11 Соработка на човекот со Бога

Сподели го ова:

11. лекција – 16. март 2013.

Соработка на човекот со Бога

“Затоа, возљубени мои, како што секогаш бевте послушни, не само кога сум при вас, туку уште повеќе сега, кога не сум при вас, изработувајте го своето спасение со страв и трепет. Зашто Бог е Оној, Кој дејствува во вас да сакате и да постапувате, според Неговата волја.“ – Откровение 3,18.

“Во делото на спасувањето Бог бара соработка на човекот. Христијанинот мора да биде подготвен од своја страна да вложува ревносни напори и Бог ќе ја обедини божествената милост со човечкиот напор.“ – РХ, 30 октомври, 1888.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Патот кон Христа, 20-32.

Недела 10. март

1. ГРЕШНИКОВИОТ ДЕЛ ВО ДЕЛОТО НА СПАСЕНИЕТО

а. Што Бог, и до кога, очекува и од човекот во делото на спасувањето? Лука 13,24.

“Нека никој не ја изнесува идејата дека човекот малку или ништо не може да направи во големото дело на здобивање победа над гревот… Од самиот почеток па сè до крајот, човекот треба да соработува со Бога.“ – Одбрани пораки 1, 381.

б. Каков удел има човекот во остварувањето на своето спасение? Што треба да биде јасно во ова? Филип. 2,12.13.

“Додека Бог работи во срцето, а човекот ја предава својата волја на Бога и соработува со Него, во неговиот живот се покажува она што Бог го внесува во срцето преку Светиот Дух и така настанува хармонија помеѓу намерите на срцето и животната пракса. Секој грев мора да биде отфрлен како нешто гнасно и одвратно кое го распнало Господа на животот и славата, а верникот мора да има прогресивно искуство преку постојано вршење на Христовите дела. Благословот на оправдувањето се задржува со постојано потчинување на волјата и непрекината послушност.“ – Одбрани пораки 1, 397.
Понеделник 11. март

2. ПОТЧИНУВАЊЕ НА СВЕТИОТ ДУХ

а. Кој е првиот чекор во обратувањето на грешникот? Јован 6,37.

“Христос дошол на светот да му ја открие Божјата љубов и срцата на сите луѓе да ги привлече кон Себе. ’И кога Јас ќе бидам издигнат од земјата, сите ќе ги привлечам кон Себе‘ (Јован 12,32). Првиот чекор кон спасението е да се одговори на привлечната сила на Христовата љубов.“ – Одбрани пораки 1, 323.

б. Кој прекрасен повик треба да доведе до првиот чекор кон спасението? Откр. 22,17.

“Истиот божествен ум кој делува во природата, им се обраќа и на срцата на луѓето, будејќи во нив неискажан копнеж за она што го немаат. Она што е во светот не може да го задоволи нивниот копнеж. Божјиот Дух ги преколнува да се стремат кон она што единствено може да им даде мир и одмор – кон Христовата благодат и радоста на светоста. Служејќи се со видливи и невидливи влијанија, нашиот Спасител е постојано на дело со цел умот на луѓето да го одврати од грешните уживања што нè ситат и да ги насочи кон неизмерните благослови што можат да ги добијат во Него. На сите тие души, што напразно се обидуваат да пијат од издупчените извори на овој свет, им е упатена божествената порака: ’Кој е жеден нека дојде, и кој сака, нека земе од водата на животот дарум‘ (Откр. 22,17).“ – Патот кон Христа, 24.
“Христовиот повик упатен до жедните, сè уште одекнува и нè повикува со глас уште посилен од оној кој се слушнал во храмот на последниот ден на празникот. Изворот на жива вода е отворен за секого. На уморните и истрошените им се нуди освежувачка голтка на вечен живот.“ – Знаци на времето, 23. септември, 1897.
“Оној што бара да ја згасне својата жед на изворите на овој свет, ќе пие и пак ќе биде жеден. Луѓето насекаде се незадоволни. Тие копнеат по нешто што ќе ја задоволи потребата на душата. Само Еден може да ја задоволи таа потреба. Потребата на светот ’Копнежот на сите народи‘ е Христос. Божествената благодат која само Тој може да ја даде – тоа е живата вода што чисти, освежува и ја закрепнува душата.“ – Копнежот на вековите, 164.
Вторник 12. март

3. СОРАБОТКАТА НА ГРЕШНИКОТ СО БОГА

а. Какво е искуството на искрената душа кога од Господа прима дар на покајание? 1 Јов. 1,9; Пс. 51,17.

“Меѓутоа, кога го окајуваме гревот не е потребно да се повлекуваме во ќелија како што тоа го правел Лутер, присилувајќи се себеси на покора за да ги искупиме своите беззаконија, мислејќи дека на тој начин ќе стекнеме наклоност на Бога. Пророкот поставува прашање: ’Но може ли да му се угоди на Господ со илјадници овни или неизмерни потоци масло? Дали да му го дадам мојот првороден син за престапите свои и плодот на утробата своја за гревовите на душата своја? О, човеку, речено ти е што е добро, и што бара од тебе Господ; да работиш праведно, да сакаш милосрдни дела и понизно да врвиш пред твојот Бог‘ (Михеј 6,7.8). Псалмистот вели: ’Жртвата пред Бога е скрушен дух; срце понизно и смирено Ти, Боже, не отфрлаш‘ (Псалм 51,17). А Јован пишува: ’Ако ги исповедаме гревовите свои, Тој е верен и праведен за да ни ги прости гревовите и да нè очисти од секаква неправда‘ (1 Јов. 1,9). Единствена причина поради која не примаме опростување е ако на Оној кој ’беше изнаранет за нашите гревови и мачен заради нашите беззаконија‘ не му ја признаеме својата вина, и ако од Него не побараме милост. Каењето и признавањето на гревот кое претставува најдлабок излив на душата ќе пронајде пат до срцето на бескрајната милост; зашто Господ е близу до оној кој е со скршено срце и ги спасува оние кои се со смерен дух.“ – Одбрани пораки 2, 326.
“За да ја прими Христовата правда грешникот мора да сфати што значи вистинско покајание кое доведува до коренити промени на мислите, духот и постапките.“ – Одбрани пораки 2, 393.

б. Ако нашето верско искуство е коректно, како тоа се одразува во нашиот секојдневен живот? Гал. 5,6.

“Кога ќе одговорите на Христовата привлечна сила и ќе се соедините со Него, вие манифестирате вера која спасува. Да се зборува за религиозни работи на еден површен начин, да се моли за духовни благослови без вистинска глад на душата и без жива вера, малку е корисно… Вера која нè доведува во жив допир со Христа од наша страна мора да вклучува најголема наклонетост, совршена доверба, целосна посветеност. Оваа вера работи преку љубов и ја чисти душата. Таа во животот на Христовиот следбеник доведува до вистинска послушност на Божјите заповеди; зашто љубовта кон Бога и кон од човекот произлегува само како резултат на жива поврзаност со Христа.“ – Одбрани пораки 1, 334.

Среда 13. март

4. ПОТЧИНУВАЊЕ НА НАШАТА ВОЛЈА НА БОЖЈАТА ВОЛЈА

а. Какво благородно дело Светиот Дух сака да изврши во срцето? На кој начин Тој тоа може и да го доврши? Јован 3,3.5.

“Преку вера Светиот Дух дејствува во срцето за да создаде светост во него; но тоа не може да се постигне ако човечкото битие не соработува со Христа. Само преку влијанието на Светиот Дух можеме да се удостоиме за небо, зашто мораме да ја имаме Христовата правда како акредитивно писмо доколку сакаме да имаме пристап до Отецот. За да можеме да ја имаме Христовата правда ние треба секојдневно да се преобразуваме под влијанието на Светиот Дух и да постанеме учесници во божествената природа. Делото на Светиот Дух е да се воздигнат склоностите, да се посвети срцето, да се облагороди целиот човек.“ – Одбрани пораки 2, 374.

б. Со цел да се обнови светоста и да се удостоиме за небо, што Господ бара од нас? Што треба да засакаме, а што треба да мразиме? Изреки 23,26.

“Ние треба нашите срца да му ги предадеме на Бога, за да може Тој да нè обнови, посвети и удостои за Неговите небесни дворови. Не треба да очекуваме некое посебно време, туку денес треба да му се предадеме, одбивајќи да бидеме робови на гревот. Мислите ли дека гревот може да се отфрли малку по малку во дадениот момент? О, отфрлете сè што Му е одвратно и гнасно на Бога и тоа веднаш. Мразете ги работите кои Христос ги мрази и сакајте ги работите кои Тој ги сака. Зарем Тој со својата смрт и страдање не ви овозможил потполно очистување од гревот.“ – Одбрани пораки, 2,327.
“Ниту едно покајание не е вистинско доколку не е проследено со реформа. Христовата праведност не е наметка за покривање на неисповеданите и неоставените гревови, туку едно животно начело што го преобразува карактерот и го контролира однесувањето. Светост значи целосна припадност на Бога, целосно предавање на срцето и животот на небесните начела кои треба да живеат во душата.“ – Копнежот на вековите, 423.
“(Ерем. 29,13). Целото срце мора да му го предадеме на Бога, инаку никогаш не би можеле да се промениме и повторно да му станеме слични Нему… Борбата против самиот себе е најголемата борба која што некогаш се водела. Откажувањето од самиот себе, комплетното прифаќање на Божјата волја, не оди без борба; но душата мора да му се покори на Бога пред да може да се обнови и да стане света.“ – Патот кон Христа, 38.
Четврток 14. март

5. ПОСЛУШНОСТ СО ВЛОЖУВАЊЕ НА НАПОРИ

а. Под кои услови стекнуваме право на спасение? Од кое право се лишуваат оние кои го занемаруваат Божјиот закон? Ерем. 23,6; 33,16; Мат. 5,48.

“Бог бара сега, како и секогаш, совршена праведност како единствен услов за небото. Само Христос е нашата надеж и наше засолниште. Неговата правда им се припишува само на послушните. Да ја прифатиме со вера, за Отецот да нè најде чисти и без грев. Но, оние кои го газат Божјиот закон ќе немаат право да се повикуваат на таа правда.“ – Библиски коментари, 637.

б. Што се бара од обратената душа, со кого таа мора да соработува и чија помош во тоа може да очекува? Филип. 2,12 (посл. дел).

“Од оние кои очекуваат Божја милост се бара од своја страна да вложат напори и труд, бидејќи плодот е она што покажува со каква природа е стеблото. Иако човековите добри дела без вера во Исуса еднакво се безвредни како и Каиновата жртва, кога е облечена со Христовите заслуги, таа сведочи за достоинството на оној кој ги поседува да наследи вечен живот.“ – Одбрани пораки 1,381.382.
“Грешникот мора да вложи напори во сооднос со делото кое е направено за него и во неуморна молба да се обраќа кон престолот на милоста за да Божјата сила ја препороди и обнови неговата душа. Христос простува, но само на покајникот; но на оние на кои им простува Тој прво ги прави покајници.“ – Одбрани пораки 1,394.

Петок 15. март

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Каков одговор може да им се даде на оние кои тврдат дека е доволно само да веруваш?
2. Што го наведува грешникот на покајание?
3. Каква е улогата на верата во поттикнувањето на душата на каење и обратување?
4. Каква улога во процесот на соработка имаат и едната и другата страна?
5. Што им овозможува на вистинските верници да бидат победници?

Сподели го ова:

Слични објави