11 Освојувањето на Ерихон

Сподели го ова:

11. лекција – 15. март 2014.

Освојувањето на Ерихон

“Тогаш му рече Господ на Исус: „Еве, Јас го предавам Ерихон во твои раце и царот негов и силните луѓе во него.“ – Исус Навин 6,2.

“(Ерихон бил) незнабожечко упориште, центар на обожавање на Астарта, најодвратниот и најпонижувачкиот од сите облици на идолопоклонство во Ханан.“ – Пророци и цареви, 154.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Патријарси и пророци, 508-513.

Недела 9. март

1. ВОЈВОДА НА ВОЈСКАТА ГОСПОДОВА

а. Кога Израелците се улогориле на источната страна на Јордан, Исус Навин во молитва барал помош од Господ во поглед на освојувањето на Ерихон. Кого го здогледал штом станал од молитвата? Исус Навин 5,13-15.

“Големиот и возвишен Водач, кој стоел пред водачот на Израел, бил лично Христос.“ – Патријарси и пророци, 509.

б. Какви инструкции Тој му дал? Исус Навин 6,2-5. Какво уверување Христос претходно му дал на Исус Навин во поглед на извршување на неговата мисија? Исус Навин 1,5.6.9.

“Покорувајќи се на Божјата заповед, Исус Навин ја мобилизирал Израеловата војска… Едноставно требало само да кружат околу градот, носејќи го пред себе Божјиот ковчег и трубејќи во труби… Потоа, опкружен со сјаен ореол на Божја слава, на рацете на свештениците облечени во одежди што ја означувале нивната света служба, е носен ковчегот на Божјиот завет. Најпосле одела војската на Израел, секое племе под своето знаме. Вака изгледала поворката што го обиколувала осудениот град.“ – Патријарси и пророци, 509.

ц. Под кои услови ја имаме истата утеха на сигурност и ние денес? Мат. 28,20; Јаков 1,5?

Понеделник 10. март

2. БОЖЈА МИЛИСТ И ПРАВДА

а. Што се случило во седмиот ден? Исус Навин 6,15.16.20.21.

“Сите жители на градот и сè живо што се наоѓало во него, ‘мажите и жените, старо и младо, воловите, овците и магарињата’ (Исус Навин 6,21), морале да ги убијат со меч… Самиот град бил спален, а неговите палати и храмови, величествените згради со сите нивни раскошни украси, со богати драперии и скапоцени облеки, биле проголтани во пламенот. Сè што не можело да се уништи со оган – ‘сето сребро и злато и сите садови од бакар’ (стих 24) – морале да бидат посветени на службата во шаторот за состанок; па дури и почвата на која бил изграден градот, била проклета. Ерихон никогаш веќе не бил изграден како тврдина. Над секој кој би се осмелил повторно да ги гради ѕидовите што ги урнала Божјата моќ, била изречена казна.“ – Патријарси и пророци, 510.
“Целосното уништување на ерихонските жители, било само извршување на заповедта однапред дадена преку Мојсеј во врска со жителите на Ханан: ‘И кога ќе ги разбиеш, сотри ги’ (5 Мојс. 7,2).“ – Патријарси и пророци, 512.

б. Како што Господ веќе покажал во случајот на Содом (1 Мојс. 18,32), како Тој повторно покажал дека не ги уништува праведниците со злите? Исус Навин 6,22.23.

“Била поштедена само верната Рава и нејзиното семејство, зашто тоа ѝ го ветиле извидниците.“ – Патријарси и пророци, 510.

ц. Како Христовата изјава покажува дека за секој грешник постои надеж под услов да се покае? Мат. 21,28-31; Лука 13,1-5. Каква сигурност Тој им дава на таквите? Јован 6,37.

“Без оглед на надворешниот изглед, секој живот, сосредоточен кон себе, всушност е проигран живот. Секој кој се обидува да живее одделно од Бога ја губи својата суштина. Ги расфрла драгоцените години на своето живеење, ги расфрла способностите на умот, на срцето и на душата, работејќи сам врз својот банкрот за вечност. Човекот што се одвојува од Бога за да може да си служи себеси, станува роб на мамонот.“ – Христовите поуки, 169.
Вторник 11. март

3. БОЖЈА МИЛОСТ И ПРАВДА (ПРОДОЛЖЕНИЕ)

а. Зошто уништувањето на Ерихон и неговите жители било неизбежно? Зарем не било подобро да се обиделе да ги евангелизираат? 1 Мојс. 15,13-16; 5 Мојс. 9,4; Ис. 26,10.

“На мнозина овие заповеди (5 Мојс. 7,2; 20,16) им изгледаат спротивни на духот на љубовта и милосрдието, на она на што се укажува во други делови на Библијата. Но всушност, тоа е она што го барала бесконечната мудрост и правда…
“На жителите на Ханан им била дадена доволна можност за покајание. Четириесет години пред тоа, отворањето на Црвеното Море и казнувањето на Египќаните, претставувале непобитен доказ за надмоќта на Израеловиот Бог… Сите тие настани им биле добро познати на жителите на Ерихон.“ – Патријарси и пророци, 512.

б. Што им се препорачува на оние кои го проповедаат Евангелието во поглед на противниците на вистината кои се неизлечиво нечесни? Мат. 7,6. Како апостол Павле нѐ поучува да не губиме многу време со таквите луѓе? Тит 3,10.11.

“(Матеј 7,6) Христос овде мисли на онаа класа на луѓе кои немаат желба да се ослободат од ропството на гревот. Поради попуштање на расипаноста и подмолноста нивната природа станала толку деградирана така што тие се приврзуваат кон злото и не сакаат да се одделат од него. Христовите слуги не треба да бидат попречувани од страна на оние за кои Евангелието е само предмет на расправии и потсмев.“ – Мисли од гората, 91.

ц. Зошто ние секогаш треба да бидеме подготвени на другите да им дадеме благодат на избор? 1 Сам. 16,7 (втор дел).

“Мнозина повеќе ја избираат темнината од светлината, бидејќи делата им се зли. Но има луѓе кои, ако би можеле вистината да ја стават на увид на поинаков начин, под нови околности, и кога би им била дадена можност тежината на дадените аргументи сами да ги проверат, со Библијата, споредувајќи стих со стих, би биле фасцинирани од нејзината јаснотија и би се потпреле на неа.“ – 3 Сведоштво, 396.
Среда 12. март

4. БОГ СЕУШТЕ Е СПРЕМЕН ДА НАПРАВИ ГОЛЕМИ НЕШТА

а. Како верата на Израелскиот народ била тестирана преку чудото што Господ го направил во Ерихон? Евр. 11,30.

“Водачот на Господовите војски зборувал само со Исус Навин; Тој не му се открил на сиот Израелски народ… Можеле да помислат: ‘Какви се овие бесмислени движења – да се обиколуваат градските ѕидови трубејќи во труби со рогови од овен. Тоа не може да има никакво влијание врз овие високи ѕидови’. Меѓутоа, токму тоа едноставно продолжување на оваа церемонија, сè до уривањето на ѕидовите, на многу Израелци им дало можност да ја развијат својата вера. Требало во духот да им се вреже фактот дека нивната сила не зависи од човечката мудрост и моќ, туку дека нивното спасение лежи единствено на Бога. Требало да се навикнат целосно да се потпираат на својот божествен Водач.“ – Патријарси и пророци, 513.

б. Каква поука треба да извлечеме од овој настан? Јован 14,12; 1 Јов. 5,4.

“Како што при заземањето на Ерихон, никој од Израелската војска не можел да се пофали со употребата на својата ограничена сила во рушењето на ѕидовите на овој град, бидејќи Војводата на војската Господова ја испланирал битката на така едноставен начин така што славата му припаднала само на Господ Бог, додека смртниците не требало да се возвишуваат. Бог ни ја ветил сета сила.“ – Христос победник, 136.
“Бог ќе направи големи работи за сите оние кои веруваат во Него. Причината зошто оние кои тврдат дека се Негов народ немаат поголема сила е во тоа што тие премногу се потпираат врз сопствената мудрост и не му даваат на Господ можност да ја покаже својата моќ во нивна полза. Тој на своите верни деца ќе им помогне во секоја неволја ако целосно се потпрат врз Него и ако верно му се покоруваат.“ – Патријарси и пророци, 513.
“Најголеми победи на Христовата црква или на христијанинот како поединец, не се оние што се постигнуваат со талентот или со образованието, со богатството или со некакви други предимства или услови поволни за човекот; тоа се победите што се постигнуваат во разговор на душата со Бога во тајна молитва, кога верата во душевната борба сесрдно се фаќа за раката на семожната Сила.“ – Патријарси и пророци, 199.
Четврток 13. март

5. КАКО МОЖЕМЕ ДА ЗАДОБИЕМЕ ПОБЕДА

а. Кое Христово предупредување и ветување треба секогаш да го имаме на ум? Јован 15,5.7.

“Од тогаш Христовите следбеници треба да го сметаат сатаната како победен непријател. Исус извојувал на крстот победа за нив и Тој посакувал тие да ја примат таа победа како своја сопствена. ‘Еве’, рекол Тој, ‘ви давам власт да газите на змии и скорпии и над секоја непријателска сила и ништо не ќе може да ви напакости’.
Семоќната сила на Светиот Дух претставува одбрана на секоја покајничка душа. Христос не дозволува под непријателска власт да дојде кој било од оние што во покајание и вера ја бараат Неговата заштита. Спасителот е секогаш покрај оние свои следбеници кои се во искушение и неволја. Кај Него нема неуспех, загуби, неможност или пораз; сè можеме да постигнеме преку Оној, кој ни дава сила. Кога ќе наидат искушенија и неволји, не чекајте да ги совладате сите тешкотии, туку гледајте кон Исуса, вашиот Помошник.“ – Копнежот на вековите, 477.
“Ние не можеме да направиме ништо за себе. Во нашата беспомошна недостојност мораме да веруваме во заслугите на распнатиот и воскреснат Спасител. Не постои човек што ќе пропадне ако постапува така. Пред очите на Семожниот стои долг црн список на нашите гревови. Списокот е комплетен и ниеден од нашите престапи не е изоставен. Но Оној, кој пред толку време го слушал плачот на своите слуги, ќе ја чуе и молитва на верата и ќе ни ги прости нашите престапи. Тој тоа го ветил и Тој ќе го одржи својот збор.“ – Патријарси и пророци, 198.
“Оние што не се подготвени да го отфрлат секој грев и искрено да бараат Божји благослов, нема да го добијат. Но оние кои цврсто се држат за Божјите ветувања… ќе успеат.“ – Патријарси и прор., 199.

Петок 14. март

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Кога Христос му се открил на Исус Навин, какви упатства и цврсти уверувања Тој дал?
2. Со што Господ ја покажал својата милост при уништувањето на Ерихон?
3. Со каква класа на грешници ние сме предупредени да не губиме многу време?
4. На кој начин можеме и како поединци и како црква да добиеме најголеми победи?
5. Која е тајната за победа над гревот во нашиот живот?

Сподели го ова:

Similar Posts