07 Чистота во времето на изопаченост

Сподели го ова:

7. лекција – 14. февруари 2015.

Чистота во времето на изопаченост

“Никој нека не ја презира твојата младост, туку на верните да им служиш како пример во слово, поведение, љубов, дух, вера и чистота.“ – 1 Тимотеј 4,12.

“Каква поука сите млади имаат во историјата за Јосиф? Овде моралниот интегритет е сочуван во најтешки искушенија.“ – Христос победник, 97.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: 2 Сведоштво, 433-456.

Недела 8. февруари

1. БОГ ГИ ПОВИКУВА ЈОСИФОВЦИТЕ ДЕНЕС

а. На што Бог ги повикува младите луѓе кои сакаат да бидат како Јосиф денес? Битие 39,9; 1 Тимотеј 4,12; Изреки 31,10-12.

“Не гледајте колку близу можете да одите по работ на пропаста и да бидете безбедни. Избегнете го првиот приод до опасноста. Не можете да се играте со спасението на вашата душа. Твојот капитал е твојот карактер. Негувајте го тоа како најскапоцено богатство. Истрајно негувајте морална чистота, самопочит и отпор кон злото. Во секој миг бидете внимателни; еден чин на блискост, една невнимателност може да ја загрози душата отворајќи ја вратата на искушението и слабеејќи ја моќта на отпорот.“ – Адвентен дом, 404.

б. Каква штета се нанесува кога се практикуваат сексуалните гревови? Изреки 6,27-33.

“Малку се искушенијата кои се поопасни или попогубни за младите луѓе од искушенијата на сензуалните уживања и ниедно попуштање нема да се покаже така погубно за телото и душата и за овој и за идниот живот.“ – Letters to Young Lovers, 69.
“Давид бил човек кој се каел, и иако го признал и го мразел својот грев, тој не можел да го заборави.“ – Testimonies on Sexual Behavior, Adultery, and Divorce, 89.
Понеделник 9. февруари

2. БРАКОТ ПОД НАПАД

а. Кој е единствениот интимен физички однос кој Бог го смета како морален и чист? Битие 2,21-25; Евреите 13,4.

“Ако во брачната врска се признаваат и се почитуваат божествените начела, тогаш бракот е благослов; тој ја чува чистотата и среќата на човечкиот род; ги задоволува човековите социјални потреби и ја возвишува неговата телесна, интелектуална и морална природа.“ – Адвентен дом, 26.

б. Што се случува кога брачната институција, како што е дадена од Бога, веќе не е признаена од страна на општеството како мерило на сексуалната моралност? Исаија 5,20; Римјаните 1,26-32; Јован 3,19.20.

“Насекаде се гледаат бродоломите на човештвото, срушени семејни олтари, распаднати семејства. Необичното отстапување од начелата и моралните вредности е сè подлабоко и земјата брзо станува како Содом. Содомските практики кои ги предизвикале Божјите казни на уништување на светот со вода и кои предизвикале Содом да биде уништен со оган, бргу се зголемуваат. Бргу се приближуваме кон крајот. Бог долго ја поднесува перверзијата на човештвото, но нивната казна не е ништо помалку сигурна. Нека оние кои исповедаат дека се светлина на светот се одвојат од секое беззаконие.“ – Testimonies on Sexual Behavior, Adultery, and Divorce, 120.121.

в. Што се случува кога Божјата црква дозволува сексуалниот неморал да постои и во нејзините редови? Ефесјаните 5,11.12; Римјаните 2,21-24; Јуда 5,7.

“Разузданост, незаконска интимност и безбожни практики се вовлекуваат во голем степен и меѓу нас; и проповедниците кои се занимаваат со светите вистини се виновни за гревот во тој поглед. Тие ги посакуваат жените на своите ближни и ја престапуваат седмата заповед. Ние сме во опасност да станеме сестра на паднатиот Вавилон ако дозволиме нашите цркви да се изопачат и станат ѓаволско живеалиште и засолниште на секаков нечист дух, врталиште на сите нечисти и гадни птици; и тоа нема да се очисти додека не се преземат одлучни мерки за да се излечи постојното зло.“ – Testimonies on Sexual Behavior, Adultery, and Divorce, 188.
Вторник 10. февруари

3. ВИДЛИВИТЕ ГРЕВОВИ ВО ПОРАСТ

а. Со лесен пристап до интернет преку персоналните компјутери и другите преносни електронски уреди (паметни телефони, таблети), кои нечисти гревови се во пораст? Матеј 5,27.28; 1 Јованово 2,16.

“Возбудливите љубовни приказни и нечисти слики вршат лошо влијание врз младината… Ова е време кога расипаноста насекаде преовладува. Со сликите и читањето се будат лоши страсти. Фантазијата го изопачува срцето. Луѓето сакаат да посматраат сцени кои будат ниски, животински страсти. Овие порочни слики кои делуваат на изопаченото вообразување, ги расипуваат добрите обичаи и ги поттикнуваат заслепените, измамени луѓе да се препуштат на похотните страсти.“ – 2 Сведоштво, 455 (410).

б. Што можеме да направиме за да себеси и нашите деца ги заштитиме од ваквата стратегија на ѓаволот? Лука 11,34.35; Псалм 101,3; Јов 31,1.

“Ако родителите сакаат своите деца да ги сочуваат чисти, тие мораат да ги опкружат со чисти опкружувања кои Бог може да ги одобри.
Со каква грижа родителите треба да ги чуваат своите деца од безгрижните и деморализирачки навики! Татковци и мајки, дали го сфаќате значењето и одговорноста кои лежат на вас? Дали им дозволувате на вашите деца да се дружат со другите деца за кои не знаете како се воспитани? Не им дозволувајте да бидат сами со тие деца? Водете особена грижа за нив. Секоја вечер знајте каде се и што прават. Дали се чисти во сите нивни навики? Дали сте ги упатиле во начелата на моралната чистота?“ – Совети за детето, 114.

в. Покрај неморалното опкружување во кое се наоѓаме, какви треба да бидат нашите мисли и чувства? Филипјаните 4,8;2 Петрово 1,4; Колосјаните 3,1.2.

“Ако во нивните чувствителни години умовите на децата се исполнети со пријатни слики на вистина, чистота и добрина, тоа ќе формира вкус за она што е чисто и возвишено, и нивната имагинација нема лесно да се изопачи или оскверни.“ – Совети за детето, 116.
“Рекреацијата на отворено, размислувањето за Божјите дела во природата ќе бидат од најголема корист.“ – 4 Сведоштво, 626 (653).
“Родителите и старателите мораат да ја одржуваат чистотата на срцето и животот ако сакаат нивните деца да бидат чисти.“ – Совети за детето, 27.
Среда 11. февруари

4. ЦВРСТО НА БОЖЈА СТРАНА

а. Зошто е толку важно да ја браниме чистотата денес повеќе отколку во било кое друго време? 2 Тимотеј 3,13; 1 Коринтјаните 6,9-11.

“Неморал изобилува насекаде. Разузданоста е особен грев на овој век. Никогаш гревот со таква смелост не ја дигал својата изопачена глава како денес. Се чини дека луѓето се опиени, а оние кои ја љубат доблеста речиси се обесхрабрени од нејзината смелост, сила и распространетост… Беззаконието кое изобилува не е само ограничено на неверниците и потсмевачите. Би сакала да е така, меѓутоа не е. Грешат мнозина мажи и жени кои ја исповедаат Христовата вера. Дури и некои кои тврдат дека го очекуваат Неговото доаѓање не се поподготвени за тој настан од самиот сотона. Тие не се чистат од нечистотијата.“ – Адвентен дом, 328.

б. Каква високо принципиелна свест треба да поседуваат христијанските мажи и жени? 2 Тимотеј 1,7; Ефесјаните 4,13.14; Јаков 1,6-8.

“Најголемата потреба на светот е потребата од луѓе – луѓе кои не можат ниту да се купат ниту да се продадат, луѓе кои во длабочината на својата душа се праведни и чесни, луѓе кои не се плашат да го наречат гревот со неговото вистинско име, луѓе чија совест е верна на должноста како што магнетната игла му е верна на полот, луѓе кои ќе стојат на страната на праведноста па дури и небото да се урне.“ – Воспитување, 57.

в. Како можеме да имаме свест која се раководи според начелото и вистината, наместо со политика и лична склоност? Филипјаните 2,5; Псалм 40,8; Матеј 4,4.

“Оние кои никогаш не научиле од Бога што им е должност и кои не ги познаваат Неговите намери за нив, не се доверливи во времето на острите судири со силите на темнината. На нив влијае она што се гледа однадвор…
Во препороденото срце постои цврсто начело на покорност на Божјата волја, бидејќи во таквото срце постои љубов за она што е праведно, добро и свето. Тука нема да има колебање, попуштање на вкусот, прилагодување на светот и прифаќање на одреден курс, бидејќи другите го прават тоа. Секој треба да стои за себе.“ – 2 Сведоштво, 544 (487.488).
Четврток 12. февруари

5. НЕПРОМЕНЛИВ ПРИНЦИП

а. Што се случило кога Јосиф цврсто одлучил да застане на Божја страна? Битие 39,12-20. Зошто не треба да бидеме изненадени од ова? 2 Тимотеј 3,12.

“Јосиф поради својата верност и морална честитост ги изгубил угледот и слободата. Ова е најтешката проба на која доблесните и богобојазливите луѓе можат да бидат изложени, кога се чини дека порокот напредува, додека доблеста е згазена и фрлена во прав. Заводничката останала да живее во мир и благосостојба како модел на исправност и пристојност, додека Јосиф, верен на начелата, бил целосно деградиран и обвинет за најодвратен злочин.“ – Коментари на библиските текстови, 44.

б. Како цврсто треба да стоиме во подржување на чистотата на брачната институција? Матеј 14,3-10.

“Бракот од самото создавање е воспоставен од Бога како божествена институција… затоа нека бракот, како божествена институција, стои пред вас цврсто како и саботата од четвртата заповед.“ – Testimonies on Sexual Behavior, Adultery, and Divorce, 159.
“Зошто (Јован Крстител) го предизвикал гневот на Иродијада кажувајќи му на Ирод дека е незаконски да живее со жената на својот брат? Предвесникот на Христос го изгубил својот живот затоа што отворено зборувал. Зошто тој не се воздржал да не зборува за она со што ќе го предизвика незадоволството на оние кои живееле во грев?
Така постапувале луѓето чија должност била да бидат верни чувари на Божјиот закон, сè додека личниот интерес не го зазел местото на верноста и додека не се дозволило гревот да помине без укор. Кога гласот на верниот укор уште еднаш ќе се слушне во црквата?“ – Пророци и цареви, 96 (141).

Петок 13. февруари

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Зошто престапот на седмата заповед е толку опасен за душата?
2. Како општеството денес брзо ги исполнува пророштвата кои се однесуваат на второто Христово доаѓање?
3. Како технологијата може да стане смртоносно оружје во рацете на корисникот?
4. Која е најголемата потреба во светот денес?
5. Дали сте подготвени да го положите својот живот во одбрана на Божјите институции?

Сподели го ова:

Слични објави