08 Поуки за евангелизам од Хананската граница

Сподели го ова:

8. лекција – 22. февруари 2014.

Поуки за евангелизам од Хананската граница

“Затоа како што вели Светиот Дух: „Денес ако го чуете Неговиот глас, не закорувајте ги вашите срца, како при огорчувањето во денот на искушувањето во пустината.“ – Евр. 3,7.8.

“Кога луѓето во своето срце ќе му подлегнат на неверувањето, тие самите се ставаат под контрола на сатаната, и никој не може да каже до каде тоа ќе ги одведе.“ – РХ, 29.октомври, 1903.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Патријарси и пророци, 400-409.

Недела 16. февруари

1. СЕРИОЗНО ТЕСТИРАЊЕ НА ВЕРАТА

а. Кој извештај покажува дека синовите Израелови немале доволно вера, и зошто? 5 Мојс. 1,21; 4 Мојс. 13,1.2.17-20.27-32.

“Народот немал трпение ниту размислувал дека Оној, кој ги довел до тука, сигурно ќе ги одведе и во таа земја. Не си спомнувале како Бог со чудо ги ослободил од нивните угнетувачи отворајќи пред нив пат низ морето и уништувајќи ја војската на Фараонот која ги гонела. Го оставиле Бога на страна и дејствувале како сè да зависело само од моќта на оружјето.“ – Патријарси и пророци, 401.

б. Како Израелците со своето неверување покажале дека не биле подготвени за освојување на ветената земја? 5 Мојс. 1,26; 4 Мојс. 14,1-4. Како неверувањето ги попречува евангелизациите и денес? Евр. 3,16-19.

“Тие ги прифатиле лажните извештаи на неверните извидници, па целиот народ бил измамен… Само двајца се застапувале за вистината, додека другите десетмина застанале на страната на бунтовниците.“ – Патријарси и пророци, 404.

Понеделник 17. февруари

2. “БЕЗ МЕНЕ НЕ МОЖЕТЕ ДА ПРАВИТЕ НИШТО“

а. Како Господ уште еднаш ја проверувал Мојсеевата љубов кон Израел? 4 Мојс. 14,11.12.19.20. Како вистинскиот победник се залага за грешниците? Јоил 2,17.

б. Каква била реакцијата на луѓето кога Мојсеј им ја соопштил Божјата одлука? 4 Мојс. 14,33-35.39.40.

“Престапот страшно ги заслепил. ‘Ќе одиме и ќе се бориме’, викале тие; но Господ никогаш не им наложил да прават така. Негова намера не била тие таа земја да ја заземат со војување, туку со строга послушност кон Неговите заповеди.“ – Патријарси и пророци, 406.
“Иако срцата им останале непроменети, народот сепак бил наведен да ја признае својата грешка и лудоста на својот бунт кога се вратиле извидниците. Дури сега ја увидувале вредноста на благословите кои тие толку набрзина ги отфрлиле. Признале дека нивното неверие ги исклучило од Ханан.“ – Патријарси и пророци, 407.

ц. Што се случило кога Израелците се обиделе да го освојат Ханан со сопствена сила и зошто? 4 Мојс. 14,41-45. На кој начин и ние можеме да дојдеме во искушение да ја повториме нивната грешка? Јован 15,5.

“Кога требало да се заземе Хананската земја, не верувале дека ќе им се придружи Божјата сила, а сега имале намера без Божја помош, со сопствена сила, да ја постигнат целта. ‘Згрешивме пред Господа – рекле – ќе одиме и ќе се бориме како што ни беше заповедал нашиот Господ Бог’ (5 Мојс. 1,41). Престапот страшно ги заслепил. ‘Ќе одиме и ќе се бориме’, викале тие; но Господ никогаш не им заповедал ‘да одат и да се борат’. Негова намера не била тие таа земја да ја заземат со војување, туку со строга послушност кон Неговите заповеди.“ – Патријарси и пророци, 406.
Вторник 18. февруари

3. РАНИОТ ЕВАНГЕЛИЗАМ ВО ХАНАН 40 ГОДИНИ ПОДОЦНА

а. Што Исус Навин после четириесет години, во подготовката за освојувањето на Ерихон, исто така направил и зошто? Исус Навин 2,1 (прв дел).

“Неколку километри од другата страна на реката и токму спроти местото каде што Израелците биле улогорени се наоѓал големиот и добро утврден град Ерихон. Тој град всушност бил клуч за целата земја, па за Израелците значел сериозна пречка. Исус Навин пратил двајца млади луѓе да го извидат градот за да видат колку жители има, колку богатство и какви му се тврдините.“ – Патријарси и пророци, 501.
“При освојувањето на Ерихон моќниот Војвода на војската Господова така ја испланирал битката така што ниедно човечко битие не можело славата на победата да ја припише себеси. Ниедна човечка рака не се допрела до градскиот ѕид, за да не му припадне на човекот славата на победата.“ – Библиски коментари, 104.

б. На каква опасност биле изложени двајцата извидници, и кој ги зел во заштита? Исус Навин 2,1 (втор дел).

“Жителите на градот (Ерихон), исплашени и недоверливи, постојано биле претпазливи, па на овие извидници им се заканувала голема опасност.“ – Патријарси и пророци, 502.

ц. Според извештајот на Рава, како таа и луѓето воопшто реагирале кога веста за Божјата моќ стигнала во Ерихон? Исус Навин 2,9-11.

д. Каков извештај донеле извидниците, и каков бил исходот од тоа? Исус Навин 2,22-24.

“Тогаш Исус Навин издал наредба за тргнување. Народот требало да се снабди со храна за три дена, а војската да се подготви за битка. Сите со задоволство го прифатиле планот на водачот, уверувајќи го дека ќе имаат доверба во него и дека ќе го подржат.“ – Патријарси и пророци, 502.
Среда 19. февруари

4. БАРАЊЕ НА ИЗГУБЕНИТЕ ОД ВРАТА ДО ВРАТА

а. Која била главната Божја намера кога двајцата извидници ги пратил во домот на Рава? Исус Навин 2,12-16; Евр. 11,31.

“Бог сакал преку Израел да го открие Својот карактер и со тоа да ги привлече луѓето кон Себе. Евангелскиот повик задолжително требало да му се упати на целиот свет. Преку поуките што ги давала церемонијалната служба која опфаќала принесување на жртви, Христос морал да биде возвишен пред народите за да можат да живеат сите што ќе поверуваат во Него. Слично на Хананката Рава или Моавката Рута, сите што ќе го напуштат идолопоклонството и ќе прифатат да го обожаваат вистинскиот Бог, требало да се обединат со Неговиот избран народ.“ – Христовите поуки, 256.

б. Како Божјиот Дух го насочил Петра во куќата на еден незнабожец каде што драгоцените души чекале да бидат приведени кон Господа? Дела 10,11-15.19-28.

“Доближете се до луѓето; запознајте се со семејствата каде што тоа е можно; не чекајте луѓето да ‘трагаат’ по пастирот. Имајте доверба и осведочување на верата која докажува дека не верувате во празни приказни, туку во она едноставното: ‘Така вели Господ’…
Постојат многу семејства до кои вистината на Божјата Реч нема никогаш да допре, освен ако ‘приставите на различните Христови благодати’ не влезат во нивните домови и со својата сериозна работа, посветена и одобрена од страната на Светиот Дух, ги срушат бариерите и здобијат пристап до срцата на луѓето. Кога луѓето ќе увидат дека овие работници се весници на милост и слуги на благодатта, тие ќе бидат подготвени да ги слушаат зборовите изговорени од нив. Меѓутоа, срцата на оние кои ја работат оваа работа мораат да чукаат заедно со Христовото срце. Тие мора да бидат целосно посветени во Божјата служба, подготвени да ги послушаат Неговите барања, да одат по патиштата на Неговото провидение и да зборуваат зборови кои Тој им ги дава.“ – Евангелизам, 158.159.

ц. Кој факт се открива кога ќе ги споредиме деновите на Ное, деновите на Лот во Содом, и последните денови на Ерихон? Лука 13,23.24; 2 Петр. 2,5-9; Исус Навин 6,17.

Четврток 20. февруари

5. “ТА СЕКОЈ КОЈ ВЕРУВА…“

а. Што сакал Христос да каже во Матеј 21,28-31, кога ги изобличувал првосвештениците и народните старешини?

“Спасителот меѓутоа, никогаш не заобиколил една душа која била подготвена да ги прими скапоцените вистини од небото, колку и да била потоната во грев. За цариниците и блудниците Неговите зборови претставувале почеток на нов живот.“ – Мисли од гората, 91.

б. Колку ние треба да го следиме Неговиот пример во мисионерски поглед? Марко 16,15.

“Ние треба да му покажеме на светот и на сите небесни сили дека ја цениме прекрасната Божја љубов кон паднатото човештво и дека ние очекуваме поголеми и уште поголеми благослови од Неговата бесконечна полнота. Далеку повеќе отколку што чиниме, ние треба да зборуваме за драгоцените поглавја од нашето искуство…
Кога вака го славиме Бога, сатаната се повлекува. Ние треба да го протераме духот на мрморење и приговарање, и искушувачот ќе го загуби тлото. Кај нас се зајакнуваат карактерните особини кои земните жители ги подготвуваат за небесните дворови.“ – Христовите поуки, 266.
“Таквите сведоштва ќе имаат влијание врз другите. Нема поуспешен начин за придобивање на души за Христа од овој.“ – Христовите поуки, 267.

Петок 21. февруари

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Како Израелците реагирале кога го слушнале извештајот на дванаесетте извидувачи?
2. Со што Мојсеј покажал дека неговата љубов кон неговиот народ не престанала?
3. Зошто четириесет години подоцна биле испратени само двајца извидувачи?
4. Зошто овие двајца извидувачи биле упатени токму во домот на Рава?
5. На кој начин историјата честопати се повторува и денес додека нашите мисионери се во потрага по изгубените луѓе кои имаат потреба од спасение?

Сподели го ова:

Similar Posts