11 МИСЛИ И СКЛОНОСТИ

Сподели го ова:

11. лекција – 17. март 2012.

МИСЛИ И СКЛОНОСТИ

“Во својата горделивост, грешникот вели: ‘Ке нема истрага!’, а во себе мисли: ‘Бог не постои!’.“ – Псалм 10,4.

“Нека вашиот дух биде очистен од се што е земно, од секоја несвета и немилостива мисла. Нека вашите зборови бидат чисти и посветени, зборови кои внесуваат освежување и духовен живот во сите со кои се дружите. Не дозволувајте лесно да се испровоцирате.“ – Нашиот висок позив, 174.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: 2 Сведоштво, 796-799.
Недела 11. март
1. РАЗВОЈ НА БЛАГОРОДНИ ОСОБИНИ
а. Што треба да го одликува нашиот однос кон сите – и што може да ни помогне доследно да го одржиме таквиот однос? 1 Сол. 5,14.15.23; 1 Кор. 9,25.
б. Каков напредок може да се види во животот на христијанскиот управител, и како се постига тоа? Кол. 3,810.13; Јаков 3,17.18.
“Кога имате мали тешкотии кои ви изгледаат мошне тешки, размислувајте за Исус драгиот Спасител, како пострадал и што се претрпел да ги спаси грешните смртници.“ – Објавени ракописи III, 124.
“Ќе бидете погрешно разбрани. Оставете ги на Бога неправдите за кои сметате дека постојат. Лесно прифаќајте ја секоја срдечна молба, и не дозволувајте лесно да бидете испровоцирани. Не изговарајте лути зборови заради нешто што сте слушнале. Тоа го неутрализира вашето влијание. Божјата благодат да ви помогне да имате трпение.“ – Објавени ракописи XIX, 149.
“Треба да негуваме љубов во срцето, не онаа која лажно се нарекува милосрдие и која не наведува да го љубиме гревот, а грешникот да го оправдуваме, туку библиска љубов и библиска мудрост, која е ‘најнапред чиста, а потоа миротворна, кротка, послушна, полна со милост и добри плодови’.“ – 4 Сведоштво, 533.

Понеделник 12. март
2. УЛОГАТА НА УПРАВИТЕЛОТ ВО ДОМОТ И ЗАЕДНИЦАТА
а. Кои начела мораме да ги комбинираме при воспитувањето на нашите деца? Псалм 85,10.
“Непослушноста и бунтовниот дух мораат да се казнуваат; но имајте на ум дека казнувањето мора да се применува во Христовиот дух. Барајте послушност, но никогаш во бура од лути зборови, туку одлучно и љубезно. И кога го дисциплинирате вашето дете, имајте го на ум својот однос кон небесниот Отец. Дали сте оделе совршено пред Него? Дали сте биле своеволни и непослушни? Зарем не сте го жалостеле постојано? Но дали Тој се справувал со вас во гнев? Исто така не заборавајте дека вашите деца од вас ги добиле своите грешни склоности. Сетете се колку често се однесуваме како возрасни деца. И покрај вашите години на христијанско искуство, покрај многуте можности да се научите на самодисциплина, колку лесно можете да се разгневите. Затоа постапувајте нежно со своите деца, имајќи на ум дека тие немале толку можности да се здобијат со самоконтрола како вие.“ – РХ, 8. јули, 1902.
б. Како начинот на дејствување дава кредибилитет и живот на нашите мисионерски напори во друштвото? Лука 6,28-30.
“Бидете внимателни во сите ваши дружења со неверниците да не им дадете повод да стекнат погрешно мислење за нашата вера или да го срамат делото на вистината кое го застапувате. Мнозина со своите постапки самите подигаат препреки на својот животен пат. Има нешто непромислено од нивна страна. Тие лесно се испровоцираат. Малите тешкотии во трговијата или во некои други секојдневни контакти со своите ближни ги наведуваат да се чувствуваат навредени или оштетени. Ова внесува студенило и нездрави чувства во меѓусебните односи и на тој начин ја затвораат вратата на пристап до оние кои би можеле да ја прифатат вистината. Ние никогаш не треба да дозволиме прашањата од привремен интерес да ја изгасат нашата љубов кон душите. Браќа, бидете секогаш љубезни и учтиви во сите прилики. Немојте никогаш да бидете остри, критични или строги во вашите постапки. Ако е во прашање стекнување на некаква предност, препуштете им го тоа на ближните кои треба да ги љубите како самите себеси. Со трпение и со Христова љубов барајте можност да им укажете љубезност. Нека видат дека религијата што ја исповедаме не ги затвора ниту пак замрзнува приодите до душата, правејќи не нечувствителни и строги.“ – РХ, 22. мај, 1888.

Вторник 13. март
3. ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА ЉУБОВТА КОН БЛИЖНИТЕ
а. Како огорченоста кон нашите браќа и сестри влијае на нашето држење и пред светот? Евреите 12,15.
“’Нова заповед ви давам: да се љубите еден со друг; како што Јас ве возљубив, така и вие да се љубите еден со друг. По тоа ќе познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе’ (Јован 13,34.35). Овие зборови не се зборови на човек, туку зборови на нашиот Откупител и колку е важно ние да го послушаме упатството што Тој ни го дал! Ништо не може толку да го ослаби влијанието на црквата, како недостигот на љубов. Христос вели: ‘Ете, Јас ве праќам како овци меѓу волци: бидете мудри како змии и незлобни како гулаби’ (Матеј 10,16). Ако мораме да очекуваме противење од страна на нашите непријатели, кои овде се претставени како волци, да бидеме внимателни ние меѓусебно да не го манифестираме истиот дух. Непријателот знае дека ако немаме љубов еден кон друг, тој лесно може да ја оствари својата цел, да ја рани и ослаби црквата, предизвикувајќи несогласувања меѓу браќата. Тој може да ги наведе да наслутат зло, да оговараат, да обвинуваат, осудуваат и да се мразат еден со друг. На овој начин Божјото дело се излага на срамота, се обесчестува Христовото име, а на душите заинтересирани за вистината им се нанесува неискажана штета.“ – РХ, 5. јуни, 1888.
б. Што ќе се случи ако секојдневно негуваме љубов? Матеј 12,35 (прв дел); Колосјаните 3,12-15.
“Ако имате љубов во срцето, вие ќе настојувате своите браќа да ги утврдувате и изградувате во најсвета вера. Ако се испушти некој збор кој нанесува штета на угледот и карактерот на твојот пријател или брат, не охрабрувајте такви оговарања. Тоа е дело на непријателот. Ве молиме потсетете го говорникот дека Божјата реч забранува таков вид на разговор. Ние треба да го испразниме срцето од сето она што го осквернува храмот на душата, за да може Христос да живее во него. Нашиот Спасител рекол како можеме да го откриеме на овој свет. Ако го негуваме Неговиот Дух, ако ја манифестираме Неговата љубов кон другите, ако ги заштитуваме интересите на своите браќа, ако сме љубезни, трпеливи, воздржани – според плодовите што ги донесуваме светот ќе има докази дека ние сме Божји деца. Единството во црквата ни овозможува да вршиме позитивно влијание врз неверниците и луѓето од овој свет.“ – РХ, 5. јуни, 1888.

Среда 14. март
4. КАРАКТЕРИСТИЧЕН ПРОБЛЕМ
а. Кое е едно од најчестите зла кои можат да се најдат во црквата? 3 Мојс. 19,16 (прв дел); Изреки 16,17-20; Ерем. 20,10.
“Неутврдените гласини често го уништуваат единството помеѓу браќата. Постојат некои кои со отворен ум и уши гледаат да фатат некој скандал. Тие ги собираат ситните инциденти кои сами по себе можат да бидат безначајни, но кои со повторување се преувеличуваат се додека човекот не се прогласи за престапник заради еден збор. Нивното мото е: ‘Пријавете го и ние ќе го обвиниме’ (Еремија 20,10). Овие поткажувачи кои со изненадувачка верност ја вршат работата на ѓаволот малку знаат колку тоа е одвратно и навредливо за Бога. Кога само половина од енергијата и ревноста што ја трошат во оваа несвета работа би ја употребиле во испитување на сопствените срца тие би ја увиделе потребата за чистење на својата душа од нечистотијата така што не би имале време ниту склоност да ги критикуваат своите браќа, и тие не би паднале под власта на тоа искушение. Вратата на умот треба да бидат затворени против ‘велат’ или ‘слушнав’. Зарем не треба, наместо да си дозволиме љубомора или зли претпоставки, да отидеме кај тие браќа – и откако отворено но љубезно им се изложат сознанијата за гласините кои им нанесуваат штета на нивниот карактер и влијание – да се молиме со нив и за нив?.“ – РХ, 3. јуни, 1884.
б. Како можеме да го решиме овој проблем? Изреки 14,15; 25,9.10.
ц. Која е нашата лична должност ако сметаме дека некој брат или сестра навистина се виновни за некој грев? Гал. 6,1; Јаков 5,19.20.
“Кога ќе ги видиме грешките кај другите, да се сетиме дека и самите имаме грешки кои во Божјите очи, можеби, се и потешки од престапот кој го осудуваме кај нашиот брат. Наместо да ги разгласуваме неговите недостатоци, молете му се на Бога да му помогне да ја надмине својата грешка. Таквиот дух и таквата постапка Христос ги одобрува и Тој ќе го отвори патот да му упатите зборови на мудрост кои ќе му дадат сила и ќе му помогнат на оној што е слаб во вера.“ – РХ, 5. јуни, 1888.

Четврток 15. март
5. ЉУБОВ КОН БЛИЖНИОТ
а. Какви промени се гледаат кај оние кои не даваат лесно да се испровоцираат и не мислат на злото (1 Кор. 13,5)? Ефес. 4,2325; 5,9-12.
“Личноста, која во себе ја негува оваа драгоцена билка на љубовта, ќе биде со самопожртвуван дух и нема да загуби власт над себе дури и ако биде предизвикана. Таа нема на другите да им припишува зли побуди и намери, туку длабоко ќе жали за гревот доколку тој се открие во било кој ученик на Христа.“ – 5 Сведоштво, 115.
“Љубовта никогаш не се сомнева. Таа секогаш на најдобар начин ги толкува побудите и постапките на другите. Љубовта никогаш нема без потреба да укажува на грешките на другите. Таа не ги слуша желно неповолните извештаи, туку секогаш настојува да потсети на некои добри особини на клеветникот.“ – 5 Свед., 156.
б. Како светот во нашиот живот може да види дека секојдневно растеме во Христа? Тит 2,7.8.11-14.
“Секој нека се запраша: Ја имам ли благодатта на љубовта? Дали научив да бидам трпелив и благ. Без тој небесен дар, талентите, ученоста и слаткоречивоста ќе бидат како бакар што ѕвони или кимвал што ѕвечи.“ – 5 Сведоштво, 157.
“Иако не можеме во љубовта да се здружуваме со оние кои се огорчени непријатели на Христа, ние треба кон сите да негуваме дух на кротост и љубов кој го одликувал нашиот Учител – љубовта не мисли на зло и не може лесно да се испровоцира.“ – РХ, 3. јуни, 1884.
Петок 16. март
ЛИЧЕНПРЕГЛЕДНА ПРАШАЊАТА
1. Опиши ја реформата наведена во Колосјаните 3,8-10.13.?
2. На кој начин можеме подобро да го прикажеме Христа во земните работи?
3. Како можеме да ги надминеме заедничките проблеми кои ги измачуваат многуте цркви?
4. Што не е во ред со ‘велат’ и ‘слушнав’?
5. Наведи некои начини преку кои управителите на Божјата љубов можат таа особина да ја манифестираат во корист на другите?

Сподели го ова:

Слични објави