07 ПЛАН ЗА БРЗО

Сподели го ова:

7. лекција – 18. февруари 2012.

ПЛАН ЗА БРЗО

“Верен човек ќе биде многу благословуван, а кој брза да се збогати, не останува без казна.“ – Изреки, 28,20.

“Сите предимства што Бог ни ги дал служат само како Негови помошни средства да внесат жар во нашиот дух, верност во нашите напори и енергија во нашите настојувања да ја исполниме Неговата света волја.“ – Патријарси и пророци, 370.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: 1 Сведоштво, 209-211.
Недела 12. февруари
1. БРЗО ЗБОГАТУВАЊЕ
а. Каков ќе биде резултатот од учествување во плановите за брзо збогатување? Изреки 21,5.
“Духот на печалење, за брзо збогатување, кој потполно го обзема срцето со световното, е во болна спротивност со нашата вера и доктрина.“ – Совети зауправителите, 231.232.
б. Зошто христијанскиот управител треба да се залага за вечно богатство, наместо да се стреми за брзо богатење? Псалм 37,7.
“Видов како сатаната будно ги забележува цртите на себичност и лакомост кај некои што ја исповедаат вистината, а потоа ги искушува опсипувајќи го со благосостојба нивниот животен пат и нудејќи им земни богатства. Тој добро знае дека тие, доколку не ги победат своите природни склоности, неизбежно ќе се сопнат и ќе паднат служејќи му на мамонот – на својот омилен идол. На тој начин тој често ја остварува својата цел. Силната љубов кон светот ја надвладува и просто ја проголтува љубовта кон вистината. Царството на овој свет им се нуди на таквите верници и тие грчевито се фаќаат за своето богатство мислејќи дека тоа е чудесен успех. Сатаната ликува, бидејќи успеал во својата намера. Поради љубовта кон овој свет, тие се одрекуваат од љубовта кон Бога.“ – 1 Сведоштво, 132.

Понеделник 13. февруари
2. БОГАТСТВО СТЕКНАТО СО ТРУД
а. Каква е разликата помеѓу брзото богатење и правилното инвестирање на средствата? Изреки 28,30; 31,16.24.
“Многу пати кога Господ го отвори патот на браќата да ракуваат со нивните средства за унапредување на Неговото дело, агентите на сатаната ќе укажеа на некој потфат во кој браќата би ги дуплирале своите средства. Браќата се фаќаа на таа стапица, ги инвестираа своите пари, а честопати од тоа не добиваа ниту еден долар.“ – 5 Сведоштво, 143.
“Секоја дејност… поттикната од желбата некој со разни шпекулации брзо да се збогати, го обзема умот и ги одвраќа мислите на верниците од најсвечените вистини кои некогаш им биле дадени на смртниците. Тоа можеби ги охрабрува изгледите на минливиот овоземен успех, но крајниот резултат е неуспех. Господ не одобрува такви дејности. Ако оваа работа не се санкционира, мнозина ќе бидат привлечени од овие шпекулативни планови и ќе бидат одвратени од ширење на свечената вистина, толку потребна за овие последни денови, дури и оние кои на друг начин не можат да се заведат.“ – Совети за управителите, 234.235.
“Работата е благослов, а не проклетство. Вредната работа чува мнозина, млади и стари, од стапицата на оној кој ‘спремно го вработува умот и рацете на неработникот’. Никој нека не се срами од работата, бидејќи чесниот труд облагородува. Додека рацете се ангажирани во најчестите задачи, умот може да биде исполнет со возвишени и свети мисли.“ – Упатства за младите, 27. февруари, 1902.
б. Зошто луѓето честопати се во искушение да се вклучат во некои шпекулативни финансиски ризици? Изреки 27,20.
“Покажано ми е дека нашите луѓе со вакви шпекулативни работи се впуштаат во многу опасен експеримент. На тој начин тие сами се ставаат на подрачјето на непријателот и неизбежно доживуваат големи искушенија, разочарувања, тешкотии и загуби. Тоа внесува во душата немир, неодолив копнеж да се заработи повеќе и побргу отколку што е можно под постојните услови. Во копнеж и надеж да остварат поголема добивка тие го менуваат опкружувањето. Но нивните очекувања често не се остваруваат и тие стануваат обесхрабрени бидејќи и материјално назадуваат повеќе отколку што напредуваат. Токму тоа се случило на некои во …. Тие отпаднале од Бога.“ – 4. Сведоштво, 590.

Вторник 14. февруари
3. ДА ЈА ПРЕПОЗНАЕМЕ СТРАТЕГИЈАТА НА НЕПРИЈАТЕЛОТ
а. Дури и во брзата ера во која живееме, што Бог милостиво ни обезбедил и зошто? Проповедник 3,1.
“Вредноста на времето е практично непроценлива. Христос секој миг го сметал за драгоцен, и така и ние треба на тоа да гледаме. Животот е премногу краток за да го пропуштиме залудно. Деновите на милост и проба кои ни се дадени за да се подготвиме за вечноста се кратки и поминуваат мошне брзо. Немаме време за губење, немаме време за себични задоволства, за уживање во гревот.“ – Христовите параболи, 303.
б. Кои фактори треба да се земат во предвид додека го планираме користењето на нашето време? Јаков 4,13-15.
ц. Во обид да го унапредиме Божјото дело, што мораме да сфатиме? 1 Петр. 5,8.
“Немаме време за губење. Силите на темнината работат со сета сила и сатаната со нечуен чекор, како што волкот го граба својот плен, ги заробува оние кои сега спијат. Имаме предупредување кое можеме сега да го објавуваме, дело кое сега може да се продолжи, но наскоро ќе биде потешко отколку што може да се замисли. Бог да ни помогне да ја шириме светлината, во работата нашите очи да бидат постојано приковани на нашиот Водач, трпеливо и истрајно се додека не стекнеме победа.“ – РХ, 12. ноември, 1914.
д. Што кажува Вдахновението за борбата што е пред нас? Ефес. 6,12; Мат. 24,12.13.
“Со засилена ревност и енергија ние треба да го продолжиме Господовото дело се до крајот на времето.“ – Совети за родителите, 455.

Среда 15. февруари
4. ДА БИДАТ КОРИСНИ
а. Наместо да се ангажираме во шпекулативните шеми за брзо збогатување, што треба да правиме со талентите кои ни се доверени? Лука 19,13.
“Господарот на сите ни го упатува налогот: ‘Тргувајте додека не се вратам’ (Лука 19,13). Во Својата мудрост Тој ни дава упатство како да ги користиме Неговите дарови. Талентите на говорот, меморијата, влијанието, имотот, со употреба треба да се зголемуваат за слава на Бога и на унапредување на Неговото царство. Тој ќе ја благослови правилната употреба на Неговите дарови.“ – Совети за управителите, 116.
“Колку многу или малку да поседува, секој поединец нека запамети дека тоа му е само доверено. За својата сила, вештина, време, таленти, можности и средства, тој ќе мора да даде сметка на Бога. Ова е индивидуална работа, Бог ни дава можности да станеме како Него, дарежливи, благородни, великодушни преку давање и на другите. Оние кои ја забораваат својата од Бога дадена мисија, се стремат само да ги задоволат барањата на гордоста и себичноста, можат да обезбедат придобивки и задоволства на овој свет, но во очите на Бога тие се духовно сиромашни, бедни, мизерни, слепи и голи.
“Правилно употребено, богатството станува златна врска на благодарност и наклонетост помеѓу човекот и неговите ближни и силна врска на поврзаност и љубов кон Спасителот.“ – РХ, 16. мај, 1882.
б. Што можеме да научиме од Соломоновото искуство? Проповедник 2,10.11.
“Мораме да се одвратиме од илјадници прашања што го привлекуваат нашето внимание. Некои теми одземаат време и ја будат нашата љубопитност, но всушност не водат никаде. Највисоките интереси го бараат нашето најголемо внимание и енергија, кои толку често се посветуваат на безначајни нешта.“ – Здравје и среќа, 407.
“Силата која сега ја сконцентрираме на евтина лесно расиплива стока, треба да ја користиме во работата за просветлување на светот. Да настојуваме сета своја од Бога дадена сила да ја користиме во работата која донесува благослов и задоволство и за овој живот и за вечноста.“ – Објавени ракописи, VI, 267.
“Никој не смее да губи време во јадикување што видливите извори на средства се толку оскудни. Можеби надворешноста на изглед не ветува многу, но со енергично залагање и доверба во Бога изворите на средства можат да се зголемат.“ – Пророци и цареви, 163.

Четврток 16. февруари
5. НАТРУПУВАЊЕ НА ИМОТ
а. Зошто ставот на безумниот богаташ кој го проширувал својот амбар е предупредување за нас? Лука 12,16-21.
“Жалосно е што дел од оние што тврдат дека се Божји народ задржуваат за себе од она што Нему му го должат. Средствата и напорите што треба да се посветат на Христа се користат за сопствени задоволства. На Бога му се закинува времето, финансиски средства и служба. Самољубието и самозадоволството ја исклучуваат Христовата љубов од душата и тоа е причината зошто во црквата нема повеќе ревност и поголема горлива љубов кон Оној кој прв не засакал. Мнозина им попуштаат на себичните барања додека душите за кои Христос умрел пропаѓаат.“ – Знаци на времето, 22. декември, 1890.
б. Што секогаш треба да имаме на ум при разгледување на цената платена за наш откуп? 1 Кор. 3,23; 6,20.
“Без разлика дали ние тоа го признаваме или не, душата и сите сили на нашето битие му припаѓаат на Бога. Бог му зборува на секое човечко битие, велејќи: ‘Дај ми ја својата ревност, својата способност, својата енергија и своите средства’. Тој со право го бара тоа, бидејќи ние сме откупени преку Неговата безгранична љубов и агонија на крстот на Голгота од ропството на гревот. Своите сили не треба да ги посветиме за себично угодување на себеси. Од ден на ден треба да му го вратиме на Господ она што нам ни го доверил.“ – Знаци на времето, 2. јануари, 1901.
Петок 17. февруари
ЛИЧЕНПРЕГЛЕДНА ПРАШАЊАТА
1. Каков ќе биде резултатот во стремежот нагло да се збогатиме?
2. Како треба да го стекнеме нашето богатство?
3. Што треба да ни даде поттик во работата за Христа?
4. Наведи некои од начините на кои можеме да бидеме верни управители во финансиски поглед?
5. Што честопати ја исклучува од моето срце љубовта кон Христа?

Сподели го ова:

Слични објави