13 “СВЕТ НАРОД“

Сподели го ова:

13. лекција – 29. март 2014.

“СВЕТ НАРОД“

“И вие ќе Ми бидете царство на свештеници и свет народ.“ – 2 Мојс. 19,6.

“Бог сакал да направи од Неговиот народ Израел слава и пофалба… Да останале послушни на Божјите закони, Израелците преку својот чудесен напредок би ги восхитиле сите народи на светот.“ – 6 Сведоштво, 207.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Христовите поуки, 251-260.
Делата на апостолите, 8-10.

Недела 23. март

1. ИЗБРАН НАРОД

а. Кога на Израелците им било кажано дека тие се избрани да бидат посебен народ, свет народ, и дека им е доверена особена мисија, и што тие едногласно одговориле?

“Бог им ветил дека Тој ќе биде нивен Бог, дека ќе ги издели како свој одбран народ и ќе ги одведе во голема и добра земја. Но тие пред секоја пречка на која попатно наидувале, ја губеле храброста. Тој ги извел од ропството во Египет на толку чудесен начин за да ги воздигне, да ги облагороди и да ги направи пофалба на земјата.“ – Патријарси и пророци, 295.

б. Кога им биле соопштени сите заповеди и прописи на Божјиот свет закон, што тие кажале? 2 Мојс. 24,3.7.

“Бог Израелците ги избрал за свој народ, и тие Него го избрале за свој Цар.“ – Пророци и цареви, 196.

Понеделник 24. март

2. СВЕТЛИНА ВО СВЕТОТ

а. При крајот на нивното патување по пустината, како условите на Божјиот завет им биле повторени на Израелците? 5 Мојс. 4,1.2.

“Преку Мојсеј (Израелците) биле предупредени на искушенијата на кои ќе бидат изложени во иднина и искрено ги охрабрувал да останат одвоени од околните народи, и да му служат само на Бога.“ – Пророци и цареви, 196.

б. Целта на Бога била да го постави Израел како светлина во овој свет. Што на Мојсеј му било наложено да каже во врска со тоа? 5 Мојс. 4,5-8.

“Бог имал намера преку еврејскиот народ да им подари богати благослови на сите народи на светот. Преку Израел требало да се подготви патот за распространување на светлината и знаењето за Бога по сиот свет. Народите на светот, оддавајќи се на изопачените навики, целосно ја изгубиле претставата за Бога. Бог во својата милост сепак не сакал да ги збрише од лицето на земјата. Тој, преку својата избрана црква, сакал да им даде прилика и можност да го запознаат. Негова намера била преку начелата откриени на Неговиот народ да постанат средство за оживување на Божјата морална слика во човекот.“ – Христовите поуки, 252.

ц. Под кои услови Господ секогаш бил подготвен да им ја испружи раката на својата милост? 5 Мојс. 4,29-31.

д. Што ќе се случи со нив ако тие го заборават Божјиот завет и се одвратат од Него? 5 Мојс. 4,23-27.

“Мојсеј им укажал на злата кои ќе произлезат поради отстапувањето од Божјите уредби. Повикувајќи ги небото и земјата да бидат сведоци, тој изјавил дека ако, после долгото живеење во ветената земја, народот почне да им служи на лажните богови, ако се поклонува на резбани слики одбивајќи да го слави вистинскиот Бог – гневот Господов ќе се распали и тие ќе станат заробеници и ќе бидат расеани меѓу народите.“ – Пророци и цареви, 197.
Вторник 25. март

3. БОЖЕСТВЕН СИСТЕМ НА ВОСПИТУВАЊЕ

а. За да можат Израелците да бидат светлина на светот, било потребно тие да бидат просветлени луѓе. Која должност им била доверена на родителите во Израел? 5 Мојс. 6,6-9.

“Бог им заповедал на Евреите да ги учат своите деца на сите Негови барања и да ги запознаат како Тој постапувал со нивните татковци. Тоа била посебна должност на секој родител – должност која не можела да се префрли врз некој друг. Наместо децата да ги воспитуваат туѓи усни, мајката и таткото требало на своите деца да им дадат упатства со срце полно со љубов.“ – Патријарси и пророци, 627.

б. Дали воспитанието е неопходно како подготовка за евангелската работа? 2 Тим. 2,15.

“Христос е ‘Светлината која го осветлува секој човек што доаѓа во светот’ (Јован 1,9). Како што преку Христа секое човечко суштество има живот, така преку Него секоја душа прима и некаков зрак од божествената светлина. Во секое срце постои не само интелектуална туку и духовна сила, чувство за она што е праведно, желба за добро. Но, постои и противничка сила која се бори против тие принципи. Последицата од јадењето од дрвото за познавањето на доброто и злото се гледа во искуството на секој човек. Во човечката природа постои тенденција кон злото, сила на која човекот не може сам да ѝ се спротивстави. За да ѝ се спротивстави на таа сила, за да ја досегне онаа висока цел која, во длабочината на својата душа, ја смета за единствено исправна, само една сила може да му помогне. Таа сила е Христос. Соработката со таа сила е најголемата потреба на човекот. Зарем во целиот воспитен напор оваа соработка не би требало да биде највисоката цел?“ – Воспитување, 29.

ц. Кое знаење ни е потребно, така што нашата светлина може да блеска сѐ посветло и посветло? Мат. 5,14-16.

“Проповедникот, мисионерот, наставникот, ќе согледаат дека знаењето и умешноста при извршувањето на практичните должности од секојдневниот живот многу им го поткреваат угледот меѓу луѓето.“ – Воспитување, 221.
Среда 26. март

4. НАЈГОЛЕМАТА ПОТРЕБА НА СВЕТОТ

а. Која е најголемата потреба на светот денес? Јован 1,9-12.

“Светот денес има голема потреба за откривање на Исуса Христа во личноста на Неговите светии. Бог сака Неговиот народ да стои пред светот како свет народ. Зошто? Затоа што во светот постојат оние кои треба да бидат спасени со светлината на Евангелската вистина. И додека црквата ја објавува веста на вистината која треба да ги повика луѓето од темнината кон чудесната Божја светлина, животот на нејзините членови, посветен со Духот на вистината, треба да сведочи за вистинитоста на објавената порака.
Бог сака Неговите луѓе да се стават во прав однос кон Него за да можат да разберат што Тој пред сè друго бара од нив. Тие треба да откријат на секоја душа во светот што значи ‘да се прави само правда, да се љуби милосрдието и да се оди смирено со својот Бог’ (Михеј 6,8). Каде и да се, дома или во странство, тие треба да се народ кој ги држи Божјите заповеди. Тие треба да имаат уверување дека нивните гревови се простени и дека се прифатени како деца на Севишниот.“ – Сведоштво за проповедници, 458.

б. Со каква цел сегашната вистина содржана во тројната ангелска вест (Откр. 14,6-12) им е доверена на адвентистите како народ? Исаија 60,1.2.

“Господ во својата милост се обидува да го расветли умот на оние кои денес пипкаат барајќи го патот во мракот на заблудата. Тој ги одложува Неговите судови над непокајаниот свет за да можат носителите на Неговото видело да го побараат и спасат она што е изгубено. Тој сега ја повикува Неговата црква на земјата, да се разбуди од летаргијата во која сатаната се обидува да ги вовлече, и да ја исполнат својата од небо назначена работа да го просветлат светот. Неговата порака до Неговата црква гласи: ‘Стани, засвети, зашто твојата светлина доаѓа, над тебе блеска Господовата Слава’ (Ис. 60,1). За да се спротивстават на состојбата која владее кога мракот ја покрива земјата и темнина народите, Божјата црква е овластена да соработува со Бога во ширење на светлината на библиската вистина.“ – Сведоштво за проповедници, 458.
Четврток 27. март

5. ВЕЧНОТО ЕВАНГЕЛИЕ И ПОСЛЕДНАТА ПОРАКА

а. Каква одговорност Господ положил врз секој кој верува во тројната ангелска порака? Фил. 2,15.16.

“Луѓето од целиот свет ги слават лажните богови. Тие треба да се одвратат од лажните обожавања и тоа не само со жигосување на нивните идоли, туку со посматрање на нешто подобро. Тие треба да се запознаат со Божјата добрина. ‘Вие сте Мои сведоци дека Јас сум Бог – вели Господ’ (Ис. 43,12).
Ние треба да му покажеме на светот и на сите небесни битија дека ја цениме прекрасната Божја љубов за паднатото човештво… Мораме многу повеќе отколку што тоа ги чиниме да зборуваме за драгоцените поглавја од нашите животни искуства.“ – Христовите поуки, 266.

б. Што Бог сака да постигне преку својот народ денес? Мат. 24,14.

“Бог долго чека духот на служба да ја обземе целата црква, така што секој ќе работи за Него според својата способност. Кога членовите на Божјата црква ќе го исполнат евангелскиот налог, наскоро целиот свет ќе биде предупреден и Господ Исус ќе се врати на земјата со сила и голема слава.“ – Делата на апостолите, 80.

Петок 28. март

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Како на народот им се повторени условите на заветот додека се приближувале кон Ханан?
2. Како Бог ги користи начелата откриени преку Израел како средство за обновување на Неговиот морален лик во луѓето?
3. Што ќе се случи со нив ако го заборават заветот со Господа и отстапат од Него?
4. Каков акцент бил ставен на воспитувањето, така што Израел би можел да биде светлината на светот?
5. Како народите на светот треба да се одвраќаат од лажни обожавања?

Сподели го ова:

Similar Posts