10.Избавување од нашите непријатели

Сподели го ова:

10. лекција       Сабота, 8. јуни 2019.

Избавување од нашите непријатели

„Си приготвил пред мене трпеза пред очите на непријателите мои, си ја помазал главата моја со миризливо масло; и чашата моја се прелева.“ – Псалм 23:5.

„Нашата помош е единствено во Бога. Не треба да си ласкаме себеси дека имаме било каква мудрост затоа што нашата сила е всушност слабост, нашето расудување е несигурно. Христос го совладал непријателот место нас затоа што сочувствувал со нашите слабости и знаел дека ќе бидеме совладани и изгубени доколку Тој не ни помогне.“ – That I May Know Him, p. 269.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Големата борба, 505-510.

Недела 2. јуни

1. НАШИОТ ГОЛЕМ ПРОТИВНИК

а. Кој е нашиот најголем непријател, и како тој се покажува? 1. Петрово 5:8.

„Колку е посличен еден христијанин на својот божествен Пример, толку е посигурно дека ќе стане мета на сатанските напади.“ – Големата борба, 510.
„Луѓето под влијание на злите духови ќе прават чуда. Фрлајќи ги своите магии врз луѓето тие ќе ги разболат, а потоа ќе ја отстранат магијата, наведувајќи ги другите да кажат дека болните чудесно оздравеле. Сатаната со ова се послужил многу пати.“ – Selected Messages, bk. 2, p. 53.

б. Зошто тој работи толку ревно против нас? Откровение 12:12.

„Сатаната вредно ја проучува Библијата. Тој знае дека Неговото време е кратко и прави сè што е во Негова моќ да се спротивстави на Господовото дело на оваа земја.“ – 9. Сведоштво, 16.
„Наскоро, многу наскоро, засекогаш ќе се одлучи големата борба која сатаната ја предизвикал во небесните дворови… Сатаната сега, како никогаш порано, ја употребува својата моќ на измама за да ја заведе и уништи секоја невнимателна душа.“ – 7. Сведоштво, 141.

Понеделник 3. јуни

2. ЗАШТИТА ОД НАШИТЕ НЕПРИЈАТЕЛИ

а. Кога ќе нѐ обесхрабри делото на непријателот, што може да ни ја поврати храброста? Псалм 61:1-3; Исаија 59:19 (втор дел).

„Непријателот не може да го совлада Христовиот понизен ученик, оној кој оди со Бога во молитва. Самиот Христос е Негова заштита и засолниште од нападите на лукавиот…
Во целото царство на сатаната не постои сила која може да ја спречи покајничката душа која со едноставна доверба се потпира на мудроста која доаѓа од Бога.
Христос е наша моќна тврдина и сатаната не може да има никаква власт над душата која во смерноста на духот живее еднакво според Божјата волја… Секоја искушувана и напатена душа во Христа може да најде совршена и целосна помош. Опасностите и искушенијата можат да надојдат од сите страни, но целото небо будно внимава ниту еден од оние кои се во искушение да не биде изложен на потешко искушение од она кое може да го поднесе… Ако несебично и со целото срце се посветиме на делото, не отстапувајќи ни најмалку од начелата, Господ ќе ја испружи својата семоќна рака и ќе се покаже како силен помошник. Ако гледаме во Христа како во Оној во кого можеме да имаме доверба, Тој никогаш нема да нѐ изневери во било каква опасност.“ – My Life Today, p. 316.
„Во секојдневниот живот ќе се сретнете со ненадејни изненадувања, разочарувања и искушенија… Гледај на Исуса во секое време и секогаш, подигајќи тивка молитва од искрено срце, за да знаеш како да ја исполниш Неговата волја. Потоа, кога непријателот ќе дојде како поплава, Господовиот Дух ќе подигне знаме против него.“ – Темели на среќниот дом, 173.

б. Како можеме да се издигнеме над нашите непријатели? Псалм 119:98; Изреки 16:7.

„Кога нашиот духовен вид би бил поизострен, би ги виделе душите наведнати поради товарот, обземени со тага, притиснати како кола со снопје, како обесхрабрени ја бараат смртта. Би ги виделе ангелите како брзо летаат во помош на оние кои се обидуваат и стојат на самиот раб на пропаста. Небесните ангели ги потиснуваат војските на злото кои ги опкружуваат овие души, и ги поставуваат нивните стапала на сигурен темел. Битките кои се водат помеѓу овие две војски се вистински како и борбите на овој свет, и од исходот на овој духовен судир зависи вечната судбина на мнозина.“ – Мисли од Гората на блаженството, 119.

Вторник 4. јуни

3. НЕРИЈАТЕЛИ КОИ НИ ЗАДАВААТ ДЛАБОКИ РАНИ

а. Откаде понекогаш доаѓаат нашите „непријатели“? Михеј 7:6; Зошто? Амос 3:3.

„Меѓу верниците и неверниците постои основна разлика во вкусот, во навиките и намерите. Секој од нив му служи на друг господар кои никогаш не можат да се сложат.“ – Патријарси и пророци, 174.

б. Кој се свртел против Давид? Псалм 41:9. Каква гаранција му е дадена на Давид додека барал утеха од Бога? Псалм 41:11,12.

„Кога сте отфрлени како престапници, кога пријателите ќе се свртат против вас, сетете се како се постапувало со Исуса додека бил на оваа земја. Шпионите постојано го следеле за да најдат нешто поради кое би можеле да го обвинат. Може ли Неговите следбеници да очекуваат со нив да се постапува подобро отколку што се постапувало со Него.“ – Historical Sketches, p. 234.

в. Прераскажи го сличното искуство што го имал Исус. Лука 22:48.

„Предавникот Јуда не ја заборавил улогата што требало да ја одигра. Кога толпата влегла во градината, тој одел напред, а веднаш по него одел првосвештеникот. На Исусовите прогонувачи им дал знак, велејќи: ‘Оној што ќе го бакнам, Тој е, држете го.’ (Матеј 26:48) Сега се однесувал како да нема никаква врска со нив. Приближувајќи се кон Исуса, Го фатил за рака како Близок пријател. Со зборовите: ‘Здраво, Рави!’, Го бакнал неколку пати, преправајќи се дека плаче и сочувствува со Него во Неговата опасност.
Исус му рекол: ‘Пријателе, зошто дојде?’ Гласот болно му треперел, кога додал: ‘Јуда, зар со бакнеж Го предаваш Синот Човечки?’ Овој апел требало да ја разбуди совеста на предавникот и да го трогне неговото тврдо и упорно срце; меѓутоа честа, верноста и човечката нежност исчезнале од неговата душа. Стоел дрско и предизвикувачки, не покажувајќи никаква склоност да попушти. Тој себеси се предал на сатаната и веќе немал сила да му се спротивстави. Исус не одбил да го прими бакнежот од предавникот.“ – Копнежот на вековите, 695,696.

 Среда 5. јуни

4. ИЗБАВУВАЊЕ ПРЕКУ ЉУБОВ И ДОБРИНА

а. Како треба да се однесуваме кон оние кои нѐ повредуваат? Каков пример ни оставил Христос во тој поглед? Матеј 5:43-47; Римјаните 5:6-8.

„Христoс нe нé сaкa зaтoa штo ниe први смe гo зaсaкaлe Нeгo, туку Toj умрeл зa нaс ‘уштe дoдeкa бeвмe грeшници.’ Toj нe пoстaпувa сo нaс спoрeд нaшитe зaслуги. И пoкрaj тoa штo спoрeд нaшитe грeвoви ниe зaслужувaмe сaмo oсудa, Toj нaс нe нé oсудувa. Гoдинa пo гoдинa, Toj ги пoднeсувaл нaшитe слaбoсти, нeзнaeњa, нeблaгoдaрнoсти и нeпoслушнoсти. И пoкрaj нaшeтo зaстрaнувaњe, зaкoрaвeнoстa нa нaшитe срцa, нaшeтo зaнeмaрувaњe нa Нeгoвиoт свeт збoр, Нeгoвaтa рaкa e сé уштe испружeнa.“ – Здравје и среќа, 161.
„Дури и грешниците чии срца не се сосем затворени за дејството на Духот Божји, ќе одговорат на љубезноста; кога можат на омразата да одговорат со омраза, тие исто така на љубовта ќе одговорат со љубов. Меѓутоа, само Божјиот Дух и на омразата одговара со љубов. Да се биде пријатен кон неблагодарните и злите, да се прави добро и да има надеж дека тоа ќе ни се врати тоа се карактеристиките на небесното царство, сигурен знак со кој децата на Највисокиот го откриваат својот возвишен карактер.“ – Мисли од Гората на блаженството, 75.

б. Како можеме практично да ги сакаме нашите непријатели? Римјаните 12:20,21.

„Ние до судот можеби никогаш нема да дознаеме какво е влијанието на љубезното, внимателно однесување кон недоследните, неразумните и недостојните. Ако после провокација и неправда со нив постапувате како кон невини личности и дури и се трудите да им укажете посебни дела на љубезност, вие тогаш сте го извршиле својот христијански дел, а тие ќе бидат изненадени и засрамени, и ќе ги согледаат сопствените дела и подлоста појасно отколку отворено да ги изнесете нивните зли постапки и да ги укорите.“ – Medical Ministry, pp. 209, 210.

в. Кажете го времето кога е покажан ваков дух. Какви биле резултатите? 2. Цареви 6:18-23.

„Секој збор на љубов, секој чин на љубезност – дури и чаша студена вода која е дадена во Христово име – ќе биде признаена и наградена.“ – The Signs of the Time, February 10,1888.

Четврток 6. јуни

5. БОГ ДАВА ПОБЕДА

а. Како можеме да го победиме нашиот најголем непријател, ѓаволот? Јаков 4:7-10.

„И за нас важат зборовите упатени на Петар: ‘Ете, сатаната посака да ве сее како пченица; но Јас се молев за тебе за да не се изгуби твојата вера’ (Лука 22:31,32). Фала му на Бога, не сме оставени сами. Тој ‘толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него да не загине, туку да има вечен живот’ (Јован 3:16), нема да нè препушти во таа борба на непријателот на Бога и на луѓето.“ – Мисли од Гората на блаженството, 119.

б. Како Бог ни ветува дека ќе нѐ избави? Псалм 50:15.

„Пријатно и трајно ќе биде влијанието кое струи од Оној, кој го гледа она што е тајно, чие уво е отворено да ја чуе молитвата што излегува од срцето. Со смирена и едноставна вера човекот ја одржува врската со Бога и ги собира зраците на божествената светлина за да зајакне и да се одржи во судирот со сатаната.“ – Патот кон Христа, 98.

„Сатаната трепери и бега и од најслабата душа која наоѓа прибежиште во тоа моќно име.“ – In Heavenly Places, p. 256.
„Кога разговорот на душата со Бога ќе стане навика, силата на злото се руши бидејќи сатаната не може да живее во близина на душата која му се приближува на Бога. Ако Христос е ваш сопатник, тогаш нема да негувате празни и нечисти мисли, нема да се оддадете на безначајни зборови.“ – That I May Know Him, p. 250.

Петок 7. јуни

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Што треба да имаме во предвид доколку согледаме дека животот ни е лесен, без никакви борби со непријателот?
2. Што ја прави душата непобедлива за нападите на непријателот?
3. Зошто понекогаш се караме со роднините и побожните пријатели? Кој друг имал такво искуство?
4. Што делува најуспешно во справувањето со недоследните и неразумните?
5. Како молитвата ни дава победа над нашите непријатели?

Сподели го ова:

Слични објави