05 РАБОТА

Сподели го ова:

5. лекција – 4. февруари 2012.

РАБОТА

“И го зеде Господ Бог човекот, го насели во Едемската градина, за да ја обработува и да ја чува.” – 1 Мојс. 2,15.

“Вистинска слава и радост во животот наоѓаат само работните мажи и жени. Работата сама по себе е благотворна и колку е пријатен одморот по напорот на правилно поминатиот ден.“ – Христијанска умереност, 131.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Порака до младите, 177-180. ориг.
Недела 29. јануари
1. ТРУД
а. По создавањето што им било љубезно дадено на нашите прародители? 1 Мојс. 2,15.
“Работата Бог ја определил за човекот, и таа за него претставува вистинска благодат: го занимава, му ги обзема мислите, го зајакнува телото и ги развива способностите. Во духовната и во телесната работа Адам наоѓал едно од најголемите задоволства во својот свет живот. И кога, поради непослушност, бил истеран од својот прекрасен дом и кога бил присилен макотрпно да се бори со ќутливото земјиште за својот насушен леб, токму таа работа, иако во голема мера поинаква од пријатното занимање во Едем, му била заштита од искушението и извор на среќа. Во голема заблуда се оние кои работата ја сметаат за проклетство, па макар таа да е заморна и тешка. Богатите често со презир гледаат на работничката класа. Меѓутоа, таквото однесување е наполно спротивно на намерата што ја имал Бог кога го создал човекот. Што се имотите на најголемите богаташи во споредба со наследството дадено на возвишениот Адам? Па сепак, Адам не го поминувал животот во безделничење. Премудриот Творец, кој најдобро знае што ја зголемува среќата на човекот, му одредил на Адам што треба да прави. Само работливите мажи и жени наоѓаат вистинска животна радост.“ – Патријарси и пророци, 24.
б. Што природно му донесува работата на секое со разум надарено човечко битие? Проповедник 3,13.

Понеделник 30. јануари
2. ЗАПОВЕД ДА СЕ РАБОТИ
а. Што е составен дел на четвртата заповед? 2 Мојс. 20,9.
“Верата што ја исповедаш ти наложува да го искористиш времето во текот на шесте работни дена како и да присуствуваш во црквата во сабота. Не си вреден во работата. Дозволуваш да поминуваат часови, денови, дури и седмици, а ништо да не направиш. Најдобрата проповед што можеш да му ја проповедаш на светот е да покажеш одлучна реформа во својот живот и да се погрижиш за своето семејство. Апостолот вели: ‘Ако некој не се грижи за своите, а особено за своите домашни, тој се одрекол од верата и полош е од безверник (1 Тим. 5,8)’.“ – 5 Сведоштво, 166.
“Мрзеливоста и немарноста не се плодови кои раѓаат на христијанско дрво.“ – Водење на детето, 124.
б. Како христијанскиот управител ја извршува својата работа? Кол. 3,23.
“Патот на напорната работа наменет за жителите на земјата може да биде тежок и мачен, но тој е почестен од стапките на Спасителот, и безбеден е оној кој го следи овој свет пат. Со поука и пример Христос го признал достоинството на корисната работа. Од своите најрани години живеел живот исполнет со тешка работа. Поголемиот дел од својот земен живот го поминал во трпелива работа во дрводелската работилница во Назарет. Во облека на обичен работник Господарот на животот одел по улиците на малото гратче во кое Тој живеел, одејќи и враќајќи се од својата скромна работа и невидливите ангели кои биле испратени да му служат го следеле додека Тој пешачел, непризнаен и без почести, рамо до рамо со селаните и работниците.“ – Совети за родителите, учителите и студентите, 229.
“Не треба да ги занемарувате должностите што се наоѓаат директно на вашиот пат, туку треба да ги искористите сите можности кои се отвораат околу вас. Мора да правите најдобро што можете во помалите должности, прифаќајќи ја верно и со сето срце работата која Бог во своја промисла ви ја доделил. Колку и да изгледа мала вашата задача, треба да ја извршите исто толку совесно, темелно и до крај како што сте ги извршувале и поголемите работи. Вашата верност ќе биде одобрена и запишана на небото.“ – Знаци на времето, 16. јуни, 1890.

Вторник 31. јануари
3. СЕМЕЈНА ФИРМА
а. Кога христијанинот како управител треба да ја започне својата обука на децата? 5 Мојсеева 6,7.
“Воспитувањето на детето на добро или на зло започнува во најраните години. Децата треба да се учат дека тие се дел од семејната фирма. Тие треба да бидат обучени да дадат свој придонес во домот. Тие не треба постојано да очекуваат, туку тие треба да го олеснат товарот на таткото и мајката. Како што растат, постарите деца треба да им помагаат на родителите во грижата за помладите членови на семејството. Мајката не треба да го носи целиот товар на работата во која мораат и треба да учествуваат и децата.“ – Објавени ракописи X, 206.207.
б. Како родителите можат да ги поучат своите деца во начелата на работа и животните должности? Изреки 22,6.
“Во школото на родителскиот дом децата треба да научат како да ги извршуваат практичните должности од секојдневниот живот. Додека тие се уште се млади, мајката треба секој ден да им дава некоја едноставна задача. Настојувањето да ги упати во работата ќе и одзеде повеќе време отколку самата да го направи тоа, но таа треба да има на ум дека со тоа ги поставува темелите за изградба на нивниот карактер, оспособувајќи ги да бидат корисни во животот. Нека има на ум дека домот претставува школо во кое таа е главниот учител. Нејзина задача е да ги научи своите деца како да ги извршуваат работите брзо и вешто. Уште од детство децата треба да учествуваат во носење на секојдневните товари. Момчињата и девојчињата треба да се упатат, како што растат и се развиваат, разумно да помагаат во работата на семејната фирма.“ – Совети за родителите, учителите и студентите, 98.
ц. Кој е неизбежниот резултат на безделничењето? Изреки 19,15.
“Таму каде што има многу безделничење, сатаната работи со своите искушенија да го уништи животот и карактерот на младите.“ – Инструктор за младите, 18. октомври, 1894.

Среда 1. февруари
4. НЕСООДВЕТЕН ОДМОР
а. Кој совет се однесува на оние кои – не го почитуваат налогот за работа кој е даден во четвртата заповед – не работат ниту во текот на шесте обични работни денови во неделата? 2 Сол. 3,10; Изреки 6,9-11.
“Бог на луѓето им дал шест дена определени за работа и Тој бара тие сите свои работи да ги извршуваат во текот на тие шест работни денови.“ – Патријарси и пророци, 313.
“Божјата Реч изјавува дека оној што не сака да работи, не треба ниту да јаде. Господ не бара од човекот кој вредно работи да ги поддржува другите во безделничењето. Мнозина губат време, не вложувајќи сериозни напори, и затоа запаѓаат во сиромаштија и скудност. Ако овие мани не се исправат од страна на оние што ги уживаат, се што би можеле ние да сториме за нив би личело на ставање богатство во вреќа со дупки.“ – Христовите параболи, 212.
“На оние што настојуваат да се реформираат, треба да им се обезбеди вработување. Ниту еден, кој е способен да работи, не треба да биде поучуван да очекува дека храната, облеката и станот ќе му бидат дадени бесплатно. За нивно, но и за доброто на другите, треба да бидат пронајдени начини при што ќе можат да вратат еквивалентно за она што го добиваат. Охрабрете ги во напорите да се издржуваат самите себеси. Тоа ќе придонесе за нивна самопочит и благородна независност. Освен тоа, вработеноста на телото и умот претставува успешна ограда против искушението.“ – Здравје и среќа, 126.
“Навиката световните работи да се извршуваат немарно и невнимателно лесно се пренесува и во духовниот живот и истата го онеспособува човекот успешно да извршува која било служба за Бога. Мнозина, кои како вредни работници би можеле да бидат на благослов на светот, се упропастиле со својата немарност. Кога некој нема работа ниту цврста цел пред себе, тој е изложен на илјадници искушенија. Расипаното друштво и лошите навики го изопачуваат умот и душата и тие се онеспособени и за овој и за идниот живот.
“Со која и да било работа да се занимаваме, Божјата Реч не учи да бидеме ‘со горлив дух, служејќи Му на Господа’ (Римјаните 12,11). Се што може да врши раката твоја, според силите твои, врши’ (Проповедник 9,10). ‘Знаејќи дека како награда ќе добиете од Господ наследство, бидејќи на Господ Христос Му служите’ (Колосјаните 3,24).“ – Христовите параболи, 306.307.

Четврток 2. февруари
5. “НЕГОВИОТ СПОКОЈ” (Евреите 4,1)
а. Кога Господ го вовел Неговиот ден за одмор за човештвото? 1. Мојс. 2,2; Евр. 4,4.5. Како Господ ја потврдил оригиналноста на оваа своја институција? Марко 2,27.28.
“Првата седмица ја одмерил лично Бог како примерок за сите седмици до крајот на времето. Како и секоја друга, и таа се состоела од седум буквални дена. Шест дена Бог поминал во делото на создавањето, а во седмиот ден си починал, затоа тој ден го благословил и им го определил на луѓето како ден за одмор.“ – Патријарси и пророци, 94.
б. Како треба да се подготвиме за денот кој Господ го нарекува ‘Мојата сабота’ или ‘спокојот Мој’ (2. Мојс. 31,13; Евр. 4,5)?
“Во петок треба да се завршат сите подготовки за сабота. Погрижете се сета облека да бидат подготвена, готвењето завршено, чевлите исчистени и да се искапете. Сето тоа може да се среди и да се заврши ако себеси си го поставиме за правило. Саботата не смее да се помине во поправка на облека, во готвење на храна, во барање на задоволства или во било која друга земна работа. Пред заоѓање на сонцето оставете ја настрана секоја световна работа и тргнете ги од пред своите очи сите световни списанија. Родители, објаснете им ги на своите деца своите постапки во тој поглед како и нивната цел и дозволете и децата да уживаат во подготовките за сабота во согласност со заповедта.“ – 6. Сведоштво, 328.
“Оние кои занемаруваат да се подготват во шестиот ден за сабота, и ја готват храната во сабота, ја нарушуваат четвртата заповед, и се престапници на Божјиот закон.“ – Духовни дарови III, 253.254.
Петок 3. февруари
ЛИЧЕНПРЕГЛЕДНА ПРАШАЊАТА
1. Која е целта на работата?
2. Што е составен дел на четвртата заповед?
3. Кога треба да започнеме да го цениме трудот?
4. Што се случува ако не сме продуктивни во текот на неделата?
5. Опиши ја природата на христијанинот и неговиот или нејзиниот одмор во Божјиот свет ден?

Сподели го ова:

Слични објави