06 Подготовка за улогата на светлоносец (2)

Сподели го ова:

6. лекција – 8. февруари 2014.

Подготовка за улогата на светлоносец (2)

“О, да беше Ме послушал Мојот народ и Израел да одеше по Моите патишта! Веднаш ќе ги покорев нивните непријатели и ќе ја свртев раката Своја против оние што го оскрбуваа.“ – Пс. 81,13.14.

“Оние на кои лежи товарот на оваа работа (на реформите) не смеат да гледаат мирно кога се работи погрешно, ниту пак да го покриваат злото со наметка на лажно милосрдие.“ – Пророци и цареви, 675.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Хр. очигл. поуки, 153-157.

Недела 2. февруари

1. ОД ПОНИЗОК ДО ПОВИСОК КРИТЕРИУМ

а. Како Израелците – кога во Ханан ги имале сите услови да бидат светлина на светот – би биле благословени да го прифатиле Божјиот план во поглед на враќањето на првобитната исхрана дадена на Адам? Пс. 78,23-25; 81,13.14.

“Со цел да ги измени и облагороди нивните склоности, и во нив да ги активира повисоките сили на умот (Господ) им го отстранил месото од мртвите животни. Тој им дал ангелска храна – мана од небото.“ – Библиски коментари, 79.

б. Бидејќи јадењето на месо после потопот било привремено дозволено (1 Мојс. 9,3; 18,7; 27,9), зошто Израеловите синови биле казнети кога барале месо? 4 Мојс. 11,33; Пс. 78,27-32; 106,14.15.

“Кога некој јасно ќе види што му е должност, тогаш нека не излегува пред Бога со молитва барајќи дозвола сепак да не ја изврши. Наместо тоа, тој треба со смирен и покорен дух да се моли за сила и мудрост за да може да ги исполни нејзините барања.“ – Патријарси и пророци, 461.
Понеделник 3. февруари

2. ПОПУСТЛИВОСТ ПОРАДИ ЗАКОРАВЕНИ СРЦА

а. Како Господ, поради неподготвеноста на Израелците за повисок критериум, во некои аспекти покажувал трпение и толеранција кон нив додека ги водел? Псалм 81,11.12; Езекиел 14,4.5.

б. Поради ‘нивните закоравени срца’ што Господ конечно им дозволил на Израелците да јадат? Какви рестрикции Бог ставил и на тоа што било дозволено поради здравствени причини? 3 Мојс. 11,1-4.9.10; 3,17; 22,8.

“По нивното населување во Ханан, на Израелците им било дозволено да користат храна од животинско потекло, но со внимателни ограничувања со тенденција да се намалат лошите последици.“ – Здравје и среќа, 274 (311.312).

ц. Какви уредби и закони Господ му дозволил на Мојсеј да им даде кога тие не биле подготвени да го прифатат повисокиот критериум? Езекиел 20,23-25. Кој совет црковните водачи и евангелисти секогаш треба да го имаат на ум? Јован 14,17; 16,13.

“Ние не треба да одиме побрзо отколку што тоа можат да го прифатат и оние кои врз основа на својата совест и разум се убедени во вистините кои ги застапуваме. Со луѓето ние треба да се сретнеме таму каде што тие се наоѓаат. На некои од нас им требаа многу години за да дојдат на нашата сегашна позиција на здравствената реформа. Реформите во поглед на исхраната треба да се спроведуваат внимателно. Апетитот претставува силно искушение со кое мораме да дојдеме во судир, бидејќи светот е оддаден на ненаситност. Ако сфатиме дека работата со луѓе бара толку време колку што и нам ни беше потребно за да го достигнеме сегашниот прогрес во реформата, ние ќе бидеме многу трпеливи со нив, дозволувајќи да напредуваат чекор по чекор, како што правевме и самите ние, сè додека нивните нозе не се зацврстат на платформата на здравствената реформа. Меѓутоа, мораме да бидеме многу внимателни не брзајќи пребргу, за да на бидеме принудени да се враќаме по истата трага. Во реформата е подобро да се направи еден чекор помалку, отколку за еден чекор да истрчуваме пред поставената цел. И ако во сето тоа направиме грешка, тоа нека биде на страната која нè приближува кон народот.“ – 3 Сведоштво, 22.
Вторник 4. февруари

3. ПРЕД ВЛЕЗОТ ВО ХАНАН

а. Пред влезот на Израелците во Ханан, кои други значајни институции, покрај првобитната исхрана, требало да се обноват меѓу нив, така што ќе бидат квалификувани да бидат светлина во светот?

1) Божјиот ден за одмор – саботата. 1 Мојс. 2,2.3; 2 Мојс. 16,29.30; Евр. 4,1-3.9-11. Зошто тие не биле во состојба да влезат во Божјата починка во целосна смисла (и буквално и духовно)? Евр. 3,18.19.

2) Брачната институција. Иако Мојсеј сакал да ја обнови оваа институција, зошто неговите напори останале безуспешни? Мат. 19,4.7.8; Езек. 20,25. Какви напори се направени подоцна во тој поглед? Мал. 2,14-16.

б. Со оглед на закоравеноста на срцата на древниот Израел, на кој начин понекогаш и ние паѓаме во искушение да го повториме нивниот пример?

“Историјата за животот на Израел во пустината е запишана за наука на Божјиот Израел сè до крајот на времето. Записите за Божјото постапување со патниците во пустината, за сите нивни талкања, изложеност на глад, жед и умор и за впечатливата манифестација на Неговата сила во нивна полза, се полни со предупредувања и поуки за Неговиот народ во сите времиња. Различните искуства што ги стекнале Евреите тука, претставувале подготвителна школа за животот во ветената хананска земја. Бог сака Неговиот народ во овие денови со понизно срце и со смирен дух да ги проучи искушенијата низ кои поминувал древниот Израел за да може од тоа да извлече поука во својата подготовка за небесниот Ханан.
“Осврнувајќи се на Израелците, мнозина се чудат на нивното неверство и мрморење и им се чини дека тие не би биле толку неблагодарни. Меѓутоа, секогаш кога нивната вера ќе се стави на каква било проверка, дури и на мали искушенија, тие не покажуваат поголема вера или трпение отколку што покажал древниот Израел. Кога ќе западнат во тешкотии, тие се жалат против постапките кои Бог ги избрал за да ги очисти.“ – Патријарси и пророци, 296.

Среда 5. февруари

4. ПОДГОТОВКА ЗА НОВАТА ЗЕМЈА

а. Во времето на последокот, пред нашиот влез во небесен Ханан, дали првобитните Божји институции ќе бидат целосно обновени? Мат. 17,11; Дела 3,20.21. Кои се тие институции?

1) Денот за одмор – саботата: Ис. 56,1.6-8; 58,12-14.
2) Брачната институција: 1 Кор. 7,1.2.10.11.24.29.39.
3) Првобитната исхрана без месо дадена на Адам и Ева: 1 Кор. 10,5.6.11; Ис. 22,12-14.

“При завршетокот на светот сите божествени институции ќе бидат обновени. Ќе се санираат урнатините во законот кои што човекот ги направил престапувајќи ја саботата. Остатокот на Божјиот народ кој како реформатор стои пред светот, треба да покаже дека Божјиот закон е основа на секоја трајна реформа и дека саботата од четвртата заповед, мора да стои како спомен на создавањето, постојан потсетник на Божјата моќ. Тие мора со јасни и разбирливи зборови да укажат на обврската за држењето на сите десет заповеди. Поттикнати од Христовата љубов, тие мора да соработува со Него, ѕидајќи урнатини. Тие треба да бидат обновители на урнатини, градители на патишта за населби (Ис. 58,12).“ – Пророци и цареви, 462.

б. Тргнувајќи од фактот дека ‘сите божествени институции треба да се обноват’, како пророштвото ги опишува оние кои ја носат последната порака на милост на овој свет? Ис. 58,12; 61,4.

“Пророкот со овие зборови го опишува народот кој во времето на општ отпад од вистината и праведноста се труди да ги обнови начелата на кои е засновано Божјото царство. Тој народ обновува урнатини направени во Божјиот закон – ѕидови кои Тој ги подигнал за да ги заштити своите избраници.“ – Пророци и цареви, 462.
“Во упадлива спротивност со ова мноштво стои мала група на оние кои не отстапуваат од својата верност на Бога. ‘Тука е трпението на светиите; тука се оние што ги пазат заповедите Божји и верата во Исус’ (Откр. 14,12). Овде се оние за коишто пророкот Исаија вели: ‘Тогаш твоите потомци ќе градат врз стари урнатини: ти ќе ги поставиш основите на многу поколенија, и ќе те викаат обновител на урнатини, градител на патишта за населби’ (Ис. 58,12).“ – Знаци на времето, 8. февруари, 1910.
Четврток 6. февруари

5. ‘ГО ЧУВМЕ ГЛАСОТ НЕГОВ’

а. Кој бил Ангелот кој слегол на планината Синај за да непосредно со својот глас им проговори на луѓето? Дела 7,37-39; 3,22.23; 1 Кор. 10,1-4.

б. Како знаеме дека Христос не дошол на овој свет да воведе нова религија, туку само да го поврати она што било изгубено преку делувањето на сатаната? Лука 19,10; 1 Јов. 3,8; Мат. 5,17.

“Со големиот план на откупувањето светот ќе биде вратен во својата првобитна состојба. Сè што било загубено со гревот, со Божјата милост повторно ќе биде вратено.“ – Патр. и прор., 351.

ц. Што треба да биде наше искуство и одговорност како Христови соработници? Споредете Јован 16,13 со Амос 4,12.

“Вистината која ние ја имаме е поголема и посвечена од сите пораки кои кога било им биле доверени на смртниците, и ние сме одговорни за начинот на кој ја претставуваме пред светот. Работата на спасението на душите, на секој од нас треба да му биде на прво место. Додека правиме сè што е во наша моќ да ги придобиеме другите за вистината, ние треба да покажеме какво влијание таа извршила врз нашиот срца и карактерот.“ – 5 Сведоштво, 286.

Петок 7. февруари

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Кога јасно ќе видиме што ни е должност, како ние треба да одговориме?
2. Што Господ, водејќи го својот народ, понекогаш употребува кога тие не се подготвени за повисок критериум?
3. Кои три првобитни институции Господ сака Неговиот народ да ги обнови пред да го доведе неговиот народ до Ханан?
4. Што исто така треба да се обнови пред нашето влегување во небесен Ханан?
5. Дали Христос дошол на овој свет да воведе нова религија или да го обнови она што било изгубено?

Сподели го ова:

Similar Posts