10 Првата средба

Сподели го ова:

10. лекција – 7. март 2015.

Првата средба

“Возљубени, не чудете се на огненото искушение, што ви се праќа за да ве испита, како нешто необично да ви се случува.“ – 1 Петрово 4,12.

“Ние се искушуваме и проверуваме пред Бога за да видиме дали можеме поединечно да се удостоиме да бидеме членови на семејството кое го сочинуваат откупените на небото.“ – Христијанско воспитување, 145.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Патријарси и пророци, 221-224.

Недела 1. март

1. ПРИЧИНАТА ЗА ГЛАДTTA

а. Која скриена намера ја имал Бог дозволувајќи гладтта да стигне и до Ханан? Битие 42,1.2; 46,3. Кога не можеме да ја видиме Божјата намера во нашето искушување, што треба да чиниме? Изреки 3,5.6; Евреите 11,6. Зошто?

“Сите ние сакаме директни и брзи одговори на нашите молитви и паѓаме во искушение да се обесхрабриме ако одговорот е одложен или доаѓа во поинаква форма. Но Бог е премногу мудар и добар да одговори на нашите молитви точно во она време и на начинот кој го посакуваме. Тој сака да направи далеку повеќе и подобро за нас, отколку што би направил кога би ги исполнил нашите желби. И бидејќи со целосна доверба можеме да се потпреме на Неговата мудрост и љубов, ние не треба да бараме Тој да ја прифати нашата волја, туку треба да ги сфатиме и исполнуваме Неговите далекосежни намери. Нашите желби и интереси треба да се изгубат во Неговата волја.
Овие искуства кои ја тестираат верата се за наша корист. Преку нив се открива дали нашата вера е вистинска и искрена, дали се темели на Божјата Реч, или пак, во зависност од околностите, несигурна и променлива. Верата зајакнува со вежбање. Мораме да бидеме трпеливи до крај, имајќи на ум дека во Библијата постојат драгоцени ветувања за оние кои чекаат на Господа.“ – Слуги на еванг., 197 (219).

б. Зошто Јаков испратил само десет синови во Египет; од што тој се плашел? Битие 42,3.4.
Понеделник 2. март

2. ПРОВЕРКА НА ИСКРЕНОСТА

а. На што Јосиф веднаш се сетил кога ги препознал своите браќа како се поклонуваат пред него кога дошле за храна? Битие 42,5-9; 37,5-8.

“Кога Јосиф ги видел своите браќа на колена пред себе, неговите соништа му дошле на ум и пред неговите очи оживеале сцените од минатото. Одмерувајќи ги со остар поглед, веднаш забележал дека меѓу нив го нема Венијамин. Можеби и тој паднал како жртва на подмолната свирепост на овие нескротливи луѓе? Тој решил да ја дознае вистината.“ – Патријарси и пророци, 222 (224.225).

б. Зошто неговите браќа не успеале да го препознаат Јосифа? Битие 42,8.23; 41,42.43.45.

“Неговото еврејско име (Јосиф) било заменето со ново, што му го дал царот, а меѓу премиерот на Египет и момчето што тие им го продале на исмаелските трговци, имало малку сличност.“ – Патријарси и пророци, 221 (224).

в. Зошто Јосиф ги ставил своите браќа во затвор за три дена, и за што тие најмногу размислувале за тоа време? Битие 42,9-17.

“(Јосиф) посакал да дознае дали (неговите браќа) го поседуваат истиот горделив дух кој го имале додека бил со нив…
Трите дена во притвор биле денови на горчлива тага за синовите на Јаков. Живо им излегувале пред очи лошите постапки од минатото, особено нивната суровост кон Јосиф. Тие знаеле дека доколку бидат осудени за шпионажа, а тие немаат очигледни докази да се оправдаат, сите тие ќе треба да умрат или ќе станат робови. Се сомневале дали сите напори кои било кој од нив можел да ги направи ќе предизвикаат нивниот татко да се согласи да го пушти Венијамин да отиде од него, после суровата смрт, со каква што мислел дека пострадал Јосиф.“ – Духот на пророштвото 1, 140-142.
“Бог… нè доведува во тешки положби за да видиме дали имаме доверба во силата која е над нас. Секој има неоткриени црти на карактерот кои мора да излезат на виделина преку искушенијата. Бог им овозможува и на оние кои се задоволни со себе да бидат тешко искушувани за да ја сфатат својата беспомошност.“ – Во небесните пространства, 279.
Вторник 3. март

3. ЖНЕЕМЕ ШТО СМЕ ПОСЕАЛЕ

а. Што Јосифа навистина го загрижувало, и зошто? Битие 42,18-20; 35,16-19.

“(Јосиф) загрижено настојувал да извлече (од неговите браќа) некои информации во поглед на нивниот татко Венијамин… Нему му било особено важно што повеќе да дознае во врска со неговиот татко и Венијамин.“ – Духот на пророштвото 1, 140.141.

б. Зошто неговите браќа мислеле дека оваа несреќа дошла на нив? Битие 42,21.22. Каков ефект овој разговор имал на Јосиф? Битие 42,23.24 (прв дел).

“(Синовите на Јаков) го продале Јосиф како роб и сега биле исплашени дека Бог очигледно ги казнува дозволувајќи да станат робови.“ – Духот на пророштвото 1, 142.
“Се обвинувале во врска со нивното постапување кон Јосиф. ‘Тешко нам! Ова е казната поради братот наш; не ја почувствувавме маката на душата негова, кога ни се молеше, но ние се оглушивме. Затоа и нè снајде ова зло.’ А Рувим кој во Дотан имал намера да го спаси, рекол и тогаш: ‘Зар не ви реков јас – не грешете против детето? Но вие не ме послушавте; и, еве, сега од нас се бара крвта негова’ (Битие 42,21.22). Слушајќи го сето тоа, Јосиф не можел да ги совлада своите чувства, па излегол надвор и плачел.“ – Патријарси и пр., 223.

в. Кога работите ќе тргнат наопаку во нашите животи, кого во своето искушение го обвинуваме? Битие 42,24-28. Која всушност е вистинската причина за нашите проблеми? Галатјаните 6,7.8; Битие 32,23.

“О, кога би можела да оставам вистински впечаток врз умот на младите и старите во поглед на страшната грешност на гревот! О, кога сите би можеле да имаат вистинска претстава за неговата одвратност пред Бога и штетноста кон луѓето. Словото на вистината изјавува: ‘Знајте дека ќе ве стигне казна за вашиот грев’ (Броеви 32,23). Вистинскиот карактер на секој чин од вашиот живот ќе биде познат. Може да се случи во овој живот преку Божја Промисла некои неочекувани околности да ги откријат твоите тајни зли дела; но треба ли да се настојува својот вистински карактер да го криете од очите на луѓето, кога неизбежно доаѓа ден кој ќе ја разоткрие секоја душа, која не се покајала за своите гревови и го оставила злото преку Христовата сила, Кој умрел за ние да живееме.“ – РХ, 27. март, 1888.
Среда 4. март

4. ОТКРИВАЊЕ НА КАРАКТЕРОТ

а. Зошто Симеон бил оставен во затвор? Битие 42,24. Каква била реакцијата на Јаков кога му била кажана веста? Битие 42,29-36.

“Кога се вратил (Јосиф), наредил да го врзат Симеон пред нив и повторно да го вратат во затворот. Симеон бил иницијатор и главен учесник во тоа злосторство, и затоа изборот паднал токму врз него.“ – Патријарси и пророци, 223 (226).
“Јаков за Венијамин бил приврзен со сите сили на мајчината љубов. Тој покажал колку длабоко ја почувствувал загубата на Јосиф. Но, недостигот нa храна сè потешко го притискала Јаков и неговите деца и целото семејство барало храна.“ – Духовни дарови 3, 158.159.

б. Објаснете зошто изјавите на Рувим и Јуда ја откривале нивната братска наклонетост еден кон друг и кон нивниот татко и како од тоа зависело и нивното држење кон Јосиф? Битие 42,37; 43,8.9.

“Во текот на годините, откако Јосиф не бил меѓу нив, карактерот на овие синови на Јаков значително се изменил. Порано биле завидливи, незауздени, склони кон измама, сурови и одмаздливи. Но сега, откако ги снашла неволја, се покажале како несебични, верни еден кон друг и посветени на својот татко, почитувајќи го неговиот авторитет, иако и самите веќе биле средовечни луѓе.“ – Патријарси и пророци, 222 (225).

в. Какви тенденции и ние често манифестираме во нашите семејства кога работите одат наопаку? Битие 43,1-7. Од каде потекнуваат овие слабости? Битие 3,12.13; Откровение 12,10.

“Нека секое семејство во искрена молитва побара од Господа помош да го изврши Божјото дело. Нека ги победат навиките на избрзан говор и желбата да ги обвинуваат другите. Нека се учат да бидат љубезни и учтиви во домот, да ги формираат навиките на промисленост и внимателност.
Каква штета се прави во кругот на семејството поради изговарање на нестрпливи зборови, бидејќи тие ги наведуваат другите да одговорат со ист дух и на ист начин. Потоа следуваат зборови на одмазда и самооправдување, кои создаваат тежок и болен јарам за вашиот врат, сите овие горки зборови ќе се вратат како погубна жетва на вашата душа.“ – Адвентен дом, 438.439.
Четврток 5. март

5. ДА СЕ НАУЧИМЕ НА ДОВЕРБА ВО БОЖЈАТА МИЛОСТ

а. Кога Јаков се чувствувал принуден да попушти, во чии раце бил принуден да се предаде? Битие 42,19.20; 43,8-14; Псалм 33,18-22.

“Јаков се чувствувал принуден да дозволи неговиот син Венијамин да отиде со своите браќа. Тој, исто така, испратил подарок до владетелот, надевајќи се дека со тоа ќе ја добие неговата наклоност и милост. Исто така им наредил на своите синови да земат двојно повеќе пари, и да ги вратат парите кои се нашле во нивните вреќи; бидејќи можеби биле ставени таму по грешка. Тој им рече: ‘Земете го и братот ваш, па станете и одете пак кај оној човек’ (Битие 43,13).
Кога неговите синови се подготвувале да заминат на овој неизвесен пат, нивниот стар татко станал меѓу нив, и кревајќи ги рацете кон небото побарал од Господ да оди со нив и милостиво да им ја подари Својата заштита. ‘А семоќниот Бог Ел-Шадај да ви помогне да најдете милост кај оној човек, па да ви го пушти и другиот ваш брат, и Венијамин. А јас, пак, ако треба веќе да останам без деца, нека останам’ (Битие 43,14).“ – Духовни дарови 3, 158.159.

б. Кога сме соочени со непредвидливи околности на кого можеме секогаш да се потпреме? Плач Еремиин 3,22.23; Псалм 103,13-17.

“Ако со жива вера се држиме до (Капетанот на нашето спасение) зборувајќи како Јаков: ‘Нема да Те пуштам, додека не ме благословиш’ (Битие 32,26); ако се молиме: ‘Не отфрлај ме од лицето Свое и Светиот Дух Твој не одземај Го од мене’ (Псалм 51,11), Неговото ветување гласи: ‘Нема да те оставам, ниту, пак, ќе те напуштам’ (Евреите 13,5).“ – Нашиот висок повик, 22.

Петок 6. март

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Објаснете како и негативните околности може да ни користат на долг рок?
2. Колку цврста вера можеме да имаме во Божјите пророштва?
3. На што треба да се сетиме кога сме во искушение да го сокриеме гревот?
4. Како семејната криза често го открива вистинскиот карактер?
5. Што е милост, и зошто толку многу зависиме од неа?

Сподели го ова:

Слични објави