08 УПРАВУВАЊЕТО КАКО ТАЛЕНТ
8. лекција – 25. февруари 2012.
УПРАВУВАЊЕТО КАКО ТАЛЕНТ
“Господарот му рече: ‘Убаво, добар и верен слуго! Во малку беше верен, над многу ќе те поставам; сподели ја радоста со својот господар!’.“ – Матеј, 25,23.
“Бог на секој од нас ни доверил света доверба, за која не смета одговорни. Според Неговата намера ние треба своите умни способности и таленти кои ни ги дал да ги користиме на начин со кој, правејќи добро, најмногу ќе придонесеме за оддавање слава на Дарителот.“ – 3 Сведоштво, 32.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Сведоштво за проп., 165-170.
Недела 19. февруари
1. БОЖЈИТЕ ДАРОВИ
а. Што самиот Господ му дава на секој христијанин во својство на управител? 1 Кор. 12,8-11.
“Талентите што Христос и ги доверил на својата црква посебно се однесуваат на даровите и благословите што ги донесува Светиот Дух (1 Кор. 12,8-11). Сите луѓе не примаат ист дар, но на секој слуга Учителот му ветил некој дар на Духот.“ – Христовите параболи, 288.
б. Што Дарителот со право очекува од своите управители? Лука 19,23.
“Бог луѓето ги надарил со различни таленти и дарови, но не да лежат неискористени, ниту пак да ги употребуваат за забава или себични задоволства, туку да бидат благослов за другите, оспособувајќи ги за ревна и самопожртвувана мисионерска работа. Бог на човекот му го дава и времето со цел да придонесат за слава на Неговото име.“ – Упатства за младите, 6. ноември, 1902.
“Нашиот небесен Отец не бара ниту помалку ниту повеќе од она што ни овозможил да постигнеме. Врз плеќите на Своите слуги Тој не става товари што тие не можат да ги носат. ‘Зашто Тој го знае нашиот состав, помни дека сме прав’ (Псалм 103,14). Се што Тој бара од нас, со Божја милост ние можеме да го исполниме.“ – Христовите параболи, 323.
Понеделник 20. февруари
2. УНАПРЕДУВАЊЕ НА ТАЛЕНТИТЕ (I)
а. Како христијанските управители треба да ги откриваат, развиваат и користат своите таленти? Изреки 1,7; 2,3-9; Јаков 1,5.
“Мнозина навидум неспособни млади луѓе се богато надарени со таленти кои воопшто не се искористени. Нивните способности лежат сокриени затоа што нивните воспитувачи немаат дар да ги воочат. Многу момчиња или девојчиња, однадвор исто толку непривлечни како еден грубо обработен камен, можат да претставуваат скапоцен материјал кој ќе ги издржи пробите на жештината, бурата и притисокот. Вистинскиот воспитувач, кој гледа што можат да станат неговите ученици, ќе ја разбере вредноста на материјалот што го обработува.“ – Воспитување, 232.
“Бог има големо дело кое треба да го заврши за кратко време. Тој на младите им доверил таленти, како што се: умните способности, времето и средствата, и Тој ги смета за одговорни за начинот на кој ги употребуваат тие добри дарови. Тој ги повикува храбро да се спротивстават на корумпираното влијание на ова брзо време, и да постанат квалификувани за работа во Неговото дело. Тие не можат да станат успешни ако во подготовката за делото не бидат со сето срце и сета сила.“ – Упатства за младите, 7. мај, 1884.
б. Како се умножуваат талентите на христијанскиот управител? 2 Кор. 9,6.
“Талентите се умножуваат само ако се употребуваат. Успехот не е последица на некаков случај или судбина, туку дело на Божјото провидение, награда за верата и благоразумноста, за доблеста и истрајниот напор. Господ сака да ги употребуваме сите дарови што ги имаме; ако постапуваме така, ќе добиеме уште поголеми дарови со кои ќе можеме да се послужиме.“ – Христовите параболи, 314.
“Некои од младите кои биле вредни и истрајни во својата работа, сега заземаат значајни позиции во Божјото дело. Често слушаме како за талентите и способностите на овие млади некои зборуваат како за дарови со кои Бог особено ги надарил; но тоа е грешка. Талентите кои ни се дадени ние ги умножуваме и зајакнуваме преку употреба. Мнозина кои со ангажирање во Божјото дело можеле добро да се оспособат, пропуштаат преку пракса да ги усовршат способностите што Бог им ги дал.“ – РХ, 25. март, 1880.
Вторник 21. февруари
3. УНАПРЕДУВАЊЕ НА ТАЛЕНТИТЕ (II)
а. Што треба да сфатат оние кои мислат дека примиле најмал талент? 1 Кор. 7,20-24.
“Голем дел од младите негодуваат затоа што немаат способност да направат некои големи работи и посакуваат таленти со кои тие би можеле да направат некои чудеса; но додека така го трошат времето во залудни желби, тие прават неуспех во животот. Тие пропуштаат прилики кои би можеле да ги искористат правејќи дела на љубов и милосрдие на животниот пат на кој нивните нозе се поставени.“ – Упатство за младите, 2. март, 1893.
б. Како Господ ја оценува употребата на нашите таленти? 2 Кор. 5,10; Лука 12,47.48.
“Кога Господ ќе побара сметка од своите слуги, ќе ја пресметува добивката од секој талент. Според извршената работа ќе се оценува и карактерот на секој работник.“ – Христовите параболи, 321.
“Оние што можеле да дадат свој придонес за спасението на душите кога би се држале за Божјите совети, но таа должност ја пропуштиле поради тоа што се срамеле од Христовиот крст, не само што ќе ја изгубат својата душа, туку и крвта на несреќните гретттнитти ќе се најде на нивната облека. Таквите ќе мора да дадат сметка за добрата што можеле да ги сторат кога би се предале на Бога, но тоа не го сториле поради своето неверство. Оние што навистина ја вкусиле убавината на искупителната љубов нема, и не можат, да мируваат се додека не ги запознаат со планот на спасението сите со кои доаѓаат во допир.“ – 1 Сведоштво, 458.
“Ние поединечно ќе бидеме одговорни ако сме сториле само една цртичка помалку од она што сме биле способни да го сториме. Господ точно ја одмерува секоја можност што ни се укажува за служба. Неискористените способности ќе се внесат во пресметката исто како и искористените. Бог ќе не повика на одговорност за се што сме можеле, кога правилно би ги употребиле нашите таленти, да сториме и да постанеме.“ – Христовите параболи, 323.
Среда 22. февруари
4. ЛИЧНА ОДГОВОРНОСТ
а. Кои се некои од талентите кои христијанскиот управител треба да ги развие, и зошто? 1 Јов. 2,14; Рим. 15,1.
“Посебни дарови на Духот не се само талентите споменати во оваа парабола (Мат. 25,13-32). Со нив се опфатени сите дарови и сите способности, било наследени или стекнати, телесни или духовни. Сите тие мора да се употребат во служба на Христа. Кога ќе станеме Христови ученици, ние Нему му се предаваме со сето она што сме и што имаме. Тие дарови Тој ни ги враќа пречистени и облагородени за да ги употребиме во Негова слава и на благослов на своите ближни.“ Христовите параболи, 290.
“Моќта на говорот е способност што мора грижливо да се негува. Од сите дарови што сме ги примиле од Бога ниту еден не е во состојба да донесе поголеми благослови од овој. Со нашиот глас ние осведочуваме и убедуваме, упатуваме молби и пофалби кон Бога, со него им зборуваме на другите за љубовта на Спасителот. Тогаш, колку е важно тој дар да го извежбаме за да биде што поуспешен во службата на доброто.“ – Христовите параболи, 296.
“Нашето време му припаѓа на Бога. Секој миг е Негов и наша најсвета обврска е да го искористиме на Негова слава. Ниту за еден друг дар Тој нема да бара построга сметка како за дарот на нашето време.“ – Христовите параболи, 303.
“Родителите треба да ги учат своите деца високо да го ценат и правилно да го употребуваат времето. Поучете ги дека е важно се она со што можат да Го прослават Бога и да му донесат благослов на човештвото. Дури и во своите најрани години тие можат да Му служат на Бога како мисионери.“ – Христовите параболи, 306.
“Бог на луѓето им доверува материјални средства. Тој им дава сила да стекнат богатство; ја натопува земјата со небесна роса и со изобилен дожд што освежува. Тој дава сончева светлина која ја загрева земјата, будејќи ја во живот целата природа и предизвикува се што е создадено да буи и да носи плод. За возврат Тој го бара она што му припаѓа Нему.“ – Христовите параболи, 311.
“Парите не ни се дадени за стекнување на чест или лична слава. Како верни управители ние треба да ги употребиме за чест и слава на Бога. Некои мислат дека само дел од нивните средства му припаѓаат на Бога. Кога еден дел од нивните средства ќе издвојат за верски и добротворни цели, тие сметаат дека остатокот можат да го користат како ним им одговара. Но, во ова тие грешат. Се она со што располагаме е Божјо власништво и ние ќе дадеме сметка за употребата на добрата кои ни се доверени. Во користењето на секој денар може да се види дали Го сакаме Бога над се и своите ближни како самите себе.“ – Порака до младите, 310.
Четврток 23. февруари
5. УПРАВИТЕЛИ ЗА ЦАРСТВО
а. На што треба енергично да ги фокусираме сите наши различити таленти? Фил. 3,7-14.
“Вие сте гледање на светот, на ангелите и на луѓето… Искористете ги златните моменти, ставајќи ги на користење талентите кои Бог ви ги дал за да ги умножите за Учителот и да бидат благослов за сите околу вас. Нека небесните ангели со радост гледаат на вас поради вашата верност и лојалност на Исус Христос.“ – Упатство за младите, 12. јули, 1894.
“Мудрото користење на можностите кои ќе ви се укажат и талентите кои Бог ви ги дал, ќе ве направат мажи и жени кои можат да го заслужат Божјото одобрување и да бидат благослов за општеството. Нека вашиот критериум биде висок, и со неуморна енергија користете ги своите таленти и можности на најдобар начин, за да ја остварите целта.“ – Темели на христијанското воспит., 87.
“Дали одлучивте да му се предадете на Господа? Дали сте подготвени да се вклучите во работата која Тој ви ја оставил да ја извршите. Исус им рекол на своите ученици: ‘Одете по сиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание’ (Марко 16,15). Зарем своето време и своите сили и покрај овој налог ќе ги посветите на своите лични склоности, наместо да го послушате Божјиот совет?“ – Синови и ќерки Божји, 273.
“Овде, на овој свет, во овие последни денови, луѓето ќе покажат која сила влијае на нивните срца и ги контролира нивните постапки. Ако тоа е силата на божествената вистина, тоа ќе доведе до добри дела…
“Млади и стари, Бог сега ве проверува. Вие сами одлучувате за својата вечна судбина.“ – Мараната, 43.
Петок 24. февруари
ЛИЧЕНПРЕГЛЕДНА ПРАШАЊАТА
1. Како различните таленти можат најдобро да се употребат за Г оспода?
2. Каква корист талентот на мудрото управување и донесува на црквата?
3. На кој начин јас, лично, треба сериозно да водам грижа за талентите што ми се доверени?
4. Што морам да сфатам за мојата одговорност пред Бога за моите таленти?
5. Опишете ја одговорноста на секој христијанин, без оглед на возраста или способноста.