13. Дома со нашиот Избавител

Сподели го ова:

13. лекција               Сабота, 29. јуни 2019.

 Дома со нашиот Избавител

 „Нема повеќе да се слуша за насилство во земјата твоја, ниту опустошување и разурнување – во пределите твои; и ѕидовите свои ќе ги нарекуваш спасение и портите свои – слава.“ – Исаија 60:18.

„Но доаѓа ден кога по долго водената борба ќе се задобие конечна победа. Божјата волја мора да биде на земјата исто како што е на небото. Тогаш ниеден народ нема да има друг закон освен небесниот. Сите ќе бидат едно среќно, обединето семејство, облечени во облеки на благодарност и слава – облеки на Христовата праведност.“ – 8. Сведоштво, 42.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: God’s Amazing Grace, 351-363.

Недела 23. jуни

1. РАДОСТ ВО ИСКУШЕНИЈАТА

а. Каков став Бог сака да имаме кога работите ќе тргнат наопаку? Авакум 3:17,18; Филипјаните 4:4.

„Божјите деца можат да се радуваат во сѐ и во секое време. Верувајќи во мудрото Божјо провидение, вие можете да се радувате и кога ќе наидат неволји и тешкотии. Не морате да чекате на своите чувства на среќа или на избавување, туку со вера можете да се потпрете на ветувањата и да му упатите песма на благодарност на Бога.“ – In Heavenly Places, p. 123.
„Taткoвoтo присуствo гo oпкружувaлo Христa и нe му сe случувaлo ништo, oсвeн oнa штo Нeгoвaтa бeскрajнa љубoв гo дoпуштилa зa блaгoслoв нa свeтoт. Taму бил извoрoт нa Нeгoвaтa утeхa, a тукa e и зa нaс. Oнoj, Кoj e испoлнeт вo Христoвиoт Дух, прeстojувa вo Христa. Сé штo ќe ни сe случи, дoaѓa oд Спaситeлoт, Кoj нé oпкружувa сo Свoeтo присуствo. Ништo нe мoжe дa нé дoпрe, oсвeн сo дoзвoлa oд Бoгa. Ситe нaши стрaдaњa и жaлoсти, ситe нaши искушeниja и нeвoљи, ситe нaши тaги и бoлки, ситe нaши прoгoнствa и пoтрeби, нaкусo, сé тoa e зa нaшe дoбрo. Ситe искуствa и oкoлнoсти сe Бoжjи рaбoтници штo ни дoнeсувaaт дoбрo.“ – Здравје и среќа, 488,489.

Понеделник 24. јуни

2. РАДОСТ ВО БОЖЈОТО ВОДСТВО

а. Каков став имал Давид кога бил во неволја? Како Бог го избавил? Псалм 40:1-3,5.

„Божествената милост нѐ опкружува секој час. Корисно би било за вас да испитувате како и од каде ви доаѓаат благословите секој ден. Овие драгоцени Божји благослови треба да будат благодарност во вас. Вие не можете да ги изброите Божјите благослови, постојаната љубов – љубезноста изразена кон вас, затоа што тие се толку бројни како освежувачките капки дожд. Облаците на милост се над вас и подготвени се да се излијат на вас. Ако го цените дарот на спасението, ќе почувствувате освежување секој час, како и заштитата и Исусовата љубов, ќе бидете водени по патеката на мирот.“ – Messages to Young People, pp. 409, 410.

„Додека ја набљудуваме убавината и раскошот на природата, нашите чувства се насочуваат кон Бога. Иако нашите души се исполнети со почит и нашиот дух е покорен, нашите души се окрепуваат кога ќе дојдат во контакт со Семоќниот преку Неговите чудесни дела. Заедницата со Бога преку понизна молитва ги развива и ги зајакнува умните и моралните способности, додека размислувањето за духовни работи ги зајакнува нашите духовни сили.“ – The Youth’s Instructor, July 13, 1893.

б. Што им дава Бог на оние кои ќе Го направат свое засолниште? Псалм 32:7.

в. Каква духовна покривка Бог им обезбедува на своите деца? Исаија 61:10; Еремија 23:6. 

„Господ Исус Христос подготвил покривка – облека на Својата праведност – со која Тој ќе ја покрие секоја верна покаена душа, која со вера ќе ја прими.“ – The Upward Look, 378.

„Ако постојано тежнееме да го следиме Исуса, нашата блажена надеж е дека ќе стоиме пред Божјиот престол без мана, порок или било што слично на тоа, целосни во Христа, облечени во Неговата праведност и совршенство.“ – That I May Know Him, 361.

 Вторник 25. јуни

3. РАДОСТ ВО ПОБЕДА

а. Како Мојсеј и синовите Израилеви ја изразиле својата благодарност кон Бога за избавувањето кај Црвеното море? Излез 15:1,21.

„Оваа песна и големото избавување на кое таа потсетува, остава впечаток кој никогаш нема да се избрише од сеќавањето на еврејскиот народ. Од поколение до поколение, таа оддекнувала од устата на пророците и пејачите во Израел, сведочејќи дека Господ е сила и избавување за оние кои веруваат во Него. Сепак, оваа песна не му припаѓа само на еврејскиот народ. Таа укажува на уништувањето на сите непријатели на правдата и на конечната победа на Божјиот Израел…
Ослободувајќи ги нашите души од ропството на гревот, Бог нѐ избавил пославно отколку што ги избавил Израелците кај Црвеното Море… Секојднвните благослови кои ги примаме од Божјата рака, и пред сѐ, Исусовата смрт која среќата и небото и рајот ни ја стави на дофат, треба да бидат тема за постојана благодарност.“ – God’s Amazing Grace, 352.

б. Што Бог сака да направиме денес, кога Тој ни дава победа? Псалм 98:1; 146:2.

„Ако сега почнеме да пееме песни на победа и благодарност, ние можеме да се подготвуваме да ја пееме песната на Мојсеј и на Јагнето кога ќе се сретнеме на стакленото море.“ –The Upward Look, p. 306.

в. Која песна ќе ја пее посебната група на откупените на небото? Над што оваа група ќе задобие победа? Откровение 15:2-4; 14:1-5.

„Тоа е песната на Мојсеј и Јагнето – песна на ослободувањето. Никој освен овие сто четириесет и четири илјади не може да ја научи оваа песна, зашто тоа е песна на нивното искуство, такво искуство какво што ниедна друга група никогаш немала…. Овие се кои дојдоа од големи неволји. Тие поминале низ време на неволја ‘какво што немало откако постојат луѓето’ (Даниел 12:1); го претрпеле стравот од времето на Јакововите маки, и во текот на излевањето на последните Божји казни над светот биле без Посредник. Меѓутоа, тие се ослободени, зашто ‘ги испраа своите облеки и ги избелија во крвта на Јагнето.’ – Големата борба, 649.

Среда 26. јуни

4. ДА ГО СЛАВИМЕ БОГА ЗА ИЗБАВУВАЊЕТО

а. Која е една од неволјите од која Бог нѐ избавува? Псалм 34:4-7. На кој начин? 1. Јованово 4:18.

„Господ честопати дозволува Неговиот народ да биде доведен во теснотија, за да може да се обрати кон Него, својот заштитник и избавител, како што детето ќе се сврти кон своите родители кога ќе се најде во неволја и страв. Не постојат докази дека Бог ќе се сврти против нас, затоа што сме погодени со неволји… Вистина е дека болката и смртта се последица на гревот. Но, Господ дозволува оние кои Тој ги љуби да паднат во искушенија, за да можат да ги научат драгоцените поуки за верата и довербата. Ако искушенијата се прифатат на вистински начин, ќе се покаже дека тие се од најголема вредност во нашето верско искуство. Бидејќи тие нѐ наведуваат уште поцврсто да се надеваме на Бога, ние подобро го запознаваме Неговиот карактер.
Кога Господ ќе одговори на нашите молитви, и ќе се покаже дека за нас е подобро да се потпреме на Него отколку да стравуваме, не треба да занемариме да ја изразиме нашата благодарност за Неговата милост. Како и еврејскиот народ, и ние треба да Го фалиме за Неговите славни дела. Тука мнозина пропуштаат да Го прослават Бога. Тие не зборуваат за Неговата добрина, обзнанувајќи им на сите околу нив дека Господ им е помошник во секое време на потреба.“ – The Signs of the Times, March 10, 1881.

б. Кого Господ заштитува? Како ќе го заштити својот народ во последните денови? Псалм 33:18,19.

„Од своите ресурси (Бог) може да постави маса во пустината. Со допирот на Својата рака Тој може да ги зголеми скудните резерви и да направи тоа да е доволни за сите.“ – Conflict and Courage, p. 226.

в. Како Господ му обезбедува конечна победа на Својот народ? Исаија 25:8; 1. Коринтјаните 15:57,58.

„Кога Христос ќе дојде по втор пат ‘да Му се восхитуваат сите оние што поверуваа’ (2. Солунјаните 1:10), смртта ќе биде победена и повеќе нема да има болест, ниту тага, ниту смрт!“ – That I May Know Him, p. 362.

Четврток 27. јуни

5. РАДОСНИ ВО НАШИОТ НОВ ДОМ

а. Каква иднина Бог му ветува на Својот народ? Исаија 32:18; Откровение 21:4.

Таму се вечно жуборливите потоци, бистри како кристал, покрај кои лелеавите дрвја ги фрлаат своите пријатни сенки на патеките подготвени за Господовите откупеници. Таму, пространите рамнини постепено и благо прераснуваат во прекрасни брекчиња, а Божјите гори ги издигнуваат своите возвишени врвови. На овие тивки рамнини покрај тие потоци и реки со вечно живи води, Божјиот народ кој на овој свет толку долго бил само придојденик и патник во минување, најпосле ќе го најде својот дом.“ – Големата борба, 675.

б. Што Бог ни ветува денес во подготовката за славната иднина? 1. Летописи 29:11.

„Кога неволјите ќе не опкружат како поплава и ни се закануваат да нѐ преплават, ако наместо жалост, плач и очај, покрај молитвите за помош од Бога исто така би го славеле за многуте благослови – да Го славиме затоа што може да ни помогне – нашиот пат би Му бил многу поугоден, и попотполно би го виделе Неговото спасение.“ – Life Sketches, p. 258.
„Во нашите мисли секогаш мора да биде вечната стварност, и тогаш привлечностите на овој свет ќе ни изгледаат безвредни, какви што всушност се.“ – That I May Know Him, p. 357.

Петок 28. јуни

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Како треба да гледам на искушенијата и тешкотиите кои ќе ме снајдат?
2. Како можам да растам и умно и духовно?
3. Какво значење за мене денес има песната на Мојсеј и Јагнето? За кого оваа песна ќе има посебно значајна во иднина?
4. На кој начин често пропуштаме да го прославиме Бога?
5. Што ќе откриеме додека го управуваме својот поглед на Христа и Неговата мисија да нѐ спаси?

Сподели го ова:

Слични објави