06 ЗАНИМАЊЕ И СЛУЖБА

Сподели го ова:

6. лекција – 11. февруари 2012.

ЗАНИМАЊЕ И СЛУЖБА

“Се, што може да врши раката твоја, според силите твои, врши; зашто во гробот, каде што ќе појдеш, нема ни работа, ни размислување, ни знаење, ни мудрост.“ – Проповедник, 9,10.

“Вистинската среќа се наоѓа само во настојувањето да се биде добар и да се прави добро. Најчистото и најголемото задоволство во животот го наоѓаат само оние кои верно ги исполнуваат своите должности. Ниедна работа која верно се извршува не го унижува човекот.“ – Упатство за младите, 5. декември, 1901.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Воспитување, 226-233.
Недела 5. февруари
1. ИЗБОР НА ЗАНИМАЊЕ
а. Која е целта на корисното занимање? 2 Сол. 3,11.12.
“Поврзаноста на земните настани со небото и Христовиот непосреден надзор над сето тоа, поголеми се отколку што мнозина тоа го наслутуваат. Сите вистински пронајдоци наменети за подобрување на работните и животните услови имаат свој извор во Оној кој е прекрасен во советот и совршен во работата. Вештиот допир на раката на лекарот, неговата сила на нервите и мускулите, неговото знаење на деликатниот механизам на човечкото тело, е мудрост на божествената моќ дарувана со цел да се користи за доброто на оние кои боледуваат и страдаат. Вештината со која дрводелецот ги користи своите алатки, силата со која ковачот го обликува железото на својата наковална, доаѓа од Бога. Што и да правиме, каде и да се наоѓаме, Тој сака да ги контролира нашите умови, за да се што ќе направиме биде совршено.“ – Совети за родителите, учителите и студентите, 230.
б. Кој е еден од најголемите благослови за општеството, а кое е едно од неговите најголеми проклетства? Изреки 10,16; 2 Сол. 3,10.
“Една од најсигурните заштити од злото е корисното занимање, додека безделничењето е едно од најголемите проклетства, бидејќи неизбежно го следат порок, криминал и сиромаштија. Оние кои секогаш се зафатени, кои одат радосно на нивните секојдневни задачи, се корисни членови на општеството.“ – Совети за родителите, учителите и студентите, 228.

Понеделник 6. февруари
2. ПРИФАТЛИВА СЛУЖБА
а. При изборот на професија, кои фактори треба да се разгледаат? Како нашите способности го одредуваат нашето место во животот? Наведи примери. Проповедник 9,10.
“Со оглед на можностите во животот, кој е способен да оцени што е големо, а што мало? Колку луѓе на ниски положби во животот, поттикнувајќи дејности од благослов за светот, постигнале резултати на кои и цареви би можеле да им завидуваат!…
“Она посебно место кое ни е одредено во животот, ни е доделено врз основа на нашите способности. Не постигнуваат сите ист степен на развој, ниту со ист успех ја извршуваат истата работа. Бог не очекува од исопот да ги достигне пропорциите на еден кедар, ниту од маслинката височина на величествена палма. Но секој треба да се стреми да се вивне онолку високо колку што му овозможува здружувањето на човечките и небесните сили.
“Мнозина не се она што би можеле да бидат, затоа што не ја ползуваат силата што е во нив. Не се потпираат, колку што би можеле, врз божествената сила. Мнозина скршнале од патот на кој би можеле да постигнат најголем успех. Барајќи поголема почест или поугодна работа, тие се обидуваат да прават нешто за што не се способни. Многу луѓе чии таленти се посоодветни за некоја друга работа, амбицијата ги нагонува да се посветат на некоја интелектуална професија. И така, оној кој можел да биде успешен како земјоделец, занаетчија или медицински техничар, носи назив на проповедник, правник или лекар, иако е неспособен за тоа. Други, пак, кои можеле да се занимаваат со некоја одговорна работа, се задоволуваат со некоја полесна положба едноставно поради недостиг на енергија, трудољубивост или истрајност.
“Ние мораме поточно да се придржуваме до Божјиот план за животот. Да ја извршуваме колку е можно подобро работата која е пред нас, да му ги довериме на Бога нашите патишта и да внимаваме на знаците на Неговото провидение – тоа се правилата кои служат како сигурен водич при изборот на професијата.“ – Воспит., 266.267.
б. Без оглед на нашите таленти и позивот, што е најважно во нашето животно дело? Евреите 6,10.
“Чистата, посветена љубов, таква љубов како што била изразена во Христовиот живот, дејствува како свет мирис. Како скршената кутија на мирото на Марија, таа ја исполнува целата куќа со мирисот.“ – 6. Сведоштво, 79.

Вторник 7. февруари
3. РАБОТНА ЕТИКА
а. Без оглед на нашите специфични занимања, на што особено треба да обрнеме внимание при својата работа? 1 Кор. 3,1214; 2 Сол. 2,17.
б. Што за христијанинот е морална етика? Кол. 3,22-24.
“И во најскромните должности на секојдневниот живот мора да биде внесена практичната религија. Највозвишена способност на секој човек е безусловно да ја послуша Божјата Реч.
“Бидејќи не се занимаваат директно со некоја верска активност, мнозина сметаат дека живеат некорисен живот, дека не прават ништо за да го унапредат Божјото царство. Меѓутоа, тие се во заблуда. Ако се занимаваат со некоја работа што мора да се изврши, не смеат да се обвинуваат себеси дека се некорисни припадници на големото Божјо семејство. Не смеат да се занемарат ниту најскромните должности. Секоја чесна работа служи на благослов. Верноста при една таква работа може да се покаже како подготовка за поголеми одговорности.
“Колку и да е скромно, секое дело направено за Господа со целосна преданост на својата душа, во Неговите очи е прифатливо исто како и највисоката служба. Ниту еден прилог не е мал ако се дава со искрено срце, со радост во душата.
“Каде и да се најдете, Христос ве повикува да ја прифатите секоја должност што ви се нуди. Ако е тоа во домот, потрудете се доброволно и сесрдно вашиот дом да го сторите пријатно место. Ако сте мајка, воспитајте ги своите деца за Христа. Тоа е исто толку важна работа за Господа колку и делото на проповедникот на проповедалната. Ако должноста ве врзува за кујна, потрудете се да станете совршен готвач или готвачка. Настојувајте да приготвувате здрава, хранлива и вкусна храна. И како што користите најдобри состојки во храната што ја готвите, секогаш трудете се и својот ум да го храните со најдобри мисли. Ако обработувате земја, или се занимавате со некој занает или со нешто друго, трудете се да постигнете најдобар успех во таа должност. Посветете се со телото и душата на работата што ја работите. Со секое свое дело вие Го претставувате Христа. Однесувај се онака како што би се однесувал Тој да е на ваше место.
“Колку и да е малечок вашиот талент, Бог има место за него. Тој еден талент, мудро употребен, ќе ја изврши својата задача што му е доделена. Кога сме верни во малите должности, ние работиме според планот на додавање, а Бог работи според планот на умножување. Тие мали дарови ќе се претворат во најдрагоцено влијание во Неговото дело.“ – Христовите параболи, 319.320.

Среда 8. февруари
4. НАЈВАЖНАТА РАБОТА
а. Која е највозвишената работа во која христијанинот може да учествува? Матеј 28,19.20; Псалм 96,3.
“Работа над секоја друга работа – занимање над секое друго кое може да ја привлече и ангажира енергијата на душата – е делото на спасување на душите за кои Христос умрел. Нека ова биде главна и најважна работа во животот. Нека ова биде најважно дело во вашиот живот. Соработувајте со Христа во тоа големо и благородно дело, и станете мисионери и во домашни и во странски мисии. Бидете подготвени ефикасно да работите на спасување на душите и во својата земја и во далечни поднебја. Работете на Божјото дело и покажете ја својата вера во Спасителот со напорна работа за другите. О, кога и младите и старите потполно би се обратиле кон Бога, преземајќи ги должностите што се веднаш до нив и соработувајќи со Бога секаде каде што имаат можност! Кога ова практично би се применило, многу гласови би изразиле пофалба на Оној кој ги повикал од темнината во својата чудесна светлина.“ Упатство за младите, 4. мај, 1893.
“Секој вистински ученик се раѓа во Божјото царство како мисионер. Оној што пие од живата вода, станува извор на животот. Примателот станува давател. Христовата благодат во душата е како извор во пустина што извира да ги освежи сите и кај оние што се близу до смртта да создаде голема желба да пијат од водата на животот.“ – Копнежот на вековите, 134.
б. Зошто мисионерот е исполнет со радост при неговата работа? Лука 15,6.7; Псалм 51,12.13.
“Обратувањето на душите кон Бога е најголемо и највозвишено дело во кое човечките суштества можат да земат учество. Во тоа дело се откриваат Божјата сила, Неговата светост, Неговата трпеливост и Неговата безгранична љубов. Секое вистинско обратување го прославува Него и ги поттикнува ангелите да запеат.“ – 7 Свед., 49.
“Ние не можеме да имаме поголема радост од тоа да соработуваме со Бога, да ги спасуваме душите од ропството на гревот и да го изградуваме Христовото царство. Оваа радост е Христова радост и секоја душа што учествува во тоа ја доживува полнината на Неговата радост. Повторно и повторно можеме да пиеме од овој извор на радост, радувајќи се во Него, знаејќи дека никаква друга радост не може да се спореди со оваа.“ – РХ, 13. февруари, 1894.

9. февруари Четврток
5. ДРУГИ ЗАНИМАЊА
а. Како и во другите христијански занимања можеме да продолжиме да работиме на спасување на душите? Ефес. 4,28; 1 Кор. 15,58.
1. Здравствена работа. “Не постои мисионерско поле поважно од она каде што работи еден верен и богобојазлив лекар.“ – 5 Сведоштво, 423.
2. Бизнис. “Постои потреба од бизнисмени кои големите начела на вистината ќе ги вткаат во сите свои деловни потфати и кои се подготвени своите таленти да ги усовршуваат со мошне темелно проучување и обука… (Даниел) претставува пример за тоа што секој бизнисмен може да биде.“ – Христовите параболи, 311.
3. Учители. “Учителите, особено оние кои работат со децата, треба да бидат смирени и љубезни, покажувајќи трпение и многу љубов кон оние на кои најмногу им е потребна.“ – 6 Сведоштво, 188.
4. Пејачи. “Потребни се и оние кои имаат дар за пеење. Песната е едно од најефикасните средства духовната вистина да се втисне во срцето.“ – РХ, 6. јуни, 1912.
5. Други занимања. “Вистинската среќа се наоѓа само во настојувањето да се биде добар и да се прави добро. Најчистото и најголемото задоволство во животот го наоѓаат само оние кои верно ги исполнуваат своите должности. Ниедна работа која верно се извршува не го унижува човекот.“ – Упатство за младите, 5. декември, 1901.
6. Дали Бог го осудува богатството кое е чесно стекнато? 5 Мојс. 8,18.
“Библијата не го осудува богатиот човек затоа што е богат, таа не вели дека стекнувањето на богатството е грев, ниту дека парите се корен на сите зла. Напротив, Светите списи велат дека Бог дава сила за стекнување на богатство; и дека таа способност е драгоцен талент ако се посвети на Бога и користи за унапредување на Неговото дело. Библијата не ги осудува генијалноста и уметноста; овие доаѓаат од мудроста која Бог ja дава. Ние не можеме срцето да го направиме посвето и почисто облекувајќи го телото во вреќи или лишувајќи го домот од се што е комфорно, вкусно или практично.“ – Совети за управителите, 138.
Петок 10. февруари
ЛИЧЕНПРЕГЛЕДНА ПРАШАЊАТА
1. Какви благодати можеме да имаме од корисната работа?
2. Кои фактори треба да влијаат врз нашиот избор на професија?
3. Како можеме своето занимање да го направиме благослов и за другите?
4. Во кое занимање сите можат да најдат вистинско задоволство? Зошто тоа претставува задоволство?
5. Наведи некои примери на прекрасни можности за спасување на душите.

Сподели го ова:

Слични објави