09 ВАЖНОСТА НА БРАТСКАТА ЉУБОВ

Сподели го ова:

9. лекција – 3. март 2012.

ВАЖНОСТА НА БРАТСКАТА ЉУБОВ

“Да имам пророчки дар и да ги знам сите тајни, да го имам сето знаење, а и така силна вера, што и планини да преместувам, – ако љубов немам, ништо не сум.“ – 1 Кор. 13,2.

“Да се научи да се сака со Христовата љубов значи небесно раѓање, и без ова сите други квалификации се без никаква вредност.”

– РХ, 21. јули, 1904
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Совети зауправителите, 20-23.
Недела 26. февруари
1. ПОГЛАВЈЕ ЗА НАШИТЕ ДЕНОВИ
а. Каква сериозност и потреба за молитва треба да почувствува христијанскиот управител кога го проучува текстот во 1 Кор. 13 поглавје? 2 Кор. 3,18; 1 Јов. 4,19-21.
‘Тоспод ми нареди вниманието на Неговиот народ да го насочам на тринаесеттото поглавје на Првото послание до Коринтјаните. Читајте го ова поглавје секој ден, и од него ќе добиете утеха и сила.“ – РХ, 21. јули, 1904.
“Во 13. поглавје апостол Павле точно ја дефинира милосрдната љубов… Ова поглавје е израз на послушност на сите кои го љубат Бога и ги пазат Неговите заповеди, и треба да се внесе во постапките и во животот на секој вистински верник.” – Библиски коментари, 678.
б. Што треба сериозно да разгледаат сите кои ја исповедаат и се обидуваат да ја споделат сегашната вистина во овие последни денови? 2 Петр. 1,10-12.
“Колку внимателни треба да бидеме, нашите зборови и постапки да бидат во склад со светата вистина која Бог ни ја доверил! Луѓето од овој свет будно не следат да видат колку верата која ја исповедаме влијае на нашиот живот и карактер; колку посветувачко влијание таа вера има на нашето срце и дали се преобразуваме во сличност со Христа. Тие се подготвени да го откријат секој недостаток во нашиот живот, секоја недоследност во нашите постапки. Ајде да не им дадеме повод да ја срамат нашата вера.“ – РХ,
5. јуни, 1888.

Понеделник 27. февруари
2. БЕЗВРЕДНИ РАЗГОВОРИ
а. Зошто познавањето на вистината – заедно со сјајната способност за изразување – не е доволно да се прослави Христовото име? 1 Кор. 13,1.
“Ако познавањето на вистината не произведува убавина во душата, ако не го потчини, омекне и обнови човекот во Божји лик, тогаш тој нема никаква корист. Тој е како бакар што ѕвони или кимвал, што ѕвечи.“ – Библиски коментари, 418.
“Говорничката вештина и остриот интелект не претставуваат она на што Бог смета. Искреност во намерата, длабоката побожност, љубовта кон вистината и стравот од Бога го прават влијанието делотворно. Сведоштвото на срцето кое доаѓа од усни во кои нема лукавство, полно со вера и понизна доверба, иако дадено од страна на несигурен и несовршен јазик од некој кој има дури и говорна мана, Бог го цени како најдрагоцено злато; додека жестокиот говор, елоквентното говорништво од оној кому му недостасува верност, постојаност во намерата, чистота и несебичност, звучи како бакар и ѕвони како кимвал. Тој може да каже нешто духовито, да раскаже забавна анегдота, да влијае возбудливо на чувствата, но Духот на Исус не е во него. Сите овие работи можат да му бидат пријатни на непосветеното срце, но Бог има во рацете мерила со кои ги одмерува зборовите, духот, искреноста и побожноста на говорникот, и Тој сето тоа го прогласува за полесно од суета.“ – Библиски коментари, 678.
б. Какви предупредувања имаме во Божјата Реч против себичната употреба на Божјите благослови? Малахија 2,2; Јаков 2,15.16.
“Гревот во кој најмногу се запаѓа, кој не одвојува од Бога и не доведува до вистинска зараза на духовни нарушувања, е себичноста. Никој не може да се врати кај Бога ако не се откаже од себе. Ние тука не можеме ништо да постигнеме сами; но ако Бог ни подари сила, ќе можеме да живееме за добро на другите и така ќе се спасиме да не западнеме во гревот на себичноста. Не е потребно да одиме во незнабожечки земји за да покажеме колку сакаме да се посветиме на Бога и да живееме корисен, несебичен живот. Треба тоа да го правиме во својот домашен круг, во црквата, меѓу оние со кои се дружиме и со кои работиме. Токму преку своите секојдневни постапки треба да се откажеме од своето ‘јас’ и да го држиме во потчинетост.“ – 2 Сведоштво, 142.

Вторник 28. февруари
3. СТАПИЦА ЗА ХРИСТИЈАНСКИОТ УПРАВИТЕЛ
а. Иако познавањето на библиските доктрини, прецизните пророчки сфаќања и бескомпромисната храброст се од суштинско значење, кои предупредувања им се упатуваат на сите оние кои веруваат во сегашната вистина? 1 Кор. 13,2.3.
“Без оглед на тоа колку сесрдно ја исповеда верата, човекот чиешто срце не е исполнето со љубов кон Бога и кон ближните, не е вистински следбеник на Христос. И ако има силна вера, дури и моќ да прави чуда, а ако нема љубов, неговата вера е безвредна. Таквиот човек може да биде мошне дарежлив; но кога од некоја друга побуда, а не од вистинска љубов, би го разделил сиот свој имот за да ги нахрани сиромасите, со таа постапка сепак не би заслужил Божјо признание. Таквиот човек во својата ревност би можел дури и да умре со смрт на маченик, но ако на тоа не го поттикнала љубовта, Бог би го сметал за заблуден занесеник или за славољубив лицемер.“ – Делата на апостолите, 236.
б. Кои опасности им се закануваат дури и на најревносните следбеници на трикратната ангелска порака? Откр. 3,17; Ис. 65,5.
“Законската религија во тоа време е сметана за потполно исправна религија. Но, тоа е грешка. Христовиот укор упатен на фарисеите може да се примени и на оние кои ја изгубиле од срцето својата прва љубов. А студената, законска религија никогаш не може да доведе души кај Христа; бидејќи тоа е религија без Христа и без љубов. На Бога му се гнасни и постот и молитвите, кои се практикуваат во духот на самоправедност. Свечените собири за богослужба, низа на верски церемонии, надворешна понизност, принесување на жртви – сето тоа често има за цел оние кои учествуваат во тоа да се прикажат пред светот како праведници. Овие работи го наведуваат набљудувачот на заклучок дека оние кои точно ги извршуваат должностите имаат право на небо. Но, сето тоа е само измама. Влезницата за во рајот не можеме да ја купиме со своите дела. Жртвата која Христос ја поднел е доволна за сите кои веруваат… Гледајте на Бога, не гледајте на луѓето. Бог е вашиот небесен Татко, кој е подготвен трпеливо да ги носи вашите слабости, да ви прости и да ве исцели од сето тоа.“ – РХ, 20. март, 1894
“Ништо не може толку да го ослаби влијанието на црквата како недостатокот на љубов.“ – РХ, 5. јуни, 1888.

Среда 29. февруари
4. НАПОЈУВАЊЕ ОД ЧИСТ ИЗВОР
а. Каква служба е неприфатлива за Бога, и зошто? Исаија 58,4.5; Еремија 2,13. Како можеме да го надминеме овој проблем?
“Стражите будно во молитва. Само на тој начин можете со целото свое битие да бидете во Господовото дело. Сопственото ‘јас’ мора да се стави во позадина. Оние кои се стремат да се истакнат себеси добиваат образование кое наскоро ќе стане нивна втора природа и наместо да го воздигаат Исуса тие ќе се воздигаат себеси, наместо да бидат канали преку кои живата вода ќе може да тече и да ги освежува другите, тие љубовта и вниманието на сите кои ги опкружуваат ќе ги впиваат само за себе. Тоа не е верност кон нашиот распнат Господ.“ – Совети за здравјето, 560.
“Тоа секојдневно умирање на нашето ‘јас’ во ситните работи во животот не прави победници. Ние треба да заборавиме на себе во желбата да правиме добро на другите.“ – 2 Сведоштво, 142.
б. Опиши ги резултатите на правата религија. Јаков 1,27.
ц. На кој начин можеме да ги донесуваме овие живи плодови? Јован 7,37.38.
“Чистата Христова религија е извор од кој течат потоци на милосрдие, љубов и самопожртвуваност.“ – Библ. коментари, 821.
“Вистинскиот христијанин или христијанка се активни во служба на Бога, присуствуваат на состаноците за богослужение и со своето присуство ги охрабруваат и другите. Религијата не се состои во дела, но поттикнува на дела, таа не е неактивна.
“Изгледа мнозина сметаат дека религијата има тенденција да ги направи своите припадници ограничени и тесногради, но вистинската религија нема ограничувачко влијание, туку недостатокот на религија ги ограничува способностите и го запира развојот на умот. Кога човекот има ограничени погледи, тоа е доказ дека му е потребна Божјата благодат и небесно помазание; бидејќи христијанинот мора да биде човек преку кого Господ, Бог над воинствата, може да дејствува, кој може да се држи до Божјите патишта на земјата и да ја пренесува Неговата волја на другите.“ – Библиски коментари, 822.

Четврток 1. март
5. СИЛА ЗА ВИСТИНСКО УПРАВУВАЊЕ
а. Кое е највисокото скалило на скалата на христијанскиот развој? 2 Петр. 1,4-7. Што мораме да имаме на ум во стремежот да ги усовршиме сите христијански особини?
“На секоја вера треба да и додавате добродетел; а кон добродетелта знаење, кон знаењето воздржување, кон воздржувањето трпение, кон трпението побожност, кон побожноста братољубивост, кон братољубивоста љубов. Немојте да мислите дека наредната благодат од наведениот редослед не можете да ја негувате пред да ја усовршите претходната. Не; сите растат и се развиваат заедно, непрекинато се напојуваат од изворот на љубовта кон ближните; секој ден во својот живот вие можете да бидете совршено благословени со својствата целосно откриени во Христовиот карактер, и кога ова ќе го направите ќе донесете светлина, мир и радост во вашите домови.“ – РХ, 29. јули, 1890.
б. Објаснете како можеме да станеме задоени со нов духовен живот и вистински побуди? Езек. 37,1-14; Марко 2,22.
“Кога човекот ќе се откаже од себе, тогаш Господ може да го направи човекот ново создание. Ново вино можат да држат само нови мевови. Христовата љубов ќе го вдахне верникот со нов живот. Во оние, кои постојано гледаат во Началникот и Свршителот на нашата вера, ќе се манифестира карактерот на Исус Христос.“ – Копнежот на вековите, 203.
Петок 2. март
ЛИЧЕНПРЕГЛЕДНА ПРАШАЊАТА
1. Зошто христијанскиот управител треба секојдневно да го проучува текстот од 1 Кор. 13?
2. На кој начин христијанскиот управител може да биде во опасност да биде како бакар што ѕвони или кимвал што ѕвечи?
3. Зошто и таканаречените маченици за Христа можат да бидат изгубени?
4. Кога нашите ставови и постапки ќе му бидат пријатни на Бога?
5. Како љубовта кон ближните делува истовремено со останатите особини наброени во 2 Петр. 1,4-7?

Сподели го ова:

Слични објави