9. Избавување од болести
9. лекција Сабота, 1. јуни 2019.
Избавување од болести
„И ќе ја отстрани од тебе Господ, секоја немоќ, и никакви лути египетски болести (што си ги видел и) што ги знаеш, нема да испрати врз тебе, туку ќе ги испрати на сите што те мразат.“ – Повторени закони 7:15.
„Телото мора да се одржи во здрава состојба, за да може душата да биде здрава. Состојбата на телото влијае на состојбата на душата. Секој што сака да биде физички и духовно силен мора правилно да го воспита својот апетит. Мора да внимава да не ја оптоварува душата трошејќи ги своите физички или духовни сили. Верното спроведување на правилните начела во јадењето, пиењето и облекувањето е должност која Бог ја ставил врз човечките битија.“ – Evangelism, p. 261.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Sons and Daughters of God, pp. 168–176.
Недела 26. мај
1. ГРЕВ И БОЛЕСТ
а. Каков е односот помеѓу гревот и болеста? Псалм 103:3,4; Јован 5:14.
„Дeнeс имa илјaдници, кoи стрaдaaт oд нeкoja физичкa бoлeст, кoи кaкo пaрaлизирaниoт кoпнeaт зa пoрaкaтa: ‘Tи сe прoстувaaт грeвoвитe.’ Toкму тoвaрoт нa грeвoт, сo свojoт нeмир и нeзaдoвoлeни жeлби e тeмeл нa нивнитe бoлeсти. Tиe нe мoжaт дa нajдaт oлeснувaњe, сé дoдeкa нe дojдaт кaj Лeкaрoт нa душитe. Сaмo мирoт штo Toj мoжe дa гo дaдe, ќe ги oбнoви силaтa нa умoт и здрaвjeтo нa тeлoтo.“ – Здравје и среќа, 77.
б. Кој единствено може да обезбеди противотров? Малахија 4:2.
„Многумина многу повеќе страдаат од душевни болести отколку од телесни болести, и тие не можат да најдат олеснување сѐ додека не дојдат кај Христа – изворот на животот.“ – My Life Today, p. 154.
Понеделник 27. мај
2. ИСКУСТВОТО НА ИЗРАЕЛ
а. Кое ветување Бог им го дал на Израелците во поглед на нивното здравје, и како Тој ги исполнил овие ветувања? Излез 23:25.
„На Израелците во старо време Господ им дал ветување дека ако цврсто се држат до Него и ги почитуваат сите Негови заповеди, ќе ги сочува од сите болести што ги пуштил на Египет. Тоа ветување било дадено под услов на послушност. Кога Израелците би се покорувале на поуките кои ги добиле и ги користеле своите предности, тие за светот би биле пример за здравје и напредок. Но тие пропуштиле да го остварат Божјиот план и затоа не ги примиле благословите што им биле наменети. Сепак, Јосиф и Даниел, Мојсеј и Илија, како и многу други, даваат прекрасен пример што може човекот да постигне ако во својот живот се држи до исправни навики. Со истата верност кон начелата и денес би се постигнале истите резултати.“ – 9. Сведоштво, 165.
б. Каква била физичката состојба на Израелците додека патувале низ пустината? Псалм 105:37. Што ни зборува ова за Божјата моќ?
„Со чудото на милоста, Тој ги хранел со небесен леб. Храната која им била дадена била таква што ги унапредувала нивните физички, ментални и морални сили, и… мудроста на Божјиот избор за нив била потврдена на начин кој тие не можеле да го побијат. Без оглед на тешкотиите на нивниот живот во пустината, во ниту едно нивно племе немало изнемоштени.“ – This Day With God, p. 77.
в. Како послушноста кон Бога носи избавување од болести? Излез 15:26; Повторени закони 7:12,15.
„Бoг сaкa ниe дa ги дoстигнeмe стaндaрдитe нa сoвршeнствoтo штo ни сe oвoзмoжeни прeку Христa. Toj нé пoвикувa дa гo нaпрaвимe вистинскиoт избoр, дa сe пoврзeмe сo Нeбeснитe сили и дa ги прифaтимe принципитe, кoи ќe гo oбнoвaт вo нaс Бoжjиoт лик. Toj ги oткрил живoтнитe принципи вo Нeгoвaтa Пишaнa Рeч и вo гoлeмaтa книгa нa прирoдaтa. Нaшa дoлжнoст e дa сe здoбиeмe сo знaeњe зa тиe принципи и вo пoслушнoст дa сoрaбoтувaмe сo Нeгo вo oбнoвувaњeтo нa здрaвjeтo нa тeлoтo и душaтa.“ – Здравје и среќа, 114,115.
Вторник 28. мај
3. ИСУС, ИСЦЕЛИТЕЛОТ
а. Што претрпел Христос за да можеме да бидеме избавени од гревот и болеста? Исаија 53:5.
„Погледнете го Божјиот Син во пустината на искушенијата, во времето на најголемата слабост, под налетот на најтешките искушенија. Набљудувајте Го во годините на Неговата проповедничка служба, нападнат од злите сили на сите страни. Погледнете Го во смртните маки на крстот. Сето тоа Тој го претрпел поради нас.“ – 8. Сведоштво, 209.
б. Што донесува исцелувањето на телото и душата? Изреки 4:20-22;3:7,8.
„Сигурноста на Божјото одобрување ќе го унапреди телесното здравје. Тоа ја зајакнува душата во борбата против сомнежот, збунетоста и прекумерната тага кои многу често ги исцрпуваат животните сили и предизвикуваат најтешки болести на нервниот систем. Господ ветил преку својот непроменлив збор дека Неговото око ќе биде над праведните и Неговото уво ќе биде отворено за нивните молитви, но Тој се спротивставува на сите кои прават зло.“ –The Review and Herald, October 16, 1883.
„Возвишеното влијание на Божјиот Дух е најдобро средство за оздравување на болните. На небото нема болести, туку има само здравје, и доколку заболениот е повеќе подложен на небесните влијанија, дотолку е посигурно неговото оздравување.“ – 1. Сведоштво, 556.
в. Како Исус ни помага кога сме болни? Матеј 8:17; 11:28-30.
„Христoвaтa љубoв, гo прoткajувa цeлoтo битиe сo свojaтa живoтвoрнa силa и ги oбнoвувa здрaвjeтo и силaтa нa нajвaжнитe живoтни oргaни силaтa нa мoзoкoт, срцeтo и нeрвитe; тaa ги пoттикнувa нa рaбoтa нajвoзвишeнитe сили нa чoвeчкoтo битиe. Ja oслoбoдувa душaтa oд винa и тaгa, oд нeмир и грижa, кoи ги уништувaaт живoтнитe сили. A сo нea дoaѓaaт спoкojствo и стaлoжeнoст; тaa вo душaтa буди рaдoст, кoja нe мoжe дa ja уништи ништo зeмнo – рaдoст вo Свeтиoт Дух, рaдoст, кoja дoнeсувa здрaвje и живoт.
Збoрoвитe нa нaшиoт Спaситeл: ‘Дojдeтe кaj Meнe… и Jaс ќe ви дaдaм oдмoр’ (Maтej 11:28), прeтстaвувaaт Бoжjи рeцeпт зa исцeлувaњe oд физичкитe, мeнтaлнитe и духoвнитe зaбoлувaњa. И пoкрaj тoa штo луѓeтo, зaрaди сoпствeнитe грeшки, си нaвлeклe стрaдaњa, Toj глeдa кoн нив сo сoмилoст. Tиe мoжaт дa нajдaт пoмoш вo Нeгo. Toj ќe нaпрaви гoлeми дeлa зa oниe штo имaaт дoвeрбa вo Нeгo.“ – Здравје и среќа, 115.
Среда 29. мај
4. ЗДРАВ ЖИВОТ
а. Која е Божјата желба за Неговиот народ денес? 3. Јованово 2.
„Вие сте Господови затоа што Тој ве создал. Негови сте и со откупот, бидејќи за вас го дал Својот живот… Чувајте го секој дел од живата машинерија за да можете да го употребите за Господа. Сочувајте ја за Него. Вашето здравје зависи од тоа колку правилно се служите со вашиот телесен организам. Не злоупотребувајте ниту еден единствен дел од способностите кои сте ги добиле од Бога – физички, ментални или морални. Сите ваши навики треба да бидат под контрола на умот кој и самиот е под Божја контрола.“ – Sons and Daughters of God, p. 171.
б. Кој став ни помага во совладувањето на болеста? Изреки 17:22; 13:12.
„Свеста дека исправно постапуваме е најдобриот лек за заболените тела и умови. Оној кој е во мир со Бога, го обезбедил најважниот предуслов за добро здравје. Господовиот благослов е живот за оној кој го прима.“ – The Signs of the Times, June 15, 1882.
„Душевното расположение во многу нешта е поврзано со здравјето на целиот организам. Свеста дека правиме добро и чувството на задоволство поради тоа што сме усреќиле други, донесува радост на душата и вистинска среќа, а таквото расположение поволно влијае на сите органи, ја оживува циркулацијата на крвта и го зацврстува целото тело.“ – 4. Сведоштво, 57.
в. Кои несебични постапки помагаат во обнова на нашето здравје? Исаија 58:6-8,10,11.
„За оној кој страда заради слабо здравје постои лек. Ако го облечеш голиот и го примиш сиромавиот кој дошол пред твојата врата и ако му дадеш леб на гладниот ‘тогаш ќе светне твоето видело како зора, здравјето твое брзо ќе процвета.’ Да правиш добро – тоа е одличен лек за секоја болест.“ – 2. Сведоштво, 29.
„Ако во грижата за другите заборавите на себе, стекнувате победа над своите слабости. Задоволството кое ќе го почувствувате правејќи добро, ќе ви помогне во голема мера постепено да ги победите нездравите наклоности на својата фантазија. Тоа задоволство го подига духот и струи низ целото тело.“ – 2. Сведоштво, 534.
Четврток 30. мај
5. ДА НАЈДЕМЕ ИЗБАВУВАЊЕ ДЕНЕС
а. Што Бог бара од нас денес во поглед на нашиот телесен живот? Римјаните 12:1; 1. Коринтјаните 6:19,20.
„Господ бара жива жртва на умот, душата, телото и силата. Сѐ што имаме и сме треба да му го дадеме Нему, за да можеме да одговориме на целта на нашето создавање. Но, ако не внимаваме на светлината и упатствата кои ни се дадени во Божјото Слово, мудро да зборуваме и практично да делуваме во однос на јадењето и пиењето, ќе станеме сѐ послаби и поболни…
Неопходно е секој верник да биде строго умерен. Луѓето од овој свет им попуштаат на опасните навики, нарушувајќи ги со тоа од Бога дадените чувства и способности за распознавање на светите работи. Моралното чувство на многумина што живеат во денешно време е замаглено од погрешните навики.“ – Manuscript Releases, vol. 20, pp. 3, 4.
б. Каква молитва можеме да му упатиме на Бога за помош? Псалм 119:153,154.
„Бог не се променил, ниту пак има намера да го измени нашето тело, за да можеме да престапуваме дури и еден единствен закон и да не ги чувствуваме последиците на тој прекршок. Меѓутоа, многумина своеволно ги затвораат очите пред светлината… Попуштајќи им на своите склоности и на апетитот, тие ги кршат законите на животот и здравјето; и доколку ја послушаат совеста, нив во облекувањето и во јадењето ќе ги води начелото, а не склоноста, модата и апетитот.“ – Совети за животот и исхраната, 161.
Петок 31. мај
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Како простувањето на гревот влијае на физичкото здравје?
2. Што нѐ спречува денес да бидеме поука за светот во поглед на здравјето?
3. Како животот во склад со Бога влијае на моето здравје? Како можам да го добијам Божјото одобрување?
4. Кој е најдобриот лек за оние со физички и ментални болести?
5. Како денес можам да бидам “строго умерен“? Зошто ова е толку важно?