5.Избавување од смрт

Сподели го ова:

5. лекција                  Сабота, 4. мај 2019.

Избавување од смрт

„О, смрт, каде ти е осилката? О, гробу, каде ти е победата?“ – 1. Коринтјаните 15:55.

„Божјите избраници можат да паднат на својата должност, но тие само заспале, додека Исус не ги пробуди, па заедно со Него да ја поделат вечната слава.“ – The Upward Look, p. 272.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: The Spirit of Prophecy, vol. 4, 351-369;
Sons and Daughters of God, pp. 229, 230.

Недела 28. април

1. КОМПОНЕНТИ НА ЖИВОТОТ

а. Опиши го процесот во кој Бог му дава живот на човекот. Создавање 2:7; 1. Коринтјаните 15:45 (прв дел).

„Кoгa Бoг гo сoздaл чoвeкoт спoрeд Свoeтo oбличje, чoвeчкaтa фoрмa билa сoвршeнa вo сé, нo нeмaлa живoт. Toгaш Бoг, личнoст, кoja пoстoи сaмa пo сeбe, вдaхнaл вo тaa фoрмa живoтeн здив и чoвeкoт стaнaл живo, интeлигeнтнo суштeствo. Ситe дeлoви нa чoвeчкиoт oргaнизaм пoчнaлe дa рaбoтaт. Срцeтo, aртeриитe, вeнитe, jaзикoт, рaцeтe, стaпaлaтa, сeтилaтa, умствeнитe спoсoбнoсти ситe пoчнaлe дa ja извршувaaт свojaтa рaбoтa и ситe билe пoтчинeти нa зaкoн. Чoвeкoт стaнaл живa душa.“ – Здравје и среќа, 415.

б. На кој начин овој процес започнува да тече во обратна насока кога човекот ќе умре? Псалм 146:4; 104:29.

„Телесен живот е нешто што го добива секој поединец. Тоа не е нешто вечно или бесмртно бидејќи Бог, Дарителот на животот, повторно го зема. Човекот нема власт над својот живот.“ – Maranatha, p. 302.

Понеделник 29. април

2. ШТО Е СМРТ?

а. Каква е состојбата на човекот во смртта? Проповедник 9:5,6; Псалм 6:5.

„Меѓутоа, ако мртвите веќе се радуваат во блаженството на небото или ако се превиткуваат во огнот на пеколот, зошто тогаш е потребен идниот суд? Учењето на Божјото Слово за овие важни прашања не е неразбирливо ниту противречно; тоа можат да го сфатат и обичните луѓе. Но која искрена душа, во оваа денес толку распространета теорија, може да види било каква мудрост или праведност? Дали праведниците, по испитувањето на нивните дела на судот ќе ја примат пофалбата: ‘Добро, сакан и верен слуго… влези во радоста на својот Господар’ (Матеј 25:21), ако според оваа теорија можеби веќе многу векови биле во Негово присуство? Дали грешниците ќе бидат повикани од пеколните маки за да ја чујат пресудата од Судијата на целата Земја: ‘Одете од Мене, проклети, во вечен оган’ (Матеј 25:41). О, колкава измама и какви срамни обвинувања на сметка на Божјата мудрост и праведност!“ – Големата борба, 549.
„За ова време многу е важно правилно да се разбере она што ни го зборува Светото Писмо за состојбата на мртвите. Божјото Слово нѐ учи дека мртвите не знаат ништо ‘и љубовта нивна, и омразата нивна и љубомората нивна веќе исчезнале, и ќе немаат дел довека во ништо, што се случува на земјата’ (Проповедник 9:6).“ – Evangelism, p. 249.

б. Што се случува со телото кога ќе умреме? Проповедник 3:20; Создавање 3:19.

„Бог објавил дека, како казна за (Адам) гревот, човекот мора да се врати во земјата од која е земен: ‘Зашто си земја, и во земја ќе се вратиш’ (Создавање 3:19).“ – The Spirit of Prophecy, vol. 4, p. 352.

в. Со што е споредена смртта? Јован 11:11-14.

„За верникот смртта е безначајно прашање. Христос зборува за неа како да има мала важност. ‘Оној што ќе ги запази Моите зборови, никогаш нема да види смрт’… никогаш нема да вкуси смрт’ (Јован 8:51,52). За христијаните смртта е само сон, само момент на молчење и темнина. Животот е сокриен со Христа во Бога и ‘кога ќе се појави Христос, вашиот живот, тогаш и вие ќе се појавите со Него во слава’ (Колосјаните 3:4).“ – Копнежот на вековите, 787.

Вторник 30. април

3. ПРЕСТОЈУВАЛИШТЕ ЗА МРТВИТЕ

а. Како е опишана трајноста на смртта? Јов 7:9,10. Псалм 146:4. На што треба да нѐ наведе размислувањето за овие работи? Псалм 90:12.

„Смртта е сериозна, но животот е многу посериозен. Повторно ќе се сретнеме со секоја мисла, збор и дело направено во овој живот. Она што ќе го направиме од себе за време на искушенијата, тоа ќе останеме во целата вечност. Смртта носи пропаст за телото, но не го менува нашиот карактер. Христовото доаѓање не го менува нашиот карактер, туку само го утврдува засекогаш, без промени…
Ги повикувам членовите на црквата да бидат христијани, слични на Христа. Исус работел, но не за Себе, туку за другите… Ако вие сте христијани, ќе го следите Неговиот пример.“ – The Faith I Live By, p. 169.
„Гледајте на секоја должност, колку и да е скромна, како на света, затоа што е дел од Божјата служба. Не дозволувајте ништо да ве наведе да заборавите на Бога. Внесете го Христа во сѐ што работите. Тогаш вашиот живот ќе биде исполнет со сјај и благодарност.“ – In Heavenly Places, p. 226.
„Секој момент носи вечни последици. Ние сме како војници на мртва стража кои треба да бидат подготвени секој момент да ја извршат својата задача. Можноста која сега ја имаме да и дадеме животни зборови на некоја гладна душа, можеби никогаш повеќе нема да ни се понуди повторно. Бог може и на таа душа да и рече: ‘Безумниче, ноќва ќе ти ја побараат душата твоја’ (Лука 12:20), и поради нашето запоставување таа душа нема да биде подготвена.“ – The Faith I Live By, p. 158.

б. Каде одат сите луѓе кога ќе умрат? Дела 2:29,34,35; Псалм 89:48; Проповедник 9:10.

„Никаде во Светото писмо не пишува дека праведниците својата награда, или пак грешниците својата казна, ја примаат во мигот на смртта. Патријарсите и пророците не оставиле вакво тврдење. Христос и Неговите апостоли за тоа не дале никакво навестување. Библијата јасно учи дека мртвите не заминуваат веднаш на небото, туку ги прикажува како оние што спијат до воскресението. (1. Солунјаните 4:14; Јован 14:10-12). Истиот ден кога ‘ќе се скине сребрениот конец, и се скрши златната чаша’ (Проповедник 12:6), престануваат сите мисли на човекот. Оние што слегуваат во гроб целосно замолкнуваат! Тие не знаат повеќе за ништо што се случува под сонцето (Јов 14:21). Каков блажен мир за уморените праведници!“ – Големата борба, 549,550.

Среда 1. мај

4. ИЗБАВУВАЊЕ ОД СМРТ

а. Што е осилото на смртта? 1. Коринтјаните 15:56.

„Да го негуваме Христовиот дух. Тој го напуштил својот царски престол, ја заменил својата божествена природа со човечка и дошол на оваа земја, целата извалкана со грев, со цел да се соочи со непријателот на човекот и да нѐ избави од ропството на гревот и смртта.“ – The Review and Herald, July 16, 1889.

б. Гледајќи ја Христовата победа што можеме да кажеме? 1. Коринтјаните 15:55,57. Како Тој нѐ избавува од смртта? 1. Коринтјаните 15:3; 1. Тимотеј 2:5,6.

„Со својот живот Христос го откупил секое човечко суштество. Тој умрел со сурова смрт за да ги спаси човечките суштества од вечна смрт. Тој го дал својот безгрешен живот за да обезбеди живот за грешниците кој е сличен на Божјиот живот. Со својата смрт, Тој на човекот му создал можност да ги прекине своите врски со сатаната, да се врати во заедница со Бога, и преку вера во Откупителот да добие простување…

Оној кој ги има на располагање сите сили на небото и на земјата, ќе ја воздигне секоја душа која се кае и верува… Тој длабоко се интересира за секоја душа, бидејќи ја платил со цената на својот живот за никој вечно да не биде изгубен.“ – Sons and Daughters of God, p. 230.

в. Што уништил Христос со својата смрт? Евреите 2:14.

„Во претсмртниот извик на Спасителот: ‘Се сврши’, на сатаната му одѕвонило претсмртното ѕвоно. Големата борба која се води толку долго, тогаш дефинитивно била одлучена, и конечното истребување на злото станало сосема извесно. Божјиот Син поминал низ гробната врата, ‘та преку смртта да го победи оној, што ја има власта над смрта, односно ѓаволот’ (Евреите 2:14). Стремежот на Луцифер кон самовозвишување го навел да каже дрско: ‘Ќе се искачам на небесата, над Бојжите ѕвезди ќе си издигнам престол за себе… ќе бидам еднаков на Сeвишниот.’ А Бог кажува: ‘Затоа… ќе те претворам во пепел на земјата… и нема да те има повеќе’ (Исаија 14:13,14; Езекиел 28:18, 19).“ – Големата борба, 503,504.

Четврток 2. мај

5. ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД СТРАВОТ ОД СМРТТА

а. Кој страв денес заробува многу луѓе? Што Христос сака да направи за нас со Својата смрт? Евреите 2:15.

„Во сите моменти на опасност, Христос му се обраќал на својот Отец. Тој ‘дошол до крв’ во моментот кога стравот од моралниот неуспех делувал како смртен страв. Кога клекнал во Гетсиманија, во душевна агонија, капки крв паѓале од Неговите пори и ја натопувале земјата. Тој се молел со гласен плач и солзи, и Бог во Неговиот страв ја примил молитвата. Тој го зајакнал, како што ќе ги зајакне сите оние кои ќе се понижат и себе, својата душа, духот и телото ќе ги предадат во рацете на Бога кој го одржува својот завет.“ – Selected Messages, bk. 3, 131.

б. Од што не треба да се плашиме? Зошто? Матеј 10:28-31; 1. Јованово 4:4.

„Бог никогаш не престанува да се грижи за својот народ… Христос ги учел своите ученици дека Бог на секое живо суштество му посветува исто толкаво внимание колку што посветил при создавањето на светот. Тој им посветува внимание на птиците во лет. ‘Ниту едно врапче’, вели Тој, ‘не паѓа на земјата без да биде забележано од вашиот Татко небесен.’ И кога Тој се грижи за едно мало врапче, тогаш душите за кои Христос умрел сигурно се неспоредливо подрагоцени во Неговите очи. Вредноста која Бог му ја дава на човекот најдобро се гледа во жртвата принесена на крстот на Голгота.“ – My Life Today, p. 292.

Петок 3. мај

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Опиши како човекот станал жива душа.
2. Што претставува смртта за христијанинот?
3. Како смртта влијае на карактерот?
4. Како Христос триумфирал над смртта?
5. Како Христос искусил страв од смртта, и како извојувал победа?

 

Сподели го ова:

Слични објави