4.Избавување од египетската наука

Сподели го ова:

4. лекција                 Сабота, 27. април 2019.

Избавување од египетската наука

„Не одете по патот на незнабошците.“ – Еремија 10:2.

„Апелирам до родителите да им обезбедат на своите деца место каде нема да бидат хипнотизирани со лажно образование. Нивната единствена сигурност се наоѓа во Христовото учење. Тој е големата средишна Светлина на светот. Сите други светлини, сите други мудрости, претставуваат лудост.“ – The Review and Herald, August 17, 1897.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Воспитување, 45-50;
Темели на среќниот дом, 181-190.

Недела 21. април

1. ИНФЕРИОРНОСТА НА ЕГИПЕТСКАТА МУДРОСТ

а. Како мудроста на Соломон е споредена со онаа на Египет? 1. Цареви 4:30.

„Постои образование кое во својата суштина е светско. Целта на таквата наука е успех во овој свет, задоволување на себичните амбиции. За да стекнат таков вид на образование, многу студенти трошат време и пари, и својот ум го оптоваруваат со многу непотребни знаења. Светот таквите ги смета за образовани, но Бог не е во нивните мисли.“ – Counsels to Parents, Teachers, and Students, p. 64.

б. Според Соломон, која е основата на вистинската мудрост? Изреки 9:10; 8:13; 15:33.

„Големиот животен закон се состои од изградување на карактерот, а сознанието за Бога е основа на секое вистинско воспитување.“ – Патријарси и пророци, 596.
„Вистинското познавање на вистинската побожност што се наоѓа во секојдневната посветеност осигурува најдобар развој на телото, умот и душата. Со посветување на своите сили на Бога се чуваме од самовоздигнување. Давањето на божествена сила претставува признание и го наградува нашиот искрен копнеж за мудроста која ќе нè оспособи своите најдобри способности да ги искористиме на Божја слава и за доброто на своите ближни.“ – 8. Сведоштво, 63.

Понеделник 22. април

2. МОЈСЕЈ ГО НАПУШТА ЕГИПЕТ

а. Колку обемна била обуката на Мојсеј, со оглед на тоа дека Египет бил најцивилизираната нација во своето време? Дела 7:22.

„Во египетските школи Мојсеј стекнал највисоко граѓанско и војничко образование. Надарен со голема лична привлечност, благородна појава и став, префинет дух и кнежевско однесување, и славен како војсководец, тој станал гордост на нацијата. Египетскиот цар бил припадник на сталежот на свештеници; и Мојсеј, иако одбивал да учествува во безбожните богослуженија, бил упатен во сите тајни на египетската религија.“ – Воспитување, 62.

б. Кога морал да избере помеѓу световните почести и службата на Бога, што избрал Мојсеј? Зошто? Евреите 11:24-27.

в. Што било неопходно со цел Мојсеј да се одучи од негативните влијанија на неговото египетското образование? Излез 3:1 (прв дел).

„Во Медијанската дивина, Мојсеј поминал четириесет години од својот живот како чувар на овци. Иако изгледало дека засекогаш е одвоен од својата животна мисија, тој всушност добивал воспитување неопходно за нејзино исполнување. Мудроста за управување со неукото и недисциплинирано мноштво мора да се стекне со совладување на самиот себе…
Влијанијата кои го опкружувале во Египет, наклонетоста на мајката која го посвоила, неговата положба како кралски внук, раскошот и пороците кои мамеле на десет илјади начини, префинетоста, мудрувањето и мистицизмот на лажната религија, сето тоа оставило трага на неговиот ум и на карактерот. Во строгата едноставност на пустината сето тоа исчезнало.“ – Воспитување, 62,63.
„Многумина, како и Мојсеј, мора да заборават многу од она што претходно го научиле за да стекнат знаење за она што навистина им е потребно. Мојсеј сам морал да се изложи на најстрога умствена и морална дисциплина, а Бог работел со него за да го подготви да ги поучува другите.“ – This Day with God, p. 321.
„Знаењето кое го стекнал во египетските школи не го оспособило Мојсеј да ги победи своите непријатели, туку постојаната, непоколеблива вера, вера која не попуштила ниту во најтешките околности.“ – The Signs of the Times, July 12, 1905.

Вторник 23. април

3. ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ЕГИПЕТСКОТО ОБРАЗОВАНИЕ

а. Кој совет треба да го послушаме додека ги воспитуваме нашите деца? Еремија 10:2; Изреки 19:27.

„Кога ќе се одврати од Божјата реч и ќе почне да се храни со списи на неинспирирани луѓе, умот заостанува во развојот, зашто го губи допирот со длабоките и сеопфатните начела на вечната вистина. Настанува застој бидејќи се ограничува на постигнатото и поминливото; неговата сила се намалува и по извесно време се спречува.
Сето тоа спаѓа во рамките на погрешното воспитување. Секој учител мора да настојува умот на младите да го насочи кон големите вистини на вдахновената Реч. Тоа воспитување е суштествено и за овој живот и за животот што доаѓа.“ – Христовите очигледни поуки, 41,42.

б. Која е Божјата намера за нас, исто како што била и за стариот Израел? Повторени закони 14:2. Што ние, како и Израел, посакуваме наместо тоа? 1. Самоилова 8:5.

„Дисциплината и воспитувањето кое Бог им го одредил на израелците, требало да направат тие да се разликуваат од останатите народи по целокупниот начин на живот. Таа исклучителност која требало да ја сметаат за посебна предност и благослов, не им била мила. Едноставноста и воздржаноста, кои се важни за највисок степен на развој, тежнееле да ги заменат со сјајот и раскошот на безбожните народи. Да бидат ‘како што е кај сите народи’ (1.Самоилова 8:5), била нивната амбиција. Божјиот план за воспитување бил отфрлен, а Неговиот авторитет бил одбиен.“ – Воспитување, 49,50.

в. Од какви опасности треба да се чуваме? Јован 12:43. Дали може Христос да престојува во поделено срце? Матеј 6:24.

„(Божјиот) план за оние чии способности ги откупил, не е тие да бидат обучувани да му служат на мамона, да примаат човечка пофалба, човечки почести, или да му се покоруваат на светот.“ Fundamentals of Christian Education, p. 470.
„Не можеме половично да му припаѓаме на Господа, а половично на светот. Ние не сме Божји деца ако не сме тоа во целост.“ – Патот кон Христа, 44.

Среда 24. април

4. ПОТРЕБНА Е НОВА ОБУКА

а. Зошто Бог треба да нѐ превоспита? Судии 17:6; Исаија 53:6. Зошто на родителите во Израел им било потребно превоспитување откако излегле од Египет? Дали ние денес во нешто се разликуваме од нив?

„После излезот од Египет, малкумина од Израелците биле спремни да соработуваат со Бога при воспитувањето на своите деца. Како жртви на долгогодишното ропство биле необразовани, невоспитани и изопачени. Малку знаеле за Бога и многу малку верувале во Него. Биле збунети од лажното учење и расипани поради долготрајниот допир со безбожниците.“ – Воспитување, 34.
„На родителите ќе им бидат потребни трпение и морална сила, за да можат во Божји страв да ги заборават усвоените светски обичаи.“ – The Review and Herald, November 13, 1894.

б. Што се случило со оние Израелци кои не ја прифатиле обуката која Бог сакал да ја имаат? 1. Коринтјаните 10:5,6. Кон кои гревови тие биле повеќе склони поради нивното образованието во Египет?

„Господ не го напуштил Својот народ при нивното лутање во пустината, но многумина од нив го напуштиле Бога. Образованието кое го примиле во Египет ги направило подложни на искушенија, на идолопоклонство и развратност, и поради својата непослушност кон Божјите закони, речиси сите возрасни луѓе кои излегле од Египет починале во пустината, но на нивните деца им било дозволено да влезат во Ханан.“ – Review and Herald, December 17, 1895.

в. Што треба да имаме на ум додека настојуваме да ги едуцираме нашите деца и младите? 1. Јованово 2:15-17; Римјаните 12:2.

„Големата поука која треба да им ја дадеме на младите е дека, бидејќи му служат на Бога, треба да ги негуваат библиските начела и дека светот не треба да им биде на прво место. Бог сака сите да бидат поучени како да ги извршуваат Христовите дела, и преку рајските порти да влезат во небесниот град. Не смееме да дозволиме светот да нѐ преобрати; ние треба да се стремиме најсериозно да го преобратиме светот.“ – Review and Herald, August 17, 1897.

Четврток 25. април

5. СЛЕДЕЊЕ НА БОЖЈИОТ ПЛАН

а. Како Божјиот оригинален план за образование е прикажан во Аврамовиот живот? Кој бил очекуваниот резултат од таквото образование? Создавање 18:19.

„Во божествениот план на воспитување, прилагоден на човековата состојба по падот, Христос стои како претставник на Отецот, како алка која ги поврзува Бога и човекот; Тој е голем Учител на човештвото и Тој одредил дека мажите и жените треба да бидат Негови претставници. Семејството било училиште, а родителите биле учители.
Во времето на патријарсите воспитувањето претежно се добивало во семејството. Во така основаните училишта Бог обезбедил најдобри услови за развој на карактерот… Луѓето кои цврсто се држеле за Божјите начела на животот престојувале во полињата и на ридовите. Тие обработувале земја и чувале ситен и крупен добиток.“ – Темели на среќниот дом, 181.

б. Зошто заедницата со Бога е важен дел од образованието? Јов 22:21.

„Кога човековиот ум ќе воспостави духовна врска со Божјиот Дух – ограниченото со неограниченото – не може да се процени колку ова делува на целокупното битие – духот, душата и телото на човекот. Во таквиот однос се наоѓа највозвишеното образование. Тоа е божествен метод за развивање на човечките способности.“ – Делата на апостолите, 92.

Петок 26. април

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Наместо на задоволување на себичните амбиции, на што нѐ наведува вистинското образование?
2. Како денес можеме да го напуштиме Египет? Зошто треба тоа да го сториме?
3. На кој начин го имитираме светот во начинот на кој ги образуваме нашите деца?
4. Зошто денес многу родители треба да бидат обучени според Божјите методи на образование? Што тие треба да заборават?
5. Каде се наоѓале првите училишта, и како денес можеме да се вратиме на Божјиот план на образование?

Сподели го ова:

Слични објави