10 ОДНЕСУВАЊЕТО И СКРИЕНИТЕ ПОБУДИ

Сподели го ова:

10. лекција – 10. март 2012.

ОДНЕСУВАЊЕТО И СКРИЕНИТЕ ПОБУДИ

“(Љубовта кон ближните) не е непристојна, не бара свое.“ – 1 Кор. 13,5.

“Патот до рајот не е само едно самовозвишување туку и покајание, признание, понизност, вера и послушност.“ – РХ, 23. декември, 1890.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: 2 Сведоштво, 50-62.
Недела 4. март
1. ДА ВНИМАВАМЕ НА НАШЕТО ОДНЕСУВАЊЕ
а. Наведи едно од обележјата на љубовта, кое се однесува на однесувањето кон другите воопшто. 1 Кор. 13,5 (прв дел).
б. Кои примери на непристојно однесување треба да ни послужат како предупредување? Гал. 2,11-13; Јаков 2,1-4.8.9.
ц. Како христијанскиот управител е предупреден против други вообичаени начини на непристојно однесување? Изреки 14,29; 18,23 (втор дел).
“Има и такви кои се воздигаат без никаква самоконтрола; тие не ги зауздуваат ниту својот темперамент ниту јазикот; и некои од нив тврдат дека се Христови следбеници, но тие не се. Исус не им дал таков пример. Кога би ја имале кротоста и понизноста на Спасителот тие нема да постапуваат по природните нагони на срцето, затоа што тоа е од сатаната. Некои се нервозни, и кога под влијание на некоја провокација почнат да губат самоконтрола во зборовите или духот, тие се толку затруени со гнев како пијаница со алкохолот. Тие се однесуваат неразумно и не можат лесно да се одвратат или осведочат. Во такви моменти тие губат разум и целосно се под контрола на сатаната. Секое едно такво покажување на гневот го слабее нервниот систем и моралните сили, и го отежнува воздржувањето од гневот или друга провокација. За таквите постои само еден лек – одлучна самоконтрола под сите околности.“ – Упатство за младите, 10. ноември, 1886.

Понеделник 5. март
2. МИЛОСРДНА РАЗУМНОСТ
а. Како во своето однесување можеме да станеме слични на Христа, особено кон оние кои можат неправедно да не провоцираат? Јаков 1,19-21; Изреки 15,1; 19,11.
“(Христос) бил неправедно обвинет, но Тој не ги отворил устата за да се оправда себеси. Колкумина денес кои, кога се обвинети за нешто за што не се виновни, мислат дека постои време кога трпението престанува да биде доблест и, не контролирајќи се, изговараат зборови кои го жалостат Светиот Дух.“ – Библиски коментари, 332.
“Повеќето тешкотии за пет минути би биле отстранети доколку не би имало гордост и себичност. Ангелите се жалосни а Бог е незадоволен од часовите кои ги потрошиле за да се оправдаат себеси.“ – Рани списи, 131.
б. На кој начин христијанскиот управител ја прикажува разумноста на љубовта кон ближниот? Дела 9,36-39.
“Во Јопа, место недалеку од Лида, живеела жена по име Тавита, која поради своите добри дела била мошне омилена. Таа била достојна ученичка на Исус, а животот и бил исполнет со доброчинства. Знаела кому му била потребна облека, а кому љубов и сочувство и со задоволство им служела на сиромасите и на несреќните. Нејзините вешти прсти биле многу поактивни од нејзиниот јазик.“ – Делата на апостолите, 96.
“Проповедањето е само мал дел од работата која мора да се изврши во процесот на спасување на душите. Божјиот Дух ги осведочува грешниците во вистината и ги доведува во прегратките на црквата. Проповедниците треба да го направат својот дел, но тие никогаш не можат да ја извршат онаа задача која и е доверена на црквата. Бог бара од членовите на својата црква да ги негуваат младите во вера и искуство, да ги посетуваат, не да озборуваат со нив, туку да се молат и да им упатуваат зборови кои се како ‘златни јаболка во сребрени садови’ (Изреки 25,11).“ – 4 Сведоштво, 65.
“Како деца Божји должни сме да бидеме Негови мисионери, да се запознаеме со оние на кои им е потребна нашата помош. Ако некој се колеба и потклекнува под притисок на искушенијата, треба да му се пристапи многу внимателно и мудро да се постапи со него, бидејќи во прашање се неговите вечни интереси; и зборовите и постапките на оние кои се залагаат за него можат да бидат животен мирис за живот или смртен мирис за смрт.“ – 4 Сведоштво, 65.

Вторник 6. март
3. КОГО НАВИСТИНА ГО САКАМЕ?
а. Кога вистинската љубов кон другите станува реткост, и како овој проблем да го надминеме? Матеј 24,12; Откр. 2,2-4; Евр. 12,2-4.
“Божјата љубов се гаси во црквата, и како резултат на тоа, љубовта кон себе никнува во нови активности. Со губењето на љубовта кон Бога дошло и до губење на љубов кон браќата .“ – РХ, 20. март, 1894.
“Нека својот живот, толку бурен со конфликти и грижи, го донесат во поврзаност со Христа, и тогаш сопственото ‘јас’ повеќе нема да се бори за надмоќ.“ – Библиски коментари, 290.
“Гордоста и самољубието не можат да се развиваат во душата која свежо ја држи во меморија сцената од Голгота.“ – Копнежот на вековите, 513.
б. Со што христијанскиот управител особено треба да светли во овој свет? 1 Кор. 10,24.
“Несебичноста, која е начело на Божјото царство, е начело кое сатаната го мрази; тој го одрекува и самото негово постоење. Од почетокот на големата борба сатаната настојува да докаже дека начелата според кои Бог постапува се себични и на ист начин се однесува и кон сите кои му служат на Бога. Христово дело и дело на сите оние кои го носат Неговото име е да се побие тврдењето на сатаната.
“Исус дошол во човечки облик за да покаже со својот живот што е тоа несебичност. И сите кои го прифаќаат ова начело треба да бидат Негови соработници во прикажувањето на несебичноста во практичниот живот. Да се одбере доброто затоа што е добро; да се застане на страната на вистината без оглед на страдањата и жртвите – ‘тоа е наследство на Господовите слуги, и нивната праведност е од Мене, вели Господ’ (Исаија 54,17).“ – Воспитување, 154.
“На небото никој нема да мисли на себе ниту да копнее по свое задоволство, туку во чиста вистинска љубов, ќе ја бара среќата на небесните битија што не опкружуваат. Ако сакаме да бидеме во друштво на небесните суштества на обновената земја, мораме уште овде да се управуваме според небесните начела.“ – 2 Сведоштво, 143.

Среда 7. март
4. ЗБОРОВИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ
а. Што треба да има на ум христијанскиот управител при изборот на приоритети? 1 Јов. 2,15-17.
“Ако сите пари што претерано се користат, за непотребни работи, би се вложиле во Божјата ризница, би виделе како мажите, жените и младите се предаваат на Исус и соработуваат со Христа и ангелите .“ – РХ, 23. декември, 1890.
“Кога случаите на сите ќе бидат разгледувани пред Бога, нема да се постави прашањето: Што тие исповедале, туку: Што правеле? Дали само ја слушале Божјата реч, или живееле според неа? Дали тие живееле за себе, или правеле добродетелства во делата на милосрдие и љубов, ценејќи ги другите повеќе од себе и откажувајќи се од себе за да послужат на благослов на другите?… Со својата изразена себичност, со љубовта кон себе и со вашата незаинтересираност кон страдањата и потребите на другите, вие го жалостите и ранувате Христа.“ – 3 Сведоштво, 488.
б. Каков несреќен став може да заземе секој од нас иако ни е доверена голема светлина – и што мораме да сфатиме за да здобиеме победа? Ис. 58,2-4.10-12.
“Во својата работа ќе наидеме на високо исповедање на побожност и многу надворешна точност со која се прекрива големото внатрешно зло. Луѓето претставени во 58. поглавје од книгата на пророкот Исаија се жалат дека Господ не им обрнува внимание на нивната служба. Овој приговор доаѓа од срца кои не се потчинети од благодатта, непокорни на вистината.“ – Библиски коментари, 334.
“Мнозина примаат одобрувања и пофалби за доблестите кои тие не ги поседуваат. Оној кој ги познава срцата ги проценува сите побуди и постапки со кои од луѓето се измамуваат големи признанија и пофалби најчесто ги бележи како излив на обично лицемерство и себичност. За секоја постапка во нашиот живот, без разлика дали е одлична и за пофалба или пак заслужува осуда, Оној кој ги испитува срцата ќе ни суди според побудите кои не поттикнале на тоа.“ – Слуги на евангелието, 249.

Четврток 8. март
5. ДА ГО СЛЕДИМЕ ХРИСТА ВО САМООДРЕКУВАЊЕ
а. Кое начело претставува основа за вистинска христијанска служба? Дела 20,35.
“Божјото дело треба ревно да продолжи во нашите градови и во секое место. Бог ќе ги повика луѓето да го остават плугот, бачилата и лозјата и ќе ги постави не местото на оние кои мислат дека треба да имаат највисока плата. Оние коишто гледаат само како да дојдат до што поголема плата, во парите што ќе ги добијат ќе ја добијат својата награда којашто некогаш ќе ја примат. Од таквите не може да се очекува да го чувствуваат товарот за спасување на душите кои пропаѓаат. Таквите Господ не може да ги употреби во своето дело. Додека не ја отфрлат себичноста од своите срца, нивните напори се безвредни.“ – РХ, 15. декември, 1904.
“Небесните суштества можат да соработуваат со оној што копнее да ги спаси душите, а не да се воздига себеси.“ – Копнежот на вековите, 333.
б. Што треба да го инспирира христијанскиот управител со чисти и беспрекорни побуди во работата? 2 Кор. 8,8.9.
“Исус го напуштил својот дом во слава, го облекол своето божество со човечка природа и дошол на овој свет расипан и загаден со проклетството на гревот. Можел да остане во својот небесен дом и да прима слава и поклонување од страна на ангелите; но Тој дошол на земјата да ги бара и спаси изгубените. ‘Иако богат, осиромаши заради вас, да се збогатите и вие преку Неговата сиромаштија’ (2 Кор. 8,9). Тој Височеството на небото, кој беше едно со Отецот, се согласил на секоја можна жртва во самоодрекување со цел човекот да не пропадне туку да има вечен живот. Христос живеел не да си угодува себеси. Ако Тој си угодувал себеси, каде ние би биле денес?“ – РХ, 23. декември, 1890.
Петок 9. март
ЛИЧЕНПРЕГЛЕДНА ПРАШАЊАТА
1. Како можеме да бидеме виновни за непристојно однесување?
2. Што можеме да научиме за љубовта од Христа и од Неговите следбеници?
3. Колку силна треба да биде нашата љубов кон Христа?
4. Зошто треба секогаш да ги преиспитуваме своите приоритети и побуди?
5. Зошто треба да бидеме поревносни во потпомагање и ширење на Божјото дело?

Сподели го ова:

Слични објави