05 Верност во сите работи

Сподели го ова:

5. лекција – 31. јануари 2015.

Верност во сите работи

“Верниот во малку и во многу е верен, а несправедливиот и во многу и во малку е несправедлив.“ – Лука 16,10.

“Ако сте верни во сите поединости, вашата верност ќе сведочи дека сте учеле во Христовото училиште.“ – Упатство за младите, 7. ноември, 1895.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Христовите очигледни поуки, 238-249.
Недела 25. јануари

1. ПРАВИЛЕН СТАВ

а. Како можеме да кажеме дека Јосиф секогаш манифестирал правилен став, без оглед на тоа што се случило со него? Битие 39,2.23.

“Јосиф не се жалел на својата судбина, ниту пак прашувал зошто Господ дозволува да страда заради правда. Тој не дозволувал никаков облак на потиштеност да го замрачи неговото срце. Тој му верувал на Бога и трпеливо го чекал спасението од Него. Тој утврдил дека ова страдање (додека бил во затвор) треба да послужи како можност да го прослави Бога и за добро на неговите соработници.“ – РХ, 21. февруари,1888.

б. Што ќе видат другите кога ќе заземеме правилен став во поглед на верност кон Бога? Битие 39,3; Матеј 5,16; 2 Кор. 3,2.

“Од палатата на фараонот, (Јосифовото) влијание се чувствувало низ сета земја, а знаењето за Бога се ширело на сите страни.“ – Патријарси и пророци,341 (332).
“Јосиф својата вера секогаш ја носел со себе и во тоа била тајната на неговата непоколеблива верност.“ – Коментари на библиските текстови,44.
“Добрите дела на Божјиот народ имаат посилно влијание отколку зборовите.“ – 2 Сведоштво,443.
Понеделник 26. јануари

2. ВЕРНОСТ

а. Зошто Потифар го поставил Јосифа да биде управител над неговото домаќинство? Битие 39,3.4.

“Забележливиот просперитет што го придружувал сè она што му било доверено на Јосифа не бил резултат на некое директно чудо, туку Божји благослов ја крунисал неговата трудољубивост, совесност и енергичност. Јосиф секој свој успех го припишувал на Бога, па дури и неговиот идолопоклонички господар тоа го прифатил како тајна на неговиот исклучителен успех. Секако, успехот никако не би можел да се оствари без Јосифовите истрајни и добро смислени напори. Бог се прославил преку верноста на Својот слуга.“ – Патријарси и пророци, 212.(214.217)

б. Какви упатства имаме ние во поглед на верноста во нашите должности? Лука 16,10-12; Колосјаните 3,22.23.

“Скромните, обични животни должности мора верно да се извршуваат ‘од сè срце’ вели апостолот ‘како за Господа’. Каков и да е делокругот на нашето дејствување, дали е тоа домашна работа, работа на терен или интелектуална работа, ние тоа ќе го вршиме за слава на Бога, сè додека Христа не го направиме да ни е прв и последен и најдобар во сè.“ – 5 Сведоштво, 434 (459).
“Ако човекот ги извршува своите должности верно каде и да е, тој ќе стане сила на добро. Бог му дал на Јосиф да најде милост кај чуварот на затворот, и така верниот Јосиф станал одговорен за сите затвореници.“ – Знаци на времето, 8. јануари, 1880.
“Што и да работиме, треба во својата работа да бидеме и со срце и со душа, тогаш ќе бидеме и радосни и успешни… Верноста во извршувањето на секоја должност ја прави работата благородна и открива карактер кој Бог може да го одобри.“ – Коментари на библиските текстови, 500.501.

в. Како Јосифовата верност како понизен слуга, конечно била наградена од Бога? Битие 41,41-43; Изреки 22,29.

“Силниот, добро урамнотежен и складен карактер се изградува само со верно извршување на должностите. Јосиф имал беспрекорен карактер, и бидејќи се покажал верен во најмали должности, конечно му било доверено управување со нацијата.“ – Знаци на времето, 25. мај, 1891.
Вторник 27. јануари

3. ОД РОБ ДО ПОВТОРНО ПОСИНУВАЊЕ

а. Каква доверба Потифар имал во честитоста на Јосифовиот карактер? Битие 39,6; 1 Солунјаните 4,11.12.

“Божја намера била Неговиот поклоник со својата чистота и исправност да се истакне во забележлива спротивност со идолопоклониците – за на тој начин светлината на небесната благодат да може да заблеска среде темнината на незнабоштвото.
Јосифовата благородност и верност го придобиле срцето на неговиот господар, и најпосле тој повеќе го сметал како син, а не како роб.“ – Патријарси и пророци, 212 (217).

б. Какво влијание оние кои се навистина синови и ќерки Божји ќе им донесат на оние со кои се дружат? Битие 39,5; 30,27.

“Како што Божјиот ковчег донесувал спокојство и просперитет во Израел така и ова богобојазливо момче донело благослов во Египет. Тоа се манифестирало на таков видлив начин во куќата на Потифар кој, во чија куќа служел, сите примени благослови му ги припишал на својот купен роб, и го направил син, а не слуга. Божја намера била оние кои Го љубат и почитуваат Неговото име исто така и самите да бидат почитувани, и славата која преку нив Му се оддава на Бога да се одрази на нив.“ – Упатство за младите, 11. март, 1897.

в. Како лесно ќе се препознаат чесните и исправните мажи и жени во последните денови? 2 Тимотеј 3,1-4. Како можеме да знаеме дека ова предупредувањето се однесува на таканаречениот Божји народ? 2 Тимотеј 3,5-9; 2 Петрово 2,1-3.

“Во делото на сегашната вистина мошне се потребни луѓе кои се верни на чувството за правда и должност, чијшто морален интегритет е постојан и цврст, а чија енергија одговара на барањата на Божјото провидение. Таквите квалификации се подрагоцени од било какво богатство кое може да се вложи во Божјото дело.“ – 3 Свед., 24 (23).
“Кога Господ своите дијаманти ќе ги направи навистина славни и почитувани, Тој на нив ќе гледа со задоволство. Ангелите ќе ги изработат круните за секој од нив, и на тие круни, украсени со ѕвезди, ќе се одразува сјајот на светлината која зрачи од Божјиот престол.“ – Мараната, 309.
Среда 28. јануари

4. ДУХОТ НА УЧЕНИК

а. Што толку значајно придонело Јосиф од роб да стане висок офицер во египетската армија? Битие 39,1; 41,33-37.

“Кога караванот стигнал во Египет, Јосиф му е продаден на Потифар, командирот на царската стража, кај кого служел полни десет години.“ – Патријарси и пророци, 211 (214).
“Јосифовата благородност и верност го придобиле срцето на неговиот господар, и најпосле тој повеќе го сметал како син, а не како роб. Младичот така дошол во допир со угледни и учени луѓе и стекнал знаење од разни области на науката, јазикот и од областа на економијата – образование што му било потребно на идниот премиер на египетската држава“ – Патријарси и пророци, 212 (217).

б. Именувај некои од големите водачи и нивните поранешни занимања? 1 Цареви 19,19-21; Излез 3,1; Матеј 4,18.19. Зошто Бог често бира луѓе кои се занимавале со едноставни занимања во животот? 1 Коринтјаните 1,26.27.

“Кога ќе дојде време (пораката на третиот ангел) да се проповеда со најголема сила, Господ ќе се послужи со понизни орудија, ќе го води умот на оние што се посветиле на Неговата служба. Работниците повеќе ќе бидат оспособени со помазанието на Светиот Дух отколку со образованието во школите. Луѓе од вера и молитва ќе бидат поттикнати да одат со света ревност и да ги проповедаат зборовите што им ги дава Бог. Гревовите на Вавилон ќе бидат разоткриени.“ – Големата борба, 537.

в. Како Божјиот начин на избор на работници се разликува од човечкиот избор? 1 Самуил 16,6-13. Што Господ бара? Дела 13,22; Псалм 143,10.

“Постарите браќа, помеѓу кои Самуил сакал да избира, ги немале особините за кои Бог сметал дека мора да ги има владетелот на Неговиот народ. Гордите, себични, полни со самодоверба, биле отфрлени заради еден кој тие го потценувале, еден кој ги сочувал едноставноста и искреноста на младоста, и кого, иако самиот се сметал за безвреден, Бог можел да го воспита да ги понесе царските одговорности.“ – Воспитување, 266.
Четврток 29. јануари

5. БОЖЈА ВЕРНОСТ

а. Како е верен Бог во Своите постапки со мажите и жените? Плач Еремиин 3,22.23; 1 Солунјаните 5,24; Откровение 19,11.

“Дали Господ ќе заборави на Својот народ во овој час на искушение? Дали го заборавил верниот Ное кога казните наишле на претпотопниот свет? Дали го заборавил Лот кога оган слегол од небото и ги запалил градовите во рамнината? Дали го заборавил Јосиф опкружен со идолопоклоници во Египет? Дали го заборавил Илија кога Језавела со заклетва му се заканувала со судбината на Вааловите пророци? Дали го заборавил Еремија во темната и морбидна јама во неговата затворска куќа? Дали заборавил на тројцата праведници во огнената печка, или на Даниел во лавовската јама? Христос не може да заборави на оние кое се како зеница на окото негово, откупени со Неговата скапоцена крв.“ – Духот на пророштво 4, 445.446.

б. Си што треба да покажеме доверба во Божјата верност да ги сочува и насочи нашите животи? Филипјаните 1,6; Евреите 10,23; 2 Солунјаните 3,3.

“Ние губиме многу драгоцени благослови што своите потреби, грижи и таги не ги изнесуваме пред нашиот Спасител. Тој е прекрасен Советник. Тој со голем интерес и со срце полно со нежно сочувство гледа на Својата црква. Тој влегува во длабочината на нашите потреби. Меѓутоа нашите патишта не се Негови патишта. Тој ги гледа резултатите на секоја акција и бара трпеливо да веруваме во Неговата мудрост, а не во плановите за кои ние претпоставуваме дека се мудри…
Секоја искрена молитва треба да се упатува помешана со заслугите на Христовата крв. Ако одговорот се одлага, тоа е затоа што Бог сака да му покажеме на светот света храброст во ветувањата на сигурноста на Божјата Реч. Тој е верен на даденото ветување и никогаш нема да ја остави душата која целосно се предава на Христа.“ – Во небесните пространства, 74.

Петок 30. јануари

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Зошто е важно да имаме правилен став како христијани?
2. Како ние треба да се однесуваме без разлика каква работа ќе преземеме?
3. Кое е најголемото сведоштво кое можеме да му го дадеме на светот?
4. Што Бог денес бара во срцата на мажите и жените?
5. Како можеме да бидеме сигурни дека Господ никогаш нема да нè изневери?

Сподели го ова:

Слични објави