04 Мојсеј

Сподели го ова:

4. лекција – 25. јануари 2014.

Мојсеј

“Со вера Мојсеј, кога порасна, се откажа да се нарече син на фараоновата ќерка и повеќе сакаше да страда заедно со народот Божји, отколку да ужива во минливите гревовни наслади. Страдањето заради Христос го сметаше за поголемо богатство, отколку ризниците на Египет; зашто предвид ја имаше наградата.“ – Евр. 11,24-26.

“Преку велелепноста на раскошниот двор и над владетелската круна, неговиот поглед бил насочен кон повисоките почести што ќе им бидат укажани на светците на Севишниот во неговото царство неизвалкано од гревот.“ ¬– Патријарси и пророци, 248.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Патријарси и пророци, 241-258.

Недела 19. јануари

1. ДОМОТ – ПРВОТО ЕВАНГЕЛСКО ПОЛЕ

а. Каква одговорност Јохаведа чувствувала во врска со воспитувањето на нејзиниот син? 2 Мојс. 2,7-9; Дела 7,20.21.

“Бог ги слушнал молитвите на мајка му; нејзината вера била наградена… Верно ја искористила дадената можност своето дете да го воспита и да го одгледа за Бога. Таа сигурно верувала дека детето е сочувано за некаква голема задача… го воспитувала уште погрижливо и повнимателно отколку другите свои деца. Се трудела во неговата душа да всади Божји страв и љубов кон правдата и вистината, и искрено се молела на Бога да го сочува од секое лошо влијание.“ – Патријарси и пророци, 245.

б. Како родителите треба да ги воспитуваат своите деца? Изреки 22,6.

“Целиот иден живот на Мојсеј, големото дело што го извршил како водач на Израел, сведочи колкава важност има задачата на една христијанска мајка. Нема задача што би можела да се изедначи со ова.“ – Патријарси и пророци, 245.

Понеделник 20. јануари

2. МОЈСЕЕВАТА ВТОРА ШКОЛА – ЦАРСКИОТ ДВОР

а. Какво образование Мојсеј примил во дворот на Египетскиот цар? Дела 7,22.

“На фараоновиот двор Мојсеј добил највисоко граѓанско и воено образование. Владетелот решил својот посвоен внук да го стори наследник на својот престол, и момчето било воспитувано за таа висока положба. ‘И ја научи Мојсеј целата египетска мудрост, и беше силен во зборовите и во делата’ (Дела 7,22). Неговите исклучителни способности како војсководец го сториле миленик на египетските армии. Насекаде го сметале за човек достоен за восхит.“ – Патријарси и пророци 246.

б. Разговарајте за влијанието на воспитувањето кое Мојсеј го добил во неговиот еврејски дом.

“Според египетските закони, секој што би стапил на Фараоновиот престол, морал да стане член на свештеничката каста. Така и Мојсеј, како наследник, морал да биде упатен во тајната на египетската религија. Таа должност им била доверена на свештениците. Но, иако ревносно и неуморно го изучувал сето тоа, сепак не можеле да го придобијат да учествува во обожавањето на боговите… Но тој непоколебливо останал при својата одлука заклетва на верност да не му дава никому освен на единствениот Бог, Творецот на небото и на земјата.“ – Патријарси и пророци 246.

ц. Кога на Мојсеј му се заканувала опасност да ја изгуби круната, каков избор тој направил? Зошто? Евр. 11,24-26.

“Мојсеј имал способности да заземе истакнато место меѓу великаните на земјата, да блесне на дворовите на тогаш најславното царство и во своја рака да го земе жезолот на неговата сила. Со својата интелектуална големина тој ги надминува интелектуалните луѓе на сите времиња. Како историчар, поет, филозоф, војсководец и законодавец – е неспоредлив.“ – Патријарси и пророци 247.
Вторник 21. јануари

3. МОЈСЕЕВАТА ТРЕТА ШКОЛА – ЧУВАЊЕ НА СТАДОТО

а. Зошто на човекот кого Бог го подготвувал за така голема задача му била неопходна и ова трета школа – чување на овците? 2 Мојс. 2,15.16.21; 3,1; Евр. 11,27.

“Во школата на самооткажување и тешкотии (Мојсеј) требало да се научи на трпение и на контрола над своите страсти. Пред да може мудро да владее, тој морал да биде научен да слуша. Неговото срце морало да биде во потполна хармонија со Бога за да биде во состојба да ги поучува Израелците на познавање на Неговата волја. Морал низ лично искуство да биде подготвен да покажува татковска грижа за сите на кои ќе им затреба негова помош.“ – Патријарси и пророци 250.

б. Каков карактер развил Мојсеј како резултат на своето четириесет годишно школување во пустината? 4 Мојс. 12,3.

ц. Што се бара од оние кои се подготвени да работат за Бога за да може Тој да ги прифати нивните напори, и што тие мора да научат? Рим. 12,18.

“Кај сите кои биле одбрани да извршат некое дело за Бога, се забележува човечки елемент. Но тие не смееле да останат неизменети во своите навики и во карактерот, задоволувајќи се со тоа да останат во таа состојба. Тие најискрено се труделе да примат мудрост и да научат како треба да работат за Него. Апостолот вели: ‘Ако некому од вас му недостига мудрост, нека ја моли од Бога, кој на сите им дава изобилно и без укор – и ќе му се даде’ (Јаков 1,5). Но Бог не им дава на луѓето небесна светлина сè додека тие се задоволни со себе и наклонети да останат во темнина. За да може да ја прими Божјата помош, човекот мора да ја увиди својата слабост и недостаток; тој мора својот дух да го прилагоди кон онаа голема промена што треба да се случи во него; тој мора да биде поттикнат на сериозна молитва и на истрајни напори. Лошите навики и обичаи треба да се отфрлат; само со решително настојување таквите заблуди да се исправат и да им се подложат на исправните начела, може да се извојува победа. Мнозина никогаш не успеваат да дојдат до онаа положба која инаку би можеле да ја заземат само затоа што очекуваат Бог да го направи за нив она што самите можат да го сторат со силата што Бог им ја дал.“ – Патријарси и пророци 251.
Среда 22. јануари

4. НЕМА ОПРАВДУВАЊЕ ЗА ЧОВЕЧКИТЕ СЛАБОСТИ

а. Како Бог ја отстранил Мојсеевата срамежливост и недоверливиот изговор дека е човек со ‘бавен јазик’? 2 Мојс. 4,10-12.

“Човекот ќе добие сила и делотворност ако ги прифати одговорностите што Бог ги става врз него и ако со сета душа се труди да се оспособи за правилно извршување на задачата што му е доделена. Сепак колку и да му е скромна положбата, а способностите ограничени, секој што има доверба во божествената сила и кој се труди својата задача да ја изврши верно, ќе достигне вистинска големина.“ – Патријарси и пророци 257.

б. Со која своја слабост Мојсеј го налутил Бога? Како со неговата склоност да ѝ попушта на својата сопруга резултирало во непослушност кон Бога? 2 Мојс. 4,24.25.

“На патот од Мадијам Мојсеј одненадеж и на страшен начин бил предупреден на Божјото незадоволство кон него. Му се јавил ангел во толку заканувачки став, како да сака веднаш да го уништи. Не било дадено никакво објаснување, но Мојсеј веднаш се сетил дека занемарил едно од Божјите барања. Подлегнувајќи на убедувањето на својата сопруга, пропуштил да го обреже својот помлад син… а таквото занемарување од страна на нивниот избран водач може само да ја ослаби силата на Божјите заповеди во очите на народот.“ – Патријарси и пророци 258.

ц. Кога луѓето се повикани да извршат некоја одредена задача за Бога, што покажува дека тие мораат да бидат внимателни и да знаат да ја извршуваат својата должност? 1 Сам. 15,22; Јаков 4,17.

“И денеска мнозина се однесуваат на сличен начин иако пред очи го имаат примерот на Саул и последиците на неговиот грев. Од една страна одбиваат да веруваат во некои Божји барања и да се придржуваат кон нив, од друга страна упорно вршат надворешни форми на богослужение. Божјиот Дух не прифаќа таква служба. Без оглед на тоа колку луѓето се ревни во одржувањето на верските церемонии, Бог сепак не може да ги прифати ако и понатаму намерно престапуваат макар и една Негова заповед.“ – Патријарси и пророци 671.
Четврток 23. јануари

5. БИТНИ КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ХРИСТИЈАНСКА СЛУЖБА

а. Која е првата и најглавна квалификација која секоја победничка душа мора да ја има? Јован 21,15-17.

“Значајно било прашањето кое Христос му го поставил на Петар. Тој спомнал само еден услов за учеништво и служба. ‘Ме љубиш ли? – рекол Тој. Тое е суштинска квалификација. Иако Петар можел да ги има сите други услови, но без Христова љубов, тој не можел да биде верен пастир на Неговото стадо. Знаењето, добродушноста, речитоста, благодарноста и ревноста – сите тие особини се од помош во добрата работа, но без Христовата љубов во срцето, работата на христијанскиот проповедник е промашена работа.“ – Копнежот на вековите, 792.

б. Што претставува очигледен доказ дека Мојсеј ја стекнал оваа битна квалификација? 2 Мојс. 32,9-12.32.33. Дали Бог навистина имал намера да го уништи израелскиот народ, или само сакал да го провери Мојсеја?

“Ако Бог намислил да ги уништи Израелците, кој би можел да се залага за нив?…
“Кога Мојсеј посредувал за Израел, неговата плашливост потполно исчезнала во длабокиот интерес и љубов за оние за кои толку многу сторил како орудие во Божјите раце. Бог ги ислушал неговите молби и ја примил неговата несебична молитва. Тој го проверувал својот слуга; сакал да види колкава е неговата верност и љубов кон заблудениот и неблагодарен народ, и Мојсеј благородно ја издржал проверката.“ – Патријарси и пророци 328.

Петок 24. јануари

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Која била првата школа во која Мојсеј бил воспитуван?
2. Која била втората школа која морал да ја посетува?
3. Каде се наоѓала третата школа во неговиот живот?
4. Како секоја од овие школи битно придонела во Мојсеевата подготовка за неговото животно дело?
5. Кое е првото прашање кое се поставува пред секој кој сака да биде победник?

Сподели го ова:

Слични објави