светост. Тој не бил виновен за било која неправда. Сепак биле ангажирани лажни сведоци да сведочат против Него. Тој бил омразен затоа што верно го укорувал и осудувал гревот и изопаченоста.“ – Коментари на библиските текстови, 41.
Понеделник 23. март

2. НЕПРАВЕДНО ОБВИНЕТ

а. Што се случило со облеката на Јосиф и на Христос? Битие 37,23.31; Матеј 27,28.35.

“Браќата на Јосиф му ја зеле наметката со многу бои. Исусовите егзекутори фрлале жрепка за Неговата едноделна наметка.“ – Коментари на библиските текстови, 42.

б. Како со своите постапки оние кои се противеле на Јосиф и Христос придонеле за нивното сопствено спасение? Битие 50,20.21; Дела 2,36-38.

“Јосиф, со тоа што бил продан од страна на неговите браќа во Египет, станал спасител на семејството на неговиот татко. Сепак, овој факт не ја намалува вината на неговите браќа. Распнувајќи Го Христа Неговите непријатели Го направиле Спасител на човештвото, Спасител на паднатиот човечки род и Владетел на целиот свет. Но, злосторството на Неговите непријатели е исто така гнасно како Божјата рака да не ги контролирала настаните за Негова слава и за доброто на човекот.“ – Знаци на времето, 5. февруари, 1880.

в. Како Јосифовиот став во страдањето симболично укажувал на Христовите страдања? Битие 39,19.20; Исаија 53,6-8.

“Јосиф одел со Бога. И кога бил затворен и страдал заради својата невиност, тој кротко тоа го поднесувал без мрморење. Неговата самоконтрола, неговото трпение во неволјите и неговата непоколеблива верност останале запишани за доброто на сите кои подоцна требале да живеат на земјата.“ – Знаци на времето, 5. февруари, 1880.
“Околу крстот се собрале заслепените, фанатичните и неверните свештеници и старешините, исмејувајќи Го: ‘Ти, што го уриваш храмот и за три дни го соѕидуваш, спаси се Себеси!’ (Матеј 27,40)…
Исус не кажал ниту еден збор како одговор на сето ова. Додека клинците му ги пробивале рацете, а капки на пот во агонија излегувале од Неговите пори, од бледите и треперливи усни на невиниот страдалник се слушнала молитва на љубов и простување за Неговите убијци: ‘Оче, прости им, зашто не знаат што прават’ (Лука 23,34).“ – 2 Сведоштво, 226 (208.209).

Вторник 24. март

3. ВОЗВИШЕН ДО НАЈВИСОКИ ПОЧЕСТИ

а. Откако бил ослободен од затворот, Јосиф бил поставен за втор владетел; му било дадено ново име и сите морале да му се поклонуваат. Како ова може да се спореди со Христа откако бил ослободен од смртната темнина? Битие 41,41-45; Евреите 10,12.13; 1,3.4; Филипјаните 2,9-11.

“Кога човекот се побунил, Христос станал негов Гарант и замена. Тој стапил во борба со силите на темнината; и кога преку смртта го уништил оној кој ја имал власта над смртта, Нему му биле дарувани највисоки почести. Вознесувајќи се високо, Тој ги повратил заробените и седнал од десната страна на Бога – токму оној Исус Кој го носел проклетството на гревот за нас. И таму Му е дадено име што е над секое име, името Исус пред кое треба секое колено да се поклони. Нему Бог му ја дал Својата моќ; Тој ги има клучевите од смртта и од гробот.“ – Библиско ехо, 15. јануари, 1889.

б. Какви сличности можат да се најдат во животната мисија на Јосиф и Христос? Како Бог ги употребил и едниот и другиот во спасување на човечките животи? Битие 45,5-8; Јован 3,16.17; 6,53.63; 5,24.

“Записот за распнатиот и воскреснатиот Спасител е голема централна тема на Божјата Реч. Во псалмите, во пророштвата, во евангелијата и во посланијата, Бог ги открива и нагласува вистините од животно значење кои се однесуваат на договорот меѓу Отецот и Синот во подготвеноста да го спасат изгубениот човечки род.
Христос бил распнат за да го спаси светот. За Своите непријатели, за родот кој се побунил против Бога, нашиот Спасител претрпел најужасна агонија која човечкото тело може да ја издржи. Тој бил направен како сеопфатна кауза за грешниците да не пропаднат. Во светлината на Неговите смртни агонии на крстот, можеме да знаеме дека секој кој навистина ќе се покае и ќе Го прими како свој личен Спасител, ќе добие вечен живот.“ – РХ, 24. септември, 1908.
“Евангелскиот повик треба да му биде објавен на целиот свет…
Светот пропаѓа поради недостиг на евангелието. Постои глад за Божјата Реч. Ретки се оние што ја проповедаат Речта неизмешана со човечка традиција. Иако ја имаат Библијата во раце, луѓето не ги добиваат благословите што Бог им ги поставил во неа. Господ ги повикува Своите слуги да им ја однесат Неговата порака на луѓето. Речта на вечниот живот мора да им се објави на оние што пропаѓаат во своите гревови.“ – Христовите очигледни поуки, 198 (228.229).
Среда 25. март

4. ВЕТЕНАТА ЗЕМЈА

а. Во која смисла пренесувањето на Јосифовото тело во Ханан ја симболизира надежта на небесниот Ханан? Битие 50,25; Излез 13,18.19; Евреите 11,22.39.40.

“И во текот на вековите што настапиле – вековите на тешко и мрачно робување – тој ковчег служел како потсетник на последните зборови на Јосиф изговорени пред смртта, и за Израелците претставувал сведоштво дека нивниот престој во Египет е само привремен, бодрејќи ги своите надежи да ги фиксираат кон ветената земја, зашто времето на избавување сигурно ќе дојде.“ – Патријарси и пророци, 240.
“Единствената надеж за еврејската нација е во нивното прифаќање на Христа, во напуштањето на своите гревови, во помирувањето со Бога. Обединети со Христа, тие ќе станат навистина голема нација. Тој ќе работи за нив како што Тој работел за нив во минатото. Да биле послушни, Тој би ги водел кон небесниот Ханан како што ги засадил во земниот Ханан.“ – Знаци на врем., 21. јули, 1898.

б. Која е нашата надеж додека патуваме низ овој свет? 1 Солунјаните 4,13-18; Јован 14,1-3.

“Ние сме навистина само странци овде, и поклоници за подобра земја. Нашиот потенцијален дом е небесниот Ханан, каде што ќе пиеме од: ‘чиста река со вода на животот, бистра како кристал, која истечуваше од престолот на Бога и на Јагнето‘ (Откровение 22,1).“ – РХ, 17. ноември, 1885.
“Наложено ми е да ти кажам дека вие не знаете колку брзо кризата ќе дојде. Таа се приближува постепено и нечујно како крадец. Сонцето сјае на небото, поминувајќи по својата вообичаена патека, а небесата сè уште ја објавува славата на Бога; луѓето на вообичаен начин продолжуваат да јадат и пијат, садат и ѕидаат, се женат и се мажат; трговците се уште се занимаваат со купување и продавање; публикациите и написите од секаков вид сè уште излегуваат редовно; луѓето меѓусебно се конфронтираат во борбата за највисоки места; љубителите на задоволства сè уште се присутни во театрите, коњските трки, коцкарниците, и насекаде преовладува највисока возбуда; но времето на милоста бргу се приближува кон својот крај, и секој случај ќе биде вечно одлучен. Ретки се оние кои веруваат со срце и душа дека постои рај кој треба да го здобиеме и пекол кој треба да го избегнеме; но тие својата вера ја покажуваат со своите дела.“ – Совети за родителите, учителите и студентите, 343 (413.414).
Четврток 26. март

5. ХРИСТОВИОТ КАРАКТЕР

а. На кој начин единствено можеме да му бидеме верни на Бога како што бил Јосиф? Филипјаните 2,5; 2 Коринтјаните 3,18; Евреите 12,2.

“Драгоцени се привилегиите на оние кои пребиваат во Христа… Христовиот ум живее во Неговите верни следбеници; нивните желби се во согласност со Неговата волја; нивните молитви се водени од Светиот Дух. Тие добиваат одговор на нивните молитви, бидејќи ги бараат оние благослови кои Тој со радост ги дарува.“ – Нашиот висок повик, 147.

б. Во овие последни денови во кои преовладува злото, што треба да посакуваме повеќе од сè друго? 1 Јованово 3,2.3; 1 Петрово 2,21-23; 5,10.

“Кога човекот е во заедница со Бога, тогаш непоколебливоста на цврстата намера, која ги одржала Јосиф и Даниел среде расипаноста на незнабожечките дворови, ќе го сочува и неговиот живот во неизвалкана чистота. Облеката на неговиот карактер ќе биде беспрекорна. Христовата светлина во неговиот живот нема да потемни. Сјајната ѕвезда Деница, секогаш ќе блеска над него во својата непроменлива слава.
Еден таков живот ќе претставува елемент на сила во заедницата. Тој ќе биде бариера против злото, заштитник на оние кои се искушувани и светлина водилка за оние кои, среде тешкотиите и обесхрабрувањата, го бараат вистинскиот пат.“ – Здравје и среќа, 112.113 (136).
“Ние ќе поминеме низ овој свет, но само еднаш. Зарем нема да настојуваме да оставиме добар впечаток со својот карактер кој станал сличен на Христовиот?“ – 9 Сведоштво, 200 (193).

Петок 27. март

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Кои честопати се најлошите непријатели на верниците?
2. Каков треба да биде нашиот став кога нè прогонуваат заради вистината?
3. За што светот гладува денес, и како можеме да им помогнеме и да им донесеме олеснување?
4. Зошто верните се сметаат како странци и гости во овој свет?
5. Што најмногу отскокнува кога го посматраме Јосифовиот живот?

Сподели го ова:

Слични објави