04 Проблеми кои треба да се надминат (II)
4. лекција – 28. јануари 2012.
Проблеми кои треба да се надминат (II)
“Посеаното, пак, во трње е оној што го слуша словото, но грижите од овој свет и примамливото богатство го задушуваат словото и тоа останува без род.“ – Матеј, 13,22.
“Сите кои толку слепо трчаат по заработувачка и стекнување на пари… горко ќе заплачат еден ден, велејќи: ‘О, измамливоста на богатството! Ја продадов за пари својата душа!’.“ – 3 Сведоштво, 507.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Совети зауправителите, 133-140.
Недела 22. јануари
1. ИЗМАМА
а. Со што сатаната честопати го изопачува срцето и устите на луѓето кои сакаат да имаат профити од бизнисот? Ерем. 6,13; Дела 5,3.4.
б. Како сериозно царот Давид се борел против лукавиот јазик? Псалм 52,2.3; 101,7; 120,2; Изреки 30,8.
ц. Бидејќи христијаните како управители често мораат да бидат во контакт со лукави луѓе, која молитва треба да ја испратат до престолот на благодатта? Псалм 43,1 (последен дел).
д. Како Бог честопати им дозволува на лукавите луѓе да станат жртви на нивните сопствени трикови? Псалм 7,14-16.
Понеделник 23. јануари
2. НЕЧЕСНОСТ
а. Како е опишан нечесниот човек? Изреки 6,12.13.14.16-19.
б. Како Господ ги смета оние кои се нечесни во финансиските трансакции? 5 Мојс. 27,17-19; Изреки 11,1; 20,23.
“Извештаите за секоја работа, деталите од секоја трансакција, внимателно се испитуваат од страна на невидливите ревизори, застапниците на Оној кој никогаш не прави компромиси со неправедноста, на чии очи злото никогаш не може да им избега, Кој никогаш не го прикрива гревот…“ – Воспитување, 144.
“И повторно Божјиот закон изрекува осуда за секој што прави зло. Тој може да го презре тој глас, може да настојува да го заглуши неговото предупредување, но залудно. Тој го следи. Му се наметнува. Го уништува неговиот мир. Ако не го послуша, го прогонува до гроб. На суд сведочи против него. Како неизгаслив оган, на крајот ги изгорува и душата и телото.“ – Воспитување, 145.
ц. Што ќе се случи со она што е стекнато на нечесен начин? Изреки 13,11; 15,27; 21,6.
“За ова прашање би морал да размислува секој родител, секој учител, секој ученик – секое човечко суштество, младо или старо. Ниту една деловна шема или животен план не можат да бидат здрави или целосни, ако ги опфаќаат само кусите години од овој сегашен живот и не водат сметка за бескрајната иднина. Учете ги младите да ја вклучуваат вечноста во своите планови. Научете ги да ги избираат принципите и да ги бараат богатствата што имаат трајна вредност – да си собираат себеси ‘ризница на небото, каде крадец не се приближува и кое молец не го јаде’, да си создаваат пријатели ‘преку неправедно богатство’, за да ги примат ‘во вечните живеалишта’ кога него ќе го снема (Лука 12,33; 16,9).“ – Воспитување, 145.
Вторник 24. јануари
3. НЕПРАВДА
а. Како сме предупредени да ја избегнуваме пристрасноста во постапувањето со другите? 3 Мојсеева 19,15.
“Не покажувајте пристрасност кон никого, и не ги запоставувајте другите од вашите браќа затоа што не се сродни за вас. Внимавајте да не постапувате престрого со оние за кои мислите дека се во заблуда, додека другите, кои се повеќе виновни и повеќе заслужуваат остар укор заради своето нехристијанско однесување, ги третирате како пријатели.“ – РХ, 12. март, 1895.
б. Како христијаните во својство на управители треба да постапуваат со обесправените групи? Псалм 82,2-4.
“Од припадниците на Својот народ, Бог бара во никој случај да не дозволат угнетување на сиромашните и ужалените. Тие ќе ги примат ветените благослови само ако го скршат секој јарем и ги ослободат угнетените, постапувајќи несебично и со многу обѕир кон сиромашните и оние кои се во неволја. Ако во црквата се најдат и такви кои пред слепите ставаат камен за сопнување, таквите треба да се повикаат на одговорност: бидејќи Бог бара од нас да бидеме заштитници на слепите, ужалените, вдовиците и сирачињата. Каменот на сопнување спомнат во Божјата Реч не значи само парче дрво или некој друг материјал ставен под нозете на слепиот за да се сопне туку значи многу повеќе од тоа. Тоа се однесува на секоја постапка со која може да се наштети на влијанието на слепиот брат, да се работи против неговите интереси и да се попречува неговиот просперитет.
“Братот кој е слеп, сиромашен и болен, а прави се што е во негова моќ самиот себе да се издржува и да не зависи од другите, треба да се храбри и да му се крепат рацете на секој можен начин. Меѓутоа, оние кои тврдат дека се негови браќа, кои можат да ги користат сите свои работни способности и да не зависат од никој, но кои ги забораваат своите должности кон слепиот до таа мера што со своите постапки го збунуваат, растажуваат и попречуваат неговиот животен пат – прават грев за кој ќе мора длабоко да се каат пред Бога и потполно да се менуваат ако сакаат Бог да ги прими нивните молитви. И Божјата црква (во тоа место) која дозволи да му се направи неправда на унесреќениот брат, ќе биде виновна за тој грев се додека не направи се што е во нејзина моќ тоа зло да се отстрани.“ – 3 Сведоштво, 483.
Среда 25. јануари
4. ЛОШО ДРУШТВО
а. Иако Господ е наш голем советник, од кого исто така можеме да бараме совет на оваа земја? Изреки 13,20.
“За младите единствена сигурност е да се дружат со непорочните и светите, бидејќи на тој начин природните склоности кон злото ќе се држат под контрола. Избирајќи ги за свои другари таквите кои се бојат о Господа, тие ретко ќе покажуваат сомнеж и неверување во Божјата Реч. Моќта на еден вистински доследен пример претставува голема сила на добро.“ – Во небесните пространства, 172.
б. Што се случува кога бараме совет од оние кои не се во согласност со начелата според кои христијанскиот управител треба да се раководи? Изреки 14,7; 2 Сол. 3,6.
“Ако младите за свое друштво ги одбираат оние кои имаат изопачени начела и тоа го применуваат во пракса… тие и самите ќе се расипат. Тивкото и несвесно влијание ги обзема нивните мисли, влегува во нивниот живот, станува дел од нивното постоење, и тие одат на самиот раб на пропаста потполно несвесни за опасноста на која се изложуваат. Тие ги засакуваат умилните и слатки зборови на измамникот, и стануваат немирни, неспокојни и несреќни се додека не бидат одведени на самиот врв на нечие ласкање… Одење на советот на безбожниците претставува првиот чекор да се продолжи по патот на грешниците и да се седи во друштво на нечестивите.“ – Во небесните пространства, 172.
“Погрешно е христијаните да се дружат со оние кои се со непостојан морал. Блиското дружење кое само одзема време, не поттикнува јакнење на моралот и не придонесува за јакнење на умните и духовните сили е опасно. Ако моралната атмосфера која го опкружува поединецот не е чиста и света, туку загадена со изопаченост, оние кои вдишуваат таква атмосфера, ќе увидат дека таа речиси, незабележително делува на умот и срцето, труејќи и изопачувајќи се околу себе. Опасно е да се дружиме со оние чиишто мисли постојано се задржуваат на она што природно ги унижува. Под нивно влијание се и оние кои природно се совесни и ја љубат чистотата, но постепено и незабележливо доаѓаат на исто ниво и учествуваат и сочувствуваат во лудориите и недостатокот на морал со оние со кои се во постојан контакт.“ – 3 Сведоштво, 117.
Четврток 26. јануари
5. БЕСМИСЛЕНОСТА ОД СТЕКНУВАЊЕ НА БОГАТСТВО
а. Колку од нашето земно богатство ние задржуваме кога ќе умреме? Псалм 49,16.17; Проповедник 5,13-15; 1 Тим. 6,7.
б. Што можеме да земеме со себе на големото судење на човечкиот род? Матеј 16,26; Изреки 11,4; Исаија 31,7.
“И тогаш откупените ќе бидат пречекани со добредојде во домот што Христос им го подготвува. Таму нема да им прават друштво земните расипници, лажливците, идолопоклониците, расипаните и неверните, туку ќе се дружат со оние кои го совладале сатаната и преку Божјата благодат изградиле совршен карактер. Секоја грешна склоност, секое несовршенство, што ги мачеле овде, отстранети се со Христовата крв и тие се облечени во совршенството и сјајот на Неговата слава што далеку го надминува сјајот на Сонцето. Моралната убавина, совршенството на Христовиот карактер, зрачи од нив, далеку надминувајќи ја вредноста на надворешниот сјај. Тие се без мана пред големиот бел престол, уживајќи го достоинството и предимствата на ангелите.
“Гледајќи го ова славно наследство, што може да биде негово, ‘каков откуп ќе даде човекот за својата душа’ (Матеј 16,26). Тој може да биде сиромашен, но сепак во себе поседува достоинство и богатство, кое светот никогаш не може да му го даде. Душата откупена и очистена од гревот, која сите свои благородни сили ги посветила во служба на Бога, има непроценлива вредност; и кога една душа ќе се спаси, радоста на Небото во присуство на Бога и светите ангели се изразува со песни на свето победоносно славење.“ – Патот кон Христа, 117.118.
Петок 27. јануари
ЛИЧЕНПРЕГЛЕДНА ПРАШАЊАТА
1. Какви се последиците од мамење во меѓучовечките односи?
2. Како нечесноста влијае на оној кој мами?
3. Како христијаните како управители се однесуваат кон другите во нивните финансиски зделки?
4. Кој е финансиски советник на христијанскиот управител?
5. На што треба да не потсетува привремената природа на материјалното богатство?