03 Јосиф во Египет

Сподели го ова:

3. лекција – 18. јануари 2014.

Јосиф во Египет

“Затоа Бог ме прати пред вас, за да ве зачува на земјата, а и да ви го запази животот со големо избавување.“ – 1 Мојс. 45,7.

“Многумина … се искушуваат … Тие не го слушаат Божјиот глас кој им зборува директно од небото, но Тој ги повикува со учењето на Неговата Реч и настаните на Неговото провидение.“ – Христијанска служба, 181.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Патријарси и пророци, 210-220.

Недела 12. јануари

1. БОЖЈО ПРОВИДЕНИЕ

а. Како Јосиф го изразил своето уверување дека тој бил однесен во Египет по Божјо провидение? Која Божја намера очигледно била исполнета преку него? 1 Мојс. 45,5.7; 50,20.

“Преку Јосиф вниманието на фараонот и на египетските големци било насочено кон вистинскиот Бог.“ –Патријарси и пророци, 219.220.

б. Бидејќи потомците на Аврам биле повикани да постанат ‘светлина на светот’ и на тој начин да бидат на благослов за ‘сите народи’, каде тие имале најдобра можност да постанат такви за многубројниот народ за краток период? Псалм 105,17.23.24.

“Египет, сепак, нудел услови кои се неопходни за исполнување на божествената намера. Така им било ставено на располагање едно добро наводнувано и плодно земјиште, што давало големи можности за нивно брзо размножување. А бидејќи имале специфично занимање, морале во Египет да наидат на антипатија, ‘зашто за Египќаните сите пастири се нечисти’ (1Мојс.46,34) – па поради тоа можеле како народ да останат различни и потполно одделени и заштитени од учеството во идолопоклонството на Египќаните.“ – Патријарси и пророци, 231.
Понеделник 13. јануари

2. ЈОСИФОВАТА УСПЕШНА СЛУЖБА

а. Што Јосиф открил додека служел како роб во куќата на Петефриј? 1 Мојс. 39,1.2.

“Кога караванот стигнал во Египет, Јосиф му е продаден на Петефриј, командирот на царската стража, кај кого служел полни десет години. Тука бил изложен на искушенија од несекојдневен карактер. Се нашол среде идолопоклонството. Обожавањето на лажните богови било придружено со сета раскош на царскиот двор, а поддржувано со богатството и со културата на цела една, во тоа време најцивилизирана нација на светот. А сепак, Јосиф бил истраен во својата едноставност и верност кон Бога… Тој не се срамел од верата на своите татковци и не се обидел ниту да сокрие дека го почитува Јехова.“ – Патријарси и пророци, 211.

б. Што го навело Петефриј да согледа во што била тајната на Јосифовото успешно водење на неговото домаќинство? 1 Мојс. 39,3. Како резултат на тоа, што Петефриј направил? Стихови 4,5.

“Забележливиот просперитет кој го придружувал сето она што му било доверено на Јосиф не бил резултат на некое особено чудо, туку Божји благослов ја крунисал неговата трудољубивост, совесност и претприемливост. Јосиф секој свој успех го припишувал на Бога, па дури и неговиот идолопоклонички господар тоа го прифатил како тајна за неговиот неспоредлив просперитет во секој потфат. Сепак, успехот не би можел да се постигне без постојани, истрајни и добро смислени напори.“ – Патријарси и пророци, 212.

ц. Кои ветувања и припаѓаат на секоја верна и вредна личност? Псалм 1,1-3; 128,1.2; Изреки 12,24; 22,29.

“Нека никој не се шегува со своите одговорности. Ако при купувањето внимавате без вистинска потреба да не ги трошите не само денарите, туку и стотинките, имајте на ум дека Божјиот благослов почива врз оние кои се трудољубиви и штедливи. Тој не ‘го презира денот на скромните почетоци’ (Зах. 4,10). Мудрото користење на скромните залихи ќе донесе чудесен пораст. Еден талент мудро искористен ќе донесе два талента за Господа.“ – Совети за приставите, 48.
Вторник 14. јануари

3. ЈОСИФОВИОТ ИНТЕГРИТЕТ

а. На какво искушение Јосифовата вера и чесност биле изложени во куќата на Петефриј, и како тој одговорил на таквото искушение? 1 Мојс. 39,7-9.

“Одговорот на Јосиф ја открива моќта на верските начела. Тој не сакал да ја изневери довербата ниту на својот земен господар, и без оглед на тоа какви ќе бидат последиците, решил да му остане верен на својот небесен Господар. Пред очите на сезнајниот Бог и на светите ангели, мнозина си дозволуваат себеси слобода да сторат нешто што никогаш не би го сториле пред своите ближни. Но Јосиф прво помислил на Бога.“¬ – Патријарси и пророци, 213.

б. И покрај тоа што Јосиф му бил верен на својот господар, со што Петерфиј создал впечаток дека верува на лажните обвинувања на својата неморална жена против Јосиф? 1 Мојс. 39,20; Псалм 105,17.18.

“Јосиф страдал поради својата чесност, зашто заводницата, не успевајќи во својата намера да го заведе, му се одмаздила обвинувајќи го за гнасно злосторство, поради кое бил фрлен во затвор. Кога Петфриј би им верувал на обвинувањата на својата жена против Јосиф, младиот Евреин би го загубил својот живот. Но скромноста и честитоста, кои постојано и доследно го краселе неговиот живот, претставувале доказ за неговата невиност; па сепак, за да се ‘спаси угледот’ на куќата на неговиот господар, тој бил деградиран, осрамотен и окован.“¬ – Патријарси и пророци, 213.

ц. Каде се наоѓал тој затвор? Спореди: 1 Мојс. 39,1 и 41,9.10. Како Бог го употребил Јосифа на добро додека се наоѓал во затворот на Петерфиј? 1 Мојс. 40,1.2.5.8.12-19.23.

“Пехарникот во најголема можна мера му заблагодарил на Јосифа како за охрабрувачкото толкување на сонот, така и за мноштвото љубезни услуги и вниманија. Во одговор на тоа – објаснувајќи му ја на најтрогателен начин неправедноста на своето заробеништво – Јосиф го замолил да се заземе за него пред царот… но кога му била вратена службата и наклоноста на царот, наполно го заборавил својот добротвор.“¬ – Патријарси и пророци, 214.
Среда 15. јануари

4. ЈОСИФ ПРЕД ФАРАОНОТ

а. Што Господ во своето провидение направил Јосиф да излезе од затвор? 1 Мојс. 41,1-7. Како вистинскиот Бог му се открил на фараонот? 1 Мојс. 41,9.12.14-16.

б. Како Јосиф на самиот почеток на толкувањето на фараоновиот сон го свртел вниманието на царот на вистинскиот Бог? 1 Мојс. 41,25. Раскажете го толкување на сонот. 1 Мојс. 41,26-31.

ц. Каков совет му дал Јосиф на фараонот? 1 Мојс. 41,33-36.

“Толкувањето било толку разумно и логично, а предложените насоки се дадени толку добро и остроумно, што во точноста не можело да се сомнева….“ – Патријарси и пророци, 218.

д. Какви докази имаме дека фараонот почнал да верува во вистинскиот Бог? 1 Мојс. 41,38-41.

“Сиот исполнет со самопрекори, пехарникот се трудел својата поранешна неблагодарност да ја исправи на тој начин што својот добродетел најтопло го пофалил, а натамошното распрашување на царот ја покажало исправноста на неговиот извештај. Во целото царство Јосиф бил единствениот човек надарен со мудрост да укаже на опасноста што му се заканувала на царството и да ја истакне неопходноста од подготовка за отстранување на таа опасност. Царот се уверил дека тој навистина е најспособен да го изведе планот што самиот го предложил. Било јасно дека Јосиф располага со божествена моќ, бидејќи ниеден меѓу царските државници не бил толку способен во тоа кризно време да ја поведе нацијата. Фактот што тој бил Евреин и роб не значел многу кога на тоа му е спротивставена неговата мудрост и неговото здраво расудување. ‘Можеме ли да најдеме човек каков што е овој, во кого е Божјиот Дух’ – ги прашал царот своите советници.“ – Патријарси и пророци, 218.

Четврток 16. јануари

5. ЈОСИФ –ДОСТОЕН ПРИМЕР

а. Која е една од првите лекции која оние што сакаат да бидат победници треба да ја научат од Јосифовото искуство? Лука 16,10.

“Верната грижа во сите должности и на секоја положба – од најниска до највисока – ги обучиле сите негови способности за највисока служба. Оној што живее во согласност со волјата на Творецот себеси си обезбедува вистински и најблагороден развој на карактерот. ‘Ете, стравот Господов е вистинска мудрост, а одбегнувањето на злото е разум’ (Јов 28,28).“ – Патријарси и пророци, 220.
“Малку се оние што сфаќаат колку малите работи во животот влијаат врз развојот на карактерот. Всушност, ниту една должност што треба да ја извршиме не е навистина мала. Различните околностите со кои се среќаваме секојдневно се наменети да ја проверат нашата верност и да не оспособат за поголеми задачи. Со верноста и приврзаноста кон начелата во извршувањето на секојдневните работи умот се навикнува барањата на должностите да ги става над задоволствата и личните склоности. Оние што на ваков начин се дисциплинирани не се колебаат меѓу доброто и злото, како трската што трепери на ветерот. Тие се лојални на должноста, затоа што се воспитани така што верноста и вистината им преминале во навика. Со верност во она што е најмало тие се здобиваат со сила да бидат верни и во поголеми одговорности.“ – Патр. и пророци, 220.

Петок 17. јануари

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Кога Јосиф сфатил дека неговата преселба во Египет претставувало остварување на божествената намера?
2. Какви благослови на христијанинот може да му донесе постојаноста во верното извршување на доверените должности?
3. Како Јосиф, благодарение на божественото провидение, го свртел вниманието на Фараонот кон вистинскиот Бог?
4. Што укажува на тоа дека Фараонот почнал да верува во Бога?
5. Која е една од првите поуки која победниците можат да ја научат од примерот на Јосиф?

Сподели го ова:

Similar Posts