02 Откупувањето на дело

Сподели го ова:

2. лекција – 12. јануари 2013.

Откупувањето на дело

“Тој сам ги носеше нашите гревови на крстот во телото Свое, та ослободени од гревовите да живееме за правдата: ’Преку Неговата правда се исцеливте‘.“ – 1 Петр. 2,24.

“Гревот со неговото страшно проклетство изопачил светот и речиси потполно го избришал Божјиот лик во човекот. Но Бог во својата чудесна љубов и сожалување не дозволил луѓето наполно и безнадежно да пропаднат во својата незавидна состојба. Тој го даде својот возљубен Син за да ги спаси.“ – Знаците на времето, 1. август, 1878.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Копнежот на вековите, 9-14.

Недела 6. јануари

1. ИСПОЛНУВАЊЕ НА БАРАЊАТА

а. Која е казната за прекршување на законот и единствено на кој начин грешникот може да ја избегне казната? Кој врз себе ги презел нашите престапи? 1 Мојс. 2,17; Римј. 7,10.11; 1 Петр. 2,24.

“За да го спаси човечкиот род од вечна смрт, Божјиот Син доброволно ја поднел казната за човековата непослушност. Единствено понижувањето на небесниот Кнез можело да ја отстрани оваа обесчестеност, да ја задоволи правдата и на човекот повторно да му го врати она што го загубил со својата непослушност.“ – Одбрани пораки 1, 308.

б. Што Божјиот Син прво морал да направи за да го овозможи остварувањето на планот на спасението? Кој, давајќи го Христа, исто така се жртвувал? 1 Тим. 3,16; Јован 3,16.

“Но Бог го дал својот љубен Син – Оној што му бил рамен Нему – да ја поднесе казната за престапот и со тоа го обезбедил патот по кој луѓето можат повторно да ја здобијат Неговата милост и одобрување и да се вратат во родниот едемски крај. Христос се зазел да го искупи човекот и светот да го оттргне од канџите на сатаната. Големата борба, започната на небото, треба да се заврши токму на овој свет, на земјата за која сатаната тврди дека е негова.“ – Патријарси и пророци, 47.
Понеделник 7. јануари

2. СОВРШЕНА ПОСЛУШНОСТ – ПРЕДУСЛОВ ЗА ОТКУП

а. Каква послушност му овозможила на Христа да нè откупи? Филип. 2,8; Евр. 5,8.9; Римј. 5,12.18.

“Како претставник на паднатиот човечки род, Христос го поминал истиот пат на кој Адам се сопнал и паднал. Со живот на совршена послушност кон Божјиот закон, Христос го откупил човекот од казната за срамниот пад на Адам. Човекот го престапил Божјиот закон. Христовата крв ќе им послужи само на оние што ќе ја обноват преданоста кон Бога, само на оние што ќе се покоруваат на погазениот закон. Христос никогаш нема да стане учесник во грев. Плаќајќи ја казната што законот ја бара, Тој на грешникот му дал уште една шанса, уште едно време на милост и проба. Го отворил патот по кој грешникот може повторно да добие милост и Божјо одобрување. Христос ја платил казната за сите минати престапи на човекот и дарувајќи му ја својата правда, го оспособува да го држи Божјиот свет закон.“ – Библиски коментари, 681.
“Сè до својата смрт на крстот (Христос) живеел совршен живот. Послушноста на сите Божји заповеди била обележје на Неговиот живот, и е пример за сите кои живеат на земјата. Неговиот живот во човечко тело е новиот жив закон. Тој закон Адам го престапил. Но Христос со своето совршено покорување на законот го надоместил Адамовиот срамен пад и неуспех.“ – Темели на хр. воспитување, 382.

б. Што на Христа му дало право да ги избави заробениците од рацете на непријателот? Јован 15,10 (посл. дел); 1 Петр. 2,24.

“Како Христос со право можел да ги ослободува заробениците од рацете на непријателот? – Тоа право е стекнато со жртвата која ја задоволила правдата на начелата на кои се темели небесната власт. Тој дошол на оваа земја како Откупител на изгубениот човечки род за да го совлада лукавиот непријател, и со својата непоколеблива преданост на правдата да ги спаси сите што ќе го прифатат како свој Спасител. Цената на откупувањето Тој ја платил на крстот на Голгота. На тој начин го стекнал правото да ги ослободи робовите од канџите на големиот измамник, кој со лаги против Божјото владеење го предизвикал падот на човекот, и така изгубил секакво право да се нарекува предан поданик на Божјото славно и вечно царство.“ – Одбрани пораки 1, 309.
Вторник 8. јануари

3. ЧОВЕЧКИОТ СИН РАЗВИВА СОВРШЕН КАРАКТЕР

а. Како Христос ја почнал подготовката за обновување на Божјиот лик во човекот? Евр. 10,5-7 (спореди со Пс. 40,6-8).

“Зашто Оној, кој не знаеше за грев, Бог за нас го направи грев.‘ Под ужасниот товар на вината заради нашите гревови, Тој им се спротивставил на страшните искушенија: апетитот, љубовта кон светот, земните почести и гордото фалење кое води до дрско пречекорување на дозволеното. Христос поминал низ сите тие три големи и главни искушенија и ги победил во име на човекот, градејќи за него (наместо него) совршен карактер, бидејќи знаел дека човекот само по себе никогаш не би можел да го оствари тоа.“ – 3 Свед., 345.
“Престапувајќи го законот, човекот на светот донел грев, а со гревот дошла и смртта. Христос станал жртва за помирување за човековиот престап. Христос го понудил совршенството на сопствениот карактер наместо човечката грешност. Го зел врз себе проклетството на непослушноста.“ – Библиски коментари, 689.

б. На кој начин Христос го прославил Отецот, и зошто? Јован 17,3.4 (прв дел); 14,7-11.

“Употребата на сила е во спротивност со начелата на Божјата власт. Тој сака само служба од љубов, а на љубовта не може да и се нареди, таа не може да се придобие со сила или власт. Љубовта може да се пробуди само со љубов. Да го познаваме Бога значи да Го љубиме. Неговиот карактер мора да се истакне како спротивност на карактерот на сатаната. Во целата вселена тоа дело може да го изврши само едно Битие. Длабината и ширината на Божјата љубов може да ги објави само Оној што ги познава.“ – Коп. на вековите, 9.
“Христос дошол на светот да го претстави Отецот како Бог на љубов, полн со милост, нежност и сочувство… Кога Филип побарал од Христа: ’Покажи ни го Отецот и доста ни е‘, Спасителот му одговорил: ’Толку време сум со вас, и не си ли ме познал Филипе? Кој ме виде мене го видел и Отецот, па како ти велиш: Покажи ни го Отецот?‘ За себе самиот, Тој вели дека на светот е пратен како претставник на Отецот. Во благородноста на својот карактер, во својата милост и нежно сочувство, во својата добрина и љубов, Тој стои пред нас како отелотворение на божественото совршенство, видливо обличје на невидливиот Бог.“ – 5 Сведоштво, 692.
Среда 9. јануари

4. ВО ХАРМОНИЈА СО НАЧЕЛАТА НА ЗАКОНОТ

а. Што, во поглед на законот, Христос потврдил со својата смрт на крстот? Што сè уште е услов за нашето спасение? Ис. 42,21; Мат. 5,17; 19,17.

“Христос не дошол на оваа земја да страда и да умре само за да го спаси човекот. Тој дошол ’законот да го направи голем и славен‘. Дошол не само жителите на овој свет да се однесуваат кон Божјиот закон како што треба, туку и на сите светови во вселената да им покаже дека Божјиот закон е непроменлив. Кога би било можно законот да се укине, тогаш Божјиот Син не би морал да го жртвува својот живот и да страда токму заради тој закон. Христовата смрт е доказ дека законот е непроменлив.“ – Големата борба 447.
“Со својот живот на земјата Христос законот го направил ’голем и славен‘. Со својата смрт го утврдил. Го жртвувал својот живот, не за да го уништи Божјиот закон, ниту да постави некое пониско мерило туку за да ја одржи правдата и да докаже дека законот е непроменлив и вечен.“ – Христовите поуки, 280.

б. Што користи Христос во делото на откупување за да ги осведочи луѓето и да ги обрати? Пс. 19,7; 1 Тим. 1,8-10; Римј. 3,19.20.

“За да ја согледа својата вина, грешникот мора својот карактер да го испитува според Божјото големо мерило на правда. Законот е огледало кое на човекот му го покажува совршенството на еден добар карактер и му овозможува да ги разоткрие сопствените недостатоци.
“Законот на човекот му ги открива гревовите, но не наоѓа лек. И додека на послушните им ветува живот, тој истакнува дека смртта е плата за престапот. Единствено Христовото евангелие може да го ослободи човекот од клетвата и нечистотијата на гревот…“ – Големата борба, 416.
“Без законот човекот не може да има вистинска претстава за чистотата ниту за светоста на Бога, ниту пак за сопствената вина и нечистотија. Тој не е осуден како грешник, па затоа и не чувствува потреба за покајание. Затоа што не согледува дека како престапник на Божјиот закон е изгубен, тој не може да сфати дека му е потребна Христовата крв за помирување. Тој се надева на спасение без коренити промени на срцето и реформа во животот. Така постојано се зголемува бројот на површните обраќања, и во црквата се приклучуваат многумина кои никогаш вистински не се соединиле со Христа.“ – Големата борба, 417.
Четврток 10. јануари

5. СПАСЕНИЕТО КАКО СПРОТИВНОСТ НА ГРЕШНОСТА

а. Што му било дадено на Адам во почетокот, а по падот било узурпирано од сатаната? Како и кога ќе биде ова повторно воспоставено благодарение на Христовиот живот и Неговата жртва? 1 Мојс. 1,26; Лука 4,5.6; Јован 12,31.32.

“Заради гревот под власта на злобниот непријател не паднал само човекот, туку и целата земја, а со планот на спасението е предвидено сè да биде обновено и вратено во првобитната состојба. Адам, по создавањето, бил поставен за господар над целата земја. Но, кога му подлегнал на искушението, тој паднал под власта на сатаната. ’Зашто кога некој некого победува, тој и го поробува’ (2 Петр. 2,19). Кога човекот станал заробеник на сатаната, тогаш неговата власт преминала во рацете на освојувачот. Така сатаната станал ’бог на овој свет‘ (2 Кор. 4,4). Тој насилно и бесправно ја присвоил власта над земјата што првобитно му била дадена на Адам. Меѓутоа, Христос, со својата жртва и страдање за гревот, сакал не само да го откупи човекот, туку и да му ја поврати изгубената власт. Сè што загубил првиот Адам, Вториот требало да врати и да обнови… Оваа цел ќе биде исполнета кога земјата, обновена со Божја моќ и ослободена од грев и тага, ќе стане вечно живеалиште на избавените. ’Праведните ќе ја наследат земјата и ќе живеат на неа вечно‘ (Пс. 37,29). ’И нема да има веќе никакво проклетство; престолот на Бога и на Јагнето ќе биде во градот; Неговите слуги ќе му служат‘ (Откр. 22,3). – Патријарси и пророци, 44.

б. Што Христос, благодарение на својата жртва, ќе стори со гревот и со сè што е поврзано со него? Мал. 4,1; Откр. 20,14.15; Езек. 28,19 (посл. дел).

Петок 11. јануари

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Зошто Христовото отелотворување е толку важно во планот на спасението?
2. После отелотворувањето, кое било следното барање на Оној кој требало да го откупи човечкиот род и да го спаси од гревот?
3. Што Исус требало буквално да им открие на своите ученици и на луѓето?
4. Што направил Исус за да ги оспособи човечките битија да изградат карактер сличен на Неговиот?
5. Како на Адама ќе му биде вратена положбата што со измама му била одземена?

Сподели го ова:

Similar Posts