13 ПРИЧИНА ЗА РАДОСТ!

Сподели го ова:

13. лекција – 31. март 2012.

ПРИЧИНА ЗА РАДОСТ!

“(Љубовта) не се радува на неправда, туку се радува на вистина.“ – 1 Кор. 13,6.

“Оној кој има братска љубов го сака грешникот, но го мрази гревот и верно го предупредува на неговата опасност, укажувајќи на Божјото Јагне кое ги зеде гревовите на светот. Гревот не треба да се сокрива, туку треба да се отфрли.“ – Објавениракописи I, 217.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Совети за управителите, 339-350.
Недела 25. март
1. САМОИСПИТУВАЊЕ
а. Иако можеби тврдиме дека се радуваме само во Бога, што мораме како христијански управители да сфатиме? Изреки 28,14.
“Библиската братска љубов не е сентименталност, туку љубов откриена во дела. Настојувањето да ‘ги лекуваат раните на Мојот народ лесномислено, велејќи: Мир! Мир! а мир нема’ (Еремија 6,14; 8,11), се нарекува братска љубов или милосрдие. Обидот да го здружат гревот во заеднички сојуз со светоста и вистината, тие тоа го нарекуваат братска љубов; но тоа е фалсификат. Лага и незаконитост се обележја на овој свет, и ние треба внимателно да ги испитаме нашите срца да знаеме дали имаме вистинска братска љубов. Вистинската братска љубов не создава недоверба и злоба. Таа не го затапува мечот на духот да не ја изврши својата задача. Оние кои го покриваат злото со лажна љубов, му зборуваат на грешникот: ‘Фала му на Бога што постои вистинска братска љубов која не дозволува да се изопачи; тоа е онаа мудрост која доаѓа одозгора, која најнапред е чиста, а потоа мирна, кротка, покорна, полна со милост и добри плодови, непристрасна и нелицемерна, и плодовите на правдата се сеат врз оние кои творат мир. Така Библијата ја опишува братската љубов од небесно потекло.“ – Објавениракописи I, 216.217.
б. Што треба да го карактеризира секојдневното искуство на христијанскиот управител? Псалм 139,23.24.
“За да бидеме победници, мораме да го преиспитаме своето срце за да бидеме сигурни да не сме негувале нешто што претставува навреда за Бога.“ – Историски зап. за стр. мисии на АСД, 138.

Понеделник 26. март
2. НЕДОЛИЧНА РАДОСТ (I)
а. Како христијанскиот управител реагира на неправдата? 1 Кор. 13,6 (прв дел).
“Делото на сатаната е директно спротивставено на Божјото дело. Непријателот на сите добра стои како војсководец на силите подготвени да го загрозуваат духовниот живот на луѓето. Тој со демонска радост триумфира кога гледа како таканаречените Христови следбеници се гризат и јадат еден со друг. Тој стои секогаш подготвен да ги уништи животите на оние кои се обидуваат да му служат на Бога. Небесните ангели се чудат зошто луѓето им помагаат на сатанските агенти во нивното дело да ги обесхрабруваат срцата и духовно да го слабеат Божјиот народ.“ – Spalding и Megan колекција, 345.346.
б. На кој начин христијанскиот управител избегнува да се радува на злото? 1 Петр. 5,8.9.
“Кога зборуваме обесхрабрувачки и мрачно сатаната тоа го слуша со демонска радост; нему тоа му причинува големо задоволство зошто знае дека на таков начин ги доведува во свое ропство. Сатаната не може да ги чита нашите мисли; но посматрајќи ги нашите постапки и слушајќи ги нашите зборови врз основа на своето долго познавање на човечкото семејство, тој ги обликува своите искушенија така што ги користи слабите точки во нашиот карактер. И колку често му ги откриваме тајните на кој начин може да здобие победа над нас! О, кога би можеле да ги контролираме своите зборови и постапки! Колку би биле посилни кога нашите зборови би биле такви да не мораме да се срамиме на денот на судот. Колку различно тие зборови ќе ни изгледаат на денот на Божјиот суд од тогаш кога сме ги изговарале!.“ – РХ, 19. мај, 1891.
ц. Кои предупредувања можат да не зајакнат во борбата против искушенијата споменати погоре? Пс. 141,3; Ефес. 4,29.30.
“Кога се состанувате, внимавајте на своите зборови. Нека вашите разговори бидат со таква природа така што нема да имате потреба од покајание.“ – РХ, 5. јуни, 1888.

Вторник 27. март
3. НЕДОЛИЧНА РАДОСТ (II)
а. Како христијанскиот управител се предупредува да не се радува на гревовите и слабостите на другите? Ефес. 5,11.12.
“Иако мнозина ја занемаруваат својата душа, тие нестрпливо чекаат прилика да ги критикуваат другите и да ги осудуваат. Секој има недостатоци во карактерот и не е тешко да се најде нешто со што зависта ќе може да го протолкува на нивна штета. ‘Сега’ зборуваат тие самонаречени судии, ‘ние имаме факти. Имаме необорливи обвинувања од кои нема да може да се ослободи’. Тие само чекаат поволна прилика и тогаш ги изнесуваат своите клевети и озборувања и ги изнесуваат своите пикантерии.“ – 5 Сведоштво, 89.
б. Зошто христијанскиот управител не би смеел да се радува на нечие зло? Изреки 24,17.18.
“Наместо да изнаоѓаме мани кај другите, да бидеме критични кон самите себе. Нека секој сам на себе си го постави прашањето: Дали моето срце е исправно пред Бога? Дали со своите постапки и начинот на својот живот го прославувам мојот Отец кој е на небото? Ако сте негувале било каква склоност кон злото, протерајте ја од душата. Ваша должност е да искорените од вашето срце се што го осквернува карактерот, секој корен на горчина треба да се истргне, за да не бидат загадени останатите од неговото погубно влијание. Не дозволувајте било каква отровна билка да остане на почвата на вашето срце. Искоренете го сето тоа без одлагање и наместо тоа негувајте ја билката на љубовта. Нека Исус биде најдрагоцен гостин во вашата душа.
“Христос е нашиот пример. Тој одел по светот правејќи добро. Љубовта ги разубавувала и облагородувала сите Негови постапки, и Тој не повикува да одиме по Неговите чекори. Сетете се дека Бог го испратил својот единороден Син на овој несреќен свет ‘за да не избави од секакво беззаконие и да не очисти, та да му бидеме избран народ, ревносен кон добри дела’ (Тит 2,14). Стремете се да ги исполните Божјите барања и така да го исполните Неговиот закон. ‘Љубовта е исполнување на Законот’ (Рим. 13,10); и Оној кој умрел за ние да живееме ни го дал овој налог да се љубиме еден со друг како што Тој не љубел и светот ќе познае дека сме Негови ученици ако имаме љубов еден кон друг.“ – РХ, 5. јуни, 1888.

Среда 28. март
4. СО НАШИТЕ БРАЌА И СЕСТРИ
а. Кое учење и искуства на првите христијани треба да бидат и наши? Јаков 5,16; Фил. 2,1.2.
“(Учениците) не се состанувале за да ги прераскажуваат занимливите вести и скандалите. Тие не се обидувале да ја прикажат секоја дамка кој би можела да се најде на карактерот на некој брат. Ја чувствувале нивната духовна потреба и извикувале кон Господа за свето помазание да им помогне да ги победат своите недостатоци и да се оспособат за работа на спасување на другите. Молете се најсрдечно Христовата љубов да може да се излее во нивните срца. Тоа е и нашата најголема потреба денес во секоја црква во нашата земја. Бидејќи ‘Кој е во Христа, тој е ново создание; старото помина, и ете, се стана ново’ (2 Кор. 5,17). Преку Христовата љубов душата треба да се очисти од секоја мана во карактерот. Секоја себичност, завист и озборување треба да се искорени и отфрли, за да може во срцето да дојде до радикална промена.“ – РХ, 22. јули, 1890.
б. Кои фактори сите христијански управители треба да ги имаат на ум во своите меѓусебни односи со оние кои тврдат дека љубат? Рим. 14,19; 1 Сол. 5,11.
“Постои симпатија кон гревот и грешниците која претставува опасност за просперитетот на црквата во нашите денови. Вие мора да имате братска љубов, тоа е општа потреба. Но сентиментот кој наоѓа изговор за гревот и го прекрива беззаконието не е библиска братска љубов. Пријателството со безбожниците е поопасно од нивното непријателство; бидејќи слугите на живиот Бог никој не може повеќе да ги надвладее, освен оние кои ги примамуваат на непослушност.“ – Знаци на времето, 6. јануари, 1881.
“Немојте да дозволите вообичаените, евтини, земни работи да го обземат умот од кој Исус ќе го повлече своето присуство. Животот на црквата зависи од поврзаноста со Христа, и ние ја помагаме црквата кога работиме во склад со Неговата животодавна сила, губејќи се себеси од вид и стремејќи да се изградуваме еден со друг во најсвета вера.“ – Објавениракописи I, 265.

Четврток 29. март
5. ПРИСТОЈНА РАДОСТ
а. Со што христијанскиот управител ја открива вистинската братска љубов? 1 Кор. 13,6 (посл. дел); Пс. 119,140-144.172.
“’Мораш да имаш љубов’, овие зборови се слушаат од сите страни, особено од оние што проповедаат посветување. Меѓутоа, вистинската љубов е премногу чиста за да прикрива непризнат грев. Мораме да ги љубиме душите за кои Христос умрел, но едновремено не смееме да правиме никаков компромис со злото. Не смееме да се обединиме со бунтовниците и тоа да го нарекуваме братска љубов.“ – Делата на апостолите, 418.
б. Која е крајната цел на христијанскиот управител? 1 кор. 2,2.
“И како што годините на вечноста ќе одминуваат, ќе донесуваат се побогати и пославни откритија за Бога и Христа. Паралелно со така стекнатите сознанија, ќе се зголемува и нивната љубов и страхопочита кон Бога, како и нивната среќа. Доколку луѓето повеќе знаат за Бога – дотолку ќе биде поголем нивниот восхит на Неговиот карактер. И како што Христос ќе ги отвора пред нив ризниците на новите сознанија, за делото на откупот и за неверојатните достигања во големата борба со сатаната, срцата на откупените ќе ги проникнува се посрдечна побожност. Во се поголемиот занес на радост и среќа, тие ги земаат своите златни харфи и десет илјади по десет илјади и илјадници гласови се обединуваат во силен хор на благодарност.“ – Големата борба, 597.
Петок 30. март
ЛИЧЕНПРЕГЛЕДНА ПРАШАЊАТА
1. Зошто самоиспитувањето е клуч во развојот на верноста на христијанскиот управител?
2. Кога христијанскиот управител е подложен наместо на Христа да му угодува на непријателот?
3. Со што христијанскиот управител се излага на опасност потајно да се радува на неправдата?
4. Кои се симптомите на лажната братска љубов?
5. На кој начин христијанскиот управител може да ја покаже вистинската братска љубов?

Сподели го ова:

Слични објави