03 Проблеми кои треба да се надминат (I)
3. лекција – 21. јануари 2012.
Проблеми кои треба да се надминат (I)
“Зашто, каде што има завист и карање, таму има неслога и се е лошо.“ – Јаков, 3,16.
“Без оглед дали ние го признаваме тоа или не, ние сме управители кои Бог ги снабдува со таленти и средства и ги поставува во светот да ја извршуваат работата што Тој им ја доверил.“ – Воспитување, 137.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: 5 Сведоштво, 223-228.
Недела 15. јануари
1. ЗАВИСТ И СРОДНИ ГРЕВОВИ
а. Објасни ги потеклото на гордоста, зависта и амбициите за положба – и горчливите резултати од сето тоа. Исаија 14,12-15.
“Токму гордоста и амбицијата го поттикнале Луцифера да се жали против Божјото владеење и се обидел да го урне поредокот што владеел на небото. Уште од својот пад, сатаната постојано се труди да го влее кај луѓето својот дух на завист и незадоволство, и стремеж за положби и почести.“ – Патријарси и пророци, 419.
б. Како Библијата ги опишува луѓето со телесен ум – кандидати за втората смрт? 1 Кор. 3,3; Рим. 8,6.7; Јаков 3,14.15.
“Брате мој, ако го отвориш своето срце на зависта, злобата и сомнежот, Светиот Дух нема да може да престојува во тебе. Копнеј за полнотата што е во Христа.“ – 8 Сведоштво, 207.
ц. Како зависта влијае на вашата личност и благосостојба? Јов 5,2; Изреки 14,30; 27,4.
“Завидливиот човек шири отров каде и да се појави, отуѓувајќи ги пријателите и поттикнувајќи омраза и бунт кон луѓето и кон Бога. Тој има за цел другите да го сметаат за најдобар и најголем, но не така што со јуначки и пожртвувани напори ќе ја постигне целта на супериорност, туку останува, каде што е, потценувајќи ги заслугите и напорите на другите.“ – 5 Сведоштво, 54.
Понеделник 16. јануари
2. ЛАКОМСТВО
а. Во која смисла лакомството претставува престап на Божјите заповеди? 2 Мојсеева 20,17. Што можеме да научиме за овој грев од искуството на Ахан? Исус Навин 7,20-26.
“Смртниот грев кој го одвел Ахана во пропаст имал свој корен во алчноста – еден од вообичаените гревови преку кој се преминува лекомислено. Додека другите гревови се откриваат и казнуваат, на алчноста ретко и се забележува иако таа всушност е престап на десеттата заповед. Колку тој грев е голем и колку неговите последици се страшни, се гледа од случајот на Ахан.
“Лакомството е зло што се развива постепено. Ахановата дрчност и незаситна желба за богатење се претворила во навика која цврсто се вкоренила, така што речиси било невозможно да се искорени. Иако уживал во тоа зло, сепак се ужасувал при помислата дека со тоа ќе му нанесе несреќа на Израел, но гревот ја умртвил неговата совест и кога наишло искушението, тој паднал како лесен плен.“ – Патријарси и пророци, 516.
“Зар не се греши и денес наспроти исто толку свечените и јасни опомени? И нам исто така јасно и одредено ни е забрането да му попуштаме на лакомството како што му било забрането и на Ахан да присвои било што од пленот затечен во Ерихон. Бог во својата Реч лакомството го поистоветува со идолопоклонството. И нам ни е упатена опомена: ‘Не можете да им служите на Бога и на Мамон’ (Мат. 6,24). ‘Внимавајте! Чувајте се од алчноста’ (Лука 12,15). ‘Лакомството и да не се споменува меѓу вас’ (Ефес. 5,3). Пред нас е страшната судбина на Ахан, на Јуда, на Ананија и Сафира; а пред сите овие судбината на Луцифер, на ‘ѕвездата Деница’, на оној кој во својата алчност за власт се стремел кон повисока положба и со тоа засекогаш ги изгубил сјајот и небесното блаженство. Сепак, наспроти сите тие предупредувања, насекаде и на сите страни преовладува лакомство.“ – Патријарси и пророци, 517.
б. Каков треба да биде нашиот однос кон оние кои се контролирани од духот на алчноста? Ефес. 5,5; 1 Кор. 5,11.
ц. Меѓу кои грешници и лакомите лица исто така ќе бидат исклучени од Божјото царство? 1 Кор. 6,10.
Вторник 17. јануари
3. НЕНАСИТНОСТ
а. Што неизбежно бива кога зависта и алчноста ќе се вкоренат во срцето? Јов 5,2.4.5.
“Светото писмо ја опишува состојбата во светот непосредно пред второто Христово доаѓање. Апостол Јаков дава верна слика за лакомството и насилството кои ќе преовладуваат во тоа време. Тој вели: ‘Дојдете сега, вие богатите!… вашето богатство го натрупавте во последните денови. Ете, заработката на работниците кои ги пожнаа вашите ниви, што вие им ја задржавте, и викотниците на жетварите, дојдоа до ушите на Господа над војските. На земјата живеевте раскошно и разуздано; ги згоивте своите срца како за ден на клање. Го осудивте, го убивте праведникот, а тој не ви се противи’ (Јаков 5,16). Тоа е сликата што постои денес. Со разновидни насилства и ограбување, луѓето напластиле големи богатства, додека пред Бога вика изгладнетото човештво.“ – Христовите параболи, 140.
б. Што често се случува кога богатството е себично задржано од страна на нивните алчни сопственици? Проповедник 5,13.
ц. Со што злите откриваат што им е во срцето и умот? Псалм 10,3.
“Во своето слепило луѓето се фалат со чудесен напредок и просветеност. Но на окото на Семоќниот му се откриени сите тајни гревови и расипаност. Небесните стражари гледаат дека земјата е полна со насилство и криминал. Богатство се стекнува со секаков вид на закинување; закинување не само на луѓето, туку и на Бога. Луѓето ги користат Неговите средства за да ја задоволат својата себичност. Се до што можат да се дограбаат, тие го претвораат во средство за задоволување на својата алчност. Насекаде преовладува лакомост и сладострастие. Луѓето ги негуваат особините на првиот голем измамник. Тие го прифатиле како бог и станале исполнети со неговиот дух.“ – 6 Сведоштво, 16.
Среда 18. јануари
4. ГОРДОСТ
а. Поимот за гордост високо се цени во овој свет. Како Библијата ја опишува гордоста? Изреки 16,5.
б. Што ќе стори Господ со гордите? Изреки 15,25; 16,18.19; Лука 18,14. Опишете што и беше прикажано на Господовата слугинка за конечниот исход на гордоста?
“Видов дека Бог ја мрази гордоста, и дека сите горди и сите кои прават зло ќе бидат како слама и денот што доаѓа ќе ги изгори.“ – 1 Сведоштво, 124.
ц. Наместо гордост, што треба да се види во животот на христијанинот како Божји управител? Јаков 4,6.
“Сите кои го проучуваат Христовиот живот и живеат според Неговото учење ќе бидат слични на Него. Нивното влијание ќе биде како Неговото. Тие ќе прикажат дека имаат исправен карактер. Тие се утврдени во верата и ѓаволот нема да може да ги совлада со суетата и гордоста. Тие ќе се трудат да одат понизно по патот на послушноста, извршувајќи ја Божјата волја. Нивниот карактер ќе врши влијание кое ќе зборува во прилог на Божјото дело и здравата чистота на Неговото дело…
“Во тие потполно обратени души светот има сведоци за силата на вистината која го посветува човечкиот карактер. Преку нив Христос го запознава светот со Својот карактер и волја. Во животот на Божјите деца се открива радосното служење на Господ додека спротивност се гледа на оние кои не ги држат Неговите заповеди. Линијата на разграничување е сосем јасна. Сите оние кои ги почитуваат Божјите заповеди се чуваат од неговата моќна сила во услови на корумпираното влијание на престапниците на Неговиот закон. Божјата сила преку верата во спасение одржува се, од најниските до оние највисоките на одговорните позиции.’ – Евангелизам, 315.316.
Четврток 19. јануари
5. ЉУБОВ КОН ПАРИТЕ
а. Што може да ни донесе љубовта кон парите? 1 Тим. 6,10; Проп. 5,10.
“Библијата не го осудува човекот затоа што е богат, доколку чесно го стекнал своето богатство. Корен на секое зло не се парите, туку љубовта кон нив. Бог е Тој што им дава сила на луѓето да придобијат богатство и во рацете на оној, којшто постапува како Божји управител, употребувајќи ги Божјите средства на несебичен начин, богатството е благослов; како за оној што ги поседува, така и за светот. Но многумина обземени од интерес за богатствата на овој свет, стануваат нечувствителни за Божјите барања и за потребите на своите ближни. За нив, нивното богатство е средство преку кое ќе се прослават себеси, па затоа ги зголемуваат своите имоти, додаваат нови куќи кон постојните и ги полнат со раскошни работи, додека насекаде околу нив постојат човечки битија што се наоѓаат во мизерија, порок, болест и смрт. Оние што живеат само за да си служат на себе и на своите задоволства, развиваат карактеристики што не се својствени на Бога, туку на кнезот на злото.“ – Здравје и среќа, 158.
б. Што треба да биде врвниот приоритет во животот на секој верен управител? 1 Кор. 2,2; Мат. 6,33; Лука 9,25.
“Кога грешникот приоѓа кон крстот и го гледа Оној кој умрел за да го спаси, тој може да се радува со полнотата на радоста, бидејќи гревовите му се опростени. Клекнат во подножјето на крстот тој го достигнал највисокото место кое човекот може да го достигне.“ – РХ, 29. април, 1902.
Петок 20. јануари
ЛИЧЕНПРЕГЛЕДНА ПРАШАЊАТА
1. Како зависта може да влијае на вашето управување?
2. Каков вид на здружување треба да имаме со лица кои не ги следат принципите на христијанското управување?
3. Каков е резултатот од живеење на еден алчен живот?
4. Со што треба да се раководиме во нашите финансиски одлуки?
5. Објаснете ја опасноста да станете преокупирани со материјалните добра?