01 Управител
1. лекција – 7. јануари 2012.
Управител
“Надевај се на Г оспод од се срце и не се потпирај врз твојот разум. По сите свои патишта размислувај за Него, и Тој ќе ти ги покаже твоите патеки.“ – Изреки, 3,5.6.
“Човекот за да не ги изгуби благословените резултати од човекољубието, нашиот Откупител создал план да го ангажира како свој соработник.“ – РХ, 25. август, 1874.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Здравје и среќа, 447-449.
Недела 1. јануари
1. ОБВРСКА
а. На што се заснова христијанското управување? Псалм 37,4-6.
“Кога Божјата Реч ја цени како непроменливо начело во своето срце и ја држи цврсто во сите околности, човекот сите свои способности кои му се доверени ги става во служба на Господ Исус Христос. Сите свои сили, па дури и своите мисли, тој потполно ги доверува (потчинува) во покорност на Христа. Тоа е вистинска посветеност. Сите негови животни искуства се во целосна хармонија. Тој не е ‘скуден во ништо’. Ништо не задржува себично, за да ги задоволи своите барања.“ – Во небесните пространства, 190.
б. Објасни ги основните побуди на христијанскиот управител и кој е главниот предмет на неговите стремежи. Мат. 6,33.34; Фил. 3,8.
“(Прочитајте Матеј 6,22). Честитост на намерата, сесрдна посветеност на Бога, тоа се услови кои се истакнати во зборовите на Спасителот. Бидете искрени и непоколебливи да ја спознаете вистината и да ја почитувате по секоја цена, и ќе добиете божествено просветлување.“ – Мисли од гората, 65.
Понеделник 2. јануари
2. СЛУЖБА ВО СВОЈСТВО НА УПРАВИТЕЛ
а. Управителот управува со туѓ имот. Наведи некои важни работи кои ни се доверени како на управители. 1 Кор. 4,1.2.
“Оние на кои Бог им ја доверил Својата вистина мораат да го поседуваат истиот добротворен дух којшто Христос го
манифестирал. Тие мора да ги прифатат истите широки планови на дејствување. Тие треба да имаат еден вид на дарежлив дух кон сиромашните, имајќи на ум дека се само Божји управители. Се што имаат – материјални добра, ментална моќ, духовна сила – тие не треба да ги сметаат за своја сопственост туку дар кој им е подарен заради ширење на Христовото дело на земјата. Како и Христос, тие не треба да го избегнуваат друштвото на своите ближни, туку треба да ги бараат со цел да ги поделат небесните придобивки што ги добиле од Бога.“ – Слуги на евангелието, 300.
б. Каде христијанинот во својство на управител го собира богатството? Мат. 6,19-21.24.33.
“Бог сака наместо небесното, да го избереме земното. Тој пред нас отвора можност за небесни инвестиции. Тој не поттикнува и не храбри да се стремиме кон највисоки цели и да си го обезбедиме најскапоценото богатство. Тој изјавува: ‘Јас ќе го направам човекот поскапоцен од чисто злато, па дури подрагоцен од Офирско злато’ (Исаија 13,12). Кога ќе исчезнат богатствата што ги јаде молец и ги нагризува рѓата, Христовите следбеници ќе можат да се радуваат на своето небесно богатство, богатство кое е нераспадливо.“ – Христовите параболи, 336.
ц. Како христијаните во својство на управители треба да ракуваат
со богатството кое им го доверил нивниот Учител? 1 Тим. 6,18.19; Изреки 19,7.
“Сите треба да имаат чувство дека не се сопственици, туку само повереници и дека доаѓа време кога ќе мораат да дадат сметка за начинот на кој ги трошеле Божјите пари. На Божјото дело му се потребни средства. Сите би требало да кажат заедно со Давид: ‘Но од Тебе е се, и добиеното од Твојата рака Ти го дадовме’ (1 Лет. 29,14).“ – 5 Сведоштво, 358.
Вторник
3. јануари
3. ПОЗИТИВЕН СТАВ
а. Како христијанинот, како управител, треба да ги доживува и евентуалните економски неуспеси? Фил. 4,13; Рим. 8,28.
б. Зошто вашиот пристап кон финансиските прашања е важен? Изреки 16,2.
ц. Кое предупредување во врска со нашите ставови и побуди христијаните како управители треба да го имаат на ум? 1 Јов. 2,15.16.
“Сатаната не престанува да измислува некои нови изуми со кои настојува вниманието на Божјиот народ да го сврти од сериозното дело на подготовка за настаните што ни претстојат. Тој е измамник во потполна смисла на зборот и вешт маѓепсник. Своите планови и стапици ги покрива со наметка на светлина што личи на небесна. Ја навел Ева да вкуси од плодот на забранетото дрво уверувајќи ја дека тоа ќе и донесе големо предимство. На своите ангели им наложува да измислуваат разни пронајдоци, патентни права и слични потфати, за и адвентистите кои сакаат брзо да се збогатат да паднат во искушение, да бидат вовлечени во неговите стапици и да си навлечат на себе големи маки. Тој е мошне буден и неуморен во настојувањето луѓето од овој свет постојано да ги држи во свое ропство, за преку нив со пријатни возбудувања да ги привлече и невнимателните верници да им се придружат во тие суетни задоволства. Желбата на очите, копнежот по возбудувања и пријатни забави, се вистински искушенија и стапици за Божјиот народ. Сатаната има многу фино преплетени, но опасни мрежи кои изгледаат потполно невини и со кои тој вешто ги залудува припадниците на Божјиот народ, како што се: разни привлечни претстави, приредби, предавања од
френологијата* и уште безбројни слични потфати, замислени Божјиот народ да биде наведен да го сака светот и се што е во светот. Со таквото поврзување со светот, верата станува се послаба, а парите со кои треба да се потпомага делото на сегашната вистина се одлеваат во редовите на непријателот. Преку такви и слични канали сатаната вешто ги извлекува парите од рацете на Божјиот народ, и поради тоа на нив е Божјото незадоволство.“ – 1 Сведоштво, 493.
*Наука која врз основа на обликот на черепот ги одредува душевните особини на човекот.
Среда 4. јануари
4. ДОВЕРБА
а. Со што е опкружен вистинскиот христијански управител? Пс. 32,10.
б. Кои особини се застапени кај оние кои целосно се потпираат на Господа? Изреки 3,5.6; Јов 23,12.
“Псалмистот вели: ‘Надевај се во Господа и прави добро! Тогаш ќе останеш во својата земја и ќе ги уживаш нејзините добра’ (Псалм 37,3). ‘Надевај се во Господа’! Секој ден има свој товар, свои грижи и недоумици; и кога ќе се сретнеме, зошто веднаш сме подготвени да раскажуваме за нашите тешкотии и искушенија? Толку непотребни грижи не оптоваруваат, толку многу стравови не мачат, за такво бреме на маки зборуваме, што некој би можел да претпостави дека немаме милостив, нежен Спасител, готов да ги слушне нашите молби и веднаш да ни укаже помош кога ќе ни затреба.“ – Патот кон Христа, 112.
ц. Опишете некои поуки од природата кои можат да му дадат упатства на христијанскиот управител? Матеј 6,25-30.
“Гледајте, вели Исус, како растат полските кринови; како никнувајќи од студената мрачна земја или од калта на речното корито, се развиваат во билки полни со убавина и мирис. Кој би помислил во колку убав цвет може да се развие грубата кафеава главица на кринот? Но кога скриениот живот во него се развие на Божјиот повик, благодарение на дождот и сонцето, луѓето се восхитуваат гледајќи ја неговата привлечност и убавина. Исто така ќе се развие и Божјиот живот во секоја човечка душа која ќе се потчини на дејството на Неговата милост, а ова пак со своите благослови им се дава на сите како доброволен дар, токму како дождот и сонцето. Божјата Реч го создава цвеќето, а истата Реч во нас ќе ја произведе убавината на Неговиот Дух.
“Божјиот закон е закон на љубовта. Тој ве опкружил со убавина која треба да ве поучи дека на земјата не сте поставени само да копате и да градите за себе, да се мачите и ткаете, туку со Христовата љубов да го направите животот посветол, радосен и убав – слично на цвеќето, со служба на љубовта да го развеселувате животот на другите.“ – Мисли од гората, 69.
Четврток 5. јануари
5. БЛАГОДАРНОСТ
а. Што прави христијанскиот управител по откривањето на вистинското богатство во вселената? Лука 15,8.9; 1 Сол. 5,18.
“Заборавајќи ги сопствените тешкотии и неволји, дајте да Го славиме Бога за можноста да живееме на слава на Неговото име. Нека свежите благослови на секој нов ден разбудат пофалба во нашите срца за овие знаци на Неговата љубов и грижа. Кога наутро ќе ги отворите очите, заблагодарете му на Бога што ве чувал во текот на ноќта. Бидете благодарни за Неговиот мир во вашето срце. Наутро, напладне и навечер, нека вашата благодарност како сладок мирис се издига кон небото.“ – РХ, 2. јуни, 1910.
“Зарем ние немаме причина да зборуваме за Божјата добрина и да раскажуваме за Неговата моќ? Кога пријателите се добри кон нас, ние сметаме дека е привилегија да им заблагодариме за нивната добрина. Колку повеќе ние имаме причини со најголема радост да ја изразиме својата благодарност на Пријателот кој ни го дава секој добар и совршен подарок! Тогаш во секоја црква и на секое богослужение да му одаваме благодарност на Бога. Да ги научиме нашите усни да Го слават Бога во семејниот круг.“ – Мојот живот денес, 187.
б. За кој дар христијанскиот управител треба да биде најмногу благодарен? Псалм 119,14.72.127.
“Славните можности поставени пред Израел можеле да се остварат само со послушност кон Божјите заповеди. Истото совршенство на карактерот, истата полнота на благословите – благословите на умот, душата и телото, благословите во полињата и домовите, благословите во овој живот и во животот што ќе дојде – можеме да ги имаме само под услов на послушност.“ – Христовите параболи, 272.
Петок 6. јануари
ЛИЧЕНПРЕГЛЕДНА ПРАШАЊАТА
1. На кој начин можеме да покажеме посветеност во делото на Евангелието?
2. Каков е описот на работното место на христијанскиот управител?
3. Како вашиот став влијае на вашите финансиски одлуки?
4. Зошто е потребно своите финансии да ги ставиме целосно под Божја контрола?
5. Што треба да правите кога ќе ги соберете сите благослови кои ги примате од Бога?