09 Валам

Сподели го ова:

9. лекција – 1. март 2014.

Валам

“Но (Валам) беше изобличен за своето беззаконие: неразумното животно проговори со човечки глас и го запре безумството на пророкот.“ – 2 Петр. 2,16.

“Еден погрешен чекор вториот го прави уште полесен, а следните се сè похрабри и порешителни. Кога еднаш ќе му подлегнат на лакомството стремејќи се кон власт, луѓето се во состојба да сторат најстрашни гревови.“ – Патријарси и пророци, 460.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Патријарси и пророци, 458-473.

Недела 23. февруари

1. УПОРНО БАРАЊЕ ПОМОШ ОД СИЛИТЕ НА ТЕМНИНАТА

а. Кога Израелците се подготвувале да го преминат Јордан за инвазија на Ханан, кој – покрај жителите на Ерихон – бил вознемирен од нивното присуство? 4 Мојс. 22,1-4.

“Моавците… решиле, како што се обидел Фараонот во свое време, да ја повикаат на помош магијата за да го осуетат Божјото дело. Сакале на Израел да навлечат некакво проклетство.“ – Патријарси и пророци, 458.

б. Кого Моавските и Мадијамските лидери се обиделе да го придобијат во нивните напори да го неутрализираат очекуваниот напад, и што тие побарале од него да направи? 4 Мојс. 22,5-7.

“Се зборувало дека Валам, жител на Месопотамија, поседувал натприродна моќ, па тоа се прочуло сè до Моавската земја… Пратиле пратеници… за да го доведат и да се послужат со неговите вражби и магии против Израел.“ – Патријарси и пророци, 458.

Понеделник 24. февруари

2. ОТПАДНАТИОТ ПРОРОК

а. Кога пратениците на Моав и Мадијам дошле кај Валам со покана од царот Валак, каков впечаток Валам се обидел да остави кај нив? 4 Мојс. 22,8. Дали Валам во оваа своја постапка намерно ја игнорирал разликата меѓу исправното и погрешното?

“Валам некогаш бил добар човек и Божји пророк, но подоцна отпаднал и станал алчен. Меѓутоа, и понатаму тврдел дека е слуга на Севишниот. Нему му било добро познато што сè Бог сторил за Израелците, и кога пратениците дошле и му ја соопштиле пораката, знаел дека должност му е да ги одбие наградите на Валак и да ги врати пратениците. Но тој се осмелил да се игра со искушението нудејќи им на пратениците да преноќеваат кај него, објаснувајќи дека не може да даде точен одговор пред да го праша Господа за совет.“ – Патријарси и пророци, 459.

б. Иако Валам како пророк веќе бил во отпадништво, какво предупредување Бог му испратил преку ангелот, и зошто Валам тоа лажно го прикажал во разговорот со пратениците на Валак? 4 Мојс. 22,12.13.

“Во текот на ноќта на Валам му се јавил Господов ангел и му рекол: ‘Не оди со нив и не го колни тој народ, зашто е благословен’. Утредента Валам ги отпуштил пратениците, иако тоа не му било право. Но не им рекол што му кажал Господ.“ – Патријарси и пророци, 459.
“Валам ‘посака неправедна плата’ (2 Петр. 2,15). Гревот на алчност, кој Бог го означува како идолопоклонство, го направил лицемер и со помош на тој грев сатаната стекнал целосна контрола над него. Токму тоа предизвикало негова пропаст.“ – Патријарси и пророци, 460.

ц. Кои се некои од библиските принципи со кои треба да се проверуваат оние кои велат дека се пророци или чудотворци? Исаија 8,20; Мат. 7,20-23; Јован 8,31.32.

д. Која опасност Божјите пастири треба да бидат во можност да ја детектираат особено во овие последни денови? Матеј 24,23.24. Која е разликата помеѓу вистинскиот пастир и наемникот? Јован 10,12.13.
Вторник 25. февруари

3. ВАЛАМ ВО СЕРИОЗНО ИСКУШЕНИЕ

а. Бидејќи информациите кои ги добил Валак биле многу искривени; прво од она што Валам им рекол на пратениците, а потоа од страна на Валаковите претеници (4 Мојс. 22,14), што царот заклучил, и што врз основа на тоа тој направил? 4 Мојс. 22,15-17.

“Кога пратениците му рекле на Валак дека пророкот одбил да тргне со нив, тие не спомнале дека Бог тоа му го забранил. Мислејќи дека Валам се колеба само за да добие поголема награда, царот пратил уште повеќе кнезови, и тоа поугледни од првите, со ветувања за уште поголеми почести и со овластувања да ги задоволат сите услови што ќе ги постави.“ – Патријарси и пророци, 460.

б. Како отпаднатиот пророк реагирал кога Валаковите пратеници дошле и по вторпат? 4 Мојс. 22,18.19.

“Валам и по вторпат бил изложен на искушение. Во својот одговор на барањето на пратениците, Валам навидум покажал голема совесност и чесност, уверувајќи ги дека никакво количество на злато и сребро не може да го наведе да работи против Божјата волја. Меѓутоа, во себе копнеел да ја задоволи молбата на царот и, иако Божјата волја веќе му била јасно покажана, ги убедил пратениците да преноќеваат за да може уште еднаш да го праша Бога, како Севишниот да е човек кој може да се наговори.“ – Патријарси и пророци, 460.

ц. Бидејќи паднал и на вториот тест, под кој услов на Валам му било дозволено да оди со нив? 4 Мојс. 22,20. Дали тие го повикале?

“Валам добил дозвола да тргне со пратениците од Моав ако изутрината го повикаат.“ – Патријарси и пророци, 461.
Среда 26. февруари

4. ВАЛАМ ГО ПРЕДИЗВИКУВА БОЖЈИОТ ГНЕВ

а. Како Господ го покажал својот гнев против Валам, затоа што ги игнорирал Неговите упатства? 4 Мојс. 22,21-27.

“Меѓутоа, налутени што тој пак се колеба и очекувајќи повторно да ги одбие, тие тргнале назад без да се договорат со него. Така отпаднал секој изговор дека мора да ги задоволи барањата на Валак. Но Валам бил одлучен да дојде до големата награда, па го зел животното на кое обично јавал и тргнал на пат. Се плашел дека дури и сега Божјата дозвола може да биде повлечена, па нестрпливо брзал на некој начин да не му побегне посакуваната награда.
И денес има илјадници луѓе кои постапуваат на сличен начин. Не би им било тешко да ја сфатат својата должност кога тоа би било во сообразност со нивните склоности. Таа јасно е изложена во Библијата или одредена со околностите или со здравиот разум. Но, бидејќи тие докази се спротивни на нивните желби и склоности, тие најчесто ги отфрлаат и се осмелуваат да му пристапат на Бога прашувајќи го што е нивна должност. Со лажна совесност долго и сериозно се молат за светлина. Меѓутоа, Бог не дозволува некој да се игра со Него. Тој често им дозволува на таквите лица да постапуваат според своите желби, но да ги сносат и последиците….“ – Патријарси и пророци, 461.

б. Што се случило кога на Валам му се отвориле очите? 4 Мојс. 22,31. Што Господовиот ангел му рекол на Валам, и каква била реакцијата на Валам? 4 Мојс. 22,32-34. На кои ограничувања се жалел пророкот? 4 Мојс. 22,35-38.

ц. Бидејќи отпаднатиот пророк бил спречен да го проколне Израел, што тој бил принуден да изговори? 4 Мојс. 23,20-24.

д. Како Бог го употребил дури и отпаднатиот пророк да го проповеда Евангелието на царот и на Моавските кнезови? 4 Мојс. 24,4-9.14-17. Дали грешниците имаат легитимен изговор пред Бога ако Евангелието им го проповеда дури и недостоен човек? Фил. 1,15-18.

Четврток 27. февруари

5. ВЕРАТА И ПРЕКОРАЧУВАЊЕ НА ДОЗВОЛЕНОТО

а. Зошто проповедникот е многу повеќе одговорен за своите зборови и постапки од обичниот член? Мал. 2,7-9; 1 Тим. 4,16; 1 Кор. 11,1.

“Моавците биле расипан, идолопоклонички народ, па сепак, според светлината што ја имале, нивната вина во очите на небото не била толку голема како онаа на Валам. Бидејќи тврдел дека е Божји пророк, се сметало дека сè што зборува, зборува во име на Божјиот авторитет.“ – Патријарси и пророци, 461.
“Кога ќе се случи криза во животот на една душа, а вие се обидувате да дадете совет или опомена, вашите зборови ќе ја имаат само онаа тежина на влијанието за добро, која сте ја стекнале благодарение на сопствениот пример и начинот на живот… Вие не можете да извршите влијание кое кај другите ќе изврши промена сè додека вашето срце не се понизи и не постане благо и меко под влијанието на Христовата благодат.“ – Евангелизам, 458.

б. Под кои околности и зошто Господ често им дозволува на своите слуги да одат по својот пат и да ги сносат последиците? Пс. 81,11.12; Езек. 14,4; Гал. 6,7.

“Кога човекот се воздига над влијанието на Светиот Дух, тој жнее жетва на беззаконие. Над таков човек Духот има сè помало и помало влијание и не може да го задржи од сеење на семе на непослушност.“ – Библиски коментари, 723.

Петок 28. февруари

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Кога таканаречениот Божји слуга ќе се сврти кон силите на темнината, како тој често се обидува да го прикрие својот вистински карактер?
2. Со што Бог го предизвикал Валам да открие што е во неговото срце?
3. Како и ние можеме да се изложиме на опасност да ја изопачиме Божјата вистина?
4. Како Бог го искористил сега веќе отпаднатиот Валам да фрли светлина врз поглаварите на Моав?
5. Зошто Бог честопати дозволува да одиме по својот пат и да ги носиме последиците од тоа?

Сподели го ова:

Слични објави