11 Втората средба
11. лекција – 14. март 2015.
Втората средба
“Ова е Моја заповед: да се љубите еден со друг, како што ве возљубив Јас. Никој нема поголема љубов од оваа: да ја положи душата своја за своите пријатели.“ – Јован 15,12.13.
“Во љубовта се наоѓа многу поголема моќ отколку што некогаш може да се најде во осудувањето. Љубовта ќе го пробие својот пат низ сите пречки, додека осудата и критиките ги затвораат сите приоди до душата.“ – 3 Сведоштво, 88.89 (94).
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Знаци на времето, 29. јануари, 1880.
Недела 8. март
1. СТРАВ ОД ОДМАЗДА
а. Додека Јосиф подготвувал гозба за своите браќа, што било најглавно во нивните мисли? Битие 43,16-22.
“Кога ги повеле во палатата на гувернерот, браќата на Јосиф се уплашиле дека ќе бидат повикани на одговорност поради парите најдени во нивните вреќи. Си мислеле дека сето тоа можеби е намерно поставено за да се најде изговор за нивно заробување. Во својата вознемиреност, тие му се обратиле на управникот на Јосифовиот дом и му раскажале под кои околности дошле во Египет. Како доказ за својата невиност му кажале дека ги вратиле парите пронајдени во нивните вреќи, а исто така, донеле и други пари за да купат храна. ‘Не знаеме кој ни го стави среброто наше во вреќите’ (Битие 43,22).“ – Патријарси и пророци, 225 (228).
б. Како реакцијата на слугата говорела дека Јосиф навистина бил мисионер во Египет? Битие 43,23; Римјаните 10,13-15.
“Преку Јосиф вниманието на фараонот и на египетските големци било насочено кон вистинскиот Бог; иако тие и натаму се придржувале до своите идоли, сепак научиле да ги почитуваат начелата покажани во животот и карактерот на приврзаникот на Јехова.“ – Патријарси и пророци, 219 (222).
Понеделник 9. март
2. ИСПОЛНУВАЊЕ НА СОНОТ
а. Како се чувствувал Јосиф кога го видел неговиот помлад брат за прв пат после дваесет години? Битие 43,24-30.
“Кога Јосиф го видел Венијамина со нив, тој едвај можел да ги задржи своите братски чувства на љубов. Наредил да се направат подготовки за неговите браќа да вечераат со него…
Кога Јосиф дошол дома, неговите браќа му ги предале даровите во името на нивниот татко и му се поклонија до земја.“ – Духовни дарови 1, 145.146.
“Тогаш Јосиф си спомнал за своите соништа и откако ги поздравил гостите, веднаш ги прашал: ‘Добар ли е вашиот стар татко, за кого ми зборувавте? Жив ли е уште?’
А тие одговорија: ‘Жив е слугата твој, нашиот татко, и здрав е.’ Па се наведнаа и му се поклонија. А кога ги подигна очите свои (Јосиф), го виде братот свој, Венијамин, и рече: ‘Овој ли е најмалиот брат ваш, за кого ми зборувавте?’ И додаде: ‘Бог нека ти биде благонаклонет, синко!’ Тогаш Јосиф побрза надвор, зашто срцето му се беше возбудило поради братот негов. Му дојде да заплаче, па влезе во внатрешната соба и таму плачеше’ (Битие 43,27-30).“ – Патријарси и пророци, 226 (228).
б. Што сите браќа мошне необично ги изненадило додека ручале со Јосиф? Битие 43,31-33.
“Јосиф ги поставил своите браќа на масата, каков што бил обичајот кога биле познати нивните години, почнувајќи од најстариот, според нивното првородство, се распоредиле еден по друг до најмладиот, како тој совршено да ја знаел нивната возраст. Браќата биле изненадени од оваа постапка на Јосиф, како тој, мислеле тие, можел да ја знае нивната возраст.“ – Духот на прор. 1, 146.147.
в. Зошто Јосиф настојувал да му угодува на Венијамин пред неговите браќа? Битие 43,34.
“Бидејќи Јосиф испраќал делови од храната на секој од своите браќа, тој на Венијамин му испратил пет пати повеќе отколку на другите. Тој го сторил тоа не само да ја покаже својата особена наклонетост кон својот брат Венијамин, туку да провери дали тие кон Венијамин ја негуваат онаа иста завист која некогаш ја покажувале кон него. Тие мислеле дека Јосиф не го разбира нивниот јазик и затоа слободно разговарале еден со друг во негово присуство; затоа Јосиф имал добра прилика да ги дознае нивните вистински чувства без нивно знаење.“ – Духот на пророштвото 1, 147.
Вторник 10. март
3. ПРОВЕРКА НА ЉУБОВТА
а. Зошто Јосиф наредил неговата чаша да се стави во вреќата на Венијамин? Битие 44,1-6.
“Сепак (Јосиф) сакал да ги провери (неговите браќа) уште еднаш, и пред нивното заминување наредил неговата сребрена чаша да се сокрие во вреќата на најмладиот брат.
Браќата радосно се упатиле дома. Со нив биле Симеон и Венијамин. Нивните животни биле натоварени со жито, и сите чувствувале дека среќно ги избегнале опасностите што им изгледале неизбежни. Но, само што излегле од периферијата на градот, ги стигнал надзорникот на гувернерот и ги обвинил: ‘Зошто враќате зло за добро? (Битие 44,4).“ – Патријарси и пророци, 226 (229).
б. Како браќата реагирале кога ја виделе чашата во вреќата на Венијамин? Битие 44,11-13. Зошто слугата започнал од најстариот брат?
“Царевите и владетелите имале чаша од која пиеле и која била сметана за сигурен детектор ако некоја отровна супстанца е ставена во нивниот пијалак… ‘И тие брзо ги симнаа вреќите свои, и ги одврзаа секој својата вреќа. А тој почна да бара, почнувајќи од најстариот, и завршувајќи со најмалиот; и се најде чашата во вреќата Венијаминова (Битие 44,11.12).
Со ова откритие сите во голема мера биле изненадени и тоа го изразиле со својата голема вознемиреност, ја раскинале својата облека, што било обичај кога некој ја изразувал својата голема болка. Венијамин бил шокиран и збунет најмногу од сите браќа. Тие се вратиле во градот тажни и исплашени. Мислеле дека Божјата рака е против нив поради беззаконијата од минатото.“ – Духот на пророштвото 1, 147.148.
в. Зошто е важно внимателно да ги одбираме нашите зборови, дури и кога се чувствуваме сигурни? Битие 44,7-10; Матеј 12,36.37.
“Според она што самите го изјавиле, Венијамин бил осуден на ропство. И стравувањата на нивниот татко би можеле целосно да се реализираат. Несреќата го погодила неговиот најсакан син Венијамин.“ – Духот на пророштвото 1, 148.
Среда 11. март
4. ЉУБОВТА НА БРАЌАТА ОТКРИЕНА
а. Кој чин на Јуда покажува дека браќата целосно се покајале за својот предавнички грев направен пред дваесет години? Битие 44,14-34; Јован15,12.13.
“Јуда им рекол на своите браќа дека Бог го открил нивното беззаконие што го продале нивниот брат во Египет, и дека сега им се враќа нивниот престап дозволувајќи и тие исто така да станат робови…
Јосиф одбил, според зборовите на Јуда, сите да ги прими како робови… Јуда, покрај останатото, во разговорот со Јосиф го изнел и противењето на таткото и Венијамин да дојде со нив во Египет, и дека самиот тој се заветувал да биде гарант за Венијамин, дека ако не го донесе кај неговиот татко ќе ја носи вината засекогаш. Тој слаткоречиво се залагал во името на својот татко изнесувајќи ја неговата голема болка поради загубата на Јосиф, и дека Венијамин е единствениот кој останал од мајка му која неговиот татко ја сакал и дека ако Венијамин биде одделен од својот татко, тој ќе умре, бидејќи неговиот живот е врзан за животот на младичот. Јуда тогаш благородно се понудил да стане роб наместо својот брат; бидејќи тој не може да се сретне со својот татко, без Венијамин.“ – Духот на пророштвото 1, 148.149.
б. После молбата на Јуда да го поштеди Венијамин и да го спаси својот татко од болка, што Јосиф бил принуден да направи? Битие 45,1.2.
“Јосиф бил задоволен. Ги проверил своите браќа и видел во нив плодови на вистинско покајание за нивниот грев; бил длабоко потресен и не можејќи да ги сокрие своите чувства побарал да остане сам со своите браќа. Тогаш, ги испразнил своите долго потиснувани чувства и гласно заплакал.“ – Духот на пророштвото 1, 149.
в. Зошто неговите браќа се вознемириле кога Јосиф конечно им се открил? Битие 45,3.4.
“Браќата се стаписале и занемеле од страв и изненадување. Зарем владетелот на Египет да биде нивниот брат Јосиф, на кого му завидувале, сакале да го убијат, и најпосле го продале како роб! Пред очи им излегло сето зло што му го сториле. Си споменале за тоа како ги презирале неговите соништа и како се труделе да го спречат нивното исполнување. Сепак, тие со својата постапка придонеле тие соништа да се исполнат. А сега, бидејќи целосно се во негова власт, очекувале дека тој без сомнение ќе им се одмазди за неправдата што морал да ја претрпи.“ – Патријарси и пророци, 229 (230).
Четврток 12. март
5. ПРОСТУВАЊЕТО – ВИСТИНСКИ ЛЕК
а. Како Јосиф ја покажал својата грижа за чувствата на своите браќа и својата прошка кон нив? Битие 45,5.
“Кога Јосиф ја видел конфузијата на своите браќа им рекол: ‘Дојдете поблизу до мене’, и кога пристапиле, продолжил: ‘Јас сум Јосиф, братот ваш, кого го продадовте во Египет. А сега, пак, не жалостете се, ниту да жалите што ме продадовте ваму, бидејќи Бог ме прати мене пред вас, за да го запази животот ваш’ (Битие 45,4). Чувствувајќи дека веќе доволно страдале поради својата свирепост кон него, тој благородно настојувал да го отстрани нивниот страв и да ги утеши.“ – Патријарси и пророци, 229 (230).
б. Кој е единствениот начин нарушените односи да се залечат и повторно воспостават? Матеј 18,21; Колосјаните 3,12.13. Кој е најголемиот камен на сопнување за возобновување на нарушените односи? Изреки 13,10.
“Секое укажување на грешките на другиот за заблудениот претставува постојано понижување. Затоа тоа искуство никој не треба уште повеќе да го загорчува со непотребна осуда. Никој никогаш не се поправил заради укори и обвинувања; напротив, на тој начин многумина биле сосема одбиени и наведени целосно да го затворат своето срце за секакво убедување или свест за вина. Кроткиот дух, нежното и пријатно однесување, може да ги спаси заблудените и да покрие мноштво гревови.“ – Здравје и среќа, 142 (166).
“Поголемиот дел на тешкотии за пет минути би биле отстранети доколку не би имало гордост и себичност. Ангелите се жалосни и Бог е незадоволен со тоа што цели часови биле потрошени во оправдување на себеси.“ – Рани списи, 130 (119).
Петок 13. март
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Што ќе се случи со луѓето околу нас, ако ние дозволиме нашата светлина да бле (119)ска како што направил Јосиф?
2. Објасни зошто Јосиф сè уште бил претпазлив о врска со довербата во своите браќа?
3. Зошто Јосиф наредил неговата чаша да се стави во вреќата на Венијамин?
4. Како Јосиф знаел дека неговите браќа се промениле?
5. Што или кој е најголемиот камен на сопнување кога треба да дојде до помирување?